Сте чуле за Редот?

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.068
Поени од реакции
78.273
Редовите во Македонија, како и се друго, се само одек, бледа слика на оригиналот, кој некаде по светов можеби дава поверна слика на идеалите зад кои егзистира.

Масоните
Масоните се здружуваат, начелно, зад некои морални и етички идеали, борба за изградба на подобар човек/човештво и нешто мистика. Сепак, во пракса е нешто поинаку, па така ја имаме италијанската Пи ложа, која бескрупулозно се мешаше во политика и имаше врски во мафија. Кај нас имаме главниот мајстор да не им исплаќа плати на своите вработени, по пропаѓањето на неговата авио-компанија. Имаме масонски градежни фирми кои на секој ебан столб, фасада, ѕид, рекламираат дека се масонски. Идете позади тцБуњаковец и видете ја катната гаража. на колку места има залепено налепници со масонски знаци и дали воопшто можат да се избројат. Лупаат огромни шестари и G букви на сите фасади. Не би ме чудело и дома пред врата да напишал - овде живее масон, пазите се. Па уште ја крстил фирмата Масон инжинеринг. :facepalm:
Во Македонија масонството како и се друго е искривена слика на оригиналот, аберирана од духовниот пад на самите граѓани на земјава, од каде и доаѓаат членовите. Просто кажано, Масонството кај нас служи првенствено за дигање чалам во високите кругови. Да идеш и да ги прашаш основни работи, на пример што се Јахин и Боаз, ја се кладам дека ќе најдеш членови кои поима немаат.
Масонството во Македонија е на ниво на политичките партии. На пример, едно пишува во статутот на ВМРО ДПМНЕ, а друго прават челниците. Исто и за било која друга партија. Така е и во тајните и полутајните друштва кај нас.

ОТО
Друго такво друштво, братство, ред се ОТО. Начелно, се занимаваат со просветлување на личноста преку осознавање и спроведување на нејзината вистинска воља. Користат прастари магијски/ритуални пракси, повикуваат демони, медитираат, прават црни магии, сексуални магии користат и слично. Во пракса, станува збор за луѓе кои само сакаат да легнат некоја нова членка, зашеметена од силната мистика, или некоја слична нискост.
Магијски војни, клетви, уроци и друго, трештеа на сите страни, при војната на Алистер Кроули и Мекгрегор Медерс (основоположникот на редот од кој изникнаа други редови, па и ОТО). За што? Заради авторски права над книгите, називите и слично. Во СФРЈ ОТО клапата се растури (осумдесетите беше тоа) исто така заради авторски права и заради тоа што врвот на ОТО се претставуваше далеку полиберален, одошто стварно беше. Па оргиите предизвикаа малку завист и љубомора кај врховните мајстори (или како и да се викаат), што доведе до распад. Озбилно, ви личат ли ова на активности на просветлени ликови некои? Некои кои медитирале и се занимавале активно со напредок на лично, духовно ниво?

Ги имаме уште и Темпларите, имавме порано Црна Ружа и да не набројувам.

Поентата ми е, во фактот дека полутајните и тајните друштва, исто како и (да ги наречам) световните организации (партии, асоцијации, клубови...), патат од нефункционалност, во помала или поголема мера, заради несовршеноста на нивните членови, кои се само луѓе и кои не можат поради личниот пад, верно да ги пресликаат во пракса, идеалите зад кои стои друштвото/редот/братството. Па затоа, постојано (и денес и порано, и кај нас и по светов)имаме злоупотреби или целосно занемарување на основните идеали и принципи зад кои стои организацијата, во корист на личните интереси. за разлика од партиите како ВМРО или СДСМ, ова кај редовите, братствата и сл. е пофлагрантно како лош резултат, бидејќи суштински повеќето од тие редови и братства се стремат кон мистични пракси и идеали, при обликување на еден етички и морално подобар човек.

Да, зад сите тие тајни кодови на честа, медитации, просветленија, идеали... цело време (и порано и сега) стои човекот со своите ниски страсти, што често на нововлезените идеалисти не им е баш најјасно или пак сакаат да веруваат дека не е така. Е сега, мора да се истакне дека секогаш, речиси во секоја таква организација (ОТО, Темплари, Масони, партии, здруженија...), има искрени подржувачи на идејата и верници, кои ретко завршуваат на истата позиција. Обично или во пракса капитулираат со подршката на идеалите од фундаментот на организацијата, односно стануваат како и другите, или пак разочарани ја напуштаат организацијата, не можејќи да се помират со фактичката состојба во организацијата, која ни од далеку не е одраз на теоријата зад која стои таа.

Редот

За редот прв пат слушам. Но, доколку навистина постои, сето погоре кажано (како и други факти од историјата на оваквите множества), ми дава за право да се посомневам дека на крајот на краиштата, сепак постои огромна шанса да станува збор за нечија алатка во остварувње на личните интереси, амбиции и корист, а не за некаков заеднички напор кон постигнување на некое повисоко добро (доколку воопшто има таков карактер).

Факт е, дека голем дел од надворешните субјекти и ги разгледуваат овие организации, зачленувањето во нив, како можност за здобивање со лична корист, на полето на моќта, влијанијата и материјалната корист (во крајна линија) Ретко, надворешните субјекти/ идните членови, се поставуваат како искрени адепти, скокачи кон совршенството. Ретко тие се грижат за, или им се битни идеалите и принципите.
 
Член од
31 декември 2013
Мислења
101
Поени од реакции
192
Во Македонија постојат повеќе Редови, кои варираат по вид и заемни својства на членови. Конкретно, најзапознаен сум со Редот во МВР. Во овој ред членуваат луѓе со најразлична социоекономска историја. Но, да напоменам, некои луѓе не ни го сметаат за Ред поради тоа што често знае да изврши метаморфоза, па преминува во Круг, а некогаш во Полигон.

Сепак, за најмоќен го сметам Редот на Кладилницата. Ова е Ред каде што се збрани членови со слични култоролошки и идеолошки гледишта. Не знам колку е точно, но имам чуено дека членови на овој Ред имаат предвидено разни војни, природни катастрофи, пукања на економски балони, а исто така често се анализираат политички ситуации и се дискутира околу Редовите-конкуренти кои целат кон контрола на светот. Еден од главните постулати на овој Ред, од нивниот непишан кодекс, е дека не треба да се мешаат или преземаат нешто околу своите предвидувања, освен во областа на спортот каде што ги користат своите широкоопфатни анализи за да се здобијат со финансиска моќ.

Друг популарен Ред е Редот на Стопанска Банка, каде што постои обред на таканаречен реден број. Неговите членови често го занемаруваат овој обред, најчесто поради неразбирање на истиот.
 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
878
Не сум криминалец :)
И ова што го зборуваш дојде од такви тајни Редови, дека не ти може никој ништо, ниту човек ниту бог...
Работата е што се менува човештвото преку овие Редови... на одредени временски интервали „се појавуваат“ објавуваат што имаат да кажат и пак одат во „илегала“.
Човекот сам потоа одлучува што е што во играта на Земјата... нормално, колку ти е капацитетот.

TpH_Bo_OkO ако сакаш погледни го овој текст. Може си слушнал, не си дослушнал сказната, а и можеби тој што ја раскажува бааги зачини и додава :)

Ете извадок од текстот, кој што ако забележиш спаѓа под „Обврски на Браќата“ :)

„6. Браќата треба да ја искористат секоја прилика за да си помагаат едни на други во нивните потреби, работи и професии било да се работи за непосредна соработка со Браќата која треба да има предност пред другите, или да се зборува добро за нив или според потребите и околностите.
Пожелно е, доколку е можно, двајца или повеќе Браќа од истата Ложа што се вклучени во иста работа, да се спремат да ја спојат истата преку влегување во партнерски однос. Така со тек на време големи и моќни корпорации може да произлезат од малите индивидуални претпријатија.

7. Тие ќе бидат трудољубиви во циркулирањето на сите расправи, манифести и сите други објави кои Редот може повремено да ги издаде заради подучување или еманципација на профаните.“

--- Liber CI - Отворено писмо до оние кои би сакале да му се придружат на Редот

Редот бре... Името на Редот било РЕДОТ! :D
Теории на Заговори на македонски начин :)
Сакаш да кажеш дека си член на овој „Ред“?
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.578
Поени од реакции
11.594
Сакаш да кажеш дека си член на овој „Ред“?
Јас сум член на овој Ред: Ordo Templi Orientis, или О.Т.О кој што го шири Законот на Телема.
Не на тој Ред кој што си наслушнал дека се вика „Редот“ :)

На мојот блог повеќе ќе дознаеш за О.Т.О., Телема и останато, но не верувам дека тоа е „Редот“ околу кој се креваат теории на заговори во Македонија за кој ти нешто си наслушнал :)

А може и да е, не знам со сигурност... се може да измисли Македонецот денес :)
 
Член од
16 октомври 2016
Мислења
36
Поени од реакции
29
И нека се крстат Апостолите на Исус, колку и да се моќници, сепак се работи за мала држава и тоа колку може да имаат профит, моќ и контрола се сведува на ситница, во рамка на моќите кои би ги имале претседателите на месните заедници во Америка.
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
8.792
Поени од реакции
17.151
Не сум го гледал Васко Ефтов во последно време и не знам што подразираш под „главен на масонската ложа“. Некаде прочитав дека голем мајстор на македонската масонска ложа е професорот Венко Андоновски.

Ако не е тајна масоните нека потврдат.
Не ова е најава за емисијава во недела.Не овој Јовица Угриновски се престави и кажа дека он е главен.
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.578
Поени од реакции
11.594
До кое ниво си?
Има тема за овие работи на друг подфорум.
А и таму нема некој да зборува за своите постигнувања во Редот... што и да значи тоа.

П.С. Не е ова игра, па да има нивоа... има степени и тоа degrees и grades... Ако толку те интересира сето тоа, на темата и разгледувај...
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Има тема за овие работи на друг подфорум.
А и таму нема некој да зборува за своите постигнувања во Редот... што и да значи тоа.

П.С. Не е ова игра, па да има нивоа... има степени и тоа degrees и grades... Ако толку те интересира сето тоа, на темата и разгледувај...
Пази леџа на 11-тo ниво во O.T.O :)

Му доаѓа нешто као флипер, пред 11-то ниво ти доаѓа главниот и сака анален секс со тебе. Така е или погрешно сум разбрал?

Инаку, нели е контрадикторно со слободна волја тоа што од друга страна за иницијација во 11-то ниво браќата задолжително треба да дадат газе? Кај е слободната волја тука?

Инаку, не е темава за О.Т.О, за друг ред е, наречен Редот. Ако чул некој нешто за нив, нека каже.
 
Последно уредено:

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.578
Поени од реакции
11.594
Сигурно знаеш повеќе за Редот од мене, кај знам јас тоа со степени и иницијации... :)
Секогаш велиме: искуството е големата вистина - сигурно ти знаеш ;)
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Сигурно знаеш повеќе за Редот од мене, кај знам јас тоа со степени и иницијации... :)
Секогаш велиме: искуството е големата вистина - сигурно ти знаеш ;)
Затоа те прашав дали е стварно така во O.T.O :)
Можеш да потврдиш или да демантираш :)
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.578
Поени од реакции
11.594
Не може ниту да се потврди ниту да се демантира кога се работи за таен Ред... сешто се зборува, ништо не се знае. :)
Ти не ме праша, ти поставуваш теории без релевантни докази и ме прашуваш мене дали е така... не бидува така.

Нема логика... затоа ти реков: ти сигурно знаеш повеќе од мене за Редот, а знаењето се стекнува со искуство.

И зборувано е за ова на темата за „Законот на Телема“. Нема смисла и тука да се повторувам...
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Не може ниту да се потврди ниту да се демантира кога се работи за таен Ред... сешто се зборува, ништо не се знае. :)
Ти не ме праша, ти поставуваш теории без релевантни докази и ме прашуваш мене дали е така... не бидува така.

Нема логика... затоа ти реков: ти сигурно знаеш повеќе од мене за Редот, а знаењето се стекнува со искуство.

И зборувано е за ова на темата за „Законот на Телема“. Нема смисла и тука да се повторувам...
Не поставувам теории, те прашувам едноставно прашање кое можеш да го одговориш со да или не.

Ти одбираш да избегнеш одговор со изговор „тајно е" :)

Океј, тајно е.

Толку за O.T.O на темава, бидејќи темава е за сосема друг ред, Редот од Македонија, не за O.T.O. кој го спомнуваш ти.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom