Србија не се откажува од кражба на ултраталентираниот Магдевски годинава пресудна за него и Николов

Член од
17 април 2012
Мислења
2.335
Поени од реакции
2.095
Драган Луковски, Ненад Зивчевиќ, Стефан Поповски-Турањанин се само дел од македонските кошаркарски таленти, кои биле врбувани од страна на предводниците на српската кошарка да прифатат да настапуваат за СР Југославија, Србија и Црна Гора односно за Србија наместо за матичната држава, нешто што би можело да се случи и со ултраталентираниот Андреј Магдевски, за кого луѓето од Кошаркарскиот сојуз на Србија (КСС) изминатиов период повторно покажале огромна заинтересираност и најавиле борба за репрезентативен ангажман односно за доделување кошаркарско државјанство.

Андреј Магдевски одушеви на кампот во Шарлот
Магдевски, кој минатата година беше еден од лидерите на кадетската селекција на Македонија на Европското првенство, дивизија Б и еден од малкуте европски кошаркари на негова возраст што беа дел од престижниот камп на Мајкл Џордан во САД, покрај македонското има и српско државјанство без кое не би можел да настапува во тамошните младински натпреварувања во дресот на белградски Партизан чиј член е втора сезона по ред.
Ова, заедно со неговиот несомнен талент, се главните причини што луѓето од КСС се решени да сторат се за да дојдат до правото тој да игра во националниот селекции на нашиот северен сосед. Но, во една ваква ситуација на сцена треба и мора да стапи Македонската кошаркарска федерација (МКФ), која никако не би смеела да дозволи еден ваков ултраталент да почне да настапува за селекција на друга држава.

Македонскиот талент втора сезона по ред игра за белградски Партизан
МКД.МК дознава дека изминатиов викенд претставници на МКФ во Белград имале неформални разговори со луѓе од КСС, но и од Партизан на кои децидно е кажано дека не постои апсолутно никаква шанса Македонија да се откаже од услугите на талентираниот Магдевски. Истиот одговор луѓето од Северот го добиле и пред трансферот на кадетот во Белград, кој немаше да биде остварен без дозвола на нашата Куќа на кошарката, која, пак, тогаш добила гаранции од играчот и од неговото семејство дека секогаш ќе им биде на располагање на македонските селектори кога ќе биде повикан за настап
Ваквото сценарио, сепак, е сосема можно бидејќи според актите на Европската кошаркарска федерација (ФИБА-Европа) кошаркар може да настапи за национален тим на една дури и откако бил член на кадетската селекција на друга држава. Ваквата промена може да се направи само еднаш. Кошаркарското државјанство на еден играч е дефинитивно одредено откако ќе настапи најмалку во репрезентацијата за кошаркари до 18 години (јуниори).

Годинава, со настап за јуниорите, Магдевски и Николов дефинитивно ќе го стекнат македонското кошаркарско државјанство
Тоа значи дека претстојнава година е клучна за одредување на кошаркарското државјанство на Магдевски, но и за неговиот врсник Кристијан Николов, кој исто така е ултраталентиран, кој настапува за Галатасарај и за кого од поодамна се заинтересирани луѓето од турската федерација. Двајцата веќе имаат и деби за сениорската селекција, но само на пријателски натпревар што значи дека луѓето од МКФ треба да направат се кошаркарите на Партизан и на Галатасарај да се најдат во составот на јуниорската репрезентација на ЕП дивизија Б, кое во јули годинава ќе се одржи во Струмица. Појавувањето на Магдевски и на Николов во струмичката сала „Парк“ ќе значи огромен влог во иднината на македонската кошарка, која така и дефинитивно ќе добие тандем на кој многу пореномирани кошаркарски нации би можеле да ни позавидат.

Самарџиски ги издржа притисоците за настап за северниот сосед
Ситуацијата со Магдевски е на некој начин и идентична со таа на Предраг Самарџиски од пред десетина години. Популарниот Пеѓа тогаш како огромен талент, на само 15-годишна возраст доби покана да премине во Партизан што и се случи поради што и тој мораше да земе во тоа време југословенско државјанство за да може да игра во младинска конкуренција.
Речиси во истиот момент почнаа убедувањата од страна на српските кошаркарски челници за негов настап за тогашна СР Југославија, но наидоа на тврд орев кај тогашното раководство на МКФ, но и кај самиот играч по што ја загубија битката, а Самарџиски зад себе веќе има голем број настапи во македонските селекции во сите возрасни категории. Шпекулациите велат дека високиот центар не доби вистинска шанса во Партизан токму поради одлуката да игра за Македонија, а не за Србија бидејќи тренерот Душко Вујошевиќ им давал далеку поголема шанса на српските играчи отколку на странците.

Прв прифати наместо за Македонија да игра за тогашна СРЈ: Драган Луковски
Но, историјата покажува дека не сите продолжиле по патот на Самарџиски откако добиле понуда да играат за селекцијата на нашиот северен сосед. Прв што реши да ја прифати нивната понуда беше Драган Луковски, синот на поранешниот прославен играч и тренер на Работнички, Јанко Луковски, кој направи повеќе од солидна репрезентативна кариера и злато на вратот од Мундобаскетот во Атина во 1998 година и бронза од Евробаскетот во Франција во 1999 година, двете во сино-белиот дрес на СРЈ.

Зивчевиќ има две европски злата во младинска конкуренција со Србија
Од поновите генерации, настап во младинските категории на поранешна Србија и Црна Гора има и кошаркарот на Работнички, Ненад Зивчевиќ, кој беше европски шампион со „сините“ во 2005 година и во 2007 година (јуниори и младинци) . Но, потоа тој не доби шанса во сениорската селекција на северниот сосед исто како и членот на Лирија, Александар Угриновски, кој беше еден од најталентираните хрватски репрезентативци во кадетска и во јуниорска конкуренција, но потоа беше заборавен од страна на селекторите на „коцкестите“.

Поповски (втор од лево) е меѓу последните што прифатија српско кошаркарско државјанство
Последен македонски кошаркарски талент што настапи за селекција на друга држава е кошаркарот на МЗТ Скопје, Стефан Поповски-Турањанин, кој, пак, има сребро со Србија од ЕП 2011 година во Полска за играчи до 18 години.
Игор Крстевски
 
А

Атомската мравка

Гостин
И пак доаѓаме до тоа дека самиот играч во случајов Магдевски го има последниот збор..

Ако не сака он да се шитне и да игра за друга држава никој не може да му го направи тоа, иако не ме чуди ако се полакоми бидејки кошаркарскиот сојуз на Србија и Партизан во нов договор може и да има дел каде што оние со нивно државјанство односно со настап за Србија да зимаат поголема плата.. сепак како што реков се на крајот останува на Магдевски дали ќе сака и не, а и прашање е како нашата кошаркарска федерација ќе се однесува и постапи во случајов а не ми изгледаат дека ќе го пуштат. А и незнам колку е наше да се буниме ако отиде кога и ние имаме во репрезентациите вакви странци доста..
 
Член од
17 април 2012
Мислења
2.335
Поени од реакции
2.095
И пак доаѓаме до тоа дека самиот играч во случајов Магдевски го има последниот збор..

Ако не сака он да се шитне и да игра за друга држава никој не може да му го направи тоа, иако не ме чуди ако се полакоми бидејки кошаркарскиот сојуз на Србија и Партизан во нов договор може и да има дел каде што оние со нивно државјанство односно со настап за Србија да зимаат поголема плата.. сепак како што реков се на крајот останува на Магдевски дали ќе сака и не, а и прашање е како нашата кошаркарска федерација ќе се однесува и постапи во случајов а не ми изгледаат дека ќе го пуштат. А и незнам колку е наше да се буниме ако отиде кога и ние имаме во репрезентациите вакви странци доста..
Тоа се малолетни луѓе со нив лесно се манипулира ,затоа МКФ треба да да заземе цврст став дека нема да ги даде и да им укаже дека и други македонски потенцијални репрезентативци што им нуделе настапи на други држави дека само си го уништиле правото да играат за Македонија а во тие селекции никат не настапиле. Инаку МКФ тррба сериозно да размисли дали и понатака ќе дозволува македонски млади кошаркари треба да тренираат во Партизан, зошто од досегашното искуство повеќе штета имаме од Партизан отколку корист. Зошто сепак МКФ дала зелено светло за настап на тие кошаркари во Партизан под услов да бидат на располагање во секое време на македонската репрезентација. Јавноста треба да изврши притисок на МКФ а МКФ да изврши притисок на српската кошаркарска федерација да не ни чепка наши кошаркари. Преку таквото ми е тој поданички менталитет на Македонецот дека странското чини а македонското е за никаде , најдобри покажавме кој сме и што сме на Европското првенство во Литванија каде што бевме 4 место . И најдобро пласирана екипа од Балканот. А Балканот секат имал злато или сребро или бронза од големите натпреварувања. И македонските кошаркарски школи треба да се издигнат на повисоко ниво да не праќаме кошаркари во Белград. Зошто и во македонија да не се прават таленти па после да се носат во НБА. Срамота е една Будучност од Подгорица која има 3 пати помалку жители од Скопје има добра школа на кошаркари и носи играчи во НБА или во јаките кошаркарски лиги, и од тоа прави јаки пари, а ние за ефтини пари често за без пари се откажуваме од нашите таленти и ги праќаме во Партизан каде што они после го собираат медот парите, резултатите а понекогаш им правиме од наши деца нивни репрезентативци!
 
L

.Lost Angel.

Гостин
Поубаво да игра за Србија отколку за Македонија бидејќи за разлика од Србија во Македонија талентите никогаш не успеваат т.е 80 % не успеваат, а во Србија е поинаку :)
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
4.346
Поени од реакции
3.754
Никој нив не ги присилува да заиграат, до нив е тоа. Некои од овие што ги наброја се со Српски корени и не е кражба ако сакаат да играат за матицата.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom