- Член од
- 20 јули 2016
- Мислења
- 7.300
- Поени од реакции
- 4.636
Цената паѓа во последните години точно но предходно благо растеше па земам во просек дека е рамна. Инаку ако паѓа после треба да раст или барем да е стабилна долгорочен пад е помалку веројатен од рамна или раст.Не знам од каде да почнам, прво цената не е рамна, и според заводот за статистика имаме пад на цените во последните неколку години.
Второ, има хиперпродукција на станови, и ќоро и сакато почна да гради заради огромниот ќар, а преголема понуда при стагнантна побарувачка носи пад на цените, тоа е економска закономерност. Можеби не се осеќа одма, има одреден лаг (како што имаше лаг падот на цената на нафтата пред неколку години, не падна одма штом нафтата од фракинг доведе до хиперпродукција), но на крај економската логика преовладува и носи пад на цените.
Трето, се' повеќе скопјани од средна класа се иселува во странство, тие се тековни или потенцијални корисиници на станбени кредити, со тек на време тие кредити ќе се исплатат и испразнетите станови ќе отидат на пазар и ќе направат дополнителен притисок на цената. Уште повеќе што после големиот број на издадени БГ пасоши Скопје престана да биде посакувана дестинација за младите од внатрешноста, што носи притисок на куповната страна.
Колку и дали има празни станови кои се на продажнба незнам...броеви нема. За празни може не се вселени не средиле или живеат од време на време плус и за тоа се зборува со години така да ефектот или е завршен или целосно или делумно цената зборува.
Цената на станбени кредити опаѓа...
Има миграција надвор од МК ама грубо иста е од пред години...број нема...
Скопје вака грубо расте на прв поглед сообрајќај итн...попис нема...
Малку на бафтана се работиве да се каже точно...
Но од многу груба логика не ми изгледа дека може премногу долго цена да паѓа повеќе од 5-10 години е мнооогу ретко барем што сум гледал криви и што одприлика знам за Ск и економијата.