Стварно е толку скап м3 во Скопје
Не сум знаела, додуша не сум се ни распрашувала, налетав на темава и се запрепастив.
Овде каде сум јас исто е м3 од 1000 евра ретко да најдеш, 1300 па нагоре, ама отприлика тука некаде. Еве знам за една зграда, толку е нова што уште не се вселени луѓето, на екстра локација прва линија од море, значи од кровот да плукнеш плунката во море ќе заврши, е 1650е м. Зошто е во Скопје толку, кога не нуди ништо особено,освен што е главен град на една држава?
Јас сум овде потстанар, околностите се такви што несакам уште сега да скокнам да вложувам во недвижнини, од проста причина што незнам дали сакам овде да останам и дали во иднина ќе ми биде исплатливо да живеам овде.Сеуште сме млади да одлучиме дали е тоа тоа, или можеби ќе ни се пружи некоја друга шанса во животот, можеби да живееме на некое поубаво место.