Старски дом или домашна нега?

Дали би ги испратиле вашите родители во старски дом?

  • Да

    Гласови: 6 8,3%
  • Не

    Гласови: 49 68,1%
  • Можеби (зависи од условите)

    Гласови: 17 23,6%

  • Вкупно гласачи
    72

Mädchen

Smile
Член од
31 мај 2006
Мислења
1.571
Поени од реакции
38
Мислам дека прашањето е веќе јасно. Кај нас можеби оваа тема не е толку актуелна, но во секој случај е интересна за дискусија.
Кое е вашето мислење? Дали сметате дека на старите луѓе би им било подобро во старски дом или пак дома? Што е со луѓето кои останале сами, кои не се доволно способни да се грижат самите за себе, на кои им е потребна целосна или делумна грижа. На пример ако еден стар човек е склеротичен и сам, некој треба да ја превземи грижата за него. А јасно е дека и децата си имаат свој живот, треба да одат на работа, да се грижат за своите деца и ред други оврски.Во денешно време луѓето се повеќе трчаат и се мачат за да заработат и се помалку време му посетуваат на фамилијата.
1. Дали еден родител, кој не родил,пораснал,изгледал залужува да заврши со старски дом?
2. Дали вие би ги оставиле вашите родители во старски дом,и ако да во кој случај би го направиле тоа?
3.Дали вие би прифатиле да жиеете во старски дом и под кои услови?
Има уште многу прашања на оваа тема, се зависи и од условите, секоја приказна е приказна за себе. Слободно надоврзете се на веќе поставените прашања.

Јас никогаш не би можела да си ги испратам родителите во старски дом. Ако е потребно би платила домашна нега, но не би можела да ги гледам родителите кои цел живот се грижеле, се жртвовале за мене, да живеат во дом. Посебно не е во нашата земја каде што условите се ужасни.
 

AtoM-AnT

Dexter
Член од
3 септември 2008
Мислења
4.530
Поени од реакции
582
На денешно време ретко кој би ти пружил домашна нега,времето е динамично и сите трчат да заработат некоја пара и ги запоставуваат своите родители па затоа е подобро во старски дом!
 

B. Boop

Princ: Најозбилна...
Член од
19 мај 2006
Мислења
1.302
Поени од реакции
262
На денешно време ретко кој би ти пружил домашна нега,времето е динамично и сите трчат да заработат некоја пара и ги запоставуваат своите родители па затоа е подобро во старски дом!
Пред 10 (можда и повеќе) години имав прилика да одам во Домот за стари лица во Ѓорче Петров. Знам дека си ветив себе си дека никој мој близок, без разлика на ситуација, нема да заврши таму, нит во него сличен. После тоа никогаш не сум била повторно нит во тој дом, нит во некој приватен, но знам дека условите се изменети и се подобрени. Но, сепак нема да однесам близок во дом.
Домашната нега ми е подобра варијанта, што е реално остварлива независно од времето на домашните. Ако никој од нив не е во можност да пружи нега на старото лице побезболна варијанта е да најмиш лице кое ќе го платиш и кое во домашни услови ќе се грижи повеќе часа на ден.
Така барем на оној кој цел живот се грижел за мене ќе можам да му пружам достојна старост.
 

Мишелинка

расол
Член од
19 мај 2006
Мислења
3.449
Поени од реакции
385
Јас никогаш не би можела да си ги испратам родителите во старски дом. Ако е потребно би платила домашна нега, но не би можела да ги гледам родителите кои цел живот се грижеле, се жртвовале за мене, да живеат во дом. Посебно не е во нашата земја каде што условите се ужасни.
И јас го мислам истото. Мајка ми и татко ми никогаш во дом. Ама, а има овде едно големо ама, за плаќањето на домашната нега која ти ја спомна треба пари, а јас од сега не можам да предвидам колку пари ќе имам за 30 години од сега. Затоа, првиот одговор ми е дека дефинитивно никогаш во дом, затоа што искрено, никогаш не би сакала да ги пратам таму, и би направила се што е во моја моќ да им обезбедам пристоен и достоен живот (доколку моја помош во случајот е потребна и доколку нивните пензии не се доволно, нели). А понатаму се ќе зависи од приликите.
Иначе, јас можеби би одела во дом. Ако останам сама. Подобро е да си во друштво на еден куп осоамени луѓе, отколку во друштво на мачката.
 

пробистипка

малечка
Член од
13 август 2008
Мислења
2.026
Поени од реакции
130
Секој има различно размислување и свакање околу оваа теме ама најискрено ја нема шанси моите да ги дам у дом.После се што направиле и прават за мене не заслужуваат таква нега.Сакам да им пружам семејна атмосвера и да не се осекаат отфрлени и напуштени.Колку и да е тешка негата дома да се чуваат сепак мора да се издржи .Кога ке помислам какви се заложби правеле за мене какви се работи правеле неможам да ги замислам да ги препуштам у дом да седат.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
1.137
Поени од реакции
163
Nema da dozvolam moite roditeli da capnat vo sarinski dom, ako nemam vreme se grizam za niv podobro doma da viknam nekoj da se grizi za niv nego li da gi prakam tamu. Gi poznavam dobro moite roditeli i znam deka ne bi izdrzale tamu ni den.
 

Annabel

Неутрална*
Член од
18 декември 2008
Мислења
1.298
Поени од реакции
183
Зависи од условите.Доколку може мајка ми да ги извршува барем основните работи никогаш не би ја пратила во старечки дом,ќе се грижам за неа до крај и тоа сама јас-без никаква помош.
Е сега ако не дај Боже неможе да оди и такви ствари би ја пратила затоа што знам дека ако остане и ако јас се грижам за неа тоа ќе биде измачување за двете нас.Вака таму ќе биде згрижена,јас постојано ќе ја посетувам и тоа е.Немам апсолутно ништо против старечките домови.Живееме во динамично време и секако и јас кога ќе остарам доколку моите деца неможат да се грижат за мене веднаш би прифатила да ме сместат во некој таков дом.
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.665
Во подалечното минато,кога некоја заедница ќе се најдела во тешка состојба, како е недостаток на храна, прво се ослободувала од оние што се најмалку корисни. Старците биле први на листата. Ги напуштале или ги ликвидирале. Сега еволуираме? Секако дека домот за старци не значи сигурна смрт, но дали е етички оправдано?
Има случаи кога тие установи се неопходни, но некако премногу лесно ги препуштаме родителите на непознати луѓе.
 
Член од
12 јуни 2008
Мислења
5.227
Поени од реакции
972
Никогаш нема моите родители во старски дом, тие се грижиле за мене треба и јас да се грижам за нив.
 

Mrs. Vedder

red cloud at sundown
Член од
12 февруари 2009
Мислења
984
Поени од реакции
66
Никогаш нема моите родители во старски дом, тие се грижиле за мене треба и јас да се грижам за нив.
Абе се зависи од условите во кои ќе живееш и твоите способности за одгледување на повеќе членови во семејството зошто се паѓа на твој грб и колку можеш ќе помогнеш,нормално, ама понекогаш твоите раце се заврзени за некои работи и ќе сватиш дека ти е потребна помош за нега на твоите.Ако се во старски дом ќе примаат ваша помош и нега од домот, каде што и нема да се чуствуваат осамени како најчеста депримирачка состојба со која се соочуваат лицата во подоцните години.
 

smole

Ѕверотилук
Член од
26 јануари 2007
Мислења
1.693
Поени од реакции
287
Ми треба телефон / адреса од пензионерскиот дом во Аеродром. Однапред фала

И уште нешто, Ве молам, не ми е до коментари.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Мислам дека никогаш не би имала срце да ја испратам мајка ми во старечки дом, нема шанси... цел живот се жртвувала за мене и на крај да и вратам на најлош можен начин? Да ја тргнам од мој грб? Нема шанси.
 

ex machina

сфинге раја
Член од
4 септември 2007
Мислења
721
Поени од реакции
104
Јас лично, најискрено мислам дека на старите луѓе кои останале без брачен партнер ќе им биде поубаво во старечки дом, каде можат да се дружат со луѓе на своја возраст. Се надевам дека ќе го мислам истово кога ќе станам антиквитет :)

Од друга страна, знам дека старите (бар моите старци) не мислат така и не сакаат да одат во старечки дом. Не би ги дала во старечки дом против нивна воља, се додека кај нив постои било каква трага на свесност за околината во која се наоѓаат.

Од трета страна, зависи од стариот човек, односно колку е здрав и видот на болеста која го мачи. Понекогаш треба да се избере помалото зло: дали да се мисли на психичката траума која може да се предизвика кај малите деца во развој, или почитување на желбите на старите луѓе кои не се повеќе свесни за себе заради неподносливи болки, деменција, алцхајмерова... you name it, they got it :) Некои болести пак бараат медицинска нега која не е возможно да се пружи дома, освен ако не се најми профи помош.

Не сум била во старечки дом за да знам какви се условите таму. Кога ќе дојде времето да треба да одлучувам за себе или за други.. уф.
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.031
Многу лесно е да се зборува... Има многу различни случаеви и ситуации. Не е лесно во никој случај.
:nenene:
 

брицо

liverpool
Член од
22 мај 2009
Мислења
567
Поени од реакции
2
нема до дозволам моите родители да одат во старински дом
 

Kajgana Shop

На врв Bottom