Станови во Скопје, совети за купување.

Член од
20 јули 2016
Мислења
7.631
Поени од реакции
4.933
Просто е, затоа што е нов и освен мебел немаш никаква инвестиција.
Кај стар може да е отидена столаријата, тоалетот да треба да се реновира, паркетот да е за шлајфање/лакирање, мириса самата зграда на старо, валкано, канта лифтови, ретко каде има доволно паркинг, можна заедничка инвестиција за кров и дури и се да е реновирано старо секогаш ќе личи на старо, ако е за 10-15% разлика и солидно градено, секогаш би земал нов.
Хммм нема да имаш така зголемена загуба поради амортизација и депресијација? Разликата сега е 30+%
 
Последно уредено:

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.515
Поени од реакции
34.570
Хммм нема да имаш така зголемена загуба поради амортизација и депресијација? Разликата сега е 30+%
Зависи каде гледаш, не верувам да се повеќе од 20% што е оправдано, ако ги удриш трошоците за реновирање.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.404
Поени од реакции
34.398
Зависи каде гледаш, не верувам да се повеќе од 20% што е оправдано, ако ги удриш трошоците за реновирање.
...трошоци за реновирање не се толку пресудни колку локацијата и самата околина од соседи.
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.631
Поени од реакции
4.933
Зависи каде гледаш, не верувам да се повеќе од 20% што е оправдано, ако ги удриш трошоците за реновирање.
Кај нас се над 30% мислам дека тоа е сега поради кредитно финансирање и шпекулирање.
 
PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
3.514
Поени од реакции
3.639
Зошто има толкава разлика во цените на новоградба и стар стан?
Добро е ако има разлика, оти до пред 10-тина години, старите станови по цена за „м2„ беа речиси изедначени со новите. Тука не мислам на сите стари станови, туку на становите од централното граско подрачје (во Шкупи).
Старите важат за поквалитетно ѕидани и сеизмички побезбедни. Новите се сепак нови, но за „квалитетот„ на нивната градба, (нека) сведочат нивните купувачи...
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.631
Поени од реакции
4.933
Добро е ако има разлика, оти до пред 10-тина години, старите станови по цена за „м2„ беа речиси изедначени со новите. Тука не мислам на сите стари станови, туку на становите од централното граско подрачје (во Шкупи).
Старите важат за поквалитетно ѕидани и сеизмички побезбедни. Новите се сепак нови, но за „квалитетот„ на нивната градба, (нека) сведочат нивните купувачи...
Фала за информацијата мислам дека е индикатор за состојбата на пазарот. Не се сеќавав како беа пред 10 години.
 
PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
3.514
Поени од реакции
3.639
Фала за информацијата мислам дека е индикатор за состојбата на пазарот. Не се сеќавав како беа пред 10 години.
...под услов, да можеме да зборуваме за „пазар„ (на недвижности) во кој цените немаат блага врска со умот...
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.515
Поени од реакции
34.570
...трошоци за реновирање не се толку пресудни колку локацијата и самата околина од соседи.
правам споредба ако се и двата на слична локација, и со „нормални“ соседи.
Трошоците знаат да се далеку од наивна сума, некогаш тераат и преку 20% од вредноста на станот, плус ќе ти се одмили истиот од замаранции со мајстори :)

Кај нас се над 30% мислам дека тоа е сега поради кредитно финансирање и шпекулирање.
Мислам дека не е баш правило, барем додека бев таму просекот се разликуваа околу 20%, али не викам дека нема исклучоци.
Нели ти не инвестираш во станови?
Автоматски споено мислење:

Добро е ако има разлика, оти до пред 10-тина години, старите станови по цена за „м2„ беа речиси изедначени со новите. Тука не мислам на сите стари станови, туку на становите од централното граско подрачје (во Шкупи).
Старите важат за поквалитетно ѕидани и сеизмички побезбедни. Новите се сепак нови, но за „квалитетот„ на нивната градба, (нека) сведочат нивните купувачи...
Не би се обложил за ова, особено се што е градено во периодот кога се распаѓаше Југославија, или периодот кога пропаѓаа компаниите од типот на „Техника“.
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.631
Поени од реакции
4.933
правам споредба ако се и двата на слична локација, и со „нормални“ соседи.
Трошоците знаат да се далеку од наивна сума, некогаш тераат и преку 20% од вредноста на станот, плус ќе ти се одмили истиот од замаранции со мајстори :)

Мислам дека не е баш правило, барем додека бев таму просекот се разликуваа околу 20%, али не викам дека нема исклучоци.
Нели ти не инвестираш во станови?
Автоматски споено мислење:

Не би се обложил за ова, особено се што е градено во периодот кога се распаѓаше Југославија, или периодот кога пропаѓаа компаниите од типот на „Техника“.
Според тоа што видов на огласи ми изгледа како окулу 30% спредот нови/стари м2 недвижност.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.515
Поени од реакции
34.570
Според тоа што видов на огласи ми изгледа како окулу 30% спредот нови/стари м2 недвижност.
Ако го земаш за инвестиција, види кој излегува најефтино (кога ќе се стават сите трошоци, вклучително и данокот кај стариот стан), ако го земаш за живеење математиката е уште покомплексна, али ако е солидна изработката јас секогаш би одел со нов.
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.631
Поени од реакции
4.933
Ако го земаш за инвестиција, види кој излегува најефтино (кога ќе се стават сите трошоци, вклучително и данокот кај стариот стан), ако го земаш за живеење математиката е уште покомплексна, али ако е солидна изработката јас секогаш би одел со нов.
Не мислам да купам само онака ме интересира. Ако некој купува окулу мене.
 
Член од
11 јуни 2021
Мислења
359
Поени од реакции
782
Дечки, барам совет/мислење за тоа како банките те "гледаат" во случај кога сакаш да подигнеш станбен кредит како самец. Значи не си во брак, немаш на кого да се потпреш и се финансираш сам.
Кои се условите и колку се шансите да одобрат кредит?
Имате ли вакво искуство?
 
Член од
19 ноември 2020
Мислења
2.524
Поени од реакции
9.405

Ако имаш ок плата, на неопределоно си вработен и станот е во општините каде е побарувачката е голема си сигурен. Јас, а и скоро сите во моја околина станбените кредити ги подигнавме како самци.
 
Член од
17 октомври 2017
Мислења
9
Поени од реакции
2
Цената на становите моментално е отидена у плафон.

Мене стварно не ми се јасни луѓево како се спремни да фрлаат и по 2000 евра од метар квадратен за загадено и пренатрупано Скопје. Мое мислење е дека од следната година малку ќе се стабилизираат цените, бидејќи не е реален раст од 30% на недвижности за една година. Мене очајно ми е потребен стан да купам за живеење, но ќе почекам.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.125
Поени од реакции
25.516
Цената на становите моментално е отидена у плафон.

Мене стварно не ми се јасни луѓево како се спремни да фрлаат и по 2000 евра од метар квадратен за загадено и пренатрупано Скопје. Мое мислење е дека од следната година малку ќе се стабилизираат цените, бидејќи не е реален раст од 30% на недвижности за една година. Мене очајно ми е потребен стан да купам за живеење, но ќе почекам.
Стабилизираат = паднат?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom