Стоногалки

Итар Пејо

Слободен Радикал
Член од
10 октомври 2011
Мислења
738
Поени од реакции
660
Грди суштества од хорор филм што тешко се убиваат а се многу морничави. Сега смачкав една и пред некој ден жената се извадила од памет. Мене лично и нешто не ми пречат иако се прилично страшни, ама имам две деца дома мали и ми е страв за нив затоа што и од комшии ми се пожалија дека ги имаат и дека и комшијата и ќерка му ги имаат каснато. Прашањето е дали некој има искуство со нив и како се справува дали постои некој отров или средство што ќе ги реши на некој начин.
Оваа слика е од пред неколку дена кога ми се јави жена ми и по гласот мислев дека фреди и џејсон влегле дома упм!!
IMG-1e1891c103b43e5733f427f75322282a-V.jpg
 
Ф

Флеш

Гостин
Ги молам модераторите да ја тргнат сликата ... Ова е гадна слика :shook::pov:Уште повеќе не ги сакам бубачките .... Колку е гадноооо :confused::confused::confused:
 
Член од
8 јуни 2007
Мислења
6.102
Поени од реакции
12.199
Кога ја видов темава, знаев за кои караконџули станува збор.
Се појавуваат често, во ходник кујна и сл. Барем се појавуваа.
Треба да ги елиминираш кога ќе ги забележиш уште како мали, како црвчиња.
Јас во мојот дом немам all out war со пајаците. Само локална војна имаме, инаку генерално сме сојузници. Токму против ваквиве накази. Многу често кога се мали, заглавуваат во пајакови мрежи, и тоа е тоа. Вакви големи се крајна еволутивна фаза, матер им ебам нивна гнасна.

photo.JPG
 
P

psychostasia

Гостин
Борна киселина обично ги решава сите инсекти, побарај во аптека не е нешто скапо. Гледај само да ги намамиш некако да каснат од прашокот и за пола минута ќе ги најдеш скаменети :)
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.995
Јас ги молам модераторите да ги тргнат 2-те слики. 2-те се подеднакво гнасни.
:pos: :pos::pos:

Покрај борната (и пајаците), го имаш и ова. Јас ќе го земам за видендицата пред се’ затоа што ова на сликава ти е ситница во споредба со она што го имавме ние. Кога ја чистевме викендицата пронајдовме неколку големи пајаци, ги уништивме со борна. Па би сакал и апаратов да го пробам, ако некој го има, нека пише дали вреди да се купува. :)
 

Итар Пејо

Слободен Радикал
Член од
10 октомври 2011
Мислења
738
Поени од реакции
660
Ги молам модераторите да ја тргнат сликата ... Ова е гадна слика :shook::pov:Уште повеќе не ги сакам бубачките .... Колку е гадноооо :confused::confused::confused:
Де бе па ти
А ако ти се појави дома што ќе правиш ќе викаш спецназ:pos:[DOUBLEPOST=1508534988][/DOUBLEPOST]
Борна киселина обично ги решава сите инсекти, побарај во аптека не е нешто скапо. Гледај само да ги намамиш некако да каснат од прашокот и за пола минута ќе ги најдеш скаменети :)
Ова ти е баш добро, да ги намамам:tapp: ај прво кажи ми каде има дресер за нив па после да ги спастрам по пропис(y)[DOUBLEPOST=1508535117][/DOUBLEPOST]
Јас ги молам модераторите да ги тргнат 2-те слики. 2-те се подеднакво гнасни.
:pos: :pos::pos:

Покрај борната (и пајаците), го имаш и ова. Јас ќе го земам за видендицата пред се’ затоа што ова на сликава ти е ситница во споредба со она што го имавме ние. Кога ја чистевме викендицата пронајдовме неколку големи пајаци, ги уништивме со борна. Па би сакал и апаратов да го пробам, ако некој го има, нека пише дали вреди да се купува. :)
Ситница ва беше некои 15 см не знам ти какви пајаци си нашол...можеби тарантули??
Ако имаш викендица во бразил:cool:
 
P

psychostasia

Гостин
Ова ти е баш добро, да ги намамам:tapp: ај прво кажи ми каде има дресер за нив па после да ги спастрам по пропис(y)
Повеќето инсекти се движат кај што има влага и темница, ретко кои сакаат светло. Стави по некој ќош или кај што си ги приметил.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.995
Ситница ва беше некои 15 см не знам ти какви пајаци си нашол...можеби тарантули??
Ако имаш викендица во бразил:cool:
Камо да имав, мислиш ќе се вратев некогаш тука!?

