Среќен 19ти роденден ВМРО ДПМНЕ

Esobar

Македонија над СЕ !
Член од
12 февруари 2008
Мислења
4.895
Поени од реакции
453
ГРУЕВСКИ ПОВИКА НА ОБЕДИНУВАЊЕ ЗА ДРЖАВНИТЕ И НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ

Претседателот на Владата Никола Груевски и лидер на ВМРО-ДПМНЕ денеска апелираше на внимателност и посветеност на државните и националните интереси во контекст на прашањето за името и претстојното продолжување на разговорите со Грција со посредство на медијаторот Метју Нмиц.

Тој ги повика лидерите на политичките партии на обединување за државните и националните интереси.

- Веќе започна и ќе следи период на многу шпекулации, на разни дезинформации и сценарија пласирани само заради дневно-политички цели, а некогаш и мотивирани од приватни потреби. Апелирам за внимателност и посветеност за државните и националните интереси, истакна Груевски на денешната свеченост во МОБ по повод одбележувањето на 19. годишнината од основањето на ВМРО-ДПМНЕ.

Ова, потенцира Груевски, не е прашање на индивидуи и личности, туку на државата Република Македонија и на нејзините граѓани.

- Прашањето за името не смее да биде прашање на раздор, туку прашање на обединување. Не смееме да дозволиме ова прашање да се наметне како прашање дали ќе ја биде нашата држава или не, како што не смееме да дозволиме да се наметне дебата за тоа дали сакаме интеграција во ЕУ и НАТО, или не. Тоа се дневно политички тези, истакна лидерот на владејачката партија.

Тој ги повика сите лидери на политичките партии во Македонија, да се обединат зад државните и националните интереси на Македонија и повика во периодот што следи да се демонатрира сплотеност, а не раздор.

Груевски истакна дека тој и неговите сопартијци се свесни за историската улога што ја имата во овој процес, огромниот товар и одговорноста. - Ние сме посветени на тоа и знаеме што значи решението на овој проблем, отворени сме и ќе разговараме. Истите тие кои 15 години не успеаја да најдат репчени денеска ни делат совети и вршат јавен притисок во една или во друга насока, рече Груевски.

Членството во ЕУ и НАТО, како што нагласи, се врвни приоритети и Владата продолжува да работиме на нивно остварување.

Осврнувајќи се на економската криза Груевски рече дека Владата прави се што е потребно да се намалат последиците од неа. Успехот во справувањето со економската криза, додаде тој обраќајќи им се на партиските колеги, ќе зависи од степенот на посветеност и работа со која носителите на одлуки во општеството ќе пристапат кон нивно решавање и надминување на последиците.

Зборувајќи за годишнината од основањето на денешното ВМРО-ДПМНЕ пред 19 години, Груевски потсети дека тогаш тоа беше единствената политичка сила која отворено се залагаше за одделување на Македонија од југословенската федерација. - Борбата за државност, за демократија и граѓанска слобода, за почитувањето на религијата и приватната сопственост, борбата за човекови права беа постулатите на ВМРО-ДПМНЕ, рече Груевски.

Лидерот на, како што рече најсилната партија во Македонија, посочи дека дека ВМРО-ДПМНЕ е во постојана реформа и оти во центарот на нивното политичко кредо е граѓанинот. - Честа е голема, но одговорноста е уште поголема, рече Груевски.

Директорот на германската фондација „Конрад Аденауер“ Хенри Боне истакна дека ВМРО-ДПМНЕ денес е на највисокото рамниште од основањето пред 19 години, со јасно мнозинство до следните избори, ресурси за обликување на извршната власт според конзервативните идеи и десничарските принципи. Тој рече дека во овој период е продлабочена соработаката со германската ЦДУ на канцеларката Ангела Меркел.

На свеченоста по повод 19 годишнината од ВМРО-ДПМНЕ присуствуваа поглаварот на МПЦ г.г. Стефан и претставници на други верски заедници, претставници на дипломатскиот кор, на опозициската СДСМ, како и на коалициските партнери на партијата.
:pipi::pipi:
За многу години нека е денов среќен роденден Вмро Дпмне да дочекаме уште 100 год на власт:)
 
Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.232
Аман бе. Следен јубилеј Роденден на Грујо па после на Боцевски па на Ставревски па после кујзнае кој...
 
Член од
12 јануари 2009
Мислења
721
Поени од реакции
40
Aј среќен роденден нека вие и да дај боже на наредните избори да изгубите
 
_The Great_

Il Genio
Член од
18 јуни 2008
Мислења
5.955
Поени од реакции
3.318
За многу години нека е денов среќен роденден Вмро Дпмне да дочекаме уште 100 год на власт:)
Абе ти министер да беше, пари огромни да ти се вртеа ради партијата немаше вака среќен да бидеш.
Јас ти посакувам уште 100 години да си дочекаш плакати да си лепиш...

:pos:
 
Esobar

Македонија над СЕ !
Член од
12 февруари 2008
Мислења
4.895
Поени од реакции
453
Абе ти министер да беше, пари огромни да ти се вртеа ради партијата немаше вака среќен да бидеш.
Јас ти посакувам уште 100 години да си дочекаш плакати да си лепиш...

:pos:
Немора пари да ми се вртат за да бидам среќен :)
ти само џабе посакуваш биди сигурен во тоа :wink:
 
_The Great_

Il Genio
Член од
18 јуни 2008
Мислења
5.955
Поени од реакции
3.318
Немора пари да ми се вртат за да бидам среќен :)
ти само џабе посакуваш биди сигурен во тоа :wink:
Па немора ништо во животот освен да умреш. Инаку јас знам дека џабе ти посакувам, 100 години нема да живееш...се зависи како ги капираш работите.
 
Esobar

Македонија над СЕ !
Член од
12 февруари 2008
Мислења
4.895
Поени од реакции
453
Па немора ништо во животот освен да умреш. Инаку јас знам дека џабе ти посакувам, 100 години нема да живееш...се зависи како ги капираш работите.
Ауу а видовит си ти ? браво браво какви таленти значи имаме :pipi:
за плакати нови дечки спремаме за наредни избори не се секирај:helou:
и ако планираш да ми пишеш нешто што не е во врска со темава пиши ми по ПП или на профил несакам да ме банираат поради оф топик:smir:
 
_The Great_

Il Genio
Член од
18 јуни 2008
Мислења
5.955
Поени од реакции
3.318
Ауу а видовит си ти ? браво браво какви таленти значи имаме :pipi:
за плакати нови дечки спремаме за наредни избори не се секирај:helou:
и ако планираш да ми пишеш нешто што не е во врска со темава пиши ми по ПП или на профил несакам да ме банираат поради оф топик:smir:
Јас па се утепав од секирање кои дечки за плакати спремате. Итака освен за плакати лепење не те бива за ништо друго. Нема што да ти пишам друго, што би ти пишал па тебе нешто што не е во врска со темава. Патетики.
 
N

n/a

Гостин
После се што ми сервирал животот до сега,
после се што сум прочитал и слушнал или наслушнал од некаде (секаде)
јас искрено мразам се што носи предзнак ВМРО.
(и црвено-црна боја).

Некаде у подсвест ми е запишано:
ете ги бугарите... удри ги по глава,мамицу им ону јаречу!
 
ZoraNaSlobodata

Чоечко суштество
Член од
5 ноември 2008
Мислења
2.736
Поени од реакции
111

ВМРО е народот,народот е ВМРО тие се МАКЕДОНИЈА.
ВМРО е нешто неодвојливо од Македонија во последните 100 години.
 
N

n/a

Гостин
ВМРО е народот,народот е ВМРО тие се МАКЕДОНИЈА.
ВМРО е нешто неодвојливо од Македонија во последните 100 години.
ВМРО е недоречено срање.
Од основањето,
па до сега.

Жал ми е...
имам прадедо што дал живот за истото тоа вмро,
али верувам дека бил изманипулиран и недоволно знаел.
Иначе би ги терал бетер од мене.
Гарант.
 
ZoraNaSlobodata

Чоечко суштество
Член од
5 ноември 2008
Мислења
2.736
Поени од реакции
111
ВМРО е недоречено срање.
Од основањето,
па до сега.

Жал ми е...
имам прадедо што дал живот за истото тоа вмро,
али верувам дека бил изманипулиран и недоволно знаел.
Иначе би ги терал бетер од мене.
Гарант.

И ти си во право до негде.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom