Статичка IP од Телеком

Член од
18 август 2006
Мислења
325
Поени од реакции
4
Гледам дека Телеком вовел статичка IP адреса за 354 ден. месечно. Линк. Дали ова значи дека тие што имаат симетричен пристап ќе бидат во можност да понудат хостинг?
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
па ако немаш некое ограничување од нивна страна или некој услов зошто да не ..
 
T

Tetro

Гостин
Гледам дека Телеком вовел статичка IP адреса за 354 ден. месечно. Линк. Дали ова значи дека тие што имаат симетричен пристап ќе бидат во можност да понудат хостинг?
попрај тоа линкот бре
 
Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Гледам дека Телеком вовел статичка IP адреса за 354 ден. месечно. Линк. Дали ова значи дека тие што имаат симетричен пристап ќе бидат во можност да понудат хостинг?
Теоретски ќе можеш да си хостираш сам, за некое сајтче со мала посетеност.

Сериозен хостинг за хостирање сајтови со голема фрекфенција на посетеност бара многу поголема цевка, со ѓаволски брз аплоуд.
 
Член од
18 август 2006
Мислења
325
Поени од реакции
4
Теоретски ќе можеш да си хостираш сам, за некое сајтче со мала посетеност.

Сериозен хостинг за хостирање сајтови со голема фрекфенција на посетеност бара многу поголема цевка, со ѓаволски брз аплоуд.
Да, но тоа би било добро на пример, за фирмите. Сепак, 30 или 40 Мбит/с не се за фрлање. Со тоа, фирмите би можеле да се откажат од платените хостинзи и да имаат и интернет и хостинг, секако ако имаат вработен кој што е стручен да сетира mail, dns и reverse dns.
 
Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Да, но тоа би било добро на пример, за фирмите. Сепак, 30 или 40 Мбит/с не се за фрлање. Со тоа, фирмите би можеле да се откажат од платените хостинзи и да имаат и интернет и хостинг, секако ако имаат вработен кој што е стручен да сетира mail, dns и reverse dns.
Мислам дека не би им било исплатливо да плаќаат вработен за теч супорт, затоа што веќе има хостинг пакети за смешни суми годишно (колку што би платил годишно за фиксна ип). Стави тука и трошок за серверче... Ако веќе имаат некој што се разбира и вишок сервер - може, зошто да не.
 
Член од
18 август 2006
Мислења
325
Поени од реакции
4
Се може да се очекува од Телеком. Се мислам дали ако некој проба, би му го филтрирале сообраќајот спрема надвор, бидејќи така ќе го срушат сопствениот хостинг бизнис.
 
Баш се можеш да очекуваш ..
само написмено муабет со нив .. да имаш црно на бело :) заебани се ..
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.174
Поени од реакции
17.968
Шо бе црно на бело, не важи тоа за хостинзите.

До пред пола година имаа уште PHP 4 верзија од 2004 со милион критични пропусти.

Сега ставија PHP 5.1.x и пак имаат стара верзија и се имаат затворено, буквално за да го заштитат серверот.

Не можиш еден обичен .htaccess фајл да користиш, без врска му се хостинзите.
 
Член од
21 септември 2008
Мислења
267
Поени од реакции
82
Конечно услугата што требаше оддамна да биде достапна. Во нашата фирма зависиме од интерконекција преку VPN, до сега моравме да доплаќаме 1200 денари од Неотел за статичка IP, сега може да се префрлиме на Телеком за скоро истата цена само со поквалитетна услуга.
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
Шо бе црно на бело, не важи тоа за хостинзите.

До пред пола година имаа уште PHP 4 верзија од 2004 со милион критични пропусти.

Сега ставија PHP 5.1.x и пак имаат стара верзија и се имаат затворено, буквално за да го заштитат серверот.

Не можиш еден обичен .htaccess фајл да користиш, без врска му се хостинзите.
тури им пепел тогаш ...
има ефтин SSH хостинг .. ќе се замарам за статичката ИП на Телеком ... нема грешка .. (ако веќе се работи за персонална обична веб страна статична, не некоја динамичка веб апликација)

354ден ти се нецели 6евра месечно ..
а за 3-4евра месечно можеш хостинг да си купиш .. :toe:
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Цената е уште иста и можам да речам дека е скапа. За фирми треба да е исплатлива посебно ако користат vpn иначе за домашни услови поентата ја гледам само за хостинг провајдер со оглед на зголемените и симетрични брзини преку оптика.
 
Член од
26 мај 2010
Мислења
9
Поени од реакции
0
Не ти се исплаќа. Доколку сакаш да си имаш хостинг за твоја страна, јас би ти препорачал подобро да си купиш отколку да се замараш со ова. :)

Зависи каков вид на страна ќе правиш најпрвин, ако правиш страна со материјали на хакирање, пиратски софтвер, и други нелегални работи, побарај „off-shore“ хостинг, а доколку правиш легална страна, блог, форум за дискусии и друг вид на легална веб страна, тогаш барај „onshore“ хостинг.
 
Член од
1 јануари 2010
Мислења
1.912
Поени од реакции
1.421

Зависи на кој пакет си, а и плус тоа никаде не е како дома, никој хостинг не е како домашниот хостинг, си има и - но и + страни. :)
 
Член од
16 август 2011
Мислења
64
Поени од реакции
12
На истиот линк велат дека статичка ИП не е достапна за оптика. Добро овие нормални се? Во цел свет можеш да добиеш статичка ИП, посебно кога си на оптика. А кај овие обратно. Плаќаш 5000денари мечесно, ама ИП нема. Не се во ред.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom