Станови во Скопје, совети за купување.

Член од
17 август 2011
Мислења
8.509
Поени од реакции
14.725
Веројатно проблем за управителот е времето на чекање за наплата.
Мислам дека најдобро решение е да дигаат џева и протестираат. 1000 гласачи има во зградите, ќе мора да им го решат проблемот.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
12.621
Поени од реакции
27.218
Ја прашав дали може, не мора курчење одма :D
Зашто ми изглеа прилично лесен loop, купи стан од странство, заглавија зградата во долгови и они они ќе живеат без лифт и светло цел живот.
Далеку е од курчење, го сакам оптимизмот :)

Извршители си го менаџираат тоа. Агенцијата за одржување си ја почнува постапката пред извршител и тоа е тоа, после они бркаат наплата.
Најбитниот момент е колку долго истото може да трае, затоа што барем ти треба да си свесен дека на македонски суд победува: тој што има појаки врски, тој што има пари да го држи предметот отворен „до бесконечност“.
Единствениот начин за да успееш во бизнис, или да не успееш, е умешноста да не останеш без континуран доток на пари, не постои фирма што ќе издржи на пазарот ако ова не функционира, и уште повеќе ако губи пари по рочишта.
Автоматски споено мислење:

Ако се погоди терсене доверител со исто таков извршител кој сака да ја тера работата до крај, може и да дојде до тоа. Посекако долгот од илјада евра ќе мутира во пет илјади евра кога ќе ги накалемат сите адвокатски, нотарски, извршителски и трошоци.

Од 200 илјади, проценител ќе го процени на 180, пријателче на извршителот ќе му фрли око и ќе ја наредат да го лапне за 120 :D

Инаку за толку мал долг, мислам дека прво ќе го отворат станот и ќе продаваат покуќнината на јавно наддавање :D
Дали озбилно мислиш дека ако налеташ на некој што веќе е уигран во системот ќе ти дозволи да му одземеш 60к без да те посетат батките без врат?
За 10к има тој извршителот да се плаши да излезе од дома, а да не правиме муабет за повеќе.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
8.509
Поени од реакции
14.725
Овде не станува збор за еден Итар пејо или некаков моќник, туку некој 20 посто од становите вајда не плаќаат зашто не им испаѓа есапот со сметките. Тоа се морони а не генијалци и на 99 посто од нив ќе им биде наплатено кад тад.

Штета за луѓето што плаќале редовно а ќе трпат у меѓувреме.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
12.621
Поени од реакции
27.218
Овде не станува збор за еден Итар пејо или некаков моќник, туку некој 20 посто од становите вајда не плаќаат зашто не им испаѓа есапот со сметките. Тоа се морони а не генијалци и на 99 посто од нив ќе им биде наплатено кад тад.

Штета за луѓето што плаќале редовно а ќе трпат у меѓувреме.
Така е де, во Македонија никогаш не станува збор за Итар Пејо, ама ете 99% се пејовци во: Арачиново, Сарај, Липково и тн. и затоа ќор денар не им е наплатен, и нема никогаш да им биде наплатен, а правиме муабет за корпорации кои може да ја купат државата.

Што мислиш колку од становите во Џевахир се купени од вакви фаци?
 
Член од
9 октомври 2022
Мислења
197
Поени од реакции
285
Само глупа македонска сиротиња мислеше дека е добар дил со 850 еура квадрат со уградена кујна, базени, заеднички простории, рецепција, картици кур се тресе, а во зграда од 500 стана и сумњив план на одржавање. Прво им секнаа пристап до базен затоа што, нели македонското - па шо има да плаќам 185 денара месечно кога не го користам -, сеа уште и од први спрат да кажат тие дека не плаќаат за лифтови пошто не ги користат. И така Џевахир стана миниверзија на државата и на народецот наш. За 10 години ќе се срушат сами од себе ради негрижа. Туракот по којзнае кој пат дојде шитна избега и остави гамадот да се дави у своите говна. Исто ќе биде и со она Дајмонд на јужен булевар, после 4-5 години ќе си отидат од одржавање, и после станбен управител што ќе го чекаш 10 недели да ти смени сијалица или да ти искречи.
 
Богами лош дил е да земеш стан за 850 и истиот да ти вреди 1300 сега.
 
Член од
9 октомври 2022
Мислења
197
Поени од реакции
285
Богами лош дил е да земеш стан за 850 и истиот да ти вреди 1300 сега.
Богами сите купуваат стан за да можат да го продадат после. Со фамилии деца, уложени пари, комфорт зона, и сеа ќе мораш да мислиш на бизнис. А и со тие 1300 што ќе купиш е прашање. А и да, 1300 е општо квадратот пазарна цена, али тоа незначи дека се тепаат луѓе да купат таму стан денес, дури има случаеви од првата кула што од летоска огласени станови уште неможат да ги продадат.
 
Член од
12 март 2008
Мислења
1.010
Поени од реакции
671
На Airbnb и Booking има еден куп станови во Џеваир и е наведено дека се со базен и спа.

:) :) :)

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
6.982
Поени од реакции
4.360
Зошто има толкава разлика во цените на новоградба и стар стан?
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
12.621
Поени од реакции
27.218
Зошто има толкава разлика во цените на новоградба и стар стан?
Затоа што во тоалетот на стариот се прават полоши слики за на Инстаграм :D
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
10.436
Поени од реакции
15.387
Зошто има толкава разлика во цените на новоградба и стар стан?
Не мора да значи, у Дром си држат цени, на оглас една цена, кога се јавуваш друга. За стан кај Палма ми бараа 2000 евра од квадрат. Исто стан во близина на Јане Сандански поликлиника граден 1975 сопственикот бараше 1250 евра + 9000 евра за подрум, иначе станот беше 115 квадрата.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
12.621
Поени од реакции
27.218
Сериозно прашав :)
Просто е, затоа што е нов и освен мебел немаш никаква инвестиција.
Кај стар може да е отидена столаријата, тоалетот да треба да се реновира, паркетот да е за шлајфање/лакирање, мириса самата зграда на старо, валкано, канта лифтови, ретко каде има доволно паркинг, можна заедничка инвестиција за кров и дури и се да е реновирано старо секогаш ќе личи на старо, ако е за 10-15% разлика и солидно градено, секогаш би земал нов.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom