Стипендирање на 125 студенти по информатика, само од ДРЖАВЕН?!

deXterche

тадаммм
Член од
12 февруари 2006
Мислења
4.920
Поени од реакции
942
Значи ќе се стипендираат само студентите од ДРЖАВНИТЕ факултет, па добро ние од ПРИВАТНИТЕ што сме? Дебили? Идиоти? Што е оваа дискриминација? Ај тоа, услов за стипендија е успехот да е најмалку 9, која иронија. Ајде 8-8,5 разбирам ама над 9?!
Министерството за образование и наука доделува:
- 125 стипендии на талентирани студенти од студии по информатика на државните универзитети во Република Македонија.
УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПЕНДИЈА
1. Право да конкурираат имаат кандидати кои се редовни студенти и студираат информатика на државните универзитети;
2. Во текот на студиите да постигнале најмалку 9 (девет) просечен успех;
3. Да не повторувале година во текот на студирањето;
4. Да не се корисници на друга стипендија или кредит;
5. Да се државјани на Република Македонија.
НАЧИН НА ПРИЈАВУВАЊЕ
Начинот на пријавување на кандидатите е преку електронска пријава поставена на веб страната на Министерството за образование и наука www.mon.gov.mk почнувајќи од 24.08.2007 година до 03.10.2007 година.
МЕСТО И РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ДОКУМЕНТИТЕ
Пријавените кандидати по објавувањето на прелиминарниот список, до Министерството за образование и наука ул. “Пролет” бр. 1 - Скопје најдоцна до 12.10 2007 година доставуваат:
1. Потврда за редовно запишан зимски семестар за учебната 2007/2008 година, како и уверение со бројот на предвидените и положени испити;
2. Потврди за остварените приходи (плата, пензија и др.) на вработените членови на семејството, за пензионираните членови испратници од пензија, а за невработените да се достави потврда од Бирото за вработување;
3. Фотокопија од лична карта;
4. Уверение за државјанство на Република Македонија;
5. Индекс на увид;
Висината на стипендија ќе изнесува 5.000,00 денари месечно.
Документите на кандидатите кои се некомплетни и неблаговремено доставени нема да се разгледуваат.
За резултатите од конкурсот кандидатите ќе бидат известени на домашна адреса и на веб страната на Министерството за образование и наука.
 
Член од
8 февруари 2007
Мислења
1.968
Поени од реакции
43
Е добро што не ти е јасно. Државата дава стипендија на државниот универзитет. Бараат просек 9 зошто сигурно има само еден или двајца кои ги исполнуват тие услови и нема да трошат многу многу на стипендии.Јас барем така го сфатив ова.
 

Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
168
Стимулација на државните факултети, многу нормална работа, никоја држава што знам не стипендира студии на приватни факултети и колеџи.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
За муабетот зошто студенти во државен факултет мислам разјаснија,но просекот за стипендија беше 8.5,стварно се сложувам со декстерче дека е премногу висок 9 бидејќи на државните факултети со драго срце ќе ти го намалат просекот професорите:wink: и испаѓа недостижен просек поради други причини,освен ако не ги преполагаш (а кога веќе ќе ги преполагаш имаш можност и да те пикира проф. па да добиеш и квадрат и куб гратис:) )
 

Точкест

I'm Awesome
Член од
25 јануари 2007
Мислења
7.641
Поени од реакции
457
Eпа зашто студентите да ги земат парите??? Шо не ви е јасно до толку, се бара просек 9 ете на пример таков нема и ОП деканот НОВА КОЛА:)....Декстерче и за тоа државен/приватен факс зашто нема на приватен, ова е од ДРЖАВАТА а на државата не и се исплати да дава пари на некои Хти личности т.е. приватни факултети. На крај краева ќе ти кажат „Си се запишал на приватен факултет, па имаш пари шо ќе ти стипендија„
 
Член од
5 август 2006
Мислења
163
Поени од реакции
8
Одлуката за стипендирање на студентите по информатика е добра, но сепак оценка со просек 9 е многу висок, пример за на електро да добиес 9 или 10 оценка треба малку да подзабегуес освен за некои одредени предмети. Што се однесува до тоа оти не ги стипендираат тие што се на приватен, па оти нив да ги стипендираат тие се запишале на прив. фак. поради тоа што сигурно мислат дека таму е подобро и на тој начин тие се откажале од државното финансирање и сега оти нив државата да им дава стипендија кога самите они се откажале од државните универзитети. Е сега има еден куп причини оти на приватен а не на државен и обратно, но тоа мислам дека веќе е друга тема.
 
Член од
6 февруари 2005
Мислења
9.722
Поени од реакции
248
Значи ќе се стипендираат само студентите од ДРЖАВНИТЕ факултет, па добро ние од ПРИВАТНИТЕ што сме? Дебили? Идиоти? Што е оваа дискриминација? Ај тоа, услов за стипендија е успехот да е најмалку 9, која иронија. Ајде 8-8,5 разбирам ама над 9?!
Без навреда ама јас сеуште не знам кој тоа закон им дозволил на приватните универзитети да акредитираат дипломи кога не постои сеуште закон за високо образование во којшто ќе има јасно дефинирање на условите за акредитација на дипломи. :wink:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom