Стенограм од (наводна) средба меѓу Крсте Црвенковски и бугарскиот дикататор Тодор Живков

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.004
Уште од време комуњариве плукале по своето.

Маме ви е+ам од каде најдовте дека Македонската нација се основа врз бугарска и српска.

Уште колку ли вакви срања ќе видам и прочитам од ова гомнарскиве комуњари, односно денес нивните наследници сдсм.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Ова има 17 страни на бугарски.

Кој тоа ќе го чита? @PORKAN, раскажи накратко за што се работи, па да дискутираме
А веројатно не е ниту веродостоен документ.

Тодор Живков беше претседател на Бугарија и не е можно тој да водел официјални разговори со член на ЦК. Постои протокол во дипломатијата.
 
Член од
12 април 2005
Мислења
47
Поени од реакции
24
Cтенограма на разговорите на прв секретар ЦК на БКП и претседател на Министерскиот совет Тодор Живков и Крсте Црвенковски претседател на ЦК на Сојузот на комунистите на СР Македонија, одржана во резиденција Сандански на 19 мај 1967.
Cтенограма е за луѓе наклонети кон историјата, јазикот нив не ги плаши.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Не ме плаши мене јазикот. Јас наполно го разбирам Бугарскиот јазик. Туку многу е за читање 17 страни. Затоа Ве замолив да раскажете, на кратко што пишува.

А друго, се сомневам на автентичност на документот. Јас почнав да го читам и документот почнува со тоа што Тодор Живков му се заблагодарува што ја прифатил неговата покана
Тоа не може да биде .

Тодор Живков беше претседател на држава и тој можел да покани некој кој на негов ранг. На пример Тодор Живков можел да го пакани Тито, а не Крсте Црвенковски.

А Крсте Црвенковски, може само да биде примен од страната на Тодор Живков.
На пример, Крсте бил за некоја друга работа во Бугарија и побарал прием кај Тодор Живков.

Ама во тој случај стенограмот ќе почнеше -- Крсте Црвенковски му се заблагодарува на приемот што му овозможи Тодор Живков...

Според мене оваа не е верододостоен документ, но те молам во кратки црти раскажи што пишува во тие 17 страни, да не морам се да читам.
 
R

Rigel Kent

Гостин
Тодор Живков беше претседател на Бугарија и не е можно тој да водел официјални разговори со член на ЦК . Постои протокол во дипломатијата
Тодор Живков бил претседател од 1971 год. а ова ако е вистинито тогаш е средба на ниво на функционери на КП.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Тодор Живков бил претседател од 1971 год. а ова ако е вистинито тогаш е средба на ниво на функционери на КП.
Пак не иде...

Ако си спомуванте после Втората светска војна се подготвуваше федерација помеѓу Југославија и Бугарија. И тогаш главна работа што не успеаа да се договорат беше дали Бугарија и Југославија ќе се соединат како две држави или Бугарија ќе стане уште една федерална единица каква што беше тогаш Македонија.

И не изгледа веројатно дека во 1967, Бугарија ја сметала Македонија како рамна на себе.
 
R

Rigel Kent

Гостин
Јас само напоменав дека Тодор Живков не бил претседател во 1967 , кога се случила оваа средба (ако се случила) , тој бил премиер . Значи може да е точно тоа што го напомена за протокол на дипломатијата , но зависи дали ова било официјална средба или партиска , или пак дали било по покана или пак побарана посета на Црвенкоски.

И да напоменам многу ми е напорно да го читам ова , нека каже ПОРКАН што му е целта и што извлекува од оваа стенографска белешка.
 

Щипянецъ

македонски Бугарин
Член од
21 декември 2011
Мислења
1.420
Поени од реакции
572
Смрт за зони и пајак воз: Документот е интересен за читање, нема да ти одземе многу време, а е исклучително интересен и од двете страни.


Документот е автентичен и е издаден и во Скопје од Институтот за национална историја;
„На браникот на македонската самобитност: Материjали од политическите разговори за македонското прашанье", Скопjе, 1998, с. 64-91.



Накратко се гледаат црвените линии и дека уште тогаш сè е јасно, кои и досега не се променети, со исклучок на дополнителната антиквизација. Црвенковски тврди дека во Пиринска македонија имало Македонци, а Тодор Живков му објаснува дека тие се создадени со наредба и откако им дали право да се самоидентификуваат, останале околу 8.000, кои се самоидентификуваат како Македонци. Покани го да обиколи анонимно низ Пиринска Македонија и сам да се увери.

Црвенковски се согласува дека македонската нација е новосозадена и е на антибугарска и антисрпска основа. Немало како да се објасни на Македонците дека до 1941 биле Бугари, а потоа станаа Македонци.

Зборуваат за анти-бугарската кампања во Македонија, во книгите, статиите, дури филмови
 
R

Rigel Kent

Гостин
Накратко се гледаат црвените линии и дека уште тогаш сè е јасно, кои и досега не се променети, со исклучок на дополнителната антиквизација. Црвенковски тврди дека во Пиринска македонија имало Македонци, а Тодор Живков му објаснува дека тие се создадени со наредба и откако им дали право да се самоидентификуваат, останале околу 8.000, кои се самоидентификуваат како Македонци. Покани го да обиколи анонимно низ Пиринска Македонија и сам да се увери.

Црвенковски се согласува дека македонската нација е новосозадена и е на антибугарска и антисрпска основа. Немало како да се објасни на Македонците дека до 1941 биле Бугари, а потоа станаа Македонци.

Зборуваат за анти-бугарската кампања во Македонија, во книгите, статиите, дури филмови
Ова не е точно.

2.png 1.png 3.png
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
17.764
Поени од реакции
21.160
И со бугари ке си фатиш работа. Исто срање беа и тогаш и сега а најверојатно и во иднина.
 

karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.718
Црвенковски: Јас реков и во Белград, и сега ќе кажам дека
подобрувањето на односите меѓу Југославија и Бугарија беше добро
прифатено од македонската заедница и со надеж дека тие ќе се развиваат. особено
добро беше прифатено вашата изјава дека раководството на БКП и Вие лично
стоите на Димитровски позиции и признавате историскиот факт - создавање
на Социјалистичка Република Македонија и формирањето на македонската нација.
Нема да ве уверувам дека ние го цениме вашето говорење и оваа ваша линија.

Црвенковски: Вие лично, г-н Живков, два пати сте разговарале - едниот пат со др. Коча
Поповиќ, а вториот - со др. Тито - дека македонската нација се создава на
антибугарска основа. Не сакам да влегувам во спор - колку тоа е точно,
бидејќи има нешто вистина. Но можам да кажам дека македонската нација се создава и на антисрпска основа.

Црвенковски:Нашето раководство не може да каже на нашиот народ, дека
до 1945 година сме биле Бугари, а потоа сме Македонци.
Што е спорно?!?


Да, македонската национална историја не се вклопува и им е спротивставена и на бугарската и на српската и на грчката. Така е сега, така беше пред 100 години и во периодот помеѓу.

Нормално дека не може во Македонија да се каже дека населението било бугарско до 1945 бидејќи тоа не е вистина. Истото го кажува и Крсте Црвенковски.

Овој "стенограм" се врти одамна по бугарски форуми, а Бугарите се палат и мислат дека којзнае што има во него што им оди во прилог.

Прашање на време беше кога ќе ни стигне на кајгана. Всушност од ова може само да се заклучи дека денешните односи се идентични со оние пред 50 години и со оние пред 100 и 150 години.. Значи, ништо не е променето оттогаш во однос на Македонија и Македонците од страна на соседните држави и народи.
.
 

Щипянецъ

македонски Бугарин
Член од
21 декември 2011
Мислења
1.420
Поени од реакции
572
Пред 100-150 години луѓето се чувствувале Бугари таму. Тоа е факт и е документиран во илјади извори.

Останатото го кажав и погоре. Разликата од пред 60 години е дека Македонија го започна процесот на антиквизација, пред тоа се скара и со Србија и СПЦ. За 60 години не направи ништо за подобрување на односите на со соседите, а само создаде нови претензии и непријатели. Старите проблеми останаа и си навлече нови.
 

karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.718
Тешко дека се чувствувале Бугари.

Впрочем на форумов има едночудо теми со факти од тогаш каде Македонци се декларирале и чувствувале само Македонци или се декларирале и како Грци и како Срби и како Бугари, но се чувствувале различни и особени односно - Македонци. Неблагодарно е да се расправа за чувства. Еве, на пример, јас пред 7-8 години сум декларирал на едно место Бугарин но ниту тогаш во тој момент, ниту пред тоа, ниту после тоа никогаш не сум се чувствувал Бугарин.

Во однос на "антиквизацијата". Ако под антиквизација се подразбира право на идентификација со античкото наследство од овие простори тогаш не гледам што е погрешно во тоа. И Бугарија полага право на античкото наследство на нејзина територија преку Траките, и Грција преку Хелените, и Албанија преку Илирите.. За сите тие не е проблем, за Македонија е проблем.

Зошто е грешка одвојувањето на МПЦ од СПЦ??

А што направија соседните народи и држави во овој период за подобрување на односите со Македонија??
 

Kajgana Shop

На врв Bottom