Па сигурна стратегија баш и не ми личи дека има. Иначе немаше да има толку кладилници а сите што се кладеа ќе беа милионери. Мислам дека како и во многу други сфери и тука парата на пара иде. Ако сакаш брз профит и не си стрплив најверојатно и нема добро да се кладиш. Па или играј на помали суми рекративно како да играш лото или ако се решиш на некои поголеми суми, треба навистина да го пратиш тоа на што се кладиш, да не се кладиш по секоја цена и ако имаш можност клади се во живо и на меч што го следиш. Е сеа ова се го измудрував ама ни сам не применувам многу од ова
Иначе баш нели сите викаат не играј на фаворити, а бидејќи на крај се е ова статистика и веројатност ако се погледнат односите на победи, нерешени и порази на топ фаворитите во некои лиги ќе се види дека скоро сите имаат најмалце 60% на победи а повеќето и нешто повеќе. Ова важи за повеќето лиги освен можеби за Англискта. Некои од топ екипите од лани имаа ваков однос на победи, нерешени и порази.
Barcelona (C) 38 29 4 5
Real Madrid 38 28 6 4
Atlético Madrid 38 28 4 6
Bayern Munich 34 28 4 2
Borussia D 34 24 6 4
Juventus (C) 38 29 4 5
Napoli 38 25 7 6
Roma 38 23 11 4
PSG 38 30 6 2
Benfica (C) 34 29 1 4
Sporting CP 34 27 5 2
Porto 34 23 4 7
Plzeň (C) 30 23 2 5
Sparta Prague 30 20 4 6
Ова се екипи кои и оваа година се фаворити во голем број од мечевите. Тука најверојатно од ПЛ за оваа година би се додале Челзи и Сити ама и без нив се доаѓа на бројка од 14 екипи. Е сеа баш ме занима ако се комбинираат по 3 - 4 на ливче на поголеми уплати, дали долгорочно и вака има шанса за некој профит. Нормално секое коло од овие ќе има неколку мини, значи ако си добар во избегнување на мини и ова можеби би било профитабилно. Играл некој вака само на неколку фаворити цело време и на поголема уплата ? Ама и да бркаш синглови на 2 коеф ако си баш баксуз може коло по коло ништо да не погодиш. Најверојатно најсигурна игра е уопште да не се уплаќа.