Старски дом или домашна нега?

Дали би ги испратиле вашите родители во старски дом?

  • Да

    Гласови: 6 8,3%
  • Не

    Гласови: 49 68,1%
  • Можеби (зависи од условите)

    Гласови: 17 23,6%

  • Вкупно гласачи
    72
К

Кнез Мишкин

Гостин
Од каде идејата дека ќе бидат осамени? Повеќе друштво ќе имаат таму, отколку во заедница со луѓе со обврски.

Баба ми беше склеротична, со преживеани еден или два мозочни удари и плус шеќераш. Жената не знаеше како се вика, не па нас да не познава. И ок, за јадење ќе и да дадеш, апчиња, инекции... Ама не можеш 24 часа да бидеш со неа. Среде лето, во два саатот на пладне знаеше да излезе на тераса, јадеше грозје (секогаш беше гладна, бараше да јаде по само 5 минути откако јадела, забораваше дека има јадено), а не смееше ни на жешко (ради мозочните удари), ниту да јаде грозје (ради шеќерот). Да не зборувам што им зборуваше на луѓето на улица и на комшиите да и дадат да јаде оти „овие улавиве не ја ранат“... Јас бев во лудите години, не се ни вртев дома, сестра ми беше мала, мајка ми се оболе! Навечер, ќе стане за во вц (на крај не беше ни способна да се движи како што треба), ќе падне, а сите заспани, среќа се будевме и ја слушавме. Постојано моравме да бидеме заклучени, затоа што знаеше да излезе и да си оди „дома“, па трчавме ја баравме по улиците. Неколку пати се случи јас да го заборавам клучот дома, излезена во град, вратата мораше да биде отворена, а во меѓувреме, баба ми киднала, ноќта во 2-3 часот. Ова беше само дел од нашето секојдневие. Не дека не претставуваше мака, ама си ја сакавме и си ја гледавме, меѓутоа не можеш да ја посматраш 24/7. Затоа пак, во домовите има луѓе кои се платени да ги чуваат деноноќно. Тоа што домовите во Македонија се срање, тоа е друг муабет.
Ќе имаат друштво како да не, оние што можат да се движат ќе прошетаат 2-3 круга, оние другиве врзани за кревет рани фаќаат од легање... Никакво внимание не им посветуваат а цела пензија и плус уште некој денар им собираат.
Јасно ми е, секој со својата ситуација, затоа не судам никого, кажувам од своја гледна точка дека не би можел.
Но од друга страна, некој кој има пари на претек, имот и све остало а да ги остави сами, не е во ред.
 
Член од
22 јули 2011
Мислења
248
Поени од реакции
267
Има 2 типа на старски домови државни - кај што не ги попљукуваат старците и приватни кај што и те како трчаат по нив и ги проверуваат за ништо да не им фали. Затоа цената на државните е таква каква што е додека цената на приватните се движи од 500 евра па нагоре. Најскапиот старски дом во Аеродром наплаќа 650 евра месечно но за тие пари имаш 24 саата нега и доктор цело време
 
H

HITCH

Гостин
На еден другар дедо му и баба му сами си отидоа во старечки дом, ама без преспивање, нешто `ко градинка. Сабајле ги носеа кај 8 - 8:30, односно кога сите одеа на работа, а попладне ги земаа кај 4 - 5, кога се враќаа дома. Се одлучија на ова бидејќи старите требаше да седат сами дома. Ем, нив им беше многу досадно и страв да не им се слоши, а никој да не ги види па да направат некоја беља, ем вака ќе си бидат со дружината. Со некоја комшика си правеле муабет и таа им кажала за нејзиниот дом, па така си најдоа супер занимација. Не знам како плаќаа, кај нив не беше проблем за пари. Сега се иселени сите во Америка и функционираат баш исто. :icon_lol:
 

nE0n1nja

Eat nerds get shredded
Член од
25 јануари 2007
Мислења
3.468
Поени од реакции
3.270
Дајте некое чаре, кaжете кај да ја сместиме баба ми, има 15.000 денари пензија. И‘ треба нешто со фул нега, зашто сама не може ни главата исправена да ја држи. Има ли разлика меѓу пензионерски дом и старски дом, сум слушнал дека едното од овие две е само за сместување.
 

nE0n1nja

Eat nerds get shredded
Член од
25 јануари 2007
Мислења
3.468
Поени од реакции
3.270
Дајте некое чаре, кaжете кај да ја сместиме баба ми, има 15.000 денари пензија. И‘ треба нешто со фул нега, зашто сама не може ни главата исправена да ја држи. Има ли разлика меѓу пензионерски дом и старски дом, сум слушнал дека едното од овие две е само за сместување.
Кој би рекол дека за месец дена откако го напишав ова ќе биде мртва.. RIP
Нигде не ја сместивме иначе ако некој го интересира, сегде е катастрофа.
 
Член од
22 април 2005
Мислења
1.333
Поени од реакции
504
Татко ми доживеа мозочен удар пред 2 години бог да го прости, и докторките од воена дури директно ми рекоа носи го во тоа геријатриското во Ѓорче бидејќи немаа легло за него. Каква храброст и непрофесионалност да ти кажат такво нешто а млади девојки.Така фино лепо им кажав нивните родители да си ги носат таму и си го однесов на клиника. Не знам можеби јас бев така воспитан ама никогаш немаше да си ги оставам родителите во старечки дом. Тоа сос таречките домови е само бизнис и пари-ништо друго. Не може никој да ми каже дека не може фамилија да се организира и да се грижи за стар човек. Што ќе глумиме ние овде у Македонијава? Турбо работници? По 16 саата демек сме на работа па немаме време за нив?
 
Член од
28 декември 2011
Мислења
4.371
Поени од реакции
6.207
Џабе им е гледање, тинтрање и све тоа. Памтам дедо ми ради здравјето моите одлучија последните месеци од животот да го однесат во дом и мислам дека цел живот ќе памтам колкава грутка имав на грло коа ми кажа "Абе све е океј, али ми фали муабет."
 

коцка

Curiouser and curiouser!
Член од
12 јули 2005
Мислења
7.054
Поени од реакции
13.551
Здраво на сите
Набрзина ја прочитав темава и мислам дека не видв броеви или информации за домашна нега. Ако можете да ми напишете некаква информација би било супер
Фала
 

Kajgana Shop

На врв Bottom