Студенти на маргините

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618
20 годишната Марина Подигачоска има многу поинаков живот од нејзините колеги на Биотехнички факултет во Битола. Живее во прилепското село Долгаец и пред (колку) години останала без родителите, па сега живее само со дедо и. Од државата добива 5900 денари, и со нив го плаќа студирањето. Не се жали толку на сиромаштијата, вели се снаоѓа за да преживее. Најмногу и тежи осаменоста. Вели дека и недостига родителски, но и стручен совет во одредени моменти. Но, освен првиот пат кога дошле да ги утврдат условите за живот, социјалните работници досега не покажале интерес.

„Да се искажеш треба на некој, да му кажеш што чувствуваш, се. Не се јавил никој,никогаш немаат разговарано со мене, на оваа тема. Со тетките разговарам понекогаш и со дедо ми, по малку“, вели Марина.

Летово го минува во трошната куќа во селото, во малата соба, каде наместо под и тепих, гази на земја, делови од таванот може секој момент да паднат. Спие на железен кревет, во зима се покрива со бодликава покривка ткаена од козјо влакно.

„Се случува во текот на месецот кога треба да пријавиш испити да немаш пари?

-Не, досега си собирам, си заштедувам, за да имам тогаш, оти после казни треба да плаќам, многу ми е така. Немам ниту компјутер, ниту какви било други помагала“, вели Марина.
За да ги намали трошоците за живот, таа патува со воз. Но, пругата доаѓа само до соседното село Слепче.

„Ја патувам со возот, 90 денари ми е картата, ама после Слепче немам превоз наваму. Треба некој да ме пречека, а ако ме пречека по 300 денари ми земаат. Затоа се случува да пешачам и по саат ипол. Во лето е жешко, тешко, не се доодува, а во зима, снег има“.

Оваа млада девојка,оставена без родителска грижа и љубов во најкритичните години од младоста, учи сама да се справува со секој проблем. Испитите ги полага редовно со просек 8 и се стреми што поскоро да го заврши факултетот. А, потоа се надева дека ќе го оствари сонот, да има сигурна работа, мирен живот и семејство кое ќе го храни со бескрајна љубов.

извор: http://telma.com.mk

На маргините...

Кога ја ислушав Марина, почувствував дека ме боли душата за неа и имав силна ерупција од чувства. Прво шо си помислив е како и е за Нова Година и Божик кога сите се затвораат позади вратите,прејадувајќи се од полните трпези а таа со својот дедо се гуши во самотија и свеќите и железниот кревет немо сведочат за нивната голгота ...:(

Почувствував и грижа на совест затоа шо сите ние на овој или оној начин дозволуваме да постојат вакви луѓе опседнати со нашата себичност и ограниченост .

Почувствував и восхит затоа што и покрај сите срања, животот ја регрутирал Марина во борец кој не се откажува, во пламнат цвет и ја натоварил со нежност и храброст и верба... :cuc:

А потоа дојде ред и на гневот...

Рекордна сиромаштија не пустоши знам, али сум бескрајно гневен и на држава и на институции и на социјални работници ( све отишло у ку*ац).

Се штанцаат само дополнителни трошоци и процедурални грешки, кои не верувам дека се нешо сменети од времето кога јас студирав, али кои секако дебело се наплаќаат. Навидум имаме најдостапно образование, факултетите ни станаа како детски градинки, а ваквите "случаеви" упорно се игнорираат.

Најава за едно легендарно прашање:

" Каде е сега државата да помогне? "

Дали пулсира совеста на изрезбаните работни маси или ваквите приказни само се архивираат за статистика? Како бе мајката се увезуваат странски студенти, да речеме на државниот Универзитет за информатички науки и технологии „Св. апостол Павле“ во Охрид и тоа сакаш од Танзанија, сакаш од Кина, Гана, дури и Амери имаат, а ваквите "случаеви" ко Марина се ТУ МАЧ за државата? Постои ли во нивниот речник зборот хуманост или барем бесплатно образование за "ваквите" ? До кога македонските студенти ќе тежнеаат кон владеачката гарнитура (било која) за да дојдат до некакви бенефиции? Дали еднаш ќе се деси државата самоиницијативно да им помогне без партиски книшки како средство за легитимирање? Дали социјалниот аспект не е доволна причина за да таа -државата застане на твоја страна?

Ах...!
 
Член од
13 јули 2010
Мислења
1.373
Поени од реакции
1.596
" Каде е сега државата да помогне? "
Прашуваш државата каде е ? Па како кој , некој фрла лопата, друг креира проекти за нови споменици , трет отишол со своите на семинар во Њу Јорк , четврт го чека Бан Ки Мун на вечера да изедат кавијар и така.

А за промени во државата нема да има , бидејќи се дур има овци во државава некој ќе ги стрижи. Мора народот да се пробуди !
 
P

Princ

Гостин
Meh, i'd ban that ^ ama aj prvo so opomena ke probame.
Ontopik, ima mnogu vakvi heroi i heroini. Zivotot vo sustina e tezok i sozrevaat pravilno luge sto hrabro ke preziveat niz zaebanciite. Pozdrav od Marina i bidi hrabra.
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.742
Поени од реакции
27.741
Ај, ќе заврши факс ќе се вработи и ќе си ги подобри условите.
Струја?!
Иначе, сакате нешо да напраиме?
Јас би и го дал стариот пентиум 4.
Што фали: монитор, маус, тастатура, 2 кабли за струја, vga кабел и превоз до долгаец. Соберете ги овие работи и одиме.
 

LaChupacabraLoca

jedi master
Член од
13 октомври 2011
Мислења
3.531
Поени од реакции
5.063
Згодна е бе ..

Да беше запишана у Штип , кај мене дома ќе ја пуштеше да седе.

Иначе шо ја мешате државата тука , имат они попаметни и поважни работи ко на пример : 3 врби од 1/4 евра насадени у гомна , бронзените јајца на Букефал, испаќање плати на рамковци за неодење работа .. а девојчето нека се снаоѓа во 6.000 денари месечно ...
 
G

Gray Foxx

Гостин
Абе путки едни путкосани. До кога ќе се вадите со таа мочана држава.
Ајде да стапиме во контакт со девојчето, нека ни каже трансакциона и сите 40 000 членови да и пуштиме по 50 ден.
ДА ДА, можеме да и помогнеме.
Од тие 40 000, 1000 луѓе да и пуштиме по 50 денари има благородно да се осеќа.
Лицемеришта!
Ајде кој е со мене?
Има ли некој контакт од момево?
 

LaChupacabraLoca

jedi master
Член од
13 октомври 2011
Мислења
3.531
Поени од реакции
5.063
Абе путки едни путкосани. До кога ќе се вадите со таа мочана држава.
Ајде да стапиме во контакт со девојчето, нека ни каже трансакциона и сите 40 000 членови да и пуштиме по 50 ден.
ДА ДА, можеме да и помогнеме.
Од тие 40 000, 1000 луѓе да и пуштиме по 50 денари има благородно да се осеќа.
Лицемеришта!
Ајде кој е со мене?
Има ли некој контакт од момево?
Не мора само пари , може и облека , предмети , може да се склопе компјутер , стар телевизор итн.
Може една ваква акција .. штета не сум у МК :(( али ако тера акцијата у наредните 2 месеца , коа ќе се врнам , секако ќе донирам !
 

Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.706
Поени од реакции
35.430
Жално е што за ваквите животни стории треба да се слушне на ТВ, а во меѓувреме имаме социјални центри кои БИ требало да се грижат за социјалните случаи, ама кај нас министерството за труд и социјална политика се грижи за вработување на партиските војници, кој изналепил повеќе плакати и кој купувал буреци за време на изборна кампања.
Во општинските социјални центри, има 20 работни места, а 50 вработени, кои немаат ни стол ни работна маса, ама се на платниот список:tapp: и ги мрзи да го мрднат задникот и да прошетаат да видат во какви услови живеат социјалните случаи.
Искрено ме радува оптимизмот на девојкава, која и покрај сиромаштијата и лошите услови за живот, таа сепак се надева дека ќе има подобро утре, се надева дека ќе најде сигурна работа и мирен живот.

Хуманитарните акции се во ред и убаво е да се помогне, но не е само девојкава, има многу вакви или слични случаи, државата е таа која треба да се грижи за ваквите случаи,
Нели знаењето беше сила, знаењето беше моќ, е па господата кои седат на Илинденска треба да стават прст на чело и да им помогнат на ваквите случаи,
Кога министерот Кралевски и Ристовски ќе земаат по 5000 денари месечно, а при тоа треба да плаќаат по 90 денари карта за да стигнат на своето работно место, веројатно тогаш ќе сфатат дека треба нешто да се направи, а дотогаш ќе гледаме уште многу вакви случаи.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Ако девојчево има 8.0 просек и следува автоматски студенски кредит. Неранимајковците од Битолски универзитет да си скратат од своите плати и еднаш да донираат девојчето ќе си ја направи куќата. Но мечките митаџиски со прст не мрднуваат, гарант ја тераат и книгите да им ги купи. Тие немаат ни жал, ни срам. Тоа на Битолски (Охрид, Прилеп и Битола) ти е фамилијарно дувло, свински црева апашки, што незнаат плус по минус колку е.
Нашите социјални служби се очигледно на висина на задачата. Треба да умре некој од студ и глад, па да реагираат. Социјална држава по Устав жими газов. Нека го избришат тоа во Уставот ме иритира, апаши едни ненаситни. Бемвиња се возеле и кафичите биле полни, зошто овие лица не ни ги гледате ако не ги покажат на тв! Напред сме оделе, тонеме во сиромаштија со 33% од население. Секој ден гледам во контејнерот луѓе кои ги познавам како чепкаат бараат храна.
Тешко на детево, од кога ќе заврши, после е тешко за работа. Али борец е и честитам на храброста.
Дено ако најдеш жиро сподели.
 
К

Кнез Мишкин

Гостин
Таков ти е животот кога на крај ќе станеш само бројка, процент, ништо позначајно од тоа. На лист хартија ќе те има во една цела група, сиромашни, невработени.
Само нека ја служи здравјето, од државата нема што да очекува, верувам дека со нејзиниот оптимизам ќе успее во животот и ќе се пробие некако за работно место.
Совеста не постои кај многу од владетелите, уствари постои но тие си ја смируваат од време на време со некој нивен проект, во кој ќе дадат стипендии на 20 нивни и 5 реално сиромашни или талентирани деца, па мислат дека така ќе ја средат ситуацијата.
 

Топче

Арсеналиста
Член од
18 септември 2010
Мислења
9.228
Поени од реакции
14.566
Треба да се организира акција.
Ако ви текнува пред некој период потполно ист случај имаше со момче во Србија.
Ама таму дојдоа од државата (макар и да се изрекламираат) и му помогнаа.

Јас би донирал и пари и предмети ако се организира некоја акција.

Секоја чест за девојката, 98% од ваквите случаи никогаш не би им текнало да се запишат на факултет.
--- надополнето: 24 јули 2012 во 14:02 ---
Ако девојчево има 8.0 просек и следува автоматски студенски кредит.
Можно е и да го има кредитот ама доколку го има веројатно со тоа ја плаќа годината. кредитот е 2200 месечно ако памтам убаво, искача некои 18 000 макс.
 

Брокер

Broker of the Year
Член од
25 јули 2009
Мислења
1.227
Поени од реакции
257
Еве Македонски Железници веќе и донираа годишна карта мислам дека е добар почеток, навистина жално е некој да живее во вакви услови и да има желба да учи и да напредува во животот. Секоја чест за храброста.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Ми падна жал еј за нејзе, сигурна работа реално шансите и се никакви.
А куќата внатре полоша од мојата во село и се живее во нејзе. Мојата ја користиме за Бонго дружење лов или ебанки и пак е во подобри услови.
 
Член од
12 април 2010
Мислења
10.060
Поени од реакции
15.032
офтопик:
maremare тебе и во wc да те затворат нема да останеш гладен/а. Ако си заборавила, ова ти е за коментарот кој ти беше избришан од темава.
онтопик:
Нов споменик на Ченто во Прилеп
http://10bez10.com/vesti/2838-prilep-kje-gradi-nov-spomenik-na-chento
 
Член од
2 јуни 2012
Мислења
119
Поени од реакции
19
офтопик:
maremare тебе и во wc да те затворат нема да останеш гладен/а. Ако си заборавила, ова ти е за коментарот кој ти беше избришан од темава.
онтопик:
Нов споменик на Ченто во Прилеп
http://10bez10.com/vesti/2838-prilep-kje-gradi-nov-spomenik-na-chento
Глупава и крајно смотана работа е да бришете мислења.Ако некој мисли и збори и малку различно одма мавате дилит.Повторно ќе кажам,ова ви е крајно глупа работа...(n)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom