Станови во Скопје, совети за купување.

Член од
27 октомври 2017
Мислења
495
Поени од реакции
713
Природната географска позиција на скопје е таква што овозможува подобар развој од внатрешноста. Блискоста до автопатот и пругата север југ, рамниот терен, аеродромот и др. РСМ е планинска изолирана земја и секогаш ќе биде сиромашна, едино вардарската долина има колку толку услови за некаков економски развој.
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.169
Поени од реакции
34.281
Види, никој од мила воља не би го напуштил местото во кое се родил.
Ако тие од провинција што дошле да живеат во Скопје би ги имале бар приближно условите во нивните градови што би ги имале у Скопје, тешко дека би се решиле да се селат.
Мислам не дека у Скопје е идеално, загадено до немај каде ама пак барем за работа има избор.

И државата не мора на сите незадоволни да им ги решава проблемите за да останат у родните места, на дел да им ги решат доволно е :)
Согласен. Но, до оваа (тешко повратна) ситуација дојдовме затоа што на незадоволните граѓани секогаш им е полесно да ги бараат чарето на друго место (исто како и иселениците од Македонија) наместо да тежнеат кон тоа да издејствуваат подобри услови во примарното место на живеење. На крајот, сите ние ја правиме државата и сами ги бираме тие од кои бараме да ни ги решат проблемите.
 

Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.140
Поени од реакции
15.885
Согласен. Но, до оваа (тешко повратна) ситуација дојдовме затоа што на незадоволните граѓани секогаш им е полесно да ги бараат чарето на друго место (исто како и иселениците од Македонија) наместо да тежнеат кон тоа да издејствуваат подобри услови во примарното место на живеење. На крајот, сите ние ја правиме државата и сами ги бираме тие од кои бараме да ни ги решат проблемите.
Се нема поддршка, си имал колега со кој сте работеле у приватна фирма за 250 евра и бил гласен дека не се живее со таа плата, хаос е у градот од сообраќај до вода за пиење за после година дена се упика на државна цицка, се ставаат розови наочари и стануеме Швајцарија.

Па ти иде нервоза, собираш парталите и штрафта, a oн нека се жали после дека не може на децата да им обезбеди кров над глава зашо скапи становите у Скопје му биле :D
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
4.808
Поени од реакции
7.185
Стан кој реално чини 40000 евра (50 м2) тие го продаваат за 75000 евра, чисто профитерство, подобро да се забрани приватни инвеститори и нека државата да гради станови и нека продава барем по реална цена ќе бидат како некогаш, а не вака шака луѓе (т.н. инвеститори) ја диктираат цената на становите, буквално преку ноќ милионери станаа, па барем квалитетни да им беа градбите, и таму кратат ама државата е крива им дозволува...
Па кој и брани да гради на државата... Имаш и државно претпријатие баш за таа цел, но како и за сите други работи за кои државата е одговорна нема ефикасност.
 

Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.606
Поени од реакции
10.846
Значи сега е време за да се прават пари.
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.514
Поени од реакции
34.557
Сосема си во право, ама на сите твои прашања одамна е одговорено. Скопје, па Скопје. Сега веќе е доцна
Никогаш не е доцна, само со ретардирани политичари и ова е многу.

Cool story, not applicable in MK.Затоа што тука се луѓето, а со тоа и парите.

А за да нема интерес за нешто, треба да има интерес за нешто друго, подобро и поприфатливо. Во моментов нема такво нешто, затоа и интересот за Скопје и становите во Скопје е голем.
Се согласувам дека луѓето се тука и приватниците не може да ги преселат луѓето на друго место, ама државата може.

Имам честа комуникација со Хрватска и тие веќе работат интензивно на овој случај. Во моментот и државната администрација и приватните компании припремаат огромни проекти со кои ќе добијат милионски суми за изградба на инфраструктура и телекомуникации во помали места. Како надоврзување на ова имаат на листа веќе имаат еден куп ИТ компании кои ќе отворат претставништва во овие места (најчесто компании кои работат со хостинг/сервери/клауд/крипто/роботика).

Сите позиции кои може да се работат remote во иднина ќе немаат потреба од физичко присуство, зошто би доаѓал некој во Скопје ако истите услови или барем приближно ги има во помалите градови/селата низ мкд?

Глуп народ, силна држава викаа К-15 на времето, ама излегува „глуп народ - нема држава“.

Инаку со становите во најголем дел од случаи само им се помага на транзиционите лопови и трговците на дрога да си ги исперат парите.
Автоматски споено мислење:

Согласен. Но, до оваа (тешко повратна) ситуација дојдовме затоа што на незадоволните граѓани секогаш им е полесно да ги бараат чарето на друго место (исто како и иселениците од Македонија) наместо да тежнеат кон тоа да издејствуваат подобри услови во примарното место на живеење. На крајот, сите ние ја правиме државата и сами ги бираме тие од кои бараме да ни ги решат проблемите.
Јас познавам еден куп луѓе што не заминаа поради пари, туку поради политичките услови и културата во државата.
Како да ги подобриме? Да земам пушка и да го пукам секој што не ми се допаѓа на улица?
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.169
Поени од реакции
34.281
Како да ги подобриме? Да земам пушка и да го пукам секој што не ми се допаѓа на улица?
Не е ваљда дека со пушка се решаваат само проблемите, не разочарувај :)
Ваљда од тие илјадници што летнале накај Скопје, барем стотина успеале во бизнисот. На колку од нив им текнало да инвестираат во местото од каде што дошле и да ги подобрат условите кои лично нив ги натерале да си заминат?
 
Член од
19 ноември 2020
Мислења
2.524
Поени од реакции
9.405
Ваљда од тие илјадници што летнале накај Скопје, барем стотина успеале во бизнисот. На колку од нив им текнало да инвестираат во местото од каде што дошле и да ги подобрат условите кои лично нив ги натерале да си заминат?
Живееме во земја во која законите и устав се тоалетна хартија кога во прашање се одредени лица. Локални шерифи, партиски ботови, фукнционери сите има да ти се изредат и нема никаква полиција и закон да те заштити.

Еве ти пример за таков обид од инвестиција: решен да инвестира во мала фабрика за производство на прехрамбени производи каде во општина од 20к(според последен попис) ќе има почетно 50 вработени. Му се праќа список кои лица да ги вработи од партијата на власт, локални шерифи му исто бараат вработување на свои лица, општината и градоначалникот помагаат во тој притисок и неможе да старта со работа поради тоа што му ја кочат документацијата. Го фати инат и траеше неколку месеци каде се подготвено ама неможе да почне и потоа си дојде на свое место и најверојатно мораше да вработи партиски ботови.

Толку е катастрофа во малите места што ако не фатиш врски нема да добиеш преглед, со години ќе ти се влечат документи по општина(моите родители веќе 9 година ги влечат затоа што не сакаат мито да дадат) од страна на партиски ботови. Без разлика која партија на власт ова се случува.

Мислам дека е доцна за оправање, 30 години инсталирање на покварени вредности и поставување на скапали темели си го прават своето.
Па одозгоре на една тема една административка кука како администрацијата била заборавена и за жалење. Абе тие корумпирани гомна на државна цицка ми доаѓа преку шалтер да ги извадам и тепам, во која држава го има тоа да зимаш денови од одмор за да извадиш документ кој се вади за 5 минути.
Еве ти линк што прави администрацијата: https://kurir.mk/makedonija/hronika/drama-vo-opshtina-karposh-edno-lice-povredeno-motivot-e-ljuboven-triagolnik/
Си одат на работа за кафе пиење, швалерисување, турски серии гледање.

Еве како би ги решил овие работи, пошто овде народ веќе дигна раце и има тотален егзодус. Мислам дека треба да се направи сериозно истражување како успева оваа држава каква таква да тера 30 години.

Град Скопје последните 2 пати што бев завршив работа за 3-4 минути. Во родниот град ќе ми требаше минимум 2 часа.
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.514
Поени од реакции
34.557
Не е ваљда дека со пушка се решаваат само проблемите, не разочарувај :)
Ваљда од тие илјадници што летнале накај Скопје, барем стотина успеале во бизнисот. На колку од нив им текнало да инвестираат во местото од каде што дошле и да ги подобрат условите кои лично нив ги натерале да си заминат?
За разочарување е ситуацијата и тоа од најнизок левел до највисок: нефункционална администрација и денгубење за основни потреби, огромно загадување и горење на забранет отпад без никој да мрдне со прст, лудаци по улица и расправии во сообрајќај, политички одлуки анти општото добро, за време на капитализам огласи за вработување со специфицирана етничка припадност...

Зависи што подразбираш под „успеале“ и уште побитно зависи во која област успеале. Од моето искуство за одредени специфични професии нема кадар ни во Скопје, а не пак во помалите градови, така да џабе е инвестирањето.
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.169
Поени од реакции
34.281
Епа океј тогаш, да не се чудите зошто се високи цените на становите во Скопје :))
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.169
Поени од реакции
34.281
Не се чудиме. Провинцијалците се криви за пропаста на урбано Скопјенце :icon_lol:
За пропаста има повеќе фактори, а тоа е и друга тема.
Тука зборуваме за цените на становите, за кои, повеќе од очигледно е дека побарувачката е клучен фактор.
 
Член од
19 ноември 2020
Мислења
2.524
Поени од реакции
9.405
За пропаста има повеќе фактори, а тоа е и друга тема.
Тука зборуваме за цените на становите, за кои, повеќе од очигледно е дека побарувачката е клучен фактор.
Пазарна економија, становите се продаваат и по тие цени.
Само не ми е јасно од каде толкава побарувачка кога демографски назадуваме, државава има се помалку и помалку жители.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: A__
Член од
27 октомври 2017
Мислења
495
Поени од реакции
713
Друга причина покрај побарувачката е инфлацијата во евро зоната. Сто евра денес не вредат како сто евра пред 5 години.
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.631
Поени од реакции
4.932
Јас немам недвижност на мое име. Но девојка ми има стан и ќука, мајка ми стан и куќа, брат ми стан се во Скопје. Така да индиректно ми одговара да расте цената. Јас не верувам во инвестирање во недвижност само хартии од вредност и знаење признавам а за живеење имам места. Не очекувам многу да расте цената но нема да падне наскоро.
Условите за живот во недвижностите не се најдобри во Скопје ама тоа е нема да се смени наскоро во мк најверојатно ќе се влошува малку.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom