Странец со сметка со македонска банка

ShakaZulu

" Тој Сум Бре "
Член од
29 јули 2008
Мислења
3.257
Поени од реакции
3.607
Се работи за странец кој има една сметка во една македонска банка (или ќе отвори друга во друга банка) и сака да си префрли девизи од неговата странска банка во некоја македонска. Провизијата за трансакција за да испрати неговата банка на овдешната е фиксна за било кој износ. Прашањата ми се:

Колку ќе е провизија (% или фиксно) кога тие девизи ќе сака да ги вади како девизи од шалтер во банката во која има сметка во Македонија?
Колку ќе е провизија (% или фиксно) ако сака банката да му ги исплати во денари?
Дали е можно банката да му издаде картичка и да тој си ги повлече од неговата македонска сметка со автоматско префрлување на девизите во денари преку нивен банкомат или некој друг банкомат од друга македонска банка на територија на Македонија.

Се надевам го погодив форумов затоа што се работи за некои прописи кои сепак треба да се дел од некој систем и закон, не би требало да се чаршиски муабети.

Фала.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.710
Поени од реакции
15.581

јас знам странци кој земале и мк државјанство и пензијата им иде тука (избегнуват порез таму) а и тука живеат. А за овој случај најдобро да се праша во некоја Брокерска куќа како е најдобро, има странци што тргуваат на МСЕ, купуваат и продаваат акции, земаат дивиденди...
 
ShakaZulu

" Тој Сум Бре "
Член од
29 јули 2008
Мислења
3.257
Поени од реакции
3.607
јас знам странци кој земале и мк државјанство и пензијата им иде тука (избегнуват порез таму) а и тука живеат. А за овој случај најдобро да се праша во некоја Брокерска куќа како е најдобро, има странци што тргуваат на МСЕ, купуваат и продаваат акции, земаат дивиденди...
Не се работи за тоа. Се работи што порано кога бил тука без посредство на македонска банка подигнувал од македонски банкомат во денари но со огромана провизија за трансер и конверзија на парите со странска картичка од македонски банкомат. 3-5% по трансакција зависно од банкоматот. За 10 000 долари банката го зафркнала за 300. А да префрлиш 10000 на твоја сметка тука било 22долари. Сега е прашањето кога ги подигнуваш тие долари од шалтер било во девизи или да ти ги префрлат во денари дали дополнително ќе те земат провизија покрај онаа стандардната курсна разлика.
 
Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.062
Поени од реакции
11.411
Сега е прашањето кога ги подигнуваш тие долари од шалтер било во девизи или да ти ги префрлат во денари дали дополнително ќе те земат провизија покрај онаа стандардната курсна разлика.
Ако парите му се на македонска трансакциска сметка тогаш подагањето од шалтер му е скоро бесплатно (10 денари е во Тутунска), нормално ако девизи подига во денари ќе му ги сметаат по продажен курс а не по среден курс на НБРМ.
 
ShakaZulu

" Тој Сум Бре "
Член од
29 јули 2008
Мислења
3.257
Поени од реакции
3.607
Ако парите му се на македонска трансакциска сметка тогаш подагањето од шалтер му е скоро бесплатно (10 денари е во Тутунска), нормално ако девизи подига во денари ќе му ги сметаат по продажен курс а не по среден курс на НБРМ.
10 денари за било која сума ако од твоја сметка си ги вадиш во валута во која се ставени?
Нормално ао имаш девизи дал во банка или во менувачница ќе ти ги сметаат по пониска цена. Главен проблем беше ова дал при подигнување земаат пари по услуга или по количина на сума кога креваш.

За ова за картица да ти издадат дебитна поврзана со твојата сметка кај нив дал е можно некој да има информации?
 
kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
12.070
Поени од реакции
22.103
Проблемот што ќе го има при префрлање пари е дека покрај странската банка која ќе ги напалти тие 22 долари пари/провизија ќе му земе и македонската банка или ќе му ги држи парите (му ја зимаат каматата) неколку дена. Друг проблем е ако префрли поголема сума пари ќе му биде тешко да си ги префрли назад на странската сметка (ова е зашто сме ограничени со закон мислам до 3000е како приватно лице). Ако е стрикно само за одмор најдобро му е да си носи кеш со него па ако сака нека отвори сметка во МКД.

Друга опција е зависно од каде е да разгледа кој банки во неговата држава нудат безплатно влечење на кеш во странство. HSBC и Citibank се обично добри за такви работи. Така само ќе губи од она што го наплаќаат мак банките (мислам беше 200 ден од трансакција)
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.710
Поени од реакции
15.581
i da kupiš travelers čekovi bez 2% provizija ne beše nikogaš, baška koga podigaš vo druga valuta ima i kursna razlika ... kaj nas e najgolemiot grabež vo ogromni kursni razliki među prodažen i kupoven kurs na nonEU valuti... mnogu se žalea našincite od Avstralija. A koga ripna švajcarecot prodažen beše 72mkd a kupoven 60mkd , 20% razlika !!
b.t.w., ya vreme na drahmata, Grcija mnogu dobivaše so provizii i kursni razliki od strancite, jas gledav kako vo Kasandra vo banka germanskite turisti bea nezadovolni od kursnite razliki i plus proviziite
 
Kajgana Shop

На врв Bottom