Станови во Скопје, совети за купување.

Член од
25 ноември 2013
Мислења
1.373
Поени од реакции
1.249
Placovite na aukcija ne se taka lesni za zimanje. Eden kup dokumenti baraat i na start imas okolu 300-400 evra nepovratni troskovi. Pa treba tokeni pa ova ona. Jas sakav preku aukcija da zimam i bev nekolku pati po opstina prasuvav sho kako, ali procedurata e epten glupava i komplicirana. Imase plac sho 3 god po red ne bese prodaden bidejki nekoja budala so pari samo ja digal cenata za nikoj da ne go zeme i na kraj ne go plakja.
Znam i lugje sho uspeaja da zemat za eftina para plac preku aukcija, ali zavisi kolku lugje ke se prijavat za toj plac.
Na kraj bataliv ova i kupiv stara kuka na dva sprata so 400kvadrati dvor, sho realno me kosta samo malku poskapo od prazen plac.
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
9.911
Поени од реакции
19.737
Значи вака, за куќа од 70 квадрати (еден спрат) ти требаат околу 10к евра да ја направиш карабина со солидни материјали со твоја работна рака, проекти имаше бесплатни од владата, па и таму заштеда, комуналиите варираат од општина до општина, Аеродром, Центар сигурно е изгор, ама во Илинден колку што знам беше 2 евра за квадрат, а пред некоја година кога имаше акуции за населбата Јака (мислам дека така се викаше) имаше и цени од 120+ денари за квадрат, во Р'жаничино на аукциите цените одеа уште помалку 61 денар +10 качување, во Кисела Вода имам видено аукција од 210 денари за парцела на која треба/ло да се гради ПР+2+ПК, начекаш аукција на која нема други и ќе лапнеш ефтино.

Да не ме прашувате што и како, на постарата верзија се гледаше постигнатата цена
http://www.gradezno-zemjiste.mk/auctions.aspx
на оваа поновата изгледа имаат некаков проблем гледам ставиле тест ама не се гледаше колку е последната цена.
http://www.test.gradezno-zemjiste.mk/eauctions/ListaNaAukcii.aspx

Исто така плаќаш и приклучок за струја кој е 400 евра и приклучок за вода кој сигурно е повеќе од 100-200 евра, тоа дека многу ќе си потрошел за ограда, визби и сл. не држи вода, можеш да ставеш ограда од 50 денари/метар, можеш и ковано железо ако ти се фрлат при за да ги нервираш комшиите, гража или шупа да направиш ти е поефтино од терасата на некој стан.

За 70к евра без проблем можеш да направиш двоспратна куќа без да мрднеш со прст (иако јас би снашол и за помалку од 50), мебелот во станот да си знаеш дека мораш ти да си го купиш не го дават гратис со станот (добро во некој стар може и со мебел да ти го продадат).

Се на се за 30к евра без проблем се прави еден спрат на куќа, кумуналиите се различни во Илинден 140 евра, некаде дека се 70е, 4900 евра ќе те фати, за приклучоци, одобрение за градба помалку од 1000е, за проект како ќе се снајдеш, познавам еден имаше проект 700 евра за двоспратна куќа, тие владата шо ги беше објавила имаше еден 80 и нешто квадрати што ми се допадна на мене,
најголемиот трошок всушност може да ти биде купувањето на плацот, во центарот на Скопје сигурно е изгор, на периферијата можеби ќе се најде нешто поефтино, а ако купуваш на аукција можеби ќе имаш среќа и поефтино.

За далечината не може на сите да се угоди, ама па излегува дека сите работите во влада и собрание па сакате работата да ви е преку патот и да одете на кафе секој ден на плоштад, е нема мораш да се откажеш од нешто, дали да ти е поефтино и далеку или скапо и блуску.
Види по математикава најефтино иди да постелиш шатор во некоја нива и таму да спиеш, нема ни 300 евра да те фати :D

Пишав и погоре, секој со своја математика и преференци, реалноста е дека и да не работиш во центар со тек на време децата ќе ти учат таму, ќе излегуваат таму и пак малтретирање со превоз, а и да дојди ред за продавање во населби поблиски до Центар ќе го шитниш за некој месец, ваму троа потешко.

По мое ако правиш нешто - прави го како што треба, а не правање циркузи како голем дел од нашиов народ (пола куќи немалтарени, битно да ја дигне карабината, да ја затвори со дограма и да направи 2-3 соби за живеење, па се чука по гради дека направил куќа), ни ограда ни бутур, колата паркирана на улица, дворот цел живот кал, ни И од изолација, и цел живот си прави некои проекти денес ќе малтарам соби, утре нешто друго во недоглед.

Аукциите за убавите плацови најчесто се штимана работа (ете ти ги оние на Блажо Орландиќ малите зградички во Лисиче и тие одеа на аукција, ама ела земи од таквите плацови). Во овие далечните населби пак еве и 10+ години од продавање на плацовите инфраструктурата е тиња. Колега гради куќа во ЈАКА и ене го пишти вика од дома не може да излезам од кал кога ќе падне дожд, улицата не е пипната, требаше да го шитнат станот и да се преселат таму уште пред 2 години, ама сега жена му сака да ја шитнат куќата и да си купеле поголем стан оти тоа таму не личи ни на село.

Плацови во убави населби и поблиску до градот се скапи (70-100 евра на тие места каде што сум прашувал), градба на куќа од 400-500 евра со поквалитетни материјали клуч на рака (и тоа е без копање и бетонирање на визба), уредување на двор, хортикултура, гаража, тенди, огради тури му уште едно 10 000 ки и пак ќе дојдеш до тоа што ти го пишав 70-100 000ки ти требаат за 75 квадрати да ги скоцкаш како што треба (па за брзо ќе сфатиш дека ти требаат 100 квадрати и ај доградувај). Друга работа кај куќите е што со тек на време си бараат доста пари за одржување (еве мојата е стара и треба да инвестирам прилично за реновирање: кров + фасада + дограма + купатило сигурно ќе ми требаат 15к да ја средам, последно ги раскопав ѕидовите и таванот и фрлив преку 1.5к, сега овие другите работи и едноставно нема крај), а цената наместо нагоре со тек на време и оди надолу.
 

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.619
Поени од реакции
9.143
Здраво дечки, барав вакви теми ама не успеав да најдам

Во потрага сум по мал стан во скопје, нешто измеѓу гарсоњера и еднособен.

Прашањето ми е, од искуство и ваши информации, која фирма има најдобар однос квалитет/цена. Најбитна ми е битна звучната изолација пред се. Приватност и мирна околина се и те како битни

Примарно во аеродром е потрагата, но доаѓаат во предвид предлози за било која локација со нормална цена. Секако квадратура од 30 до 40 квадрати, за ерген :)
Во моментов се гради комплекс од 3 згради во Аеродром - Урбан гарден. Го градат Голден арт и Мега акустик. Требало да бидат готови до крај на 2021 година. Цената им е 1050 или 1070 евра квадрат. Се наоѓаат на Бул.Трета Македонска бригада после Американ колеџ
 

Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
3.233
Поени од реакции
1.554
70к евра се повеќе од доволни да си го уреди и дворот, работата е што немаме пари па се оди етапно со крпење од плата, а ваму станот ќе земеш кредит па ќе исплаќаш рати.
Колега гради куќа во ЈАКА и ене го пишти вика од дома не може да излезам од кал кога ќе падне дожд, улицата не е пипната, требаше да го шитнат станот и да се преселат таму уште пред 2 години, ама сега жена му сака да ја шитнат куќата и да си купеле поголем стан оти тоа таму не личи ни на село.
Тука си ја погодил правата вистина зошто не ја бива Македонија, општините не ги извршуваат своите обврски и после сакаат лугето да го растеретеле центарот на Скопје, нека има патишта, водовод и канализација до секое село па ќе видете дали нема да сакаат да живеат таму.
Плацови во убави населби и поблиску до градот се скапи (70-100 евра на тие места каде што сум прашувал), градба на куќа од 400-500 евра со поквалитетни материјали клуч на рака (и тоа е без копање и бетонирање на визба), уредување на двор, хортикултура, гаража, тенди, огради тури му уште едно 10 000 ки и пак ќе дојдеш до тоа што ти го пишав 70-100 000ки ти требаат за 75 квадрати да ги скоцкаш како што треба (па за брзо ќе сфатиш дека ти требаат 100 квадрати и ај доградувај). Друга работа кај куќите е што со тек на време си бараат доста пари за одржување (еве мојата е стара и треба да инвестирам прилично за реновирање: кров + фасада + дограма + купатило сигурно ќе ми требаат 15к да ја средам, последно ги раскопав ѕидовите и таванот и фрлив преку 1.5к, сега овие другите работи и едноставно нема крај), а цената наместо нагоре со тек на време и оди надолу.
Поентата беше дали може да се направи куќа од 70 квадрати со 70 илјади евра, не е битно дали покривот или фасадата ќе чинат 15 илјади, битното е дека за изградба и среден двор ќе му бидат доволни 30к, проблемот е како што викаш цената на земјиштето кое е скапо во елитните населби па чини и повеќе од онаа што би те чинела куќата.

Работата е што поради никаквите услови за развој на државата, сите сакаат да бидат во центарот на Скопје и на секое слободно место се гради зграда од која фирмите што прават згради имаат ако не пола барем третина чист ќар, само за споредба во Штип имаше нови станови од 599 или 699 евра (не се сеќавам точно како беше во кој имаат барем минимум 10% ќар (што не верувам дека е толку малку), разликата е во поскапите комуналии и поскапото земјиште во Скопје, значи се работи за уште 100-200 евра плус.
 
Член од
27 октомври 2017
Мислења
283
Поени од реакции
360
Da ne znae nekoj kako se dvizat cenite vo novata zgrada kaj majcin dom?
 
Член од
19 март 2011
Мислења
1.371
Поени од реакции
2.508
Не знам дали прашањево ми е за оваа тема ама слободно преместете го...
Дали некој од Вас има информација за овие субјекти што прават нови згради моментално? Или искуство со нив...? Било каква веродостојна информација ќе ми биде добредојдена... 20200701_144128.jpg
 
Член од
1 мај 2019
Мислења
107
Поени од реакции
125
Имам купено од Елена Лука во Аеродром блиску до железничка и сум задоволен
 
Член од
1 мај 2019
Мислења
107
Поени од реакции
125
звучна изолација добра? која цена се елена лука?
Звучна изолација не е кој знае што. Ги слушам комшииве кај што мрморат ама не се слуша јасно што се збори. Горе доле тоа е. Од 1050e/м2 до 1100e/м2 пред 3 години. Станот дојде со направено ВЦ (бојлер, плочки, туш кабина, мивалник и тн), врати, варосано, ламинат, плочки во кујната, во ходници, на тераса и тн. Sидовите не се градени со гипс табли туку блокови(тули - како и да се викаат). Бидеќи го купивне во изградба побаравме мала измена внатре и бевме услужени. Исто така во кујната сакавме да ставиме плус еден ред плочки пак не услужија ни дадоја исти такви.
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.792
Поени од реакции
4.656
,,,ovie "blokovi" cigli odamna se zabraneti, toa e takanarechen -lesen beton- a ustvari se od zgura, koja dokazhano e radioaitivna i so nus pojavi na dolg vremenski period,,,
Зависи за каков лесен бетон се работи. Да речеме во составот на Ytong блоковите до 70-тите години на минатиот век имало некаков алум (стипса) која се покажала како несоодветна (радон, радиоактивност, карценогеност итн.) Таа грешка е исправена во произведствениот процес и уште во 1975 година алумот не се употребува (се употребува кварцен песок, вар, цемент, гипс и вода), и овие блокови наголемо се користат низ Европа при изградба. Но и по 45 години муабетот останува, приказната се шири и нормално е потоа да има загриженост и страв. Не знам дали и другите производители на тн. лесни бетони го следеле примерот на Ytong.
За оние што евентуално имаат намера да градат и можат да си дозволат осетно повисока првична инвестиција, градењето на објекти со овие материјали е неколку пати побрзо, нема потреба од дополнителна изолација, нема проблеми со влага, блоковите многу тешко се запаливи, поотпорни се на земјотреси. Си има и мани - ѕидовите се нешто помеки од вообичаените и за да се прицврсти нешто (лесно,тешко, уште потешко, сеедно) има посебни шрафови и сл. кои како што сум чул не се најевтини. Можеби, покрај ова и покрај солената цена за градба, има и други мани, но штетноста по здравјето не е една од нив.
 
Член од
20 јануари 2013
Мислења
384
Поени од реакции
429
Незнам што да кажам да ти се погоди стан у скопје ти е исто као мачка во врека...
Денес купуваш стан од 56м2 си се задолжил за цел живот ама мајсторот при изградба или инвеститорот не ставил звучна изолација баш на зидот од кај комшијата, после 4 месеци гледаш се копаат уште две дупки на само 30м воздушно од твојот прозор ке се гради уште една па до неа уште една зграда,значи нема светлост и плус бучава уште 3-4 години,купуваш некое количе и си викаш ке си пракирам у гаражата имам паркинг место арно ама при влегување рампата некако е ептен удолна со свртување на десно под 90 степени и треба да направиш неколку маневри за да паркираш кај ти е местото,на приземјето ке се појави кафич што ке трешти музика до 02 по полнок,а сабајле дуќанче што ке се редат комерцијалисти уште у 07... а да не зборам дека се рашаловуат плочи пред време за да никне побрзо зградата и дека арматурата се врзува што побрзо не според проектор....
Како само се градело по план погледнет во Ново Лисиче и после кумунизмот ни бил лош
 

chef_cook

._perlous
Член од
25 октомври 2011
Мислења
4.176
Поени од реакции
12.611
зашто се волку мрднати цениве у Скопје?
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
9.911
Поени од реакции
19.737
зашто се волку мрднати цениве у Скопје?
Цените се кренати за 10тина проценти, од луѓе слушам дека дури и имало недостаток на помали станови (под 60м2) и голем дел од таквите се купени уште во тек на градба. Претпоставувам народот се уплаши во коронава од девалвација на валутите и ги закопа парите во недвижности, тоа барем ми изгледа најрационално објаснување на ова што се случува во Скопје во последниве месеци.
 

chef_cook

._perlous
Член од
25 октомври 2011
Мислења
4.176
Поени од реакции
12.611
цениве се ко у Санкт Петербург
 

Kajgana Shop

На врв Bottom