Ставрос/Неа Врасна/Аспровалта

Член од
11 јули 2009
Мислења
210
Поени од реакции
146
Дали некој ги има постетено мества stavros, nea vrasna, asprovalta мислам дека се доста блиску едно до друго па ме интересира ваши мислења и искуства поздрав.
 
Cappie

Vincere non è importante: è la sola cosa che conti
Член од
29 мај 2008
Мислења
1.914
Поени од реакции
307
Викендов бев на еден ден во Ставрос. Тргнавме за таму, па го згрешивме излезот и завршивме во неа врасна. Влеговме во вода, два чекори и одма длабоко, па се спакувавме и правац ставрос. И пред некоја година бев таму така на еден ден и имав лош впечаток, ама сега ме изненади. Плажите се со ситен песок, само во вода чекор-два има камења.

Ако одиш, оди на плажит кај што порано имало камп, не на тие што се во градот. Опремени се, ама има малку лежалки и чадори, па не би било лошо да си земеш.

Плус, на 20 метри од водата, кај што завршува плажата има преубава сенка од високи дрвја, па нас ни се погоди, ем не те пече сонце, ем 3-4 степени поладно, удривме убава дремка :)
 
bebush

Portable Heater
Член од
4 септември 2007
Мислења
4.468
Поени од реакции
5.166
Дали некој ги има постетено мества stavros, nea vrasna, asprovalta мислам дека се доста блиску едно до друго па ме интересира ваши мислења и искуства поздрав.
Неа Врасна ти е место за семеен мирен одмор. Воглавно има лабави кафичи и ресторанчиња. Плажата не е целосно песочна, се наоѓа и по некое камче а водата секоја година е различна. Некоја е кристал чиста а друга е матна со алги и слично. Битно морето е секогаш топло ала бара а цените низ градот се пристојни.
Аспровалта ти е на 15мин одење од Неа Врасна и може да се каже дека е поживо и погласно градче. Многу повеќе кафичи, дискотеки и општо народ. За плажата не знам, никогаш не сум ја посетила. Обично кога сум идела во Неа Врасна, преку ден сум одмарала таму а ноќта сум шетала во Аспровалта.
Ставрос ти е убав град, но според мене само за шетање. Град поткачен на рид, со пристаниште, мал ама убаво скоцкан, на пола саат со кола од Неа Врасна. Цените се посоленки од претходниве две места.
 
Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272
Сум бил во Неа Врасна и си поминав одлично. Единствено ако си со мали деца може малку водата да е зезната пошто многу брзо доаѓа длабоко и има често бранови ама водата е топла! Ако си со кола уште подобро пошто во близина е Ставрос малку поголемо гратче за шетање а до аспровалта можеш и пешки. Ако сакаш да посетиш многу убава плажа на некои 20-30 км кај местото Олимпијада има плажа со бел песок (White beach) и е најверојатно најубава во реонов. Колку што се сеќавам од Скопје до Неа Врасна има 305 км.
 
Член од
1 март 2010
Мислења
7.885
Поени од реакции
14.366
Јас од мал сум одел Ставрос секоја година и сум ги посетувал и Неа Врасна и Аспровалта и можам да ти кажам дека сите три места се различни едно од друго и треба да си одбереш во зависност од тоа што сакаш.

Ставрос е градче, не е туристичко место што е полно само во лето, туку има и многу жители на самото место. Поделен е на два дела: туристичкиот дел што е долу под ридчето и Ано Ставрос, што е на ридчето каде што во најголем број живеат самите жители. Има многу продавници, ресторани, има одлични песочни плажи, посебна таа од пристаништето спрема Олимпијада е одлична, морето е доста плитко и ќе треба многу да се изнаодиш за да стигнеш до длабока вода, подлогата во морето освен во првите неколку метри е ситна и мека песок. Температурата на водата е обично доста висока, ретко можеш да начекаш ладно море, но често е заматена поради песочната подлога, но не е валкана или загадена - нешто слично на Паралија. За ноќен живот не знам како е, ама има кафичи покрај море после пристаништето.

Неа Врасна е класично туристичко место, 90% се вили и тек-тук некоја продавничка и тоа е тоа. Водата како што ти кажаа претходно е длабока уште по првите неколку метри, често има големи бранови и ич не е погодна за пливање. Немам престојувано таму, ама ако си за вистински одмор и исклучување од се, најпогодно би ти било во Врасна.

Аспровалта ти е средина меѓу другите две опции, помало градче од Ставрос, но поголемо од Врасна. Не сум се капел таму не можам да ти кажам ништо друго, освен дека е онака generic грчко туристичко градче, без никакви wow моменти.
 
FALA za iscrpniot odgovor. Nego ceni periodov da ne znaes smestaj,lokalni marketi, alkohol, i slicno.pozz
 
Член од
1 март 2010
Мислења
7.885
Поени од реакции
14.366
FALA za iscrpniot odgovor. Nego ceni periodov da ne znaes smestaj,lokalni marketi, alkohol, i slicno.pozz
За цените врска немам, а за маркетите да.
Во Ставрос има многу мали продавнички, плус кај спортските терени во центарот имаш ЗОИ маркет и уште неколку други пред патот што е за Врасна, во мал распон се сите поголеми маркети.

Во Врасна имаш Лидл, некаде на влезот на местото, така да се што ти треба ќе си испазариш оттаму еднаш и имаш залиха за цел одмор.

За алкохол верувам дека има секаков во скоро секоја продавничка :)
 
Последно уредено:
Член од
15 февруари 2012
Мислења
2.680
Поени од реакции
1.805
Јас ке идам вечерва накај неа врасна па ке видиме утре ке пишам како е :)
 
Член од
23 септември 2010
Мислења
645
Поени од реакции
385
Дали знаете некоја агенција што иде само за викенди?
 
Член од
15 јули 2018
Мислења
3
Поени од реакции
1
Еве скоро 4 пат сум во неа врасна,супер место за одмор за шетање моментално сум во врасна бич 20 мин за ставрос,15 мин за неа врасна 30 мин за аспровалта ако одите периодов јули,август земетеси аутан за комарци пред да шетате на вечер!
Воглавно за дечко и девојка супер места се!
 
Член од
21 јуни 2018
Мислења
610
Поени од реакции
262

Дај контакт од смештај
 
Член од
15 јули 2018
Мислења
3
Поени од реакции
1
Другар преку фибула травел сум сместен,на лест минут понуда најдовме смештај прв ред на плажа на првспрат со еден брачен кревет и уште еден кревет супер смештај за 140 евра вила анамарија 1 се вика во врасна,преку туристички агенции.
 
Член од
29 март 2019
Мислења
6
Поени од реакции
2
Неа Врасна ти е место за семеен мирен одмор. Воглавно има лабави кафичи и ресторанчиња. Плажата не е целосно песочна, се наоѓа и по некое камче а водата секоја година е различна. Некоја е кристал чиста а друга е матна со алги и слично. Битно морето е секогаш топло ала бара а цените низ градот се пристојни.
Аспровалта ти е на 15мин одење од Неа Врасна и може да се каже дека е поживо и погласно градче. Многу повеќе кафичи, дискотеки и општо народ. За плажата не знам, никогаш не сум ја посетила. Обично кога сум идела во Неа Врасна, преку ден сум одмарала таму а ноќта сум шетала во Аспровалта.
Ставрос ти е убав град, но според мене само за шетање. Град поткачен на рид, со пристаниште, мал ама убаво скоцкан, на пола саат со кола од Неа Врасна. Цените се посоленки од претходниве две места.[/QU

Опис по мерка... Алал да ти е...
Многу нема да се сложат со мене ... Ама.....
7 острови просетав а и кај се не сум бил во Грција.. Амаа... Како Неа Врасна фамилијарно место нема, ем на рамно ем не е скапо да се сместиш на 50 метри од плажа, за шетање колку сакаш... Евтини лежалки, тоест си земаш кафе а лежалките гратис, имаш Лидл близу, за деца лулашки ,флипери...што уште не...за секого по нешто...
Е сега можам да кажам дека само кај кикладес барот на плажа е најубаво,, на пример јас во Ставрос, Аспровалта или Врасна никогаш не би се сместил...Првата година бевме преку Весна Турс ,, земавме куќа во Врасна...ама потоп,,,местото крш,,, додуша куќата тоест апартманот беше екста, исто така и газдите,, ама местоположбата баш и небеше...
По мене најслаба точка е зошто е на отворено море,,па знае бранови да има,,, ама и тоа како ке ти се погоди,, а водата секогаш е многу топла.... Поздрав
 
Kajgana Shop

На врв Bottom