Ајде да видиме како беше процедурата, немаш потреба од закажување во амбаса, одиш во амбасата која се наоѓа блиску до плоштадот, односно ќе одиш од позади зградата, таму има порта и камера, ќе те види тоа девојчето што е обезбедување, ќе те пушти во дворот, ќе ти го земе мобилниот и ќе одиш на тоа шалтерот да земеш документ, односно лист кој ќе треба да го пополниш, потоа ќе одиш во трговскиот да се сликаш како за пасош такви слики, и ќе треба да раситниш пари точно да имаш во денарска противредност (кога ќе одиш по листо ќе ти кажат колку точно денари) од што кусур не враќаат, ќе си извадиш од судот потврда за неосудуваност и ќе ја преведеш и завериш на нотар, животно осигурување исто така, и потврда дека имаш пари на сметка. Ако случајно те одбијат тие 60€ ти пропаѓаат, и тоа е отприлика процедурата, барем така беше порано. Е сега за точни информации треба да се јавеш во амбасадата и тие подобро ќе ти објаснат. Инаку земи во обзир дека прввио семестар почнува од 4 семптември до 20 Јануари, а вториот од 20 јануари до 1 јуни, а веројатно ќе треба да чекаш на визата одредено време, па така почни си да си средуваш. Доколку ти требаат и други информации за животот и факултетот таму и некакви процедури слободно пиши, тука сме да помогнеме.