Ти реков дека ова погоре ти е ситница. Некоја залутана стоногалка. Ако купиш видендица со дополнителни неочекувани постојани жители, тогаш имаш проблем. Но нема врска, имаш решенија, апаратот, пајаци, вори, борна.....проблем ќе ти биде ако тие се зачестат. :)
 
Член од
30 јули 2014
Мислења
5.371
Поени од реакции
17.515
Многу би било гадно една ваква вештерка да те полази по лице дур спиеш и во тој момент да се разбудиш. Онака, изнесувам фобии од мал.
 

Итар Пејо

Слободен Радикал
Член од
10 октомври 2011
Мислења
738
Поени од реакции
660
Камо да имав, мислиш ќе се вратев некогаш тука!?

Ти реков дека ова погоре ти е ситница. Некоја залутана стоногалка. Ако купиш видендица со дополнителни неочекувани постојани жители, тогаш имаш проблем. Но нема врска, имаш решенија, апаратот, пајаци, вори, борна.....проблем ќе ти биде ако тие се зачестат. :)
Апаратот ти е џабе фрлени пари брат ми има дома и нешто ефект посебен не се забележува
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.812
Поени од реакции
12.113
Грди суштества од хорор филм што тешко се убиваат а се многу морничави. Сега смачкав една и пред некој ден жената се извадила од памет. Мене лично и нешто не ми пречат иако се прилично страшни, ама имам две деца дома мали и ми е страв за нив затоа што и од комшии ми се пожалија дека ги имаат и дека и комшијата и ќерка му ги имаат каснато. Прашањето е дали некој има искуство со нив и како се справува дали постои некој отров или средство што ќе ги реши на некој начин.
Оваа слика е од пред неколку дена кога ми се јави жена ми и по гласот мислев дека фреди и џејсон влегле дома упм!!
Прегледај го приврзокот 179103
Веќе ти одговорија, но сепак да го повторам одговорот - борска киселина е решението, и нова фасада со нови прозорци и нова изолација на куќата, се разбира.

Ќе ти препорачав и Нео Питроид, но бидејќи спомна дека имаш деца, опасен е за околината, поради што ти препорачувам да не го користиш.

Аман бе што машки ќе бевте
Е ваквите машки исчезнаа во 2001 година кога ги викаа на мобилизација.

А бабите и дедовците нивни не знаеле што се тоа водовод, канализација и струја.

Ако толку им се гнасни сликите, решението е едноставно - нека не ја читаат темата.
 

JimmyFloydBottleBank

Rimtutituki
Член од
29 ноември 2010
Мислења
6.801
Поени од реакции
8.600
Ја чувам Бубашваби ко куќни љубимци, ако има некој се мењаме за стонагалки ми изгледаат помоќни.
 
Член од
16 декември 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
7.156
Грди суштества од хорор филм што тешко се убиваат а се многу морничави. Сега смачкав една и пред некој ден жената се извадила од памет. Мене лично и нешто не ми пречат иако се прилично страшни, ама имам две деца дома мали и ми е страв за нив затоа што и од комшии ми се пожалија дека ги имаат и дека и комшијата и ќерка му ги имаат каснато. Прашањето е дали некој има искуство со нив и како се справува дали постои некој отров или средство што ќе ги реши на некој начин.
Оваа слика е од пред неколку дена кога ми се јави жена ми и по гласот мислев дека фреди и џејсон влегле дома упм!!
Прегледај го приврзокот 179103
Ги има во природа колку сакаш, неминовна е средбата со нив. Не се ни наивни, ако те полази некоја, ужасно пече. Мојата прва средба со нив беше уште попанична од твојата.
Јас редовно, напролет попрскувам насекаде по аглите во куќата, околу куќата и одвнатре околу прозорите и вратите. Прскам насекаде и по аглите горе, заради пајаци. На бела боја не остава никакви флеки.Користам NEOPITROID ALFA. Како и за сите инсектициди, и за него пишува дека е отровен. Но, откако ќе се испрска и исуши, безбоен е и без мирис ине се раствара лесно со вода, постојан е. Па, како што сум информиран, заради тоа се користи и во болници.
Го користам веќе 15-тина години, без никаков проблем.Се случува и пак да видам ваква стоногалка, но отруена.
Мој совет ти е да попрскаш со него како што ти објаснив сега, доколку сеуште ги имаш стоногалките.Попрскај поразблажено, според упатството (од-до). Од пролет не чекај да видиш нешто, туку редовно прскај.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom