Статутот на училиштата!

Член од
21 септември 2008
Мислења
4.021
Поени од реакции
2.513
значи со овој статут кој не го отупел... секој професор секој педагог психолог па уше малку и чистачкине ке почнат да се закануваат со него ... каде може да се најде и да се разлиста тој статут пошто 1000000000000 % сум сигурен дека има многу работи кој професорите не ги почитуваат и овој статут може да се искористи против нив... еве само за почеток... бркање од час не е дозволено... СИТЕ БРКААТ !!
 
А

Александра Д.

Гостин
Се согласувам потполно. Незнам како може служителите да ги тераат децата да одат на пр. во продавница а часот е започнат?
Се водеше дебата во моето училиште за тоа и јас бев многу против.
Не можат така да прават. Исто така не смеат да бркаат од час, па и да им се качиш на глава. Има многу работи кои професорите не ги почитуваат, а сепак ние сме оние лошите. Мислам дека треба малку и да гледаат што прават професорите, не само учениците. КАкви само професори имаме ! Секој си тера своја филозофија. Некои не ни знаат да предаваат, а си имаат врски, па ќе те мачат цела година, а ти несмееш да им писнеш...
Мислам дека доволно пишував за ова иако има уште многу да се пишува...:salut:
 

m.marko21

-STR8-
Член од
16 мај 2008
Мислења
1.177
Поени од реакции
75
Сето напишано погоре е точно, и многу добро за тоа се запознаети и другите (а може и па да не се :icon_roll ) но статутот на училиштата (еве да не зборувам за сите ќе го ставам пример моето училиште, но иако верувам дека претежно секаде е така) е катастрофален... Наставниот кадар е катастрофа, се спушта на исто рамниште со учениците, часевите се безвева онака само колку да поминат и да ги запишат во дневникот иако едно пишуваат, а сосем трето прават на дело (мислам ништо не прават така седеме и си зборуваме како на пазар :toe:) На некои и му годе тоа но некои и да сакаат нешто да научат, тоа не е можно зошто некои професори идат на работа колку да си ги ладат јај*ата и баш му е галје кој што ќе научи.
Некои ученици ќе си поминат одлично со врски, некои професори се примени со врски и на нив неможе да се делува никако, ама баш никако.
Можеби некакви изненадни инспекции,или скриени камери би биле добри за да се согледа какви се часевите, но додека е вака се лабаво такво ќе биде и образованието во Македонија!
 

Jakov

Тато
Член од
24 јули 2005
Мислења
2.360
Поени од реакции
58
Abe fino toa deka profesorite ne se Majki Terezi i deka i oni go krsat statutot ali ako oni go krsat ucenicite paramparce go pravat. Zatoa mislam deka e podobro za site da ne se cepka po statutite. Ne za drugo tie moze da se smenat na sekoj ucilisen odbor i da se donese nov vo koj moze da se smenat mnogu odredbi.
 

Paranoik

내 ♡, ∞.
Член од
10 август 2008
Мислења
1.873
Поени од реакции
451
Абе, зборите за професорите. А учениците како светци да се. Кога ученик, што дошол да прими некое знаење од професорот, што не знае уште газот да го брише, му се обраќа на професорот со: Еј ти! Кој си ти на мене да ми ставаш единица? Или: Кој си ти да ме запишуваш?, па што да прават професорите?
Александра рече дека не смеат да ги бркаат учениците, па макар и овие на глава да им се качат. Па што, живците на професорите од метал се направени? Дебелокожци се они? Кај нас имаше пример, професорката по англиски [класната], 30 пати опоменува едни исти ученици да ги изгасат компјутерите да може да си предава на раат, ама неееееееееее.
Има професори што злоупотребуваат, не викам не, и што воопшто не се објективни, ама не се сите професори такви. Јас мислам дека сите треба да се преиспитаат, и доколку нема родители на ученици кои нудат пари за на нивното дете да им се поправи некоја оцена, нормално дека ќе има пообјективно оценување. Не е се кривица на професорите. И учениците не се цвеќиња за мирисање.
 

Дим4е

NZT-48, want some?
Член од
24 октомври 2007
Мислења
7.242
Поени од реакции
8.312
мене ме интересира со колку неоправдани се брка сега класната ми го дрви 25 а лани имав 28 и бевме кај директорот и му кажуваме и ни вика имате фора уште 7
 

m.marko21

-STR8-
Член од
16 мај 2008
Мислења
1.177
Поени од реакции
75
Точно така дека учениците не се цвеќиња за мирисање, но не е кај секој професор така.
За тоа ги укривувам некои професори, бидејќи како ќе се постават тие така и ќе им се одрази тоа од страна на учениците. Како е можно на некои часови (макар што се многу ретки) да се дискутира на часот само за материјалот и во врска со предметот, а на некои се се ама за предметот да не се обрне никакво внимание, зошто? затоа што професорите треба да бидат и педагози (мислам го учат и предметот психологија кога се на факултет, или грешам) и кон недисциплините на учениците да постапуваат со педагошки мерки (со опомени, забелешки, преместување во друг клас, друго училиште...) а не да се контрат со децата па и да се тепаат во некои случаи што и не е ретко :nenene:
Треба контроли бе по училиштата или скриени камери за да се виде каков е часот (ако може да се нарече и час) и како што реков не се само учениците криви, бидејќи како може кај еден професор истите ученици да се мирни, а кај друг да се како затвореници од војна :vozbud: :uvo:
 

VeS

.
Член од
16 мај 2008
Мислења
4.749
Поени од реакции
2.355
Се согласувам потполно. Незнам како може служителите да ги тераат децата да одат на пр. во продавница а часот е започнат?
Се водеше дебата во моето училиште за тоа и јас бев многу против.
Не можат така да прават. Исто така не смеат да бркаат од час, па и да им се качиш на глава. Има многу работи кои професорите не ги почитуваат, а сепак ние сме оние лошите. Мислам дека треба малку и да гледаат што прават професорите, не само учениците. КАкви само професори имаме ! Секој си тера своја филозофија. Некои не ни знаат да предаваат, а си имаат врски, па ќе те мачат цела година, а ти несмееш да им писнеш...
Мислам дека доволно пишував за ова иако има уште многу да се пишува...:salut:
-за првиот болд:
ај стави се на нивно место,како би ти било ти да неможеш да го водиш на раат часот, зошто едни те исти ученици секој час им е наменет за заебанција и правење галама?
И после викате дека не предавале, епа како да предаваат кога неможат да ги смират тие ученици,освен ако не ги избркаат.
А,за тоа понатака си има дирекција шо е нека е..
Немој нас учениците да не правиш цвеќиња за мирисање, порано татко ми ми имаше кажувано, на професор да ти е страв да го погледнеш,а не пак да правиш галама и да му се спротиставуваш.
Како што идаат генерацииве се понемирни и понемирни се, тебе наставник да ти речи : Престани да зборуваш, и ти да му речиш: Галје ми е шо сакам ќе прам.. на шо личи тоа?
Нека се среќни што образованиево какво такво ни е бесплатно, нека одат по приватни школи,таму нека креваат галама, ама нема да можат,родителите им плаќаат..повеќе ги боли.

-За вториот болд:
Точно е тоа дека секој професор си има своја филозофија и дека сака според него ти да учиш, на пример по англиски професорката сака та како што ни е кажано да го учиме и нема инаку, иако за тоа нешто има уште триста начини да го напишеш и да го изразиш..
Си прат програма според професор бе ејј...
А, и за тоа се согласувам дека си имаат врски и те мачат цела година,а немаат појма што е тоа предвање... т.е. дали воопшто имаат предавано на час?
Е, и тука сме немоќни.. колку и да правиме тие пак остануваат и тоа е мора да се помириме, џабе дискусии кога тие пак се над нас и можат да се изживуваат.

Исто постов ти го сфатив ко да зборуваш за секој професор да е таков..
не се сите такви, нормално да се најдат по неколку терсене,ама за сите да плкуаш ,неможеш.
Има доста професори што си ја гледаат работата, предаваат на час, оценките ги кажуваат јавно... ама и тоа не им чини на учениците, зошто некои не сакаат да учат,а сакаат петки..

Имам професор што ми предава по физика. Човекон е премногу добар, премногу толерантен, си предава на час, а ти ако сакаш спијај,ако сакаш смеј се, не го интересира. Ама,кога ќе дојди време за оценување, е тогаш ќе зажалиш што не си го слушал, зошто ова не е историја,па да можиш и сам да учиш без објаснение..
Тој никогаш нема избркано од час ученик(барем од мојов клас),ама премногу мрази кога го прават будала и после се бунат зошто имале ниска оценка.
Знае точно кој,колку учи, дури и кај се преместувал преку цела година..

Има уште неколку што се такви, што си ја гледаат работата, ама да зборуваш дека ученик можи све да прави,а професоров да не превземи нешто, тоа не е во ред.
Пред се ние треба да сме свесни, тие ни се професори, треба да ги почитуваме, постари се, тие не учат...
Или ние пак се правиме демек шо ни можи овој или оној професор, галје ми е за него...

Епа колку што треба и професорите да се променат, толку треба и учениците...
треба и двете страни да се усогласат..
 

Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
4.910
Поени од реакции
12.395
Па нормално дека не може сите професори да се стават во еден кош,исто како и што не може сите ученици да се стават во еден кош.
Имам професор физика,се труди,да го слушаш цел лекција ке ја научиш на час. Наспроти него, имам професорка по англиски која е невидена флегма. Ида на час и седнува на стол и додека не звони жената не се мрда! Ја прашуваме на пример превод за некој збор, а таа ни вика видете во речник,позади има! Па мајке му, дојдена сум за да учам,а ти си тука за да ме научиш. Комотно можам некои предмети вонредно да земам да си ги полагам,зошо на час само муабети правиме и играме на компјутерите.
Во врска со учениците, има и такви кои навистина сакаат да научат,а има и такви на кои се им е заебанција. Еј, јас не можам да сфатам како е можно некој да ти пиши кец и ти да си горд на тоа :uvo: . Али кој како си ја наредил.
Башка дисциплината е катастрофа. На професор ти да му се обраќаш како на другар, или на час да се понашаш како од дивина излезен, е стварно страшно. Порано како што вика вес страв те фаќало само да го погледнеш професорот,а сега?
Додека некои од овие работи, (плус материјалот и неговата распределба по години,начинот на предавање,односот ученик-професор) не се сменат, образованието ке ни остане тиња.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom