Станови во Скопје, совети за купување.

Член од
8 февруари 2020
Мислења
2.239
Поени од реакции
3.223
Само да отиде данокот нагоре, таксата за струја, и да поскапат давачките за одржување, очекувај голем циркус.
Имаме екстремно низок данок на недвижности, телиња се овие од владата (или имаат друг интерес), инаку има слободно шанса да оди неколку проценти нагоре.
Плус да се воведе данок на луксуз (на ниво на семејство, не на поединец), со што нема да ги пикаат парите во недвижности, туку ќе ги трошат во економијата за други работи (троа конзумеризам како во САД). Вака есап имаат само банките, и нарко босовите што ги перат преку граѓевина.
Втора работа е да задржи вирусот уште 2-3 години (само троа поагресивен сој), и фирмите да бидат принудени да ги вратат вработени да работат римоут (таму каде што е возможно). Сите тие што ги земаа за да ги рентаат, или за airbnb/booking бизнис ќе цвикнат.
Мал бил данокот на недвижности, да се вовел данок на луксуз и како пупка ќе се отвориме :D
Демек ако го зголемат данокот на имот, тие што имаат повеќе од 2 стана, ќе почнат да ги продаваат за пониска цена за да платат данокот...
Не е проблемот што за да изградиш зграда (чесно и по сите правила), треба да подмитиш од чувар до градоначалник. Тоа значи имаш дополнителни трошоци, кои за да ги покриеш, т.е. да оствариш профит, мора да зголемиш цените на становите.
Ама нели според тебе, проблемот се тие што давале мито, не тие што ти бараат и кај кого е печатот. Тоа што нема да завршиш работа ако не платиш мито, а мораш да ја завршиш, тоа не е битно. Не е проблемот што Стефче и компанија гратис (или испод цена) добиваат станови, туку и ти сакаш како нив да поминеш, но забораваш дека ти фали една работа - печатот.

Веќе кога си запнал да ги натераш луѓето повеќе да трошат, тогаш дај нека воведат данок на депозити (орочени и неорочени) и двоцифрен данок на наследство, има економијата да се раздвижи ко Маглеев воз (ама во еден правец)
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
10.346
Поени од реакции
20.761

Се тоа е дел од проблемот, никаде не го негирам, се согласувам.
Ќе те дополнам дека покрај тие општинарите, втор канцер ти се тие „старите Скопјани“, кои демек го сакаат градот, ама затоа кога дојде инвеститор им се отвора дупето максимално. Па го рекетираат со по 200м2 во станови, за руината на која до вчера не биле способни да и го поправат кровот.

Инаку ништо нема да се отвори, пак ќе функционира, само што ќе се смени навиката за инвестирање и менаџирање на финансиите.
Со тој данок, нема да ги затвораат парите во недвижности, затоа што ако не ја издадат таа недвижност барем 80% од годината ќе бидат во минус споредено ако ги инвестираат во МБИ10 или нешто слично.
Издавањето е тешко, и ќе станува уште потешко. Ако разгледаш огласи за издавање, ќе забележиш дека има станови кои не можат да ги издадат со месеци (и тоа по 3-4 агенции го нудат истиот стан).
Од друга страна пак тој што ќе зема прва недвижност може да биде ослободен од данок, со што ќе им се понуди олеснување на сите да стигнат до кровот над глава.

На депозитите речиси и да го имаш данокот, невидлив е, но постои. Попластично, под 2 години депозити во моментот имаат 0% камата, а инфлацијата барем во моментот сигурно над 5%. Што значи и ништо да не му земеш, депозитот ќе му вреди за 5% помалку на годишно ниво.Ако решат и да не го штитат денарот и да почне да девалвира, отиде упм.
 
Член од
9 април 2007
Мислења
986
Поени од реакции
629
Мое предвидување за цените после 2022: За понови станови што се на лагер зборам не за некој комунистички полуреновиран што само комшиите знаат дека се продава и тетка славка.

Центар (1500-2000), Аеродром(1200-1450), Лисиче(1200-1300), Карпош(1500), Кисела Вода(1000-1300), Козле(1600), Автокоманда, Ѓорче, Гази Баба, Бутел, Чаир (1100).
Сеа ќе си варира зависи и од локација не е исто Припор и Пржино како и Маџир Маало и Водно или Парк итн...
Него моето мислење не исплатливо да се инвестира во недвижнини зашто пата пата ќе искочиш. Јас мислам паркинг местата ќе бидат луксуз.
Сега идат од 2500 до 5000 па и до 7000. А за некоја година ќе се бара ко леб. Не зборам за гаража туку само местото без врата само тоа портокаловото што се крева и кључ. Тоа е прав бизнис.

Нема да паднат цените нит да стагнираат само пополека ќе идат нагоре. Моментално се ниски цените карши Фон на индустриска ама не е урбано сеа. Али по гледање на плановите таму багерот ќе влезе само треба да почекаш 10тина години.
 
Член од
29 јуни 2018
Мислења
2.944
Поени од реакции
4.645
Ќе те дополнам дека покрај тие општинарите, втор канцер ти се тие „старите Скопјани“, кои демек го сакаат градот, ама затоа кога дојде инвеститор им се отвора дупето максимално. Па го рекетираат со по 200м2 во станови, за руината на која до вчера не биле способни да и го поправат кровот.
Мене ми е сосем нормално ова.
Зашто би дал 100 квадрати куќа и 500 квадрати двор за 100 квадрати стан на иста локација? Ми нема никаква логика.

Нормално дека секој сака да ќари, и тој инвеститор доаѓа со цел да ќари од тебе.

Плус ми е тоа - имам 500 квадрати - добивам само 100 за возврат.
И тоа на иста локација.

Едноставно не добиваш ништо, во најдобар случај добиваш нова градба стан, иста квадратура, иста локација а губиш цел двор т.е цела искористлива површина.

Пак ќе ти кажам, ги сфаќам луѓето, и сосем нормално е, не е некој исфуран „Скопски“ фазон ко што сакаш да го прикажеш.

Ти би дал куќа од 100 квадрати во Скопје за 100 квадрати стан на иста локација?
Ако да, ЗАШТО?

Уствари зашто воопшто некој би правел нешто без притоа да има никаков ќар од тоа.

Муабетот ми е, се потценува многу куќата, дворот итн. Стан не може никогаш да ти го пружи тоа што може куќа и двор.
Не се будали ни инвеститорите, знаат дека огромен профит ќе напраат од тие квадрати што ќе ги земат и направат станови.

Едноставно за мене куќа со двор ќе вреди секогаш многу повеќе од стан на слична локација. :)
 
Член од
17 август 2011
Мислења
7.204
Поени од реакции
12.087

Куќите ги даваат најчесто кога има веќе неколку наследници, и мора да го делат имотот. Или има повеќе деца, па на тој начин да ги обезбеди. Никој будала не би дал куќа за стан, дури и да не е во добра состојба. И тие бараат според пазарот, односно гледаат колку се нуди во комшии за слична квадратура и бараат и они толку.

Во секој случај они се минорен детал во тоа што ја движи цената на становите. Тоа може да игра улога кај малите зградички, а не комплексиве што ги градат големите фирми. Пак ќе кажам побарувачката е тоа што ги движи цените, не железото, старите куќички или мајсторите. Како за пример ќе ги земам Џевахир. Кула Ц идеше за 1000 до завчера што се вика, а Д ќе биде 1200 од нова година. Зградите се дигнати практично паралелно, нема никаква логика едната да е 20% поскапа. Меѓутоа видоа дека на оглас им се продаваат становите по 1200+, и не се будали ќарот да им го прават препродавачи..
 
Се тоа ми е јасно, сакав само да пишам за тоа „Стари Скопјани“ што го сакале Скопје.

Иначе се сложувам со тебе.
Народот у последниве 10+ години се залета по станови и по „локација“, цените веќе се нереални и во плафон. Мислам дека сега е/ќе биде последниот воз каде што куќа на малце полоша (индивидуално е тоа) локација е поисплатлива за инвестирање од Стан. Збориме за живот. :)

Се дур не почнат да паѓаат цените на становите, се понеисплатливо ќе биде инвестирањето во стан за живот. кај и да е ќе почне Скопје се повеќе и повеќе да се шири.
 
Нема да паѓаат цените на убави локации. Може да паѓаат во илинден, соње или онаа зградата покрај автопат.
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.027
Поени од реакции
14.859
Мене ми е сосем нормално ова.
Зашто би дал 100 квадрати куќа и 500 квадрати двор за 100 квадрати стан на иста локација? Ми нема никаква логика.

Нормално дека секој сака да ќари, и тој инвеститор доаѓа со цел да ќари од тебе.

Плус ми е тоа - имам 500 квадрати - добивам само 100 за возврат.
И тоа на иста локација.

Едноставно не добиваш ништо, во најдобар случај добиваш нова градба стан, иста квадратура, иста локација а губиш цел двор т.е цела искористлива површина.

Пак ќе ти кажам, ги сфаќам луѓето, и сосем нормално е, не е некој исфуран „Скопски“ фазон ко што сакаш да го прикажеш.

Ти би дал куќа од 100 квадрати во Скопје за 100 квадрати стан на иста локација?
Ако да, ЗАШТО?

Уствари зашто воопшто некој би правел нешто без притоа да има никаков ќар од тоа.

Муабетот ми е, се потценува многу куќата, дворот итн. Стан не може никогаш да ти го пружи тоа што може куќа и двор.
Не се будали ни инвеститорите, знаат дека огромен профит ќе напраат од тие квадрати што ќе ги земат и направат станови.

Едноставно за мене куќа со двор ќе вреди секогаш многу повеќе од стан на слична локација. :)
Не знаеш во какви услови живеат некои луѓе во куќа, затоа ги даваат. Или па оние мини стамбени објекти во Аеродром што се/беа, тоа е жално.
Тој што има пари, си става фасада, менува кров и си тера живот, никој без причина не би дал куќа за исто па и дупло површина.
 
Не ми ја сфати поентата изгледа.
Не го негирам тоа. Секој си ја прави својата математика, затоа и секој си преговара со инвеститорот. Нормално и затоа не секоја куќа/земјиште исто се вреднува.

Јасно ми е колку е тешко да се опстои, барем за во Скопјево. Многу луѓе од зорт продадоа/дадоа куќи а и станови. И сосем нормално ми е да се бара поголема површина кога станува збор за куќа, па и дупла во добар дел од случаите. Си има основа.

Иначе за становите во Аеродром, тие малите зградички иам слушнато и дека не добиле многу повеќе од тоа што имале, а знам дека и не беа во некоја сјајна состојба, барем од муабети со познаници.
 
kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
6.513
Поени од реакции
9.259
Искрено смешно ми е ова со пад на цените... Дајте кажете во кој главен/поголем град паѓале цени? Да имаше во УСА пред 10тина+ години во Детроит ама тоа е тотално различно од остатокот на светот. Друго место?

Реално ако збориме во Европа а посебно МКД народот е конзервативен кога се во прашање кредити. Нема преголеми заглавувања, па види ги математиките на оваа тема, пола од лугево овде разубедуваат некој да земе кредит да се среди или да инвестира. Инвеситорите работат со компензација, земјиште за станови, стан за работа итн... Колку се задолжени за еден објект? Со сегашните камати еден продаден стан му ги покрива ратите за година, две па и више така да он може да чека и ќе чека.

Зборите дека нема побарувачка? Каде тоа нема? Па све е продадено уште дур се гради... Нема пари? Немаат некој, ама имаат доволно, очигледно се абзорбираат сите нови градби.

Реално квадратот во СК е евтин споредено со другите градови во околијата и европа. МКД допрва ќе го има тој „ЕУ“ раст кога тогаш. На долги стази воопшто не е лошо да се затвори некоја пара во некретнина во МКД, поготово нешто што може лесно да се издава и да е интересно за странци. Се повеќе ќе има миграција на пензионери во клуб мед држави ко нашава каде некој со странска пензија + кирија од станот во лондон, михен може да живее убаво во СК, ОХ или Мариово ако сака тоа. Побарувачка има и во моментот кога веќе ќе ја снема први ќе испарат градежните фирми, никој не стартува објект без да направи анализа и има веќе некаква побарувачка/математика.

Друга работа е што цените на метеријалите сигурно ќе растат во наредниот период. Тие што беа при пари и малку паметни ваљда искористија гужва сега да се снабдат со некој работи од Турција дур лирата им беше утепана ама еве и тоа веќе нема да биде, се повеќе очекувам Ердо да интервенира така да ефтини материјали ќе нема, ни од Турција ни од Кина на подолги стази. Додај на тоа дека штом заврши пандемијата или бар се отвори ЕУ како треба има повторно еден куп градежници да си одат од МКД така да тешко до пад на цените на градбата.

Зборувате даночење едно друго... Реален муабет е дека персоналец и компаниски данок ќе мора да се изедначува полека со ЕУ плус ќе мора да почитува вољата на чичко Сем за минимален глобален данок од 15%. За 2-3 год макс тоа ќе мора да се примени. Во таква ситуација ниту ќе има данок на имот ниту нешто друго ќе се смени, а и зошто би се сменило? Сфаќам дека има многу утепани што им треба ефтин квадрат за да се средат ама за на нив да им се угоди ќе треба да ги даночиш и практично избркаш оние што се кредитно способни и имаат пари? Зошто? Со кој памет? Плус се донесе нели закон да може да се инвестира во Србија со овој мини шенген или допрва ќе се носеше али кај и да е и тоа ќе биде... Значи ако почнеш да зголемуваш даноци насочени кон инвеститорите они ќе префрлат дел од парите во Београд на пример. Во АУС последниве години место даноци малку ги затегнаа условите за кредити за инвестирање па сега сите што неможат во АУС да купат купуваат во Нов Зеланд. Исто ќе биде и во МКД, го боли цеф некој дали ќирија ќе му плаќа некој во СК, БТ, Ниш или Загреб. Изливот на капитал од МКД ќе ја утепа градежната индустрија и пак е прашање дали некој што неможе да си дозволи да живее кај што сака ќе купи нешто.

Средување на корупцијата, средување на општински даноци, подигање на стандард при градба, обавезно обезбедување на паркинг плац со секој продаден стан и ред други работи треба да се средат али пак не гледам како тоа ќе ги падне цените. На крај се е supply and demand а во моментот се бара стан повеќе а оние кој имаат можат да чекаат со години... Нема да има пад, џабе се надевате.
 
Не може да добијат повеќе бидејќи се многу станови, да беше добра состојбата не верувам дека би ги дале затоа што секако е боље 10 комшии отколку 15.
Тие кај мене, влезот им беше со дрвена врата од македонски народни приказни и мислам дека и скалите исто внатре. Прозорите еден од 10 имаше пвц. Хорор.
Остана уште една, ќе ја сликам баш ако не заборавам.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
10.346
Поени од реакции
20.761
Мене ми е сосем нормално ова.
Зашто би дал 100 квадрати куќа и 500 квадрати двор за 100 квадрати стан на иста локација? Ми нема никаква логика.

Нормално дека секој сака да ќари, и тој инвеститор доаѓа со цел да ќари од тебе.

Плус ми е тоа - имам 500 квадрати - добивам само 100 за возврат.
И тоа на иста локација.

Едноставно не добиваш ништо, во најдобар случај добиваш нова градба стан, иста квадратура, иста локација а губиш цел двор т.е цела искористлива површина.

Пак ќе ти кажам, ги сфаќам луѓето, и сосем нормално е, не е некој исфуран „Скопски“ фазон ко што сакаш да го прикажеш.

Ти би дал куќа од 100 квадрати во Скопје за 100 квадрати стан на иста локација?
Ако да, ЗАШТО?

Уствари зашто воопшто некој би правел нешто без притоа да има никаков ќар од тоа.

Муабетот ми е, се потценува многу куќата, дворот итн. Стан не може никогаш да ти го пружи тоа што може куќа и двор.
Не се будали ни инвеститорите, знаат дека огромен профит ќе напраат од тие квадрати што ќе ги земат и направат станови.

Едноставно за мене куќа со двор ќе вреди секогаш многу повеќе од стан на слична локација. :)
Не викам дека не е ненормално, само сум алергичен на овие. Истите тие се скапаа плукање дека провинцијалците им го заебавме Скопје, а да не беа провинцијалците не беа способни да сменат една дограма на тоа гулабарниците што ги продадоа како да се хациенди.

Капиталистички гледано е супер за тие што се во таа фела, и за тие што продаваат кокошарници, а добиваат нова градба, ама гледано за општото добро е погубно, а барем од моја гледна точка колку и да сум капиталист сметам дека секој треба да има кров над глава, или еднакви шанси да стигне до такво нешто.

Да не ја должам, на темава и во поглед на недвижности и катастарски системи можам да пишувам со денови, али на кратко: главна грешка е што државата дозволи да имаш право на сопственост врз земјиштето, и што сакаш да правиш со истото. Јас сум за катастарски системи од типот на Англискиот каде земјиштето е на државата (во нивен случај кралството), а ти имаш право нешто налик на нашето владение во период од 100тина години. Системи од овој тип се добри за земји како нашата со тоа што си пофлексибилен при одлуки и изградба на објекти битни за целата држава, а воедно и е поголема контролата при одлуки за понатамошни градби.

Да не го тупам, не ми е поентата да споредуваме дали е подобро куќа или стан, туку само мое видување како може да се регулираат цените. Со тековниот тренд, иако не сум верник ќе ви кажам: „нека ви е госпо на помош на тие што треба да купувате станови во иднина во метрополата“. На стандардот што го имаме и на просечните плати во сите други бизниси освен ИТ, затка од 60м2 ви е проект што ќе го завршите со исплата ако дочекате пензија.
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
8.072
Поени од реакции
26.234
Искрено смешно ми е ова со пад на цените... Дајте кажете во кој главен/поголем град паѓале цени? Да имаше во УСА пред 10тина+ години во Детроит ама тоа е тотално различно од остатокот на светот. Друго место?

Реално ако збориме во Европа а посебно МКД народот е конзервативен кога се во прашање кредити. Нема преголеми заглавувања, па види ги математиките на оваа тема, пола од лугево овде разубедуваат некој да земе кредит да се среди или да инвестира. Инвеситорите работат со компензација, земјиште за станови, стан за работа итн... Колку се задолжени за еден објект? Со сегашните камати еден продаден стан му ги покрива ратите за година, две па и више така да он може да чека и ќе чека.

Зборите дека нема побарувачка? Каде тоа нема? Па све е продадено уште дур се гради... Нема пари? Немаат некој, ама имаат доволно, очигледно се абзорбираат сите нови градби.

Реално квадратот во СК е евтин споредено со другите градови во околијата и европа. МКД допрва ќе го има тој „ЕУ“ раст кога тогаш. На долги стази воопшто не е лошо да се затвори некоја пара во некретнина во МКД, поготово нешто што може лесно да се издава и да е интересно за странци. Се повеќе ќе има миграција на пензионери во клуб мед држави ко нашава каде некој со странска пензија + кирија од станот во лондон, михен може да живее убаво во СК, ОХ или Мариово ако сака тоа. Побарувачка има и во моментот кога веќе ќе ја снема први ќе испарат градежните фирми, никој не стартува објект без да направи анализа и има веќе некаква побарувачка/математика.

Друга работа е што цените на метеријалите сигурно ќе растат во наредниот период. Тие што беа при пари и малку паметни ваљда искористија гужва сега да се снабдат со некој работи од Турција дур лирата им беше утепана ама еве и тоа веќе нема да биде, се повеќе очекувам Ердо да интервенира така да ефтини материјали ќе нема, ни од Турција ни од Кина на подолги стази. Додај на тоа дека штом заврши пандемијата или бар се отвори ЕУ како треба има повторно еден куп градежници да си одат од МКД така да тешко до пад на цените на градбата.

Зборувате даночење едно друго... Реален муабет е дека персоналец и компаниски данок ќе мора да се изедначува полека со ЕУ плус ќе мора да почитува вољата на чичко Сем за минимален глобален данок од 15%. За 2-3 год макс тоа ќе мора да се примени. Во таква ситуација ниту ќе има данок на имот ниту нешто друго ќе се смени, а и зошто би се сменило? Сфаќам дека има многу утепани што им треба ефтин квадрат за да се средат ама за на нив да им се угоди ќе треба да ги даночиш и практично избркаш оние што се кредитно способни и имаат пари? Зошто? Со кој памет? Плус се донесе нели закон да може да се инвестира во Србија со овој мини шенген или допрва ќе се носеше али кај и да е и тоа ќе биде... Значи ако почнеш да зголемуваш даноци насочени кон инвеститорите они ќе префрлат дел од парите во Београд на пример. Во АУС последниве години место даноци малку ги затегнаа условите за кредити за инвестирање па сега сите што неможат во АУС да купат купуваат во Нов Зеланд. Исто ќе биде и во МКД, го боли цеф некој дали ќирија ќе му плаќа некој во СК, БТ, Ниш или Загреб. Изливот на капитал од МКД ќе ја утепа градежната индустрија и пак е прашање дали некој што неможе да си дозволи да живее кај што сака ќе купи нешто.

Средување на корупцијата, средување на општински даноци, подигање на стандард при градба, обавезно обезбедување на паркинг плац со секој продаден стан и ред други работи треба да се средат али пак не гледам како тоа ќе ги падне цените. На крај се е supply and demand а во моментот се бара стан повеќе а оние кој имаат можат да чекаат со години... Нема да има пад, џабе се надевате.
Да, становите во Скопје се поефтини од други места во Европа зашто Скопје е факинг село Црнилиште за Европа. Растот на цените е таков претежно во три општини од кои што две имаа мораториум на градење зашто цела Македонија сака да има стан или во Карпош, Аеродром или Центар, па макар бил од стиропор а темелот е во шахта од водовод. Нивно право, нивни пари.

Мое мислење е дека 1,200 до 1,300 евра е плафон за најатрактивни локации во град како Скопје кој важи за европски чмар во однос на квалитет на живеење.

Нема ни капацитет толку државава за такви цени да растат. Не сме 20 милиони па од сегде да доаѓаат да купат стан во главниот град ниту пак сме атрактивна земја за мигрирање па да имаме прилив на странци и мигранти. Ко што се иселува младинава ќе дојде ситуација секој трет да има по пет стана во Скопје од кои четири им стојат празни и ќе си го тинкаат од радост големите бизнисмени. Нема вечно да трае таа Анти-економска логика. Види само колку празни станови има во Скопје. Ги има илјадници. Ти во Мелбурн да купиш стан, ќе чекаш на список една година, јас тука ако сакам можам уште утре да купам стан зашто ги има стотици на огласи. Во моментот кога доволно луѓе ќе имаат притисок да ги откачат становите за пари, ќе има намалување. Кога ќе биде тоа и во која мера не знам, зошто пазарот на недвижности во Македонија е ментален.

Затоа и ми е смешно купување на станови за “инвестиција”. Кириите се ниски, плус имаш други проблеми како се расправање со кираџии, трошоци ако ти е празен и стари станови немаат таков раст, плус на се тоа имаш и амортизирација. Станови во Центар пред 15 години беа 1,100, 1,200 евра а сеа се 1,400 - 1,500 нови. Тие што го купиле пред 15 години за 1,100 евра сеа да го продадат за 1,400 евра не знам како ќе излезат на крај со есап ако вклучиш инфлација и пари дадени за камата.

Еден од најголемите проблеми е што имаме ужасна инфраструктура на приградските населби па човек не може да си купи куќа за живеење таму како секој нормален Европјанин што прави.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
7.204
Поени од реакции
12.087
@Ne_sum_ja Ne znam kaj si videl 100tici stanovi na oglasi. Vo aerodrom momentalno ima 4 stana so se oglaseni i stojat zs im baraat 1500 evra kvadrat. Sve drugo se prodava za 1 den. Ne zborete na prazno.

A za moratoriumite, so mislis kako kje ide cenata koga 90 posto od gragjanite se protiv gradenje novi zgradi? Ednostavno, pobaruvackata e mn pogolema od ponudata za nekoj lokacii.

Samo kje go kazam ova, od lani do sea, da ve slusase nekoj vas so - cenite nema da rastat, do sea izgubil 150 evra po kvadrat. Da ne racunam za godini unazad so se tera istiot muabet, i nikako da pogodite.
Ps: Vekje ima stanovi so se sitkaat po 1700,1800 evra kv.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom