Стартува Академијата за судии и обвинители

Gorco

WEHADAHFUKDOWAHNODAT
Член од
29 април 2005
Мислења
556
Поени од реакции
35
Наесен Академијата за обука на судии и обвинители стартува со првата група кандидати, составена од 15 слушатели за судии и девет за обвинители. Место да бараат врски кај партиите како досега, кандидатите за идни судии и обвинители ќе треба да ги пројдат тесните филтри, да решат строгите тестови, да покажат на интервју дека се способни и достојни за вршење судиска или обвинителска функција и со успех да решат по еден граѓански и еден кривичен случај.
Непосредно пред огласот за квалификациониот испит, кој треба да се објави на четврти или петти идниот месец, Академијата подготвува и подготвителна настава која ќе се одржи од четврти до осми јуни зашто, според директорката на Академијата Анета Арнаудовска, телефоните биле прегреани од јавувања на заинтересирани кандидати од цела Македонија кои ќе атакуваат на 24-те места за обуката.

Квалификациониот тест, кој ќе имаат право да го полагаат сите пријавени кандидати, ќе се одржи по еден месец од денот кога тој ќе биде објавен во "Службен весник". Ќе се полага на Правниот факултет. Во него ќе има сто прашања од сите области и ќе биде на принцип на заокружување. На квалификациониот тест од 100, треба да се одговорат најмалку 70 прашања. Приемен испит за обука на Академијата може да полагаат само 48 кандидати. Приемниот испит ќе го следат само половина од нив, значи оние што ќе го поминат филтерот како најдобри.

Приемниот испит, појаснува Арнаудовска, ќе се полага во рок од осум дена од квалификациониот, а ќе се состои од писмен и устен дел, интервју и по еден граѓански и кривичен случај. За да не се провалат прашањата и одговорите за квалификациониот и приемниот испит, нив ќе ги има само директорката, а не и членовите на Управниот одбор и на комисијата за полагање испити во Академијата. Потребните 24 кандидати за обука ќе се добијат според процентот на успех. Нивната обука ќе трае 15 месеци, од кои пет во Академијата, десет во судови, обвинителства, адвокатски канцеларии, кај Омбудсманот и кај други сродни институции. На крајот ќе следи завршен испит на кандидатите.
VEST
 
Член од
27 јануари 2007
Мислења
156
Поени од реакции
0
Gorco напиша:
...Место да бараат врски кај партиите како досега, ...
Зошто некако неубедливо ми звучи ова?
Gorco напиша:
За да не се провалат прашањата и одговорите за квалификациониот и приемниот испит, нив ќе ги има само директорката, а не и членовите на Управниот одбор и на комисијата за полагање испити во Академијата.
Quis custodiet ipsos custodes?
Кој ќе ги чува чуварите?
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.343
Здравје, Мисирков, здравје...кај нас нема воени судови, се е цивилно, а засудија моментално немам некои амбиции, а за понатаму...ќе видиме...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom