Стравот - предност или мана?

Член од
12 март 2009
Мислења
205
Поени од реакции
13
Стравот е предност, се додека е присутен во мали количини.
Предност е бидејки тој мал страв што ќе го чуствуваш ќе те натера да размислуваш рационално и да се однесуваш одговорно во некои ситуации.
Како што кажав во мали количини.

Тоа е веќе ако си ептен забеган, да се плашиш од лист од дрво шо паѓа.
Епа не е нормално коа човек се плаши од се живо и неживо околу него.
Тоа е веќе психолошки проблем односно фобија и нормално дека не е предност него мана!
Абе се е ок во умерени дози.
 

cvetanovskiigor

›———————‹
Член од
6 мај 2009
Мислења
1.425
Поени од реакции
57
Желба на секого е да го има тоа што го сака . Тоа и го добива ама покрај тоа , го добива и она од што се плаши-односно го мрази . Така да све што мразиш и све што сакаш е измиксано и тоа е твојот живот. Затоа не се плаши од ништо за да не ти се остварат стравовите , а тоа може да се достигне само со медитација . Инаку стравовите се вештачки создавани од сите околу тебе само не од тебе и тоа ти е како наследство од колено на колено . Затоа сме шизофрено општество микс на свест и учење - стравови од нашите предци , родители ,цркви ,филозофи и незнам уште што не . Ако неможеш да ја најдеш свеста во тебе тогаш имаш голем проблем , ама не е страшно , кога тогаш ке си дојде што е твое и ова нека не е причина за страв.
 
Член од
2 јули 2009
Мислења
59
Поени од реакции
3
Тоа е поентата на стравот, ако се стрчаш кон некоја дупка, да се закочиш и да испаничиш.
И да, јасно е дека секоја емоција има + и -.
Можеш од среќа да се фрлиш од 14ти, можеш од возбуда да доживееш срцев удар итн.
Ама те молам, не ми ги споредувај стравот со инаетот зашо се апсолудно неспоредливи.
инаетот беше само да ти докажем дека има и друга емоција што носи претпазливост.ја не реков дека треба да се искорени стравот, свите го имамо , такје и ја НОРМАЛНО. ама ако морам да го вбројуем у позитивни(среќа, радост)/негативни(тага, омраза) би го стаела у негативни нормално.

па ако се закочиш и испаничиш ќе реагираш претпазливо?!?
 

Very Nice Girl

Нојс
Член од
25 август 2009
Мислења
1.231
Поени од реакции
160
^нема да паднеш, ваљда.
Предност до некоја мера, се додека не ти ги блокира сите намери чувства итн. Позитивна работа е да имаш страв од нешто, еве се плашам од змии и избегнувам треви грмушки итн. Што би значело дека претпазливо се однесувам да не налетам на некоја и да ме спука срце у секунда. А не би било убаво ја летово да не излезам воопшто поради страв да не видам змијулче. тука би била негативната страна
 
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.782
Поени од реакции
4.011
па ако се закочиш и испаничиш ќе реагираш претпазливо?!?
Да.
Наидуваш на голема дупка, така да закочуваш од страв да не паднеш, крвта иде во нозете, се испушта адреналин и отскокнуваш назад од паника да не паднеш во дупката. Реагираш претпазливо.
Ако ти ми пишуваш за онаа паника кај шо не размислуваш раионално туку хистеришаш без везе-ондак тоа е друг муабет, тоа не е од страв.
 
Член од
2 јули 2009
Мислења
59
Поени од реакции
3
Да.
Наидуваш на голема дупка, така да закочуваш од страв да не паднеш, крвта иде во нозете, се испушта адреналин и отскокнуваш назад од паника да не паднеш во дупката. Реагираш претпазливо.
Ако ти ми пишуваш за онаа паника кај шо не размислуваш раионално туку хистеришаш без везе-ондак тоа е друг муабет, тоа не е од страв.
од што је ако не е од страв?
 
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.782
Поени од реакции
4.011
од што је ако не е од страв?
Ова е хистеришање.

Не е предизвикано од страв, туку од нервоза, од лутење, раздразнување.
Исто може да биде од љубомора и нервоза.
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.665
Стравот е примарна и сосем природна емоција. Сите ние се плашиме, помалку или повеќе. Постојат случаи каде што оваа емоција изостанува и се смета дека се работи за некакво хормонско (или нешто сл.) нарушување. Стравот сигнализира дека нешто не е како што треба, дека нешто не е во ред, предупредува на опасности. Ен Редклиф британска писателка дала мошне убаа дефиниција за стравот. Според неа „стравот ја поттикнува душата и ја крева способноста на сетилата на повисоко ниво, додека ужасот ги кочи, ги парализира и речиси ги уништува“ (се извинувам за лошиот превод:kesa:). Значи, се прави разграничување помеѓу стравот и ужасот, односно паниката (тука би можеле да се сместат и секакви видови на фобии, параноја и слично, кои сепак не се обележје на една здрава личност).
Стравот не е ни предност ни мана. Му служи на човекот како предупредувач, аларм. Не е хендикеп. Освен ако не сте кукавици. Или паничари.
 

wild dolphin

Мал човек а голем ждерач
Член од
12 мај 2009
Мислења
1.702
Поени од реакции
229
мислам е предност доколку е умерен бидејќи на некој начин не држи под контрола и не прави претпазливи но ако е интезивен и во се присутен тогаш е маана и пречка, а пак ако го нема или е на минимум па тогаш поголема е веројатноста да настрадаме... како и да сите емоции треба да се умерени но не се, секогаш некоја доминира
 

cvetanovskiigor

›———————‹
Член од
6 мај 2009
Мислења
1.425
Поени од реакции
57
Ова е хистеришање.

Не е предизвикано од страв, туку од нервоза, од лутење, раздразнување.
Исто може да биде од љубомора и нервоза.
Тоа е магичен круг.
Љубомората и нервозата се последица на стравот , хистеријата е последица на нервоза и љубомората.
Се е тоа игра на умот , затоа што он не е неспособен да ги разбере , само копира и глуми .
 

Anti Spam Master

Anti Spam Master
Член од
22 октомври 2009
Мислења
100
Поени од реакции
1
како секоја емоција и стравот си има и плус и минус.
нема што да се дискутира за стравот...
 
Член од
25 јануари 2007
Мислења
6.775
Поени од реакции
314
Дали стравот кој сите го имаме и помалку или повеќе го чувствуваме, може да го наречеме наша предност или мана?
Не спречува да живееме послободно и поавантуристички (со што на некој начин ни штети) или е добар дека доколку го имаме, сме позаштитени од многу опасни работи за нашиот живот општо?
Од една страна, кога би немале страв за ништо, туку-така би влетувале од една во друга ситуација, би донесувале одлуки без пардон и би терале низ животот како ништо да не може еден ден да ни се врати како бумеранг и да не шлапне по чело, да летаме толку високо, за после коските да ни се направат сол кога ќе паднеме...
Од друга страна, кога чувствуваме страв во било која ситуација, од преголемото негово присуство дека нешто ќе заебеме-ќе го заебеме многу повеќе од што сме си замислиле. Стравот ќе ни влијае да не можеме да размислуваме со ладна глава, се` да правиме пропратно со паника и стрес и еден ден да ни попуштат нервите. Посебно ако стравот почне уште многу рано, кога проблемите со кои се соочуваме се ништо во споредба од оние кои следуваат. Тогаш, како ќе одиме напред, со пораст на големината на проблемите, ќе расте и степенот на страв.

Затоа треба да си одредиме самите граница колку ќе дозволиме стравот да (не) ни влијае.
Или... седативи! Mute your emotional response и дејствувај правилно! :)
 
Член од
2 јули 2009
Мислења
59
Поени од реакции
3
Ова е хистеришање.

Не е предизвикано од страв, туку од нервоза, од лутење, раздразнување.
Исто може да биде од љубомора и нервоза.
е ја мислим дека хистеризирањето е последица на стравот. хистеризираш зош у моментот си нервозен а тоа е предизвикано од нешто од што се плашиш. да не се плашиш, нема да бидеш нервозен, нема ни да хистеризираш и ќе изреагираш посоодветно.
 
Член од
21 април 2010
Мислења
100
Поени од реакции
33
Стравот е предност, ама никогаш не покажувајте дека се плашите !
 
Член од
8 октомври 2009
Мислења
312
Поени од реакции
153
па и предност и мана.... мана затоа што стравот навраќа назад т.е. стравот дека нема да успееме повлекува назад воопшто да не се обидуваме... но никогаш тоа не треба да претставува пречка во нешто:wink: она што нема да не убие не прави посилни!:)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom