Стан под кирија или цел живот кредити.

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Замислете машина која што работа на соларна енергија и во нејзе се внесува програма за зграда и по таа програма со помош на магнетизам или нешто слично таа машина зема земја и формира цела зграда со станови. Таа зграда ја одржува својата структура со помош на магнетно поле, и сето тоа се прави за 5 минути. Нема бездомници, нема кираџии, нема кредити затоа што нема банки и монетарен систем.
Е за тоа е темата фантазија малку, знам дека денеска не е многу модерно да се прави тоа, ама верувајте колку и да ви изгледа глупаво за општо добро е.
 
Член од
5 август 2007
Мислења
3.577
Поени од реакции
2.560
Замислете машина која што работа на соларна енергија и во нејзе се внесува програма за зграда и по таа програма со помош на магнетизам или нешто слично таа машина зема земја и формира цела зграда со станови. Таа зграда ја одржува својата структура со помош на магнетно поле, и сето тоа се прави за 5 минути. Нема бездомници, нема кираџии, нема кредити затоа што нема банки и монетарен систем.
Е за тоа е темата фантазија малку, знам дека денеска не е многу модерно да се прави тоа, ама верувајте колку и да ви изгледа глупаво за општо добро е.
Да земам и јас, уба тревава во Прилеп ? :)
 

Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.209
Хммммм Соодносот кирија/вердност на стан во Скопје е доста ниска окулу 4% на годишно ниво. Т.е. ти се исплати да седиш под кирија на кратки патеки но, треба да се земе и во предвид и порастот на цената на недвижноста кој е 3-4% годишно што е блиску до каматата на девизни штедни влогови НЕШТО ШТО НЕ Е ПРЕСМЕТАНО ВО ОВОЈ ЕСАП БАНКАРСКИ . Така да не е толку едноставно.
Да се разбира најдобро е да се купи одеднаш не со кредит. Ако купиш стан имаш поврат на средства од 3-4% по основа на пораст на цената на недвижноста и 4% како кирија ако го изнајмуваш значи се на се 7-8% на годишно ниво но, треба да бараш кираѓи да инвестираш во одржување и да плаќаш данок со што ја намалуваат реалната заработувачка на 5-6% од инвестицијата а згора ти требаат доста пари за да купиш еден. Можеби попримамво е инвестирање во обврзници или акции со дивидентда но тука не е сигурен пазарот посебно на последниве.

Иако имам пари да земам кредит и купам стан сепак живеам под кирија.
1. Поради тоа што се селам често така да не сакам да врзувам пари некаде. А и примањата не ми се сигурни варираат.
2. Каматите на кредитите се високи
3. Одностот кирија/цена е низок
4. Ратата на кредитот би ми повисока од цената на месечната кирија. Така да сега имам повеќе слободни пари кој може да ги инвестирам или трошам.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.663
Поени од реакции
12.059
Најмногу се исплати да се купи стан башка и заради децата пошто во цената за кирија ќе треба да се пресмета и цената што тие ќе ја плаќаат наместо да живеат во станот наследство од родителот. Зато е поисплатливо (пресметката на страна 1) да се купи недвижнина отколку да се оди под кирија.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Кога се прашував за темава до кај ќе не одведе, досега до никаде првата ја одбраа змијата а вторите магарето.
 
Член од
5 август 2007
Мислења
3.577
Поени од реакции
2.560
Во секој случај, глупи се пресметките на првава страна. Не можиш да пресметуваш нешто што не е твое со нешто што е твое. Не е пресметано исто и колкава би била тогашната пазарна цена на станот (по 30 години). Не е исто пресметано покачувањето на киријата во следните 30 години. Сега ако е 200 тогаш можи че биди 1000. Значи овие пресметкиве некој налбат ги праел. А ако купиш сега стан со кредит, знајш дека плаќаш 98 илјади евра (или колку беше)со се камата. Ама нема да бидиш во загуба пример ако го продајш по 30 години, бидејќи тогаш би коштал сигурно толку а најверојатно многу повеќе. И сега ако размислиш логички, тоа можи до споредиш на некој начин со штедење. Ставаш на страна секој месец пари, и по 30 години ги имаш истите пари, значи сосе каматата што си ја уплаќал сите години, оти реално тогаш станот толку би вредел.
Еве за некој што е стамбено обезбеден, и има некој динар на страна, идеална долгорочна инвестиција. Земаш стан со кредит. Го даваш под кирија за 200 евра, условно речено, ратата ти е 250 евра, ти ги доплаќаш тие пари на сметка, и по 30 години ти имаш стан за 18000( толку си давал лично твои пари за да внесуваш во кредитот) кој што во тоа време ќе вреди 100 000 евра. Чар 82000 евра :) Бројкиве провизорно ги земам.
 

Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.209
Буци, бараш решение?
Имаше мислам дека беше опозицијата еден убав предлог.
Ние да земиме стамбен кредит, а државата да ја плаќа каматата. Имаше таму некој пресметки колку би ја чинело државата на годишно ниво, и цената и не беше баш така висока, мислам многу повеќе пари се трошат не беспотребни работи, а овај трошок што би одел на трошок на државата , и те како би му олеснил на граѓаните. Сепак, тој буџет ние го полниме, и крајно време е и ние да видиме нешто аир од него, а не само некој италијански фирми за лиење бронза.

Да дополнам, го најдов предлогот, од Бранко бил....

Проектот "Стан за секого" државата би ја презела обврската да ги плаќа каматите за станбените кредити.
-Според официјалните податоци во 2010 година се очекува станбените кредити да се зголемат за 21,6 милиони евра или со други зборови тоа е нивото на нови станбени кредити пласирани во 2010 година.Просечната каматна стапка за овие кредити е 8% на годишно ниво. Под претпоставка дека во услови кога државата би презела на себе целосно да ја плаќа каматата иако нивото на новоодобрени станбени кредити се зголеми за три пати и од 21,6 вкупниот износ стане 64,8 милиони евра, вкупниот трошок на државата на годишно ниво би изнесувал 5,2 милиони евра. Со издвојување на само 5,2 милиони евра на годишно ниво државата би овозможила утростручување на станбените кредити, граѓаните би добиле бескаматно кредитирање при купување на стан, а индиректно би се помогнала и градежната оператива која се наоѓа во тешка состојба, рече Црвенковски.

Според него проектот на годишно ниво би чинел 21,4 милиони евра, но во буџетот имало средства за реализација.
-Најнетранспарентната и најпроблематична ставка во буџетот за 2010 година "Договорни услуги" изнесува 23 милијарди и 89 милиони денари или 375,4 милиони евра. Со само 6,5% од овие средства може целосно да се исфинансира реализацијата на овие два проекти, вели Црвенковски.


Не ми јадете говна сега, дека Бранко го кажал ова, и одма да плукаме. Не е Бранко тема на муабетов, идеава како идеа е цел на муабетов.
Ова се вика субвенциии за станови...Чисто шпекулирање само ќе ја зголемиш цената на становите, луѓе ќе инвестираат како луди во станови иако немаат потреба за тоа и цената дополнителнио земаат кредити банките ќе се надуат како балони...Ве потсетува ова на нешто што се случи пред 2-3 години во САД? Налудничава и многу опасна работа е идејава. Некој треба назад во прва година на Економски.
http://en.wikipedia.org/wiki/Real_estate_bubble
 

Таруно

Еким
Член од
9 јуни 2010
Мислења
2.610
Поени од реакции
2.505
А кога немаш ни за едно ни за друго, изгледа ќе мора шатор и во жена парк.
Бидете реални и 200 евра кирија се многу. На некого тоа му е целата плата, а пак на некого 2 плати скоро. Незнам како е по другите градови, ама во Скопје е ептен скапо да се живее. Сите чекаме да ни остават нашите (баба, дедо, мајка, татко) стан, куќа, плац, имот или било што, оти сами нема теоретска шанса да си овозможиме еден факинг стан од 50 квадрата... Ебате државата ебате... :tapp:
 

Македонцки

мадрфакр
Член од
23 ноември 2007
Мислења
4.281
Поени од реакции
634
паметните луге на запад се селат на село

само кај нас морало да се има стан, ама еве време доага да бидеш сељак ке биде предимство.


кука на село од 100 м2 (не 60 м2) е 30.000 - 35.000 евра сосе комуналии


епа господа опинци..градот е скап..и допрва ке поскпаи..само што даогам од центарот наш мил каде зонскто ми зема 90 денари за 1 час и 15 минути
 
Член од
16 јули 2008
Мислења
1.856
Поени од реакции
1.031
Кој бил под кирија знае како е.Секако е поисплатливо да се купи стан одошто да живееш под кирија.Кога би ги пресметале во пари сите маки на луѓето што живеат под кирија нема да има разлика во цена.Еве да речеме прозорите се стари и дува од нив.Дали некој што живее под кирија ќе фрли негоци пари да ги замени прозорите? - Сигурно нема.Ќе се пожалиш на газдата и ќе добиеш одговор дека прозорите се добри.Ќе течат цевки во купатилото ќе смрди целото но секако дека нема да фрлиш 1000-2000 евра да го реновираш,а за газдата ќе биде доволно добро.Абе кога живееш под кирија едно кречење ти е како фрлање пари во вода.Башка ако газдата живее до тебе,над,под тебе ќе мора децата да бидат тивки да не прават бељи и ако може да глумат растенија - најдобро.Ова се само неколку примери ,а кој живеел под кирија знае и може да наброи уште стотина вакви примери што неможеш да ги пресметаш во пари,а секако коштаат.Коштаат здравје.Иако знаеш дека ќе дадеш дупли пари за станот што го одплаќаш од неговата вредност, ќе го плаќаш со надеж дека еден ден ќе биде твој и ќе имаш што да оставиш на твоите деца да не се мачат како тебе.

Инаку офтопик:Секако дека е многу многу поефтино да купиш плац и да изградиш куќа или едноставно да купиш изградена.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
паметните луге на запад се селат на село

само кај нас морало да се има стан, ама еве време доага да бидеш сељак ке биде предимство.


кука на село од 100 м2 (не 60 м2) е 30.000 - 35.000 евра сосе комуналии


епа господа опинци..градот е скап..и допрва ке поскпаи..само што даогам од центарот наш мил каде зонскто ми зема 90 денари за 1 час и 15 минути
Со 30000 евра 4 куќи ќе направиш во село, и гледам доматите 40-50 денари ауууууууу изгор добро е што не мора да ги купуваме за зимница или слично. Можи и во град да се живее ама ако човек не си произведува минимално храна за себе тешко многу, цената на храната оди нагоре.
 

shema77

Borriello
Член од
30 јули 2009
Мислења
432
Поени од реакции
7
Кредити кредити јбг...ипак Македонија е ова!:toe:
 

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Како прво би морало да се види кој и што е човек,што сака и како мисли тоа да го постигне во животот,да стави на кантар и да си реши...
Лоботомијата на медиумите и образовниот систем се катастрофални.
96% на факс?????? тоа значи гроб за населението кое живее во Македонија...која инфраструктура,кои работни места,што ќе го издржува тој прилив на “учени“ кадри на кои последно на умот ќе им биде некое поинакво решение...

Враќање кон земјата,друго нема...за да се избегнат бездомници и се поголема сиромаштија.
Засадување на перманентна култура која за 5-7 години обезбедува храна за генерации и генерации а бара далеку помалку работа,средства,репроматеријали,пестициди,горива од индустриското земјоделие а дава повеќе плодови по хектар,обезбедување било каков алтернативен извор на енергија за да не се биде зависен од системот,резервоари за дождовница,доколку се има некаков извор,поток,подземна вода ок,систем за филтрирање...
Имаме многу традиоционални методи во Мк кои заедно со новите технологии можат да имаат неверојатни резултати и тоа со мали средства.
За 1/10 од цената на некаков стан во Ск или Ох или Бт...
Меѓусебна соработка на луѓето кои би се впуштиле во таква работа користење на она што се знае и умее за да се обезбеди иднина во која никој нема да може да те уценува.

Оној што има помалку или нема за почеток би можел да помогне на свој начин,дали преку работа,знаење било како но може да допринесе секој, за возврат 5-10-20 души би му помогнале со мали средства и работа да се изгради живеалиште...
За неколку години бројот на бездомници и бездомници-киријаши и оние со кредити...би се намалил а може и би исчезнал...
Со тек на време можат да си створат своја инфраструктура која ќе си ја користат на локално ниво...

А за техничката изведба, тоа е најмал проблем во денешно време...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom