Старо Скопје

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403

-
maskata gimnazija i poznatata crkva
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
- Улицата Илинденска
извадок од расказот: Токму овој град-скопски
„Кон паркот води еден пат-една улица:ИЛИНДЕНСКА .Улица што води на Запад.Таа почнува некаде кај Пасажот.комплицирана куќа-чудовиште,со план плавен според празниот оклоп на некое морско животно,во чии недовршени премини,полни со провев и мирис на крв од касапниците,живеат сенки од лошите романи издавани во продолженија во почетокот на овој век.Инаку понатаму улицата е ведра и сончана и по ништо не прилега на својот почеток: со својот мир таа повикува на безделничење,на прошетки без никаква смисла,на празни разговори.Претпладне по неа одат гимназистки,попладне фамилии што се упатиле во парк,кон нејзината средина е „Изгрев“,последна од старите кафеани,со два искубани лава над влезот небаре земени од заштитниот знак на некоја фабрика за копчиња,во која се собираат поетите.
Куќите на оваа улица имаат ренесански балкони,попладне очекувате да мине низ неа карневал шарена свеченост,но шалоните остануваат затворени и само чкрипат детските колички.Тоа е архитектура на попладневно спиење,во тие куќи се случуваат бавните дејства од книгите поврзани во подврска со боја на заразен џигер.
На крајот од улицата е Учителската школа,десно го отвара својот испокинат чадор паркот.
Улицата не беше нешто туѓо,нешто за што треба некој друг да води сметка,таа беше продолжение на дворот,место на средби,за зделки и интриги.
Секоја улица си имаше свој живот,децата свој игри,жените свој теми.
Улицата „Илинденска“ во првите години служеше за коњски трамвај,со кој се одеше на неделните излети во тогаш одалечениот парк од градот.“
 

Harry Potter

Imperius
Член од
14 септември 2005
Мислења
2.533
Поени од реакции
1.515
знае некој каде точно се наоѓала фабриката Текстилец што настрадала во земјотресот 1963 и потоа била целосно срушена?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom