Станови во Скопје, совети за купување.

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.629
Поени од реакции
34.888
za 2500 e u beograd moze... u minhen e nakaj 5 do 10000.

ostaj ja usa, u detroit i za 200 ke pomines ama drug e problemot tamu.

sk u princip e eftino za evropska metropola. poeftino moze kiev... sk za brzo vreme ke vide 2000+.

imaj na um deka gradbata vo naredniot period ke kosta edno 30% poskapo a vo mkd imas se pomalku gradeznici.
Неколку работи се клучни: дали ќе се најде маж што ќе реши да го полни буџетот на ова (да го зголеми данокот, особено на втора, трета и тн.), колку од ИТ индустријата ќе реши да му даде слобода на вработените и после короната да работат од каде сакаат, колку од останатите бизниси кои работат римоут ќе одлучат да им дадат слобода на луѓето да работат од каде сакаат, дали ако дојде нова влада ќе смени политика да ги форсира инвеститорите да отворат канцеларии низ другите градови во мкд, дали ќе се воведат рестрикции за движење со возила во централно подрачје...

Искрено се надевам дека ќе се освестат луѓето и нема да видиме 2000ки стан во дупкава, еве во моментот надвор воздухот е како да дишеш издув од ауспух/оџак, смрди на чад не се живее, а може да замислам како ни влијае врз здравјето.
 
kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
12.291
Поени од реакции
22.537

sigurno ide kon toa. gradeznite materijali ke bidat klucni plus neminovno e pokacuvanje na danok za barem 5%. se ide kon toa sekade da e minimalen danok 15% i eve veke sme na listata na danocni rajovi za EU taka da prasanje e samo koj ke mora da go sprevede toa dali sega ili narednite ako ima izbori vo skoro vreme. 2K e neminovno, bi rekol za maks 3 god.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.629
Поени од реакции
34.888
sigurno ide kon toa. gradeznite materijali ke bidat klucni plus neminovno e pokacuvanje na danok za barem 5%. se ide kon toa sekade da e minimalen danok 15% i eve veke sme na listata na danocni rajovi za EU taka da prasanje e samo koj ke mora da go sprevede toa dali sega ili narednite ako ima izbori vo skoro vreme. 2K e neminovno, bi rekol za maks 3 god.
Не зборувам за персонален данок.
Зборувам за данок на имот (ако не грешам еве ти пример за во АУС за тоа што мислам), т.е доколку веќе имаш една недвижност, за следните недвижности ќе имаш повисок данок (нешто како данок на луксуз). Грците имаа нешто слично, па така отидоа цените надоле пред 4-5 години, @fennel можеби е подобро запознаен со тамошната регулатива.

Ако го имаш тој данок нема да се исплати да ги затвориш парите во недвижност како што се случува сега (познавам луѓе со 5+ недвижности во Скопје, и неколкумина со 2+ недвижности). Не дека така лесно се издаваат под кирија, па доколку отидат трошоците околу таа недвижност нагоре, повратот од истата ќе биде далеку помал отколку да ги затворат во нешто друго (фондови, индекси и сл).
 
Член од
7 декември 2019
Мислења
4.633
Поени од реакции
8.205
Пробаа грците така, па и го качија данокот на промет на 24% за новите градби со дозвола после 2006. Арно ама застана пазарот со новите градби, па пред 2 години повторно го вратија на 3,09%. Сега им цути продажбата на новоградби. Инаку таму годишниот данок е 4 евра по м2, 3 одат на муниципално ниво 1 на државно. Ама оваа ситуација е до 2024, како ќе биде понатаму никој не знае.
Може за грците има таков данок на луксуз, ќе прашам утре, нашите купувачи не ги тангира тоа. Така да за таму засега е некакво статус кво. Проблемот е што утре може да се смени даночната политика и што ќе му правиш на имотот?
Во Скопје, па и нема во што да се вложи! Обично вишок станови имаат луѓе кои не се занимаваат со бизнис и нема кај да да ги оплодува парите, вака вика барем нема да иде во минус. Издавање е мачка во вреќа и најчесто на крај не си во плус. Како и да земеш ако не си упатен во инвестирање( фондови и слично) нема друга алтернатива.
 
Член од
28 март 2015
Мислења
5.428
Поени од реакции
11.336
Живеење покрај автопат. Ова е најверојатно една од најпрометните точки во Македонија, ако не и најпрометната. Звукот на автомобили и камиони ќе те прати цел живот и ќе го сонуваш, практично како да живееш на патарина. Би било прилично загадено од сообраќајот.
Што мислиш каде е позагадено, околу скопскиве булевари или кај автопатов? Пре би рекол дека дека кај булевариве има далеку поголема загаденост од собраќај бидејќи колите повеќе седат во место и ве трујат, исто има и далеку повеќе собраќај во центар него ли тука.
Грешка е и со звукот, јас живеам од другата страна на таа зграда до автопатот и нема звуци од собраќај, треба тенк да помине за да се слушне нешто. Исто имам стан во Автокоманда на истиот булевар и таму е многу побучно него ли тука, а и таму и ваму сум на прв спрат. Собраќајот е многу побучен на прометни булевари него ли на автопат.

А за купување стан во зградава треба некој да е голема будала. Првин објектов се градеше 10год, како зошто не знам. Второ изгледа многу грдо, во околина само куќи со дворови и ти лупаш толкава грдосија тука. Жал ме фаќа за луѓево што мора да се будат покрај толкава грдосија до нив. И тој што ќе земе нека види првин каде точно се наоѓа таа зграда, како се доаѓа до нејзе. Треба да одиш низ улички каде што си живеат овие со куќиве за да дојдеш до зградата. Кој дал одобрение за оваа зграда треба да го обесат.
 
Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.298
Поени од реакции
7.258
За пропаста има повеќе фактори, а тоа е и друга тема.
Тука зборуваме за цените на становите, за кои, повеќе од очигледно е дека побарувачката е клучен фактор.
Побарувачката на становите во Скопје ќе оди секогаш во нагорна линија со или без "провинцијалците" поради фактот што инвестирањето во недвижен имот во главен град е секогаш најисплатлива одлука на подолг рок.

"Провинцијалците" процентуално не се толку застапени во купувањто на станови колку што се "домаќинските функционери" и дијаспората кои само бараат начин да ги затворат парите и на тој начин да избегнат обезвреднување на пари од инфлација.
 
M

Macedon1um

Гостин

Не би се согласил со тебе, од град во внатрешноста сум и знам барем 40 луѓе што купија стан во Скопје за да живеат оти најдоа полесно работа таму.
Од друга страна само 1 знам од овие поситуираните што купил во Скопје оти му се може да вложи некој капитал во недвижност, мислам и дијаспората дека во последно време се помалку купува - умреа тие времиња кога постарите генерации на гастрабајтери печалеа таму а ги трошеа/вложуваа тука парите
 
Член од
17 август 2011
Мислења
9.747
Поени од реакции
17.453
И едните и другите купуваат, и тие од дијаспората и тие од помалите градови. Ја знам еден куп луѓе што се иселија и никој не ги продава недвижностите тука. Не се она класичните гастрабајтери да градат палати ама едно станче ќе се купи. Секако и луѓе од скопје, едноставно се смени повеќе генерациско живеење во една куќа.
 
Последно уредено:
Член од
8 јануари 2012
Мислења
14.024
Поени од реакции
36.785
Живеење покрај автопат. Ова е најверојатно една од најпрометните точки во Македонија, ако не и најпрометната. Звукот на автомобили и камиони ќе те прати цел живот и ќе го сонуваш, практично како да живееш на патарина. Би било прилично загадено од сообраќајот.
Оваа зграда тука се градеше едно 15 години, можеби и повеќе од 10 стоеше само крената нагоре и запуштена, сега очигледно се нашол некој и ја доправил.

Јас живеам во куќите во близина на зградава и секогаш сум се прашувал како не им смета бучавата на оние што се одма до автопатот ама ако луѓе немаат избор, и тоа им е добро.

На 20 метра подоле од оваа зграда има една друга, помала, мислам дека е цела населена и луѓе си имаат прифатено дека нема да имаат мир.

Цената на квадрат гледам дека е значително помала од било што друго ама пак да даеш 820е и да не можеш ни прозор да отвориш ми нема баш смисла.
 
D

Deleted member 53418

За зградава за која зборите сите, не се градеше од причина што имаа проблем со влезот. Од каде поточно да се влегува во зградата по која улица. Градена е од Бетон, ко инвеститори беа луѓето на кои беа парцелите. Веќе почнаа да се населуваат луѓе.

Со оглед на тоа што 1400 евра м2 е во Центар , а 1200 во Аеродром има луѓе кои немаат пари за стан таму па одбираат тука иако во Ченто има мн подобри згради нови за 900-950м2. Исто така и Маџари 950-1000м2.
 
Член од
14 август 2020
Мислења
224
Поени од реакции
522
За зградава за која зборите сите, не се градеше од причина што имаа проблем со влезот. Од каде поточно да се влегува во зградата по која улица. Градена е од Бетон, ко инвеститори беа луѓето на кои беа парцелите. Веќе почнаа да се населуваат луѓе.
Градена е од Гранит.Стоеше 10 години не чепната.Причина беше влезот на зградата,далноводот кој проаѓаше на 3 метри од зградата,и приклучок на вода.Со доаѓањето на бившиот градоначалник направија невиден криминал само за да има влез зградата,далноводот го ставија под земја,водата ја решија колку да им капе на станарите чешмата .Ништо околу влезот не е според дуп и закон,4 години се мачеа и пак не усепаа да направат легален влез.Моментално влезот е дивоградба и се очекува инспекторат и општина да го затворат.Имаше големи протести и притисоци од страна на жителите на околните улици но беа пригушувани од полиција и ебр.Во моментов има кривични и судски спорови.Последните денови стариот градоначалник на г баба ги искористи на диво да се прикличи вода до зградата.На ф100 а требало на ф400.Така да од 2 спрат нагоре вода ќе немаат.Требаше да се всели народ во август ама поради криминалите и нерегуларностите неможат да добијат технички прием.
Улица Палмиро Тољати е уличка со 200 куќи.Сега таа улица сакаат да ја оптеретат со 250 нови домаќинства а нова инфраструктура не се прави.ни довод ни канализација да не збориме за сообраќај.На главната улица ќе се чека за приклучок по 15 минути.
 
Член од
11 април 2012
Мислења
4.281
Поени од реакции
4.689

Де бе па ти ич не размислуваш револуционерно.
Ќе лупнат на велосипедската едно делче каде возилата ќе може без проблем да се спуштаат и директно на автопат ќе се уклучуваат новите станари каков Палмиро какви заебанции.
Градоначалникот што го сменија гледашвизионер бил конечно сакал да им го реши проблемот со таа зграда па макар и луѓето без вода живееле во истата ама тоа комшиите бе љубомора, зашто они да имаат стан ние не.

*поголем дел е сарказам ама реално близината на автопатот до таа зграда е најмал проблем. Живеев во куќите од другата страна (ок малку повнатре во куќите не прв ред) ама на тој дел од автопатот имало бучава само летно време кога чика Кољо и компанија брчеа со моторите у спротивна насока док полиција ги гледа и ужива со нив.
 
Член од
14 август 2020
Мислења
224
Поени од реакции
522
Де бе па ти ич не размислуваш револуционерно.
Ќе лупнат на велосипедската едно делче каде возилата ќе може без проблем да се спуштаат и директно на автопат ќе се уклучуваат новите станари каков Палмиро какви заебанции.
Градоначалникот што го сменија гледашвизионер бил конечно сакал да им го реши проблемот со таа зграда па макар и луѓето без вода живееле во истата ама тоа комшиите бе љубомора, зашто они да имаат стан ние не.
Точно си е све што кажа Дур имало протест градоначалникот бивши борче дошол и на луѓето им се развикал у стил ова од љубомора го праите видете што убава зграда.:lolzz:
ама на тој дел од автопатот имало бучава само летно време кога чика Кољо и компанија брчеа со моторите у спротивна насока док полиција ги гледа и ужива со нив.
Чув чика Кољо се вратил.набавил сериозни машини.Треба на пролет да одиме да го гледаме.:motorce:
Инаку бучавата што ја трпат куќите не е иста со бучавата што ќе ја трпат тие на 3 4 5 спрат.Огрда,дрва пак се одбива звукот.Али тие на повисоко што ќе бидат има да ги научат колите по звук што марка се,колку возат,и што гуми возат:icon_mrgr::icon_mrgr::icon_mrgr:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom