- Член од
- 5 март 2023
- Мислења
- 410
- Поени од реакции
- 1.591
Јас мислам дека најмизерно нешто за еден човек е тоа во последните години од своите животи да ги фрли своите родители во такви мизерни старечки домови какви што се нашиве. Родителите те создале, те одгледале,те воспитале, двоеле од својата порција за да има за тебе, последното денарче што го имале ти го давале тебе за да идеш да се изглупираш да се испијанчиш или да купиш нов телефон со кој ќе се фалиш пред друштво, башка родителите ти се ЕДИНСТВЕНИТЕ ПРИЈАТЕЛИ во твојот живот и се единствените кои посакуваат искрено да успееш во животот, без скриени намери, спремни се животот да го жртвуваат за тебе и сега на крај кога треба да им се помогне да имаат што подостоинствено и побезболно заминување од овој свет, ти да ги фрлиш како непотребен мебел. Според мене тоа е огромен грев. Не заборавајте дека и вие еден ден ќе остарете, истото ќе ви се случи и вас.