Средношколски протести

КвикСилвер

Модератор
Член од
28 март 2010
Мислења
4.544
Поени од реакции
5.855
Еве нпр. историјата и литературата ми се интересни. Или јазиците, посебно јужните ме привлекуваат. Да не испадне како фалба, но знам 4 странски јазици од кои мин 2 ги зборувам течно. Или социологијата или географијата, штознам...
Важно кога нешто учам, цел ми е да го научам, се трудам да не учам за оцена или за некој друг, туку за себе.
Ако е навистина така, супер. Така и треба.

Правото прави систем за функционирање на општеството, а математиката систем за функционирање на природата. Во основа се исти системи т.е треба да обезбедат основни правила и нови правила што нема да бидат контраст со основните. Тоа во природата функционира безпрекорно, додека во правниот систем не. Ако математичари ги пишувале законите тешко да ќе има дупки и неправилности, ама најслабите математичари се запишуваат на правен и ги прават правилата на функционирање на општеството, без логичности.
Примери имаш многу, како на пример, еднаш Уставен суд донесува одлука дека не треба исклучените да плаќаат парно, после некоја година донесува дека треба да плаќаат. Тешко да можеш да најдеш пример во природата каде еднаш функционира гравитација (кога возиш лоша кола), друг пат не (кога возиш мерцедес).
Кога ќе размислам уште еднаш, имаш право. Има огромен пропуст во донесувањето на законот за задолжително полагање математика на матура. :)
Кој рече дека од еден испит ќе им се развие логиката!? Не е тоа поентата на мојот пост. Зборам општо, за математиката како предмет во основно и средно. Алудирам на оние што уште од основно се со став дека не треба да се учи математика, пошто никогаш во животот нема да ти притребаат равенките и формулите што ги учиш. Што е сосема погрешно размислување.
Ама темата е за матура математика, не за колку децата учат или колку треба да учат математика. Факт е дека мора да се учи математика, па и за задоволителна општа култура. Проблемот е форсирањето на истиот предмет понатаму.
 
Толстој

екс Бомбастичен
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.920
Поени од реакции
11.945
Ми треба основната форма на јазикот, која ја учам 8 години во основно и 4 години во средно. Не ми е потребно да знам детали од типот колку типови на подмет,прирок,придавки и заменки постојат. Или пак кој ја напишал песната "Којотот". Ако Математика не треба да се полага на матура, тогаш сигурно не треба да се полага ни Македонски. Еве ние на техничките факултети користиме вектори (не се сеќавам дека ги имаше на матурата). Значи тоа ти се : електро,финки,градежен итн... Е сега, кажи ми на колку луѓе ќе им користи тоа што ќе знаат да разликуваат описна од односна придавка ?
Не сакаш да го знаеш својот мајчин јазик и неговата форма? И јас колку што сум упатен математика се учи во првите 2 години средно задолжително, потоа во одредени струки има изборни предмети од областа математика. За разлика од македонски кој се учи сите 4 години.
 
King B

Bears. Beets. Battlestar Galactica.
Член од
24 јануари 2011
Мислења
1.801
Поени од реакции
4.076

И македонски и математика се учат четири години -.-
 
Morgan Freeman

Немодератор
Член од
23 април 2010
Мислења
2.922
Поени од реакции
4.370
Тоа што ме испровоцира да ја отворам темава е тоа што главни поттикнувачи на протестов се гимназијалците. Тоа ми е апсурдно. Ако не ти одела математиката што мајка си барал во гимназија, не дека во техничките училишта е полесна, но разликата е повеќе од забележлива.

Или пак нека се укине и да се воведат приемни испити на факултетите. Тоа би требало да стави крај на дискусијата.
 
Толстој

екс Бомбастичен
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.920
Поени од реакции
11.945
И македонски и математика се учат четири години -.-
Во земјоделското се учи 1ва и втора, полагаат тие на матура математика?
Тоа што ме испровоцира да ја отворам темава е тоа што главни поттикнувачи на протестов се гимназијалците. Тоа ми е апсурдно. Ако не ти одела математиката што мајка си барал во гимназија, не дека во техничките училишта е полесна, но разликата е повеќе од забележлива.

Или пак нека се укине и да се воведат приемни испити на факултетите. Тоа би требало да стави крај на дискусијата.
А што ако сите предмети ти одат а математика ти е слаба страна? Една математика да ми ги упропасти плановите за во иднина?
 
КвикСилвер

Модератор
Член од
28 март 2010
Мислења
4.544
Поени од реакции
5.855
Тоа што ме испровоцира да ја отворам темава е тоа што главни поттикнувачи на протестов се гимназијалците. Тоа ми е апсурдно. Ако не ти одела математиката што мајка си барал во гимназија, не дека во техничките училишта е полесна, но разликата е повеќе од забележлива.

Или пак нека се укине и да се воведат приемни испити на факултетите. Тоа би требало да стави крај на дискусијата.
Јас ќе ти одговорам. Затоа што како полу матурант јас не знаев што е средно, а не па да знам што сакам понатаму во животов. Затоа постои и гимназијата, да оформиш некој став, да го извлечеш од себе тоа што го сакаш.
 
Morgan Freeman

Немодератор
Член од
23 април 2010
Мислења
2.922
Поени од реакции
4.370
Во земјоделското се учи 1ва и втора, полагаат тие на матура математика?

А што ако сите предмети ти одат а математика ти е слаба страна? Една математика да ми ги упропасти плановите за во иднина?
Види братче и мене не ми одеше математика, но вложив солиден труд и основата која што ми недостасуваше ја научив. Додатни часови, вежбање итн. И јас бев дупка, ама ја научив.
 
King B

Bears. Beets. Battlestar Galactica.
Член од
24 јануари 2011
Мислења
1.801
Поени од реакции
4.076
Во земјоделското се учи 1ва и втора, полагаат тие на матура математика?
Треба да полагаат, аман со линијата на помал отпор. Не мора ова, не мора она.. Епа што мора бе? Средно да се завршува колку да се рече дека е завршено? Македонски и математика се Најосновни предмети. Најосновни. Ако после 4 години не знаеш за една двојка, треба да си останеш во средно.

Инаку математика се учи 4 години во гимназиите, за стручните училишта ваљда ќе адаптираат, не може да полагаат материјал кој не им бил предаден?
 
Amaterasu

123123113
Член од
17 април 2012
Мислења
1.139
Поени од реакции
1.078
Не сакаш да го знаеш својот мајчин јазик и неговата форма? И јас колку што сум упатен математика се учи во првите 2 години средно задолжително, потоа во одредени струки има изборни предмети од областа математика. За разлика од македонски кој се учи сите 4 години.
Сакам да го знам онолку колку што ми е доволно за да можам да имам нормална комуникација со другите луѓе. Верувам дека во 12 годишно учење на Македонскиот јазик, сум научил доволно.
Проблемот со математиката е многу подлабок во државава. Не знам зошто, ама многу голем број на луѓе гледаат на неа како на нешто WOWOWOWOWOW. Уште од рана возраст се откажуваат, во стилот, не ме бива мене за математика. Не може да не те бива, едноставно не си се трудел доволно. Математиката нема врска со интелигенцијата. Некој ќе сфати нешто за 1 саат, некој за 2, некој за еден ден. Ама секој може да сфати. Кај нас имаш луѓе што догурале 4та година средно а не знаат две дропки да соберат. Абе има луѓе средно завршиле не знаат што претставува пресек на две множества. Нормално е тоа? И сега кажи ми што е потрагично, да пишуваш сфатив со в, или да не знаеш да пресметаш просек на 5 броја?
 
Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
5.056
Поени од реакции
19.733
Ама темата е за матура математика, не за колку децата учат или колку треба да учат математика. Факт е дека мора да се учи математика, па и за задоволителна општа култура. Проблемот е форсирањето на истиот предмет понатаму.
Веројатно мислат дека со форсирање на предметот ќе ги натераат идните генерации да посветат повеќе внимание на математиката, за нивно добро. Кој ги знае. :toe:
 
Толстој

екс Бомбастичен
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.920
Поени од реакции
11.945
Сакам да го знам онолку колку што ми е доволно за да можам да имам нормална комуникација со другите луѓе. Верувам дека во 12 годишно учење на Македонскиот јазик, сум научил доволно.
Проблемот со математиката е многу подлабок во државава. Не знам зошто, ама многу голем број на луѓе гледаат на неа како на нешто WOWOWOWOWOW. Уште од рана возраст се откажуваат, во стилот, не ме бива мене за математика. Не може да не те бива, едноставно не си се трудел доволно. Математиката нема врска со интелигенцијата. Некој ќе сфати нешто за 1 саат, некој за 2, некој за еден ден. Ама секој може да сфати. Кај нас имаш луѓе што догурале 4та година средно а не знаат две дропки да соберат. Абе има луѓе средно завршиле не знаат што претставува пресек на две множества. Нормално е тоа? И сега кажи ми што е потрагично, да пишуваш сфатив со в, или да не знаеш да пресметаш просек на 5 броја?
Да незнаеш да пресметаш просек е друга работа одколку да незнаеш да собериш или одземеш 2 вектора (не знам што има на матура, ова го давам како пример). Ти самиот треба да се засрамиш доколку незнаеш да пресметаш просек или да незнаеш што е комутативно својство. Мене зборот инаку ми беше да има само 1 задолжителен предмет и тоа македонскиот јазик бидејќи има примена секаде за разлика од математика и тоа го зборувам цело време.

Инаку лани на полагањето матура математика биле забранети дигитрони....
 
Morgan Freeman

Немодератор
Член од
23 април 2010
Мислења
2.922
Поени од реакции
4.370
Да незнаеш да пресметаш просек е друга работа одколку да незнаеш да собериш или одземеш 2 вектора (не знам што има на матура, ова го давам како пример). Ти самиот треба да се засрамиш доколку незнаеш да пресметаш просек или да незнаеш што е комутативно својство. Мене зборот инаку ми беше да има само 1 задолжителен предмет и тоа македонскиот јазик бидејќи има примена секаде за разлика од математика и тоа го зборувам цело време.

Инаку лани на полагањето матура математика биле забранети дигитрони....
Да не биле забранети оние што цртаат графици? Нема логика да бидат забранети тие обичните.
 
Толстој

екс Бомбастичен
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.920
Поени од реакции
11.945
Да не биле забранети оние што цртаат графици? Нема логика да бидат забранети тие обичните.
има, професорот по математика што ми е предавал лани и на четврта. Им биле одземани секакви можни дигитрони
 
А

Атомската мравка

Гостин
Веројатно мислат дека со форсирање на предметот ќе ги натераат идните генерации да посветат повеќе внимание на математиката, за нивно добро. Кој ги знае. :toe:
Подобро нека посветат внимание на она што имаат желба а не на она што мораат.
Чист пример за ова ти е сегашната директорка на Јаху Мариса Мајер, на времето прва работна позиција (во Гугл) таму и била програмер ама не ја бивало - со месеци пробувала да развие нешто што друг програмер го развил за многу пократно време. По тоа се префрлила на маркетинг каде што била доста успешна, е сега што е поентата оти го пишувам ова ? Бидејки неможе секој да го биде за се, ете она не била баш најдобра во програмирање ама затоа и одело маркетинг така да на некој ученик ако не му оди математика може му оди право па поарно на тоа нека се посвети.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom