Средношколски протести

Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Точно е дека „не е секој за математика“. Меѓу луѓето има попаметни и помалку паметни. Но, затоа и „школите“ не треба да се исто вреднувани. Сепак, техничките науки не треба да бидат на исто рамниште со Политички Науки, со Филозофија, Педагошки... Нека „не биде секој за математика“, но оние „што ги бива“ треба да се поценети.. поплатени, итн...

Еден куп „маркетинг“ дипломци се изназедоа пари, а доктори, електро инженери, програмери се третирани како и „дипломци на политички науки“. Е па не е фер.

А средношколциве најдобро е да им се даде диплома (со сите петки) без и да одат на училиште. Сакаат ем да не учат, ем да се на исто рамниште со некои кои повеќе ги бива.
 
RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.146

Алудираш на тоа дека ако ти иде математика си паметен, а ако не ти иде не си?
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.068
Поени од реакции
78.273
Алудираш на тоа дека ако ти иде математика си паметен, а ако не ти иде не си?
Па така е.
Ете ја имав у четврта средно, сите петки, а математика двојка. Двојка ми ставија да не идам на полагање, иначе ја одамна им ставив до знаење дека уопште не ме интересира математика и апсолутно неам намера со тоа да се занимавам. Имам и една писмена по математика со оценка кец и ништо не знае (уште ја чувам). У дневник стоеше 1 н.н.
Back to the point - сега гледам дека затоа не сум паметен.
 
Mondonico

ВАР експерт
Член од
15 јануари 2013
Мислења
10.046
Поени од реакции
17.711
Точно е дека „не е секој за математика“. Меѓу луѓето има попаметни и помалку паметни. Но, затоа и „школите“ не треба да се исто вреднувани. Сепак, техничките науки не треба да бидат на исто рамниште со Политички Науки, со Филозофија, Педагошки... Нека „не биде секој за математика“, но оние „што ги бива“ треба да се поценети.. поплатени, итн...

Еден куп „маркетинг“ дипломци се изназедоа пари, а доктори, електро инженери, програмери се третирани како и „дипломци на политички науки“. Е па не е фер.

А средношколциве најдобро е да им се даде диплома (со сите петки) без и да одат на училиште. Сакаат ем да не учат, ем да се на исто рамниште со некои кои повеќе ги бива.
:pos::pos::pos:

За какво третирање зборуваш бе момче? Од страна на кој? Плата не се добива за тоа какво школо имаш завршено туку за тоа колку придонесуваш во одредена компанија. Ако маркетинг менаџерот за некоја фирма е попродуктивен од математичарот тогаш нормално дека ќе добива повеќе пари.
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
10.849
Поени од реакции
11.477
Многу ми е јако кога некој руга одредени студии, како пример, маркетинг студии, политички студии и слично. Ко тие да се пис оф кејк. Секој факултет или конкретен смер си има своја тежина, не знам што не е јасно. Плус, голем фактор игра дали тоа што го учиш ти е интересно, те привлекува или едноставно кажано, го сакаш или не. Ако одговорот е не, тогаш големи се шансите да се мачиш со студиите.
 
RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.146
Тоа е, ваквите размислувања се производ на една од најмозокоперачките размислувања кои луѓето си ги кажуваат едни на други: „оди на тој факултет, најпросперитетен е, ако одиш на нешто друго нема да најдеш работа“. Затоа има и overload на техничките последниве неколку години, а нормално, тоа ги прави навидум (само навидум) толку престижни, поквалитетни и потешки од другите.

Не се.
 
Amaterasu

123123113
Член од
17 април 2012
Мислења
1.126
Поени од реакции
1.060
Секој факултет си има своја тежина. Ова им го викам на оние од ФОН кога ми се жалат дека имале 30 страни за колоквиум :D.
Шала на страна, да не ја тераме темата во глупава насока. Ама да се каже дека сите факултети имаат иста тежина, едноставно не е логично. Еден прост поглед на соодносот на запишани/завршени на факултетите во Македонија може да ни даде горе-долу точна слика за тежината на факултетот.
 
RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.146
Се наоѓа некоја листа на школите кои за време на протестиве ги заклучуваа вратите?
 
Mondonico

ВАР експерт
Член од
15 јануари 2013
Мислења
10.046
Поени од реакции
17.711
Луѓе сега сфаќате што е целата поента? Ова за тие што беа против протестите на средношколците. Значи не е муабетот дали и каква математика ќе има на државна матура, дали ќе биде задолжителен или изборен предмет туку проблемот е многу поголем од тоа. Децата имаат право да протестираат, а од друга страна професорите, власта и сите поврзани страни треба да им образложат зошто е тоа така, односно зошто треба да полагаат математика. Ова треба да оди на дебата која има за цел да донесе конечно решение. Но, еве гледате со какви методи се користат професорите и директорите кои знаеме од која страна и како се избрани. Ако се толку сигурни во тоа што го спроведуваат тогаш нема да користат вакви ниски закани за да ги спречат учениците да го искажат она што го мислат.
 
Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.124
Поени од реакции
18.110
Eве вака од два извори - дан го снемат

Убави слики имала постирано госпожа професорка директорка

А ова е рандом слика - монтажа

Средношколски протест > собир на такозвани патриоти

Последно уредено:
Член од
21 мај 2008
Мислења
10.849
Поени од реакции
11.477
„Тој што со сила, сериозна закана, измама или на друг начин, ќе спречи или ќе смеќава, свикување или одржување мирен и јавен собир, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година“.

Е сега кој како ќе го протолкува ова.
 
RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.146
Многу ме интересира што мислат родителите за киднапирањево по школите, не знам зашто досега немам начекано некаква остра реакција од нив.
 
Член од
14 август 2012
Мислења
1.705
Поени од реакции
738
Се наоѓа некоја листа на школите кои за време на протестиве ги заклучуваа вратите?
Еве јас можам да ти кажам за Штип у СОУ "Коле Нехтенин" - ЕМУЦ, и "Јане Сандански"-Медицина им беа заклучени вратите.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom