Станови во Скопје, совети за купување.

Член од
12 април 2020
Мислења
468
Поени од реакции
866
А ти како го гледаш решението на проблемот? Имаме 35% празни станови а млади луѓе не можат да си дозволат повеќе од 55 квадрати и деца се растат во соби што се помали од затворски ќелии. Како би се решило според тебе тоа?
Нема што јас и ти да му го думаме проблемот на Трајко Петко Стојко. Имаат 55 квадрати во Скопје, тоа можат, ок си е тоа не е за жалење. Многумина надвор од Скопје ни толку не можат ама не видов кавијар комунистите да се нешто загрижени околу тоа. Секој за себе ќе си го реши проблемот. Треба само да му е дозволено да е слободен, а не да биди даночен со ова или со она.
Автоматски споено мислење:

Да не е проблем што младите не влегуваат во брак, ни бегаат од државата оти не можат еден мочан стан да исплатат

Приоритет е локални моќници да имаат по 5 стана и за тие да плаќаат што помалку данок, да им остане што повеќе за нов мерцедес и патување на Малдиви
Прво да видиме статистика колку пари се трошат на пиво, алкохол, цигари па после да видиме кој тоа не можел да исплати...
Да видиме за колку е зголемено трошењето на одмори, трошењето на кладилници.
Да видиме за колку се зголемени даноците во споредба со пред 25 години.
Зошто пред 30 години беше нормално да живеат 2 генерации во стан,а денес очи ќе си ископаат?
Тука барајте си ги причинити.
Автоматски споено мислење:

Велиш ресурсите се лимитирани, така?

На кои ресурси мислиш, на сончевата светлина, на водата и воздухот? Леле стварно, немој да пиеш толку вода, дај остај малку и за другите и не туку се издишувај пречесто, ќе го потрошиш воздухот. И дај молим те немој да шеташ кога е дење, бидејќи за да ти го загрее и оздрави телото, му ја трошиш на Сонцето батеријата. Затоа елај ваму, ќе те скријам кај мене во пештерата!

Или можеби мислиш на други ресурси, како на пример семињата за жито, памук, ориз, компир, чушки и френки, кајсии, сливи, грозје и банани. Што знам, можда на тие мислиш?!? Дека знаеш, еднаш кога ќе ги откорнеш, не растат повторно, пази се што ти велам!

Или што знам, мислиш на други ресурси, железо, камен и песок можда?
Лимитирани се и тоа како. 50 години не е отворен нов поголем рудник на бакар, постоечките се истрошени. Ова како пример. За други ресурси да не правиме муабет. Допрва иди зимата за ресурси.
 
Последно уредено:

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.628
Поени од реакции
34.881
Штом велиш на кратко, епа ај и ја, вака, на кратко.

Роб можеш да бидеш само и единствено на својот сопствен светоглед и на ништо друго!
Затоа внимавај кој ти го слика пејсажот!!
Земја има доволно, ресурси има во изобилие!
Војни има бидејќи си глуп!!

Ова последново не го пишувам за тебе лично, персе, да не мислиш дека те вреѓам, туку за секој што се чука у гради и е спремен да оди да гине и убива за нечиј туѓ интерес.

А сега малку на подолго.

Зошто мислиш дека ако некој работи од 8-16 всушност го смета за рмбање? Што ако ужива во тоа што го работи? Зарем и тогаш ќе биде рмбање? Еве, замисли нешто што ти сакаш, знаеш и обожаваш да правиш најдобро. И после замисли да го правиш секој ден по неколку саати и некој за тоа те наградува. Ќе го сметаш за рмбање? Нема, се разбира. Ама ако ти дадат ниска награда, па макар го сакал и најмногу на свет, ќе ти се збоктиса, така? Тогаш во што е проблемот, во тоа што ти не сакаш да го работиш тоа што го обожаваш или во тоа што не е наградено соодветно?

Велиш земјата е лимитирана, така?

Си се качил некогаш на врв планина, да видиш до каде можеш да фрлиш поглед? Кажи ми колку земја гледаш? Многу или малку? Епа на тоа што го гледаш, позади и потаке, има уште толку и отпојќе. Ама тебе ти кажале дека, бухухухуууу, земјата е мала, лимитирана, нема, толку е, тканди се затнало, леле мајко што ќе правиме, по дрвја ќе треба да живееме!!

Ако ја земеш цела популација на светов, ги стиснеш сите луѓе како сардини еден до друг, ќе може да ги сместиш во квадрат од 30 х 30 километри. Од Сарај до Драчево има 20км. И што велиш, нема земја за сите, малку е, м?

Во моментов, обработливо земјиште по чоек (од сите тие милијарди што не’ има по бели свет) е распослано на 6 х 6 километри. Шо знам, малку е, стварно, како ли само ќе ги сместам на тој мал простор сите бавчи, градини и кочини, кои ми требаат за да се прехранам?!?

Велиш ресурсите се лимитирани, така?

На кои ресурси мислиш, на сончевата светлина, на водата и воздухот? Леле стварно, немој да пиеш толку вода, дај остај малку и за другите и не туку се издишувај пречесто, ќе го потрошиш воздухот. И дај молим те немој да шеташ кога е дење, бидејќи за да ти го загрее и оздрави телото, му ја трошиш на Сонцето батеријата. Затоа елај ваму, ќе те скријам кај мене во пештерата!

Или можеби мислиш на други ресурси, како на пример семињата за жито, памук, ориз, компир, чушки и френки, кајсии, сливи, грозје и банани. Што знам, можда на тие мислиш?!? Дека знаеш, еднаш кога ќе ги откорнеш, не растат повторно, пази се што ти велам!

Или што знам, мислиш на други ресурси, железо, камен и песок можда? Знаеш дека ги нема многу, така? Знаеш дека планетава е направена од меур од сапуница и кај да е ќе пукне. Нели ти реков немој да дишеш премногу, ќе го исцицаш цел воздух, ќе пукне побрзо од што треба!!

Аааа да бееееее, знам, знам, се сетив сега. Ти уствари мислиш на злато, алуминиум, бакар, такви ствари, така? Тие не можеш да ги рециклираш, да, стварно, еднаш ќе ги употребиш и после у ѓубре одат, така е, знам ја, така праам со лименките од пиво, мама ме научи.

Значи, да заклучиме.

Земјата е мала, ресурсите си снемува, а мене очите ми се, еве нааааааа, толку широко затворени!!

И сега врв ќе биде и уште ако ми кажеш дека сме пренаселени, многу не' има и треба помалку да се котиме. :pos:

П.С. Бајаги забегавме, ако решил модераторот да брише, белким ќе ги префри мислењата во други теми.
Ај вака, глуп дома да им кажуваш, а ако имаш почит кон мене цитирај ме, ако не прескокни ми ги мислењата.
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.633
Поени од реакции
4.934
Да не е проблем што младите не влегуваат во брак, ни бегаат од државата оти не можат еден мочан стан да исплатат

Приоритет е локални моќници да имаат по 5 стана и за тие да плаќаат што помалку данок, да им остане што повеќе за нов мерцедес и патување на Малдиви
Тие моќници им даваат плата ако не се тие ќе јадат корења и ќе живеат во колиба од слама. А ти бараш туѓи станови да крадеш.
 
Член од
3 јуни 2022
Мислења
938
Поени од реакции
2.211
Тие моќници им даваат плата ако не се тие ќе јадат корења и ќе живеат во колиба од слама. А ти бараш туѓи станови да крадеш.
Под моќници мислев на судии, министри, разни функционери, транзициони лопови итн. Јас сум за лабави давачаки кон правите бизнисмени ама овие првите не се тоа, а прават многу поголема штета отколку корист кон народот. Едноставно со повисокиот данок на 2,3,4 стан кој не го користиш за домување ќе ги натераш да ги насочат парите на друго место. На пример во бизниси во акции на берза има бизнисмени како АЛК/ПКБ кој тие пари ќе ги работи, ќе вработи повеќе луѓе, ќе зголеми производство итн еден куп позитивни работи наместо да ги заглавиш во цигла и креваш цени на млади брачни парови да имаат причина + да бегаат надвор
 
Од станови живеат градежници и мајстори нив никој не ги плаче и жали како земјоделците.
 
Член од
3 јуни 2022
Мислења
938
Поени од реакции
2.211
Од станови живеат градежници и мајстори нив никој не ги плаче и жали како земјоделците.
Па ќе продолжат да живеат градежниците и мајсторите ако има народ кој ќе купува, а со сегашниве цени ќе го има се помалку оти секој 2-3 млад човек бега надвор

Ама изгледа дел од вас сакате бизнис за 10 години да издавате станови на Ирачани, Сомалијци, Афганистанци наместо на Македонци
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.633
Поени од реакции
4.934
Па ќе продолжат да живеат градежниците и мајсторите ако има народ кој ќе купува, а со сегашниве цени ќе го има се помалку оти секој 2-3 млад човек бега надвор

Ама изгледа дел од вас сакате за 10 години да издавате станови на Ирачани, Сомалијци, Афганистанци наместо на Македонци
И онака ни фали популација. Барем ќе работа за 18.000 и ќе бидат среќни.
 
Член од
3 јуни 2022
Мислења
938
Поени од реакции
2.211
И онака ни фали популација. Барем ќе работа за 18.000 и ќе бидат среќни.
Па и допрва ќе фали со вакво глупо размислување, поважно е рандом моќник да има 10 станови отколку да задржиш работоспособно домашно население

Така де ќе избркаш 500к Македонци за да доселиш 200к црнци муслимани многу паметно ти е размислувањево на долг рок. И Европјаните така мислеа и почнаа да носат популација од секакви места па откако видоа дека не оди работава на добро креираа конфликт во Украина барем бело работоспособно население да дојде
 
Член од
9 април 2007
Мислења
1.269
Поени од реакции
970
креваш цени на млади брачни парови да имаат причина + да бегаат надвор
Стар брачен пар..бара нива Млад брачен пар..има нива Млада девојка..нуди нива! ВО НИВАТА ИМА СЛИВА!
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.628
Поени од реакции
34.881
И онака ни фали популација. Барем ќе работа за 18.000 и ќе бидат среќни.
Заборави работење за мали пари, дури и тие од надвор ако дојдат нема да работат за мали пари.
Она што ме чуди е како некој кој се прави дека разбира економија, е толку слеп да види дека на тековната политика во државата (становите + се друго) долгорочно е убиец на се што сега гледаш како економија.

Или немаш допирна точка со реалноста, или си прескокал часови.

Ако споредам квалитет и квантитет на кадар во последните 10 години, тоа што сега го примаме на работа во 2015та немаше да стигне ни до прво интервју, а сега им даваме далеку поголеми плати. Ова е далеку од добар знак, т.е може да е добар знак за некој кој верува во 500те евра плата на IQ33, а мене ми вика дека како фирми треба да работиме на план Б, т.е отворање канцеларии во други држави со оглед на тоа што Македонија не нуди ни квантитет, ни квалитет, ниту ниски цени.
 
Член од
9 јануари 2010
Мислења
86
Поени од реакции
51
Се извинувам што пишувам во оваа тема, но не можев да најдам друга соодветна.
Прашање, со оглед на тоа што на страната на Комерцијална даваат многу малку информации, што се' се зема во предвид при апликација за потрошувачки кредит (за уредување на стан)?
Има ли лимит до кој се бара жирант ? Планот ми е да аплицирам за околу 10к евра.
Имам редовни месечни примања, околу 45к денари.
И уште едно прашање, дали доколку имам незатворен дозволен минус од 1 плата се зема во предвид ?
Фала
 
Член од
11 април 2012
Мислења
4.279
Поени од реакции
4.687

Тоа за сумата и жирантите ќе оставам некој друг да ти одговор. А тоа што го имаш за дозволен минус да се зима во предвид, и веројатно ќе треба да го покриеш со кредитот и да бидеш на салдо 0. Дали и понатаму ќе ти дозволат да одиш во минус не знам
 
Член од
28 мај 2022
Мислења
67
Поени од реакции
120
Се реши конечно?
Ова е тоа?
Готово, сигурен си?
Ама дали си сигурен??
Ептен сигурен??
Чисто да знам уште колку персоналити имаш во главата.

Лимитирани се и тоа како. 50 години не е отворен нов поголем рудник на бакар, постоечките се истрошени. Ова како пример. За други ресурси да не правиме муабет. Допрва иди зимата за ресурси.
  • The copper on that penny maybe as old as the pharaohs, because copper has an infinite recyclable life. Copper, by itself or in any of its alloys, such as brass or bronze, is used over and over again.
  • Known worldwide copper resources are estimated at nearly 5.8 trillion pounds of which only about 0.7 trillion pounds (12%) have been mined throughout history... and nearly all of that is still in circulation, because copper's recycling rate is higher than that of any other engineering metal.

Прочитај погоре и кажи ми зошто да се отвори нов рудник и да се копа?

Иначе, допрва иди зимата за дополнителни раце и нозе, ама ај, нека ти биде, квадратот 10.000 евра ќе станел.

Изгледа единствено што изумира во светов се мозочни клетки, а тие како што знаеме не се обновуваат. И молим те немој да се вреѓаш, не е наменето за тебе лично (еден од проблемите на форум кога секој лично си сфаќа). Го пишувам, за да на тој некој што ќе прочита, му се отворат очите.

- Милорд, масата тропа на врата со вили и страпови.
- Кажи им дека патлиџаните утре ќе бидат едно кило 50 фунти.
- Да милорд, веднаш милорд.
- И друг пак не ме замарај додека си го пијам брендито.
- Секако милорд.

Ај вака, глуп дома да им кажуваш, а ако имаш почит кон мене цитирај ме, ако не прескокни ми ги мислењата.
Пишав еднаш на твојот пост, еве и погоре уште еднаш се објаснив.
Од мене толку, појќе од Господ.
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
4.867
Поени од реакции
7.254
Чисто да знам уште колку персоналити имаш во главата.
Ти ли најде за други да пишуваш... Бил против даноци и мешање на државата, ама реферати со предлози за обратно од тоа. :tapp:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom