Студентски домови

*OSS*

Commentless.
Член од
13 мај 2007
Мислења
818
Поени од реакции
45
Ајде ако може да ме информирате за студентските домови во Скопје сакам да знам дали има шанса да ме примаат, кои се условите, било какви информации.
Слушнав дека не примаат студенти од 1 година факс, точно ли е тоа или има исклучоци ?
Ја ќе сум во филозофскиот факс па ме интересира кои студентски домови се во близина, какви се и слично.
ајт благодарам унапред! :smir:
 
Член од
5 август 2006
Мислења
163
Поени од реакции
8
Примаат како не примаат студенти од прва година, од оваа год. пријавувањето се врши online и уписите за студентите од втора год. па нагоре се во тек. Додека уписите за бруцошите ќе бидат од 10.09- 20.09.
За повеќе информации отиди на web страната на МОН www.mon.gov.mk
 
Член од
25 септември 2007
Мислења
83
Поени од реакции
2
ако некој нешто знае за Пелагонија да каже ... поточно за женскиот дел ... ако има некој седено до сега ...искуство ???
 

Јован

дежурен сеирџија
Член од
16 октомври 2005
Мислења
4.892
Поени од реакции
265
репортаЖа од студентскиот дом „стив Наумов“

Кошмар танцува во бараката „Харем“

Во иста просторија се мијат лице, заби, чаши, филџани, раце, нозе, алишта... и се врши нужда, а попладне и во недела кога хигиеничарките не работат, смрдеата се чувствува и надвор од бараката

Бараките во „Стив“ се разликуваат по броеви, но не и по мизерните услови што ги нудат

Кога првпат ги видов, бараките ме потсетија на село од хорор-филм во кое се случила грозна несреќа. Кога ја видов собата бр. 18 каде што ќе живеам една година, се шокирав, ме фати паника, раскажува Весна, студентка на Филолошкиот факултет, станарка во бараката „Харем“ во студентскиот комплекс „Стив Наумов“.

Иако бараките во „Стив“ се разликуваат по броеви, бараката „Харем“ е единствената што добила име. Студентите кажуваат дека името го добила зашто е најголемата женска барака во Домот. Во неа секоја година живеат околу 90 студентки. Друга причина за името е местоположбата на бараката - далеку од очите на сите, поставена во сенката на задниот дел од машката зграда. До неа водат две тесни патеки, кои сигурно нема да ги најдете ако доаѓате првпат.

Собата број 18.

- Кога ја отворив вратата се скаменив. Три скапани кревети со искинати душеци, на кои со еден поглед може да им ги преброите преживеаните федери, низок таван со лоша неонска светилка, шкаф поставен сред соба, една маса, еден стол, чудна, многу чудна застоена миризба и шперплоча наместо ѕидови. Ми дојде да заплачам. По некое време сфатив дека тука ќе живеат многу студенти и си ветив дека ќе се навикнам. И, еве, по половина година се' уште се навикнувам - вели Весна.

Нејзината соба ја открива големата вештина за импровизирање на станарите. Прозорците се излепени со бела хартија до половината за да се заштитат од љубопитните погледи на воајерите. Помеѓу двата кревета е поставено мало масиче направено од картонска кутија, обвиено со шарена хартија. Шкафот зафаќа две третини од собата, па така се добил малечок ходник, кој овозможува приватност при пресоблекувањето.

Секој втор станар во барака е принуден да го научи молерскиот занает, па затоа постојат чудно, а некогаш и убаво обоени соби. Поевтина варијанта за прикривање на големите пукнатини и дамки на ѕидовите се постерите во сите големини и со секакви сцени и пораки. Најважен инвентар во секоја соба е решото, што е разбирливо, зашто кафето за студентите има повеќе значења: ги држи будни во непроспаните ноќи пред испит, тоа е причина за запознавање со новите соседи и тоа е единственото нешто што во секое време може да им го понудат на своите гости.

За хигиената во тоалетите и во ходниците се грижат хигиеничарки, а за собите се грижат самите студенти, но никој не е задоволен од хигиената. Попладне и во недела хигиеничарките не работат, па изметот се чувствува и надвор од бараката. Портир нема, па може да влезе секој и во секое време, а најчесто поминуваат продавачи на ситници, некакви верски агитатори што оставаат брошури, гатачки и што уште не. Затоа единствен технички апарат што го има во собите е прастаро радио, кое никој не би го украл.

Во комплексот има мајстори што доаѓаат да ги поправат дефектите во собите, но тие имаат толку многу работа што на ред ќе дојдете најмалку за една недела. Не' запишуваат на списоци и ако немате пријател или роднина што може да ви помогне, да ви ја изолира голата жица на светилката што престанала да свети или да ја закова штицата од креветот, ќе си чекате - раскажува Весна.

