Точкест
I'm Awesome
- Член од
- 25 јануари 2007
- Мислења
- 7.641
- Поени од реакции
- 456
Уличната фотографија како правец(насока) во фотографирањето си има свои под правци (насоки) со кои се определувате во кои стрит фотографи припаѓате (јес да може да се мешаат стилови).
Во глобала улица си е улица, асвалт/тротоар/луѓе/знаци. Но тоа незначи дека нема стилови.
Колор стил
На прв поглед изгледа едноставно, скоро глупо и дека може секој да направи таква фотографија. Умешноста во колор стилот или исто така попознат како full color photo e создавањето на концептуалност и хармонија меѓу боите, изразување на одредена боја која би докажала нешто на фотографијата.
Правилата се наменети да бидат прекршени затоа ќе ги прекршиме
Во одредена гужва некаде на улица наоѓаме дечко/девојка со поинаква боја на коса(жолта/зелена/розева) и се фокусираме најмногу кон таа личност затоа што тоа би го привлекло човечкото око да застане и ја погледне сликата или едноставно кликне додека е како thumbnail на некој сајт за да ја зголеми и види. Осетливоста на човечкото око кон јаките дречливи бои е преголема, но тоа незначи дека треба се што е околу да дречи, хармонијата на топло и ладно да се задржи за да се нешто одвои...
Partial Color Picture
Како што кажува и насловот во овој стил се користи и малце повеќе компјутерска доработка на одредена фотографија т.е. се остава одредена боја (немора таа што преовладува). Идеологијата на ваквите фотографии е да се истакне некој дел од фотографијата која можеби ќе остави најмногу впечаток кај конзументите на фотографијата. Претежно се остава црвената боја (Sin City стил) ама понекогаш е добро да се остави некоја боја како што кажав во предходниот стил дречлива боја која ќе гребе малце по окото на конзументот.
Black & White
Црно бела стрит фотографија, накратко кажано стара школа. Има само еден проблем при фотографирање со обичен дури и со dslr апарат. Проблемот при фотографирање со сетирање на апаратот на b&w модот добиваме фул колор фотка преработена од страна на апаратот, тоа малце не ми се свиѓа и е едноставно губење на фотографијата. Препорачувам фотографирање во колор мод а подоцна обработка во некој од програмите за уредување фотографии(Photoshop CS3 има интересна опција за преправање во B&W се повикува со кратенката ctrl+alt+shift+b) од само една причина, ќе си ја имате и оригиналната колор фотка која понатака можете да ја искористите во друга прилика.
Има уште неколку стилови ама во некоја наредна прилика затоа што ме чекаат некои обврски во моментов. На секое прашање би се обидел да одговорам доколку нешто не е баш јасно