Страв од стареење...

Член од
13 август 2008
Мислења
1.144
Поени од реакции
893
Ама зошто, зошто и зошто се што правиме во животот еден ден ќе биде залудно...??? Кога ќе остариме ќе не заменат помладите на нив останува светот а ние ќе останеме во некој ќош и тоа ќе го набљудуваме... Зошто, зошто и зошто еден ден ќе не снема како да сме ништо а другите ќе продолжат да живеат... ?? Зошто да избледеме и се што сме направиле да избледе... ??
И зошто нема веќе да бидам млада и убава каква смисла ќе има тогаш животот, ќе бидам споменик кој не може повеќе да се заљубува, да се забавува... ???:nesum:

Kaде пишува тоа дека само на 20 години луѓето се забавуваат и се заљубуваат?!
 

PrincezZ

Death It's Only The Begin
Член од
25 март 2010
Мислења
123
Поени од реакции
9
Kaде пишува тоа дека само на 20 години луѓето се забавуваат и се заљубуваат?!

Па сигурно не на 60 и 70 :toe:

Луѓето кои постигнале многу работи во животот и останале запаметени по нешто стално се спомнуваат, ама што им вреди тоа нив кога не можат да го видат...???
Александар кој направил толку многу умрел и не ни знаел дека умрел само згаснал... Египетските фараони некогаш биле толкави владетели ама зошто кога сега ништо не им значи, ги снемало како да се ништо животот им згаснал...
Сите важни личности умреле како ништо, како обичните луѓе, се што направиле останало запаметено да, ама зошто кога тие само испариле некаде...
Значи животот нема смисла...

Значи човек и да умре на 15 години нема ни да знае и да умре на 80 кога многу работи постигнал пак кога ќе умре нема да знае...
Зошто и зошто сме како ветер што ќе дувне и ќе избледе...?????
 

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
13.198
Поени од реакции
27.503
Мислам дека не е толку страв како што е комплекс.
 
P

Princ

Гостин
Па сигурно не на 60 и 70 :toe:
Не вреди останатиот дел од постот да се прочита, првиот ред одма ти е промашај :icon_lol:

Кога имав 7 години, се сеќавам, најмногу од се сакав да си играме со другарите. Им се лутев на моите кога не прибираа дома. Врхунац беше играта.
Кога имав 13, врхунац беше една девојка од другиот клас. Многу слатко девојче, а јас заљубен во неа до уши. Она не ме приметуваше :(
Сепак, на школо одев само неа да ја видам.
Кога имав 16, ми се зголемија апетитите по девојките, ко што се зголемија нивните гради.
Кога наполнив 19, почнав да работам. Интересно беше, се чувствуваш корисен, запознаваш нови луѓе, учиш нови работи.
Кога наполнив 25, ми се зголеми апетитот, сакав се повеќе и повеќе да сум успешен во работата.
---- имам 27 ----
Веројатно, кога ќе наполнам 30, ќе ме израдува раѓањето на мојот син. Ќе ме радува сопругата, семејството.
Кога ќе наполнам 40, пак ќе ги имам нив. Во меѓувреме многу добри и лоши работи ќе се случат, што ќе го направат животот живот.
Кога ќе наполнам 60, децата ќе ми се здрави и живи, израснати, машкото ќе ми направи и внуче (мамето негово, а му кажав да пази... тоа ти е, деца).
Дамата ќе седи покрај мене на некоја зелена ливада, и ќе го гледаме зајдисонцето (јас со шешир на глава и некоја скапа цигара у уста) дур јас и кажувам како она и ден денес е прекрасна и има најубави очи на цел свет.

Муабетот ми е, секоја возраст има(ла) свои убавини. Ниту една убавина со другата не може да се спореди, сите се... убави, на свој, специфичен начин.

Не се плашам од староста, од смртта. Се плашам ако не сум живеел :/
 
Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.881
Па сигурно не на 60 и 70 :toe:

Луѓето кои постигнале многу работи во животот и останале запаметени по нешто стално се спомнуваат, ама што им вреди тоа нив кога не можат да го видат...???
Александар кој направил толку многу умрел и не ни знаел дека умрел само згаснал... Египетските фараони некогаш биле толкави владетели ама зошто кога сега ништо не им значи, ги снемало како да се ништо животот им згаснал...
Сите важни личности умреле како ништо, како обичните луѓе, се што направиле останало запаметено да, ама зошто кога тие само испариле некаде...
Значи животот нема смисла...

Значи човек и да умре на 15 години нема ни да знае и да умре на 80 кога многу работи постигнал пак кога ќе умре нема да знае...
Зошто и зошто сме како ветер што ќе дувне и ќе избледе...?????
Мој совет тие да умреш млада и да бидеш убав леш, јебига остај друго ама само замислиси кога цицињата кети виснат до пупак :pos2: и кога никој ама баш никој нема да сака да те погледне,кога и мажти ( ако го имаш) ке посакува помлади и поубави од тебе а тебе кетиго врти грбот у кревет
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.665
Стравот од стареење за мене не е ништо друго освен страв од пропуштени шанси и неизживеаност. Не знам каква старост ќе дочекам и дали воопшто ќе дочекам, ама забележувам дека секое доба си носи нова убавина, потреби и цели. Се дури сум „на нога“ и со здрав разум, се дури има околу мене луѓе што ги сакам, животот ќе има смисла. Независно од тоа дал имам 9, 19 или 99 години.
 
Член од
18 јануари 2009
Мислења
1.407
Поени од реакции
339
Напишано од sexilicious007
Kaде пишува тоа дека само на 20 години луѓето се забавуваат и се заљубуваат?!
Па сигурно не на 60 и 70 :toe:

Луѓето кои постигнале многу работи во животот и останале запаметени по нешто стално се спомнуваат, ама што им вреди тоа нив кога не можат да го видат...???
Александар кој направил толку многу умрел и не ни знаел дека умрел само згаснал... Египетските фараони некогаш биле толкави владетели ама зошто кога сега ништо не им значи, ги снемало како да се ништо животот им згаснал...
Сите важни личности умреле како ништо, како обичните луѓе, се што направиле останало запаметено да, ама зошто кога тие само испариле некаде...
Значи животот нема смисла...

Значи човек и да умре на 15 години нема ни да знае и да умре на 80 кога многу работи постигнал пак кога ќе умре нема да знае...
Зошто и зошто сме како ветер што ќе дувне и ќе избледе...?????
Нашите баби и дедовци можда и не се забавуваат толку, но бабите и дедовците од западна Европа и САД се забавуваат подобро од многу наши младичи. Одат по кафичи, возат скапи коли, слават родендени по дискотеки, си фаќаат дечковци...

Точно животот нема некоја којзнае каква смисла. Човечкиот живот е само миг во однос на времето, а човекот атом во однос на вселената. И цела земја утре да исчезне, однадвор ќе се засекираат толку многу народ колку што на земјата ќе се засекираат ако некој астероид уништил некоја си планета во соѕвездието Орион... Ама не е се толку црно. Сепак важни се малите ствари. Сигурно имаш дечко и убо ти е со него. Ако немаш ќе си најдеш шом толку ти е страв од стареење сигурно си убава па ќе немаш проблеми со тоа. Ќе имаш деца со кои ќе се гордееш, ќе одиш на работа која ќе те исполнува...

Ко шо рекол Талес од Милет смртта по ништо не се разликува од животот, а кога го прашале зошто не умреш, рекол па баш поради тоа дека по ништо не се разликуваат.

Мене повише би ме загрижило место да остарам, да се подмладам. Со 40 години и БМВ полесно ќе фатам женска на 22 него ли со 7 качен на точак :)

Види го Џорџ Клуни не е прва младост па како жените уште свршуваат ко ќе го видат. види го Шон Конери уште зрачи со сексапил, а е дедо со бела коса.

Ти препорачувам да го изгледаш филмот death becomes her ,може ќе ти помогне да сфатиш колку е убаво да се остари и умре. На некој чуден начин и тоа е природниот нагон на секој нормален човек
 
Член од
23 мај 2009
Мислења
958
Поени од реакции
727
Добро е што размислуваш, тоа значи дека си интелигентна личност, дека имаш потенцијал да ги гледаш работите, да ги анализираш и расклопуваш до најситни детали, но обиди се да ја избегнеш замката на фокусирање само на темната страна на животот.
Мислите со кои што си преокупирана не се нешто ново,нешто на кое не помислил никој пред тебе. Со овие прашања човекот се бори откако знае за себе. Чудно е како сите се плашиме од истите работи, помислуваме на истите работи, ги живееме истите работи, но сите на различен начин се справуваме со нив.
Нема смисла во разорување на сопствениот дух и измачување до изнемоштеност со црни мисли.
Млада си, уживај во оноа што ти се пружа, учи, заљубувај се, одљубувај се и повторно заљубувај, лути се, размислувај, чувствувај, запознавај се себеси и оние што те опкружуваат - во тоа е смислата. Така ќе растеш.
Убавината не е само во младоста и убавиот изглед...но, тоа е нешто што ќе го научиш по пат, живеејќи.

Пролет е-утре е нов ден...има смисла, нели?
 
Член од
14 февруари 2010
Мислења
264
Поени од реакции
52
Значи животот нема смисла...
Животот сам по себе нема смисла освен ако ти не му дадеш смисла на своето постоење, цел кон коа ќе се стремиш и ќе бидеш запаметена. А што се однесува до умирањето сега сме млади и светот е наш, но откако ќе остариме или умреме некој друг ќе дојде на наше место. Еве една поговорка од авторка која многу ја почитувам:

"A man does not make his destiny: he accepts it or denies it."
— Ursula K. Le Guin (The Farthest Shore)

Што би се случило кога би живееле бесконечно? Ќе бидеме вечно млади и останатите кои подоцна ќе се родат ќе бидат млади засекогаш и ќе почнеме меѓусебно да се убиваме пошто нема да има доволно место за сите. Еден ден ќе бидеш старица па потоа ќе починеш и ќе бидеш храна за некои животинчиње, па од тебе ќе остане само сеќавање и на крај и тоа ќе изблдне, исто како да не си постоела ама јебига некои работи не се фер. Но доколку сториш нешто по што ќе бидеш запаметена мислам дека вреди да се живее.
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
145
Поени од реакции
5
Абе јас уште сеа размислувам за староста али размислувам како да ја исполнам. Кје се занимавам со области кои ме интересирале а немам можност да ги следам сега...Кје помагам на послабите и кје уцествувам во разни хуманитарни акции кје пренесувам животни искуства итн..Ако има некоја друга идеја,добредојдена е секако :helou:
 
A

ateist

Гостин
Стравот од стареење за мене не е ништо друго освен страв од пропуштени шанси и неизживеаност. Не знам каква старост ќе дочекам и дали воопшто ќе дочекам, ама забележувам дека секое доба си носи нова убавина, потреби и цели. Се дури сум „на нога“ и со здрав разум, се дури има околу мене луѓе што ги сакам, животот ќе има смисла. Независно од тоа дал имам 9, 19 или 99 години.
добро кажано
инаку негде налетав на информација дека обичниот човек во антички Рим просечно живеел 23 години ( ништо подобро не било ниту во средниот век )
ако некому е идеал .."умрети млад" ...........тогаш испаѓа дека порано сите сакале неќеле ........си го остварувале идеалот .Дека уствари никој не остарувал

Сепак добро велиш страв од старост = страв од нереализираност
Луѓе што оствариле свој замисли - планови што треба да се постигне во животот и ги реализирале знаат дека дека доаѓа и старост и смрт ..дека е неминовно ..но сепак поспокојно ја прифаќаат таквата неминовност .
 
Член од
23 август 2008
Мислења
1.755
Поени од реакции
264
Да се старее не е пријатно, но тоа е единствениот досега познат начин за да се живее подолго. Сент-Бев
А за страв од својот одраз во огледалото по 50 години...нема тука што да се вади човек од памет.Сигурно дека нема одеднаш еден ден да се разбуди и да види старо лице...тоа си иде постепено и природно:nesum:
 
Член од
19 април 2005
Мислења
1.806
Поени од реакции
75
Принцезо драга, за твојот проблем постојат две можни решенија кои не се взаемно исклучителни, а се подредени по приоритет:
1. Разговор со психијатар - итно и
2. Правење дете/деца - исто така итно, ама после сеансата.
Предлагачот полни 45 години на 14ти јули оваа година и ти пожелува барем половина од случувањата и убавините кои му ги приредил и сеуште му ги приредува животот.
 

Вештица

love&reason
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.524
Поени од реакции
856
Се сеќавам дедо ми кога викаше дека нема поубаво од тоа да ја доживееш староста и да видиш што си направил во животот. И дека не го гледаш тоа во големината на твојата пензија, ни во бројот на брчките, па не толку ни во здравјето туку во своите деца, што си успеал да им пружиш, што си направил од нив и што тие постигнале. Како и да е, ако ти успееш да постигнеш тебе да те памтам не само твоите деца туку и внуци па и твоите правнуци да те спомнуваат е тоа е најдолг век на живеење.

Мене ме фаќа малку језа кога учам како ќе ми атрофираат гениталиите и ќе бидам неподнослива... (климакс:nesum:). Ама најголемо влијание врз организмот има мозокот така да ако ти сакаш да се забавуваш и да се чуствуваш убаво (пошто на крај и тоа е всушност убавината) можеш тоа да го правиш и до 70. Значи не стануваш по дифолт досадна и не постои такво нешто како нагон за плетење, месење леб итн кој се јавува по 60тите години.:smir:
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.665
добро кажано
инаку негде налетав на информација дека обичниот човек во антички Рим просечно живеел 23 години ( ништо подобро не било ниту во средниот век )
ако некому е идеал .."умрети млад" ...........тогаш испаѓа дека порано сите сакале неќеле ........си го остварувале идеалот .Дека уствари никој не остарувал

Сепак добро велиш страв од старост = страв од нереализираност
Луѓе што оствариле свој замисли - планови што треба да се постигне во животот и ги реализирале знаат дека дека доаѓа и старост и смрт ..дека е неминовно ..но сепак поспокојно ја прифаќаат таквата неминовност .
Точен ти е податокот. И главната причина биле не толку болештините (хигиената кај Римјаните била на завидно ниво за тоа време), колку што биле честите војни. Во бракови стапувале мошне млади, штом ќе се исполнеле биолошките услови. Така ја одржувале бројноста.
A стареењето како неминовен процес, ако е проследено со соодветен емоционален и интелектуален развој, не би требало да претставува нешто што ужаснува. Само мислам дека живееме во период во кој како резултат на низа усрани општествени појави и процеси кај нас, во одредени сегменти мошне бавно созреваме, а во некои и пребрзо. Реално, немаме некои убави услови за што поцелосна реализација.
Е сега некои се поснаодливи, а некои не. За жал повеќето не се.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom