Средношколски протести

КвикСилвер

Модератор
Член од
28 март 2010
Мислења
4.544
Поени од реакции
5.855
Баш поради фактот дека тие што не им иде математика одат на правен, а потоа и ги пишуваат законите, затоа имаме дупки во законите (инаку светска пракса е, не е само во Македонија). Исто важи и за Економски :)
Интересна работа во математиката е кога едно нешто ќе се докаже, важи засекогаш.
За математика не треба многу мислење, треба вежбање, препознавање на проблеми и решавање.
Македонски, англиски иматематика треба да бидат задолжителни за матура од проста причина што првите два ти овозможуваат да научиш да се изразуваш, а третиот ти е основа за секоја техничка наука и имаш можност за технички факултет со добро платена работа, било каде. (зависи од техничкиот, само во Македонија може да имаш разочарување).
Каква врска има математиката со правото. Ако не ме бива во една бранша, автоматски не ме бива ни на другата за која сум се одредил? Не разбирам каква поента имаат бројките со законите. Зошто мислиш дека ќе бидам труп во областа на правото ако поима немам математика? Ако мислат дека логиката на индивидуата ќе се развие од еден испит, мало морген. Логиката ќе му се развие на оној кој константо вежбал математика сите 4 години и знае веќе во сон да ги решава задачите. И од него се очекува дека ќе продолжи со математика, затоа до сега и се бираше. Ако некој не пипнал книга математика сите години, џабе му е решавање 5 дена однапред, а не па вежбање на логиката.
А да даваат лесни, прости и општи задачи сите ќе бираа математика, а не англиски како до сега.
 
Член од
13 февруари 2007
Мислења
5.097
Поени од реакции
5.767
Не го сфаќам тоа „не ми оди математика“. Математиката не „оди“ туку се вежба и се сфаќа. Никој не е толку глуп за да не може да положи математика на матура.
Верувај дека има такви. У средно у клас имав еден што сите предмети имаше 5ки, освен математика кец. Јеби га, математика не може да се учи на памет, како другите предмети, мора малце да се размислува. И на крај све некако вадеше 2ка со препишување или слично. Па после на совет ќе му ставеа 4ка заради другите оценки. :tapp: А ја имав 3ка, а реално за него бев Гаус. Да имавме математика за матура, сигурен сум дека немаше шанси да положи. Ама ние бевме последната генерација што не полагаше матура.
 
Prime

Оптимус
Член од
4 јули 2010
Мислења
6.004
Поени од реакции
7.705
Мое мислење е дека цела матура треба да се укини. Не е релевантен приказ на вистинското знање затоа што е склона на многу манипулации, препишувања меѓу учениците и такви слични работи.
Дискутиравме за ова во темата за екстерното на факултетите. Треба да си се насочи секој на што сака и да се спрема за приемен на факултет.
 
Morgan Freeman

Немодератор
Член од
23 април 2010
Мислења
2.920
Поени од реакции
4.366

За ова се согласувам, џабе и матура и екстерно кога се препишува и никаква дисциплина на испитите, како на пазар.
 
Amaterasu

123123113
Член од
17 април 2012
Мислења
1.126
Поени од реакции
1.060
а што еве пример рецимо вектори ќе ти требаат? И како тоа македонскиот јазик да се исфрли, каде и да одиш, на било каков факултет за во иднина јазик ти треба, секаде.
Ми треба основната форма на јазикот, која ја учам 8 години во основно и 4 години во средно. Не ми е потребно да знам детали од типот колку типови на подмет,прирок,придавки и заменки постојат. Или пак кој ја напишал песната "Којотот". Ако Математика не треба да се полага на матура, тогаш сигурно не треба да се полага ни Македонски. Еве ние на техничките факултети користиме вектори (не се сеќавам дека ги имаше на матурата). Значи тоа ти се : електро,финки,градежен итн... Е сега, кажи ми на колку луѓе ќе им користи тоа што ќе знаат да разликуваат описна од односна придавка ?
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
10.849
Поени од реакции
11.477
Не знам која е поентата на задолжително полагање на матура по предметот математика. Што е целта на таа одлука? Не е ново ова, но и тогаш имаше исти реакции какви што можеме да сретнеме на темата. Средношколците ќе излезат со поголемо знаење од математиката по полагање на матурата? Па кој не сакал да учи или не учел поради икс причини математика во текот на 4-те години, ете ќе седне, ќе научи нешто, ќе препише евентуално нешто (многу чест пример) и ќе извади преодна оценка на матурата. И што? Ете, браво, децата знаат математика! И ја не сум сакал математика у средно (т.е. и професорката делувала дестимулирачки, не дека нема познавања, но начинот на кој ги пренесувала знаењата не ме стимулирал да седнам дома и да решавам математика), па сум решавал колку за оценка, знаејќи дека нема да ми треба во правото. И да се случеше да морав да полагам математика на матура, ќе полагав, ќе извадев 4-5 (повторно колку за оценка)...и ќе знаев нешто отпосле?

Мене лично повеќе мерак ми правело читање на некои од класиците кои сме ги имале по македонски (ок имало и некои поздодевни книги) отколку решавање задачи математика. Не е само граматиката во македонски јазик (која патем и се заборава, но можеш да се потсетиш), важен е и правописот. Тие работи на страна, литературата е онаа која е најбитна (за овој предмет), отвара многу различни погледи, во зависност од периодот и правецот. Да не начнувам понатаму, ќе отидам во оф-топик.

Инаку, на став сум дека матурата треба да се реформира или потполно да се укине затоа што ова не личи на ништо. Приемни испити на факултетите -да! Матурантот ќе си ги полага оние предмети кои ќе му бидат потребни за факултетот кој го одбрал и тоа е тоа.

А да, ќе заборавев, од темава дознав дека Економски и Правен се меѓу полесните факултети. :D :D
 
Morgan Freeman

Немодератор
Член од
23 април 2010
Мислења
2.920
Поени од реакции
4.366
Ова „За што ќе ми е математика мене ако одам на правен или зошто ќе ми е македонски кога одам на технички факултет?“ лошо се интерпретира.
Главна цел за училиштето и факсот треба да ти бидат што повеќе да научиш и што повеќе да знаеш, не да се расправаш зошто ова, зошто она. Ако не е така, тогаш некој нека ми одговори зошто на градежен учиме информатика и + програмирање и база на податоци?
 
Па вие на градежен пола ФИНКИ сте го поминале...
 
wot

њ
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.483
Поени од реакции
33.585
Jas otidov ucilisna matura samo za da ne polagam matematika, i mislam deka od strucniot sto go odbrav togas mesto nea poveke dobiv vo zivotot. Eve i na praven za sega ne mi pritrebala, steta bas mislev znam logika dobro, eve ke si zeam dokumentite ko taka..

Ова „За што ќе ми е математика мене ако одам на правен или зошто ќе ми е македонски кога одам на технички факултет?“ лошо се интерпретира.
Главна цел за училиштето и факсот треба да ти бидат што повеќе да научиш и што повеќе да знаеш, не да се расправаш зошто ова, зошто она. Ако не е така, тогаш некој нека ми одговори зошто на градежен учиме информатика и + програмирање и база на податоци?
omg :D
 
КвикСилвер

Модератор
Член од
28 март 2010
Мислења
4.544
Поени од реакции
5.855
Ова „За што ќе ми е математика мене ако одам на правен или зошто ќе ми е македонски кога одам на технички факултет?“ лошо се интерпретира.
Главна цел за училиштето и факсот треба да ти бидат што повеќе да научиш и што повеќе да знаеш, не да се расправаш зошто ова, зошто она. Ако не е така, тогаш некој нека ми одговори зошто на градежен учиме информатика и + програмирање и база на податоци?
Убаво кажано, секоја чест батка. Кажи што е тоа што тебе те мотивирало да знаеш и да сакаш да научиш повеќе. Што си научил ти повеќе, надвор од твојата област?
 
Член од
16 септември 2013
Мислења
699
Поени од реакции
680
Не сме сите математичари ниту сакаме математика, end of the discussion. Само јас си ги знам траумите во средно... да, можеби да имав добра основа ќе ја засакав но ја немав и ја мразев (а верувам и таа мене). Нема зошто да е задолжителна на матура но со оваа Влада ништо повеќе не ме чуди, утре задолжително ќе биде да ја испеат химната на ВМРО ако сакаат да завршат.
 
Morgan Freeman

Немодератор
Член од
23 април 2010
Мислења
2.920
Поени од реакции
4.366
Убаво кажано, секоја чест батка. Кажи што е тоа што тебе те мотивирало да знаеш и да сакаш да научиш повеќе. Што си научил ти повеќе, надвор од твојата област?
Еве нпр. историјата и литературата ми се интересни. Или јазиците, посебно јужните ме привлекуваат. Да не испадне како фалба, но знам 4 странски јазици од кои мин 2 ги зборувам течно. Или социологијата или географијата, штознам...
Важно кога нешто учам, цел ми е да го научам, се трудам да не учам за оцена или за некој друг, туку за себе.
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073
Каква врска има математиката со правото. Ако не ме бива во една бранша, автоматски не ме бива ни на другата за која сум се одредил? Не разбирам каква поента имаат бројките со законите. Зошто мислиш дека ќе бидам труп во областа на правото ако поима немам математика? Ако мислат дека логиката на индивидуата ќе се развие од еден испит, мало морген. Логиката ќе му се развие на оној кој константо вежбал математика сите 4 години и знае веќе во сон да ги решава задачите. И од него се очекува дека ќе продолжи со математика, затоа до сега и се бираше. Ако некој не пипнал книга математика сите години, џабе му е решавање 5 дена однапред, а не па вежбање на логиката.
А да даваат лесни, прости и општи задачи сите ќе бираа математика, а не англиски како до сега.
Правото прави систем за функционирање на општеството, а математиката систем за функционирање на природата. Во основа се исти системи т.е треба да обезбедат основни правила и нови правила што нема да бидат контраст со основните. Тоа во природата функционира безпрекорно, додека во правниот систем не. Ако математичари ги пишувале законите тешко да ќе има дупки и неправилности, ама најслабите математичари се запишуваат на правен и ги прават правилата на функционирање на општеството, без логичности.
Примери имаш многу, како на пример, еднаш Уставен суд донесува одлука дека не треба исклучените да плаќаат парно, после некоја година донесува дека треба да плаќаат. Тешко да можеш да најдеш пример во природата каде еднаш функционира гравитација (кога возиш лоша кола), друг пат не (кога возиш мерцедес).
 
Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
5.024
Поени од реакции
19.502
Ако мислат дека логиката на индивидуата ќе се развие од еден испит, мало морген.
Кој рече дека од еден испит ќе им се развие логиката!? Не е тоа поентата на мојот пост. Зборам општо, за математиката како предмет во основно и средно. Алудирам на оние што уште од основно се со став дека не треба да се учи математика, пошто никогаш во животот нема да ти притребаат равенките и формулите што ги учиш. Што е сосема погрешно размислување.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom