Стефан Ролев (1865 – 1969) малку познат Македонски револуционер

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Ексклузивно претставување на еден непознат македонски револуционер и голем спортист.

Стефан Анастасов Ролев , бил роден во 1865 година во селото Екши-су (Врбени ) Леринско, Егејскиот дел од Македонија. Бил учесник во Илинденското востание и во ослободителните борби на македонскиот народ од поилинденскиот период, во кој бил познат како „Војвода Бигленски и Лерински“. Знаел да приготвува пеколни машини како и бомби.

Покрај неговите револуционерни дела Стефан Ролев имал извонредни физички предиспозиции, поради што бил наречен и „Железниот Ролев“, тој изведувал настапи каде од градите кршел камен, потоа виткал железо и слично. Се занимавал со: гимнастика, акробатика, атлетика,кревање на товар, пеливанство, бокс, велосипедизам, мотоциклизам и планинарство.

Откако еден период пропатувал низ Европа и САД, се враќа во Македонија каде најпрво во Лерин во 1908 година основа гимнастичарско друштво „Бигленски јунак“, а потоа и во Битола „Пелистерски јунак“.

Во 1911 година приготвил атентат на султанот Решад V при неговата посета на Битола, но таа негова намера била спречена од повидни луѓе во Организацијата кои не сакале крвопролевање на невини жртви во Битола, како одговор од турските сили.

Стефан Ролев старечките години ги поминал во Битола каде беше љубимец на децата и младината, познат како „Дедо Роле“ често знаел да раскажува за доживувањата од неговиот живот.
Во едно интервју е забележана следната негова изјава:

„Бев терорист, ја пренесов бомбата по тајниот ходник до Отоман банка, комита, војвода и мировен судија за нашето население. Го ликвидирав Али Черкезот наречен `Лерински тиранин` , злогласениот Ибраим наречен `крволак`. Турците ме нарекоа „човек – ѕвер“. Оти бев многу силен, вистински гладијатор, бестрашен и ризичен тип, склон кон авантури. За Македонија жив во оган ќе влезев, ако тоа Организацијата ми го наредеше. Но истовремено ги проучував фискултурните системи на Англија, Швајцарија, Шведска, Данска, Норвешка, Полска и Чехословачка. Давав јавни –атлетски приредби со учениците за Битолчани... Мислам дека мојот живот корисно го одживеав, ставајќи го на олтарот на Македонија.“

Почина во Битола на 24 декември 1969 година кога имал преживеано 104 години и 131 ден.

Alekr

Kajgana's Heroj Ulice
Член од
28 ноември 2010
Мислења
2.728
Поени од реакции
1.913

Ехххх какви луѓе порано имало, сега од КОДОШИТЕ гла неможи државава да крени, издаици, кодоши, јадење од внатре од предавници.......Вечна му слава за тоа што го посветил животот на МАКЕДОНИЈА...
 
Член од
12 август 2010
Мислења
2.890
Поени од реакции
906
Браво за човеков..кога ќе имам време и јас ќе напишам една статија за на бабами дедо и', Велко Војводата, од село Попадија.

Hе сте слушнале знам,аmи и споменик му имаат направено пред скоро врме.
 
Воин без Коњ

краток и јасен
Член од
18 септември 2010
Мислења
850
Поени од реакции
1.213
Вечна ти слава Дедо Роле.

Камо да имавме повеќе храбри луѓе како тебе.

Приказната за тебе нема да умре. Лесна ти земја и Вечна ти слава (уште еднаш).
 
pain_killer

Invictus
Член од
27 јули 2007
Мислења
4.536
Поени од реакции
2.222
Како бе нема сега вакви да земат да почистат овде! Све лакоми кодоши испартизирани, македонски археолошки пронајдоци ги продаваат во грција за пари....... немам коментар.....
 
Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Импозантно, секоја му чест и вечна му слава, на рамената на вакви патриоти е изградена нашава земја... но што правиме ние да ја сочуваме?
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.584
Војводата Стефан Ролев „Железниот Ролев“

Стефан Ролев (с. Врбени, Леринско, 15.VIII.1865 – Битола, 24.XII.1969) – македонски револуционерен деец, војвода на ВМРО и еден од од најсестраните македонски спортисти на сите времиња. Бил член на ВМРО, атентатор, инструктор и војвода во Илинденското востание во 1903 година, во Леринско.

Војводата Стефан Ролев е еден од зачетниците на македонскиот спорт.

Патувал во повеќе европски земји и САД, каде што добро ги запознал гимнастичките вештини и спортот. Како учител по гимнастика бил еден од најистакнатите педагози и дејци во областа: на физичката култура во Битола и Македонија. Здобиените искуства ги пренесувал на своите ученици и на членовите на друштвата „Бигленски јунак“ во Лерин и „Пелистерски јунак“ во Битола (1908 – 1912). Се залагал за популаризација на повеќе спортови. Приредувал јавни настапи во боречките спортови и вештини.

Стефан Атанасов Ролев е роден на 15 август 1865 година во Леринското село Врбени (Екши-су), Егејска Македонија. Детството го минува во родното место. Се стекнал со основно образование, а подоцна школувањето го продолжил во Битола каде завршил егзархиска гимназија. Од бога, неговото тело било надарено со атлетска конституција, а вежбајќи со текот на времето се стекнал со извонредна физичка сила. Кај населението ќе стане познат како „Железниот Ролев".

Поседувајќи извонредни физички предиспозиции Стефан Ролев земал активно учество на спортските манифестации кои се организирале за време на црковните и други собири. Овие манифестации биле уште повеќе потикнувани по формирањето на Македонската револуционерна организација. Градските и селските комитети ТМОРО/ВМРО обрнувале големо внимание кон народните форми на спортските активности и го потикнувале народот да ги негува овие спортски манифестации и масовно да учествува во натпреварите.

Стефан Ролев во 1901 – 1902 година влегол во четата на Марко Лерински. Паралелно со агитациско-организационите активности четата на Лерински вршела и воени обуки. Со формирањето на вооружените чети, во духот на старите ајдучки традиции, во нив повремено биле организирани натпревари во трчање, скокање од место, со залет и троскок, фрлање на камен, борење, мечување, борење со стапови, стрелање и друго. Биле изведувани и воено и тактички вежби (талими) и во училиштата. Во овие активности предничеле комитетите и четите во Битолскиот вилает.

Строгоста и железната дисциплина која ја вовел Марко Лерински во четата му одговараат на Стефан Ралев. За време на обуките Ралев се стекнал со повеќе воени вештини, а уморот од прекумерната обука го челичат неговото тело. Истовремено тој се стекнал со самодисциплина која ќе му овозможи не само да приготвува пеколни машини и бомби, туку и да ги изведува најсложените доверени задачи, како и да командува со чета.

За време на Илинденското востание во 1903 година, како и во ослободителните борби на македонскиот народ во постилинденскиот период, Стефан Ролев како Војвода на чета зел активно учество. Ролев бил познат како „Војвода Бигленски и Лерински“. По востанието и демобилизирањето на четите, Ралев емигрира. Патува со спортска група низ Европа и САД, каде што добро ги запознал гимнастичките и други спортски вештини меѓу кои: акробатиката, атлетиката, кревање на товар, борењето и боксот.

Откако младоста ја поминал како револуционер во борбата за ослободување на македонскиот народ, по враќањето во Македонија, животот го посветил на спортот. По Младотурската револуција во 1908 година, на негова иницијатива прво го основал гимнастичкото друштво „Бигленски јунак“ во Лерин, а потоа во Битола и гимнастичкото друштво „Пелистерски јунак". Во периодот од 1908 до 1912 година, Ролев како искусен педагог, здобиените искуства ги пренесувал на своите ученици и на членовите на друштвата. Всушност тој бил еден од првите македонски спортисти и педагози кој преку друштвата „Бигленски јунак“ и „Пелистерски јунак“ ја развива физичката култура во Македонија.

Членовите на „Пелистерски јунак“ носеле свои клупски униформи, се занимавале со строеви вежби, со вежби на подвижни справи и со многу спортски и културно-уметнички активности. „Железниот Ролев“, како основач и рководител на друштвото, покрај тоа што приредувал јавни настапи во Битола, на кои биле застапени културно-спортските активности, како атракција често пати знал пред јавноста да крши камен на градите, виткал железо и сл.

Во Битола, уште во времето на младотурскиот режим, Стефан Ролев го организирал првиот бокс-меч. Мечот го одржал со спаринг партнер, кој боксерската вештина ја научил за време на престојот во Индијанополис во САД. Боксерските ракавици ги обезбедил битолскиот апотекар Крсте Франго, а самиот меч го забележала и филмската камера „300“ на браќата Манаки.

Во 1911 година, Ролев повторно се преобразува од мирен педагог и спортист во револуционер и се подготвувал да изведе атентат на султанот Мехмед V за време на неговата посета на Битола. Но, влијателни луѓе на Организацијата, кои не сакале непотребни крвопролевања во градот, успеале да го спречат во неговата намера.
Стефан Ролев во текот на својот живот, често приредувал бројни јавни настапи во боречките спортови и вештини, а организирал и егзибиции. на велосипеди и мотоцикли и масовни планинарски походи на Пелистер.

„Дедо Роле“ кој бил омилен меѓу децата и младината, своите последни години Ролев ги поминал во Битола. Честопати знаел да им раскажува за своето бурно минато исполнето со авантури.

Во едно интервју ќе остане забележана неговата изјава: „Бев терорист, ја пренесов бомбата по тајниот ходник до Отоман банка, комита, војвода и мировен судија за нашето население. Го ликвидирав Али Черкезот наречен `Лерински тиранин`, злогласениот Ибраим наречен `крволак`. Турците ме нарекоа „човек – ѕвер“. Оти бев многу силен, вистински гладијатор, бестрашен и ризичен тип, склон кон авантури. За Македонија жив во оган ќе влезев, ако тоа Организацијата ми го наредеше. Но истовремено ги проучував фискултурните системи на Англија, Швајцарија, Шведска, Данска, Норвешка, Полска и Чехословачка. Давав јавни –атлетски приредби со учениците за Битолчани... Мислам дека мојот живот корисно го одживеав, ставајќи го на олтарот на Македонија.“

Стефан Ролев живеел 104 години. Починал на 24 декември 1969 година во Битола.

http://www.mn.mk/makedonski-legendi/4475
.
 
Член од
7 мај 2005
Мислења
1.231
Поени од реакции
307
Браво за човеков..кога ќе имам време и јас ќе напишам една статија за на баба ми дедо и', Велко Војводата, од село Попадија.

Hе сте слушнале знам,аmи и споменик му имаат направено пред скоро врме.
Се надевам ќе го видиш постов-замолница за повеќе информации за твојот предедо (Велко Војвода). Дали напиша нешто досега? За кое село станува збор?
 
Kaiser

Hidden Fortress
Член од
6 мај 2011
Мислења
3.202
Поени од реакции
2.443
Не ми се верува дека не сум знаел за човеков (Ролев) фала дечки за постовите :).
 
Kajgana Shop

На врв Bottom