Стареење

PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.495
Тоа е и една од главните причини зошто процентуално на 1 милион жители имавме најголема смртност во Европа за време на пандемијата бидејки 90% се гојазни луѓе и истите живеат за да јадат и пијат по кафани додека спортски настроените јадат колку што им е неопходно за да живеат.Во Словенија имам забележано неколку случаеви каде дедо и баба со шланг тела од глава до петици кои имаа над 80 години беа облечени во велосипедска гардероба со кациги на глава и возеа хибрид велосипеди и таа слика е нормална во земји како Холандија и Данска на пример а овде нашиве пензионери да видат такви ќе ги направат ненормални и цел ден ќе ги оговараат за на крај после некое време цел град да дознае за нив.
Mala ispravka, poveketo što gi poznavam i koi gi spomenav vo prethodniot moj post nemaat stapnato po kafani so decenii nanazad, zboram za vodenje na nezdrav i neaktiven način na život vo domašni uslovi, zemi penzija, jadi, pij i spij !
 
Член од
6 февруари 2007
Мислења
4.105
Поени од реакции
4.602
...да, ама наши пензионери цепат дрва, прават ајвар и чуваат внуци, овие словенски велопедисти го можат тоа!? :rolleyes:

За внуци ретко кој пензионер таму чува бидејки најголемиот дел од младите ги носат во градинка,дрва ретко цепаат освен во малите селца бидејки повеќето што живеат во куќи се греат на нафта и инвертер клими а што се однесува до ајварот појма немаат за правење а и ретко кој пробал домашно направен ајвар бидејки повеќето купуваат тамошен готов кој на се личи само на ајвар не личи додека ајвар таму прават само македонци,срби и босанци а пиперките ги купуваат од Босна.Во глобала мрзливи се за готвење и одат претежно по гостилници да јадат.
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.125
Поени од реакции
10.469
Не си прајте бајрам со умот, се после 25 година е постепено умирање. Можеш да вежбаш, да се храниш здраво, може на глава да се топкаш, постепено исчезнуваш. Сјајот ти исчезнува, од очите, лицето, косата.
Ама бесмислено е да се нервираш за нешто што е нормален и составен дел од животот како што е стареењето.
 
Член од
10 ноември 2022
Мислења
299
Поени од реакции
880
Ама бесмислено е да се нервираш за нешто што е нормален и составен дел од животот како што е стареењето.
Не се нервирам јас воопшто. Тоа е со луѓето, се раѓаат, страдаат, умираат. Имаат некои 5-6 години во кои се физички силни и чуствуваат дека се бесмртни но за жал тогаш се преглупи да ги искористат (the youth is wasted on the young), и потоа почнува опаѓањето. Животот, наспроти големите очекувања од младоста, во основа е едно големо срање, без разлика колку си или не си успешен. Match ado about nothing.
 
Член од
6 февруари 2007
Мислења
4.105
Поени од реакции
4.602
Не си прајте бајрам со умот, се после 25 година е постепено умирање. Можеш да вежбаш, да се храниш здраво, може на глава да се топкаш, постепено исчезнуваш. Сјајот ти исчезнува, од очите, лицето, косата.
А што правиме со оние млади лица кои боледуваат од цистична фиброза и тоа од раѓање?На колку години телото ќе почне постепено да им умира?За мене не постои терминот младо и старо лице туку здраво и болно исто како што на техничките прегледи за моторни возила не постои терминот старо и ново возило туку исправно и неисправно а во музиката според изјавата на Драган Б Костиќ не постои терминот стара и нова музика туку добра и лоша.
 
Член од
10 ноември 2022
Мислења
299
Поени од реакции
880
А што правиме со оние млади лица кои боледуваат од цистична фиброза и тоа од раѓање?На колку години телото ќе почне постепено да им умира?За мене не постои терминот младо и старо лице туку здраво и болно исто како што нан техничкие посто прегледи за моторни возила не постои терминот старо и ново возило туку исправно и неисправно а во музиката според изјавата на Драган Б Костиќ не постои терминот стара и нова музика туку добра и лоша.
Тоа се холивудски приказни, дека не постои младо и старо, туку само болно и здраво. Човекот не е дизајниран да трае повеќе од 40 години. Затоа жените стануваат плодни на 12-14 години, некои дури и порано, и затоа мажите се во полна сила на некои 18-22 години. Природата не ја интересира среќата на поединецот, животот после четириестата, или твојот пензиски фонд. После раната младост луѓето постепено опаѓаат, и од тоа нема бегање.Се разбира дека со здрав живот можеш да го успориш опаѓањето, но и успорено опаѓање е опаѓање.
 
