Ова се вика субвенциии за станови...Чисто шпекулирање само ќе ја зголемиш цената на становите, луѓе ќе инвестираат како луди во станови иако немаат потреба за тоа и цената дополнителнио земаат кредити банките ќе се надуат како балони...Ве потсетува ова на нешто што се случи пред 2-3 години во САД? Налудничава и многу опасна работа е идејава. Некој треба назад во прва година на Економски.
http://en.wikipedia.org/wiki/Real_estate_bubble
Добро бе друже, ова е само површински кажано. Ако се седни здраво да се размислува да се реализира ова, има начин да помини без последици. Еве накратко, мене први работи што ми идат на памет за да се избегне тоа што се случи во америка, и да не се пумпа цената на становите. Прво, за разлика од Америка, кај што секој што ќе му прднеше можеше да појди в банка, и да побара кредит за куќа неколку кратно поскапа од колку што можеше да си дозволи, и притоа банката ко ништо да му одобри, овде нема така да биди. Значи би имало строги услови од банките, исти какви што се сега. Друго, не мора да биди опфатено целото население во државава, туку само млади брачни парови, кои што се кредитоспособни, и кои што ќе можат да се носат со кредитот. Друга работа, за да не дојди до пумпање на цените, има друг начин. Значи, како што кажав претходно, оваа субвенција ќе биди за одредена група на гаѓани, значи млади брачни парови, кредитоспособни пред се. Е сега ако сакаат тие стан в ценар, бујрум нека си купат, меѓутоа тука државата нема да субвенционира. Имено, државата можи да склучи договори со градежни фирми, кои ќе изградат станови по перифериите на градовите, кои ќе бидат наменети за оваа група на граѓани, ќе ги продава по реална цена (да ги исплати градежните фирми, и еве да им остани некој динар чар, да можат пример да изградат други станови, кои што ќе бидат распределени на социјалните случаи),плус, ете чар и за градежните фирми. Значи, државата ќе им ја плаќа каматата само на оние граѓани кои што ќе аплицираат за кредит исклучиво за овие станови( и тоа кажавме кој граѓани). Оти ако во Скопје периферијата е далеку и не му одговара на некој, во другите градови во Македонија од најдалечното место во градот, до центарот е во најлош случај минути 20 пешки.
И сега, ти пример, овде можиш да ми најдиш еден куп пропусти, не велам не. Ама јас го пишувам постов вкупно 2 минути, и исто толку време го уклучувам мозоков на оваа тема. Меѓутоа ако се состави здрав тим, и ги согледа сите недостатоци и притоа најди решенија за истите, јас лично сметам дека можи да се изведи нешто.
За секој проблем има решение, само некој треба да го најди...