Излеговме во тесниот ходник и се упативме кон бањата. Што да се види: три напречно поставени ѕида со плочки, кои некогаш сигурно биле кабини. Функционира само една. На ѕидот има неколку шајки што претставуваат закачалки за крпите и за облеката. Стар, прастар бојлер, кој многу често откажувал, па топлата вода е вистинска реткост. Проблемот со топлата вода станарите го решаваат со список на кој секоја соба закажува термин за бањање во траење од два часа. И покрај таквата самоорганизација, многу често доаѓа до кавги. Станарките на „Харемот“ се привилегирани што имаат дури две бањи, зашто во другите бараки нема ниту една.

- Во комплексот има заедничка бања, но замислете си како е да се враќате до својата соба кога сте тазе капени и со крпа на главата, а надвор температурата е под нулата - додава Весна.

Веднаш до бањата е тоалетот - во слична или во малку полоша состојба. Во него има четири кабини, а функционираат само две. Пред кабините се поставени два мијалника во кои студентите мијат се': лице, заби, чаши, филџани, раце, нозе, алишта, а и полнат шишиња со вода за пиење. И сето тоа додека во истата просторија некој друг врши нужда. Ужас!

Излегов разочарана и со чувство на револт. Лута на сиромаштијата, на тој што ги изградил овие бараки по земјотресот од 1963, на државата, на негрижата на надлежните...

Речиси на секој прозорец од надворешната страна се обесени кеси во кои ѕиркаат тегли со ајвар. Студентите тука ги чуваат за да не се расипат. Ајварот е важен додаток во јадењето на студентите зашто мензата во Домот има определено работно време, кое не секогаш се совпаѓа со часовникот на студентските стомаци. Некои студенти никако не можат да се навикнат на храната од мензата, но во деновите кога на менито се нудат поубави работи како компирчиња и парче месо, се формираат големи редици на чекачи и тоа минумум половина час пред отворањето.

Се поздравив со Весна и тргнав кон излезот. Пред вратите на „Харемот“ ме поздравија и неколкуте мачки што нашле засолниште и храна кај студентите.

Најсилното оружје во борбата со секојдневните проблеми на овие студенти е надежта. Надежта дека следната година ќе добијат место во зградите на „Стив“ или во подобрите домови во Скопје, надежта дека ваквата жртва вреди за образованието, надежта дека еден ден ќе го работат тоа што го сакаат и тоа што го студираат. n

извор
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Катастрофа,мизерија во раскош.Стив е најлошиот од сите,но и останатите не се далеку.Јас навистина незнам како е можно државава после толку години,после толку апели и репортажи,да не мрдне ни со прст.Никој не ги гледа студентите во што живеат и дали имаат пари да преживеат.Дојде време во кое,ако имаш пари ќе учиш,ако немаш нема да упишеш ништо,па макар и најпаметен да си во земјата.Никаква стратегија,агонија,смрдеа.Затоа глупите се шефови и владини претставници,а оние што имаат знаење ги дупи некој просто проширен.
Освен студенскиот дом во Охрид,кој е депанданс на Палас,во кој има лифт,двокреветни соби,кујна,редовно хигиеничарка која собира ѓубре секој ден и мине со правосмукалка,вц,тераса со поглед на езеро и ненормални студенти:icon_lol:се друго е за рушење до темел.
 
Член од
26 април 2006
Мислења
13.024
Поени од реакции
1.940
Мизерија на големо. Навистина ми е жал за студентите. Да видите во какви услови седат, ке се згрозите.

На цела барака по едно расипано веце со скршени тушеви. Катастрофа.

А најкриво ми е шо даваат пари за реклами по стотици евра на ден, владава, а со тие пари можат да ги напраат студентските на пример.
 

*pumpkin*

addicted to blue
Член од
28 август 2008
Мислења
716
Поени од реакции
23
кога го читам ова морници ме лазат, само колку пати сум помислила сакам да сум у студентски, да видам што е студентски живот, па тоа не е живот мизерија.... Собите во интернатот се малку подобри, но суредувани се со сопствени финасии и сопствено греење....значи дефинитвгно треба нешто да се превземе, па болест може да се рашири во тоа wc-њата!!!!тешко на тие студенти таму!!!!
 

Justice for All

Tempus fugit
Член од
17 јули 2008
Мислења
1.372
Поени од реакции
85
ако некој нешто знае за Пелагонија да каже ... поточно за женскиот дел ... ако има некој седено до сега ...искуство ???
Немам искуства ама ми го имаат пофалено.
А ова за домов... Па тоа оние што Сталин ги праќал по гулази низ Сибир имале подобри услови од овие бе.
 
Член од
26 април 2006
Мислења
13.024
Поени од реакции
1.940
Па Пелагонија е еден од подобрите. За разлика од Медицинар бараките :S:
 

Јован

дежурен сеирџија
Член од
16 октомври 2005
Мислења
4.892
Поени од реакции
265
Реконструирана машката зграда во СД „Стив Наумов“



За два дена ќе биде предадена во употреба реконструираната машка зграда во студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје, каде што ќе бидат префрлени студентите кои сега се сместени во руинираните бараки стари 45 години.

В недела или в понеделник ќе почнат подготовките за вселување во обновениот објект со капацитет од 278 легла, најави министерот за образование и наука, Перо Стојановски.

Тој вчера ја посети студентската населба во придружба на Крешимир Павиќ, директор на Државниот студентски центар, и Самоил Малчевски, претседател на студентската организација на Скопскиот универзитет.

За градба на објектот се вложени околу 21 милион денари, а за опрема околу 4,5 милиони денари. (Ж.Х.З.)

извор
 

BJK

\m/ Master of Puppets \m/
Член од
21 јуни 2008
Мислења
470
Поени од реакции
23
navistina ova e tazna i zasramuvacka slika za nasata drzava. sigurno vo afrika imaat podobri uslovi od ovie. no sepak del od vinata e i kaj nas - vo studentite. bidejki nikogas ne uspeavme da ja pokazime nasata sila. treba malku da zemame primer od drugite drzavi kade sto studentite imaat golemo vijanie vrz vazni prasanja, a nie ne sakame da se borime ni za osnovnite uslovi. zalno no realnost:uvo:
 

KvAzI

Дипломиран Ѓубрар
Член од
3 септември 2007
Мислења
166
Поени од реакции
47
Dzabe ni e samo kukanje i plukanje po se i sesto, treba da se intervenira i toa vednas. Ama najgolemiot problem e KADE? Dali ste se zaprasale? Ke odis da se zalis na studentskiot sojuz, kaj Malcevski? Dzabe toa ti e edna ista mafija, nam studentite ni treba eden Nezavisen Studentski Sindikat koj ke se grizi za nas, a ne Sojuz za koj davame 750 denari godisno, za koj gi davame tie pari, za Malcevski da si go seta gazot na Sicilija. Zamislete sto ke se napravi so site tie pari koi ke se soberat na edna smetka *750 den. Just imagine :smir:
 

Јован

дежурен сеирџија
Член од
16 октомври 2005
Мислења
4.892
Поени од реакции
265
Dzabe ni e samo kukanje i plukanje po se i sesto, treba da se intervenira i toa vednas. Ama najgolemiot problem e KADE? Dali ste se zaprasale? Ke odis da se zalis na studentskiot sojuz, kaj Malcevski? Dzabe toa ti e edna ista mafija, nam studentite ni treba eden Nezavisen Studentski Sindikat koj ke se grizi za nas, a ne Sojuz za koj davame 750 denari godisno, za koj gi davame tie pari, za Malcevski da si go seta gazot na Sicilija. Zamislete sto ke se napravi so site tie pari koi ke se soberat na edna smetka *750 den. Just imagine :smir:
среќа што моите имаат пари да ми плаќаат кирија за стан и што немора да живеам во студентски дом...
али тие што живеат и се жалат на лоши услови по другари, шо ќе им е студентскиот сојуз кога е таков...
фино лепо ќе си одат до А1, Сител, Телма, Канал 5... ќе си ги кажат маките пред цела држава, па кај и да е ќе мора да се појави а и да направи нешто некој од надлежните...
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
среќа што моите имаат пари да ми плаќаат кирија за стан и што немора да живеам во студентски дом...
али тие што живеат и се жалат на лоши услови по другари, шо ќе им е студентскиот сојуз кога е таков...
фино лепо ќе си одат до А1, Сител, Телма, Канал 5... ќе си ги кажат маките пред цела држава, па кај и да е ќе мора да се појави а и да направи нешто некој од надлежните...
Знаеш ли колку репортажи и емисии се направија за мизеријата во која што живеат студентите?И што постигнаа,сликање на министрите за образование со најава за реновирање и на а1 и на Сител и слични на нив.Да не ја отвараме темата за становите во кој што треба да живеат постдипломците,а во нив се вселени декани и професори од факултетите во Скопје.Деканот на Музичка академија живее во гарсоњера,замислете.Дај да собереме сите по десет денари да му изнајмиме стан на човекот и слични на него со плати мин 60 000 денари,три стана во Скопје за издавање,и седат на местото каде треба да седат постдипломци.
Овде како решение гледам студенски протести,бојкот на институции,очигледно само на тој начин се добива нешто.
 
Член од
26 април 2006
Мислења
13.024
Поени од реакции
1.940
Dzabe ni e samo kukanje i plukanje po se i sesto, treba da se intervenira i toa vednas. Ama najgolemiot problem e KADE? Dali ste se zaprasale? Ke odis da se zalis na studentskiot sojuz, kaj Malcevski? Dzabe toa ti e edna ista mafija, nam studentite ni treba eden Nezavisen Studentski Sindikat koj ke se grizi za nas, a ne Sojuz za koj davame 750 denari godisno, za koj gi davame tie pari, za Malcevski da si go seta gazot na Sicilija. Zamislete sto ke se napravi so site tie pari koi ke se soberat na edna smetka *750 den. Just imagine :smir:
Не може во нашава држава да се направи нешто независно а да се вртат толку пари. Од секој студент по 750 ден. Човече тоа се многу пари. Такво нешто не може да биде независно кај нас за жал :(
 

Kajgana Shop

На врв Bottom