Византиецот

what you looking at, ass
Член од
14 март 2021
Мислења
2.601
Поени од реакции
6.022
Животот од 30ет до 40ет е најдобар, се друго е ко неразвиен сперматозоид во споредба. Ко штотуку родено јагне, споредено со еден полно развиен овен на пример.
Иако сум сигурен дека од 40ет до 50ет, би го тврдел истото. Неможиш да споредиш ситуиран маж кој заработил и заштедил и сега е спремен да вложи во бизнис т.е. да види што му нуди новата животна ера, со некој шо уште врви низ универзитетски маки и трошоци. Секоја епоха со својата убавина.

швајцарски Ибекс вака младо, рано-пролетно.

ZBOOLW1_00142.jpg

дур сме кај младоста ево мелос што ја слави ко пролет.
рече дека е порозева од обрадуван овчар? омилена англиска гркиња.

Член од
16 декември 2012
Мислења
2.710
Поени од реакции
6.845
Што наоѓаме на тема стареење – и како ние самите го доживуваме?
Имаш 36 години… се жениш, имаш 43 години… спортуваш, имаш 49 и не криеш… работиш и добро ти оди.
Се будиш следното утро, се погледнуваш во огледало… си остарел.
ЈА прославив последната Нова година, не НИЕ, моето семејство се состоеше само од мене и моето дете.
По 21 години заедно, врската се распаѓа од различни причини.
Се чувствуваш несигурно во новата фаза од животот.
Се среќавам со жени на 40+ години и при секој нивен гест забележувам дека не ме гледаат како маж.
За нив сум само раскажувач, советник, тренер...
… Снегот вее. Одам во продавница, моето дете е во автомобилот и одбива да излезе - слушалки, мобилен телефон. Нашите светови се разликуваат.
Гледам наоколу, многу жени на паркингов, но никоја не ми обрнува внимание.
Што им е на жените, што се смени? Ништо не се сменило, до мене е.
Јас очигледно стојам во новонастаната ситуација.
Со задоцнување: Welcome to the club!
 
Член од
3 јануари 2023
Мислења
7.301
Поени од реакции
4.700
Како да се справиме со процесот на стареење?
Како маж кој знае на која возраст е, и кои се неговите потреби,
депримиран сум од тоа што ми се случува.
Човек станува ранлив на некој начин.
Понекогаш она што се случува ме потсетува на пубертет, дури и физички.
Втор пубертет, со таа разлика што овој пат изграденото се разградува.
 
Член од
4 ноември 2017
Мислења
2.173
Поени од реакции
4.094

Помирување дека животот има фази, се е минливо, барање преокупација, пробување да се игнорираат некои работи, работа на себе, и свест дека не може се да биде како било, и дека во тоа може има некоја убавина.

На крај на денот, нема некое општо чаре. Никој не се спасил од живот, па ни ние. Биди благодарен ако си здрав и ако имаш потенцијал да правиш работи што ти прават мерак во било кој момент. Зошто не знаеш, може утре да го немаш тоа. Па и за тоа да се плаче. Треба да се ужива живот додека трае. Кус е, полн со маки, а и никој не знае кога ќе му дојде крајот.
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
17.753
Поени од реакции
9.558

Точна така..и да додадам ШТО ПОМАЛКУ ГЛЕДАЊЕ ВО ОГЛЕДАЛО.
 
Член од
15 јуни 2013
Мислења
1.687
Поени од реакции
2.534
Како да се справиме со процесот на стареење?
Како маж кој знае на која возраст е, и кои се неговите потреби,
депримиран сум од тоа што ми се случува.
Човек станува ранлив на некој начин.
Понекогаш она што се случува ме потсетува на пубертет, дури и физички.
Втор пубертет, со таа разлика што овој пат изграденото се разградува.
:D

Kajgana Shop

На врв Bottom