Србија и Косово ќе разменат територии ?

Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.120
Поени од реакции
4.800
Се прашувам дали на некој уопште му е јасно што значи вчерашното одбивање на Франција за процесот на решавање на косовското прашање.
Што би добиле Косово, а поготово Србија, за отстапките кои би ги направиле?
Сега, ја да сум на нивно место (а особено на местото на Србија), би размислил околу ветувањата кои ми ги претставуваат при заложбите да ме натераат да попуштам.
На Косово еднаш му го начукаа, изгласаа демаркација на граница со Црна Гора која не им одговара, со ветување дека ќе им ги укинат визите, и ете ни ден денес ништо од тоа, две Влади се сменаа од тогаш, еве третата доаѓа.

Ништо не е сигурно со ЕУ, пошто не се едногласни, Косово веќе е измамено еднаш, а и Србија после ова со Македонија, и тие резервирани ќе бидат за било која понуда.

На Србија барем и дадоа да ги отвори преговорите дури и со огромно нерешено прашање како Косово, кај нас „се“ исполнивме и пак ниту датум не добивме
Ништо чудно ако они влезат а ние уште ни почнато немаме со преговорите, немаат калимеровци они тоа им е плус..
Последното поглавје им е Косово, све да решат, ако Косово не го решат, нема ЕУ.

Турција од 2005 е со статус како Србија, ама замрзнати се разговорите, така да ништо не е сигурно.

Како да прочитав негде дека Црна Гора е на ред за зачленување.
 
Ejebajgasad!!!

Фукара
Член од
4 септември 2017
Мислења
677
Поени од реакции
1.116
Каква размена, какви бакрачи. Нема ништо од тоа, посебно не од чаршиски муабети. Србија нема да влезе во ЕУ скоро како што нема ни останатите балкански вукојебини. На Турција не и одговара во ЕУ да влезат од проста причина што знаат дека нема да добијат иста моќ како поголемите играчи во унијата. А Турција тоа всушност го бара од почетокот. Од друга страна Турција својата трговија ја базира во голема мера на извоз во Азија. Не ја интересира толку европскиот пазар. А размена на територии меѓу Косово и Србија нема да има со сигурност во блиска иднина.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.068
Поени од реакции
78.288
Oва со одбвањето на Македонија и Албанија и реперкусиите на таа одлука врз понатамошното влијание на ЕУ во регионов може да се разгледува во најразлични контексти. На пример, во врска со Косово, меѓу другото, може да се очекува поголемо влијание на Русија и САД во преговорите.
Може да се очекува намалување на влијанието на ЕУ во регионот и пополнување на тој вакуум со други сили - Турција, Русија, САД, па дури и Кина (кога станува барем збор за економијата).
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.068
Поени од реакции
78.288
Само еден од неколкуте показатели за тоа што е Косово денес:
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.120
Поени од реакции
4.800
Само еден од неколкуте показатели за тоа што е Косово денес:
Еве да имаш повеќе материјал

Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.120
Поени од реакции
4.800
Две пораки од американците

1. Србија не може во ЕУ без признавање на Косово

2.Србија ризикува да му се воведат санкции поради оружјето од Русија
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.068
Поени од реакции
78.288
Jaко богами.

"Порталот Инсајдери објави дека девојката прв пат ја силувал нејзин професор во 2017 во Глоговац.

Инсајдери наведе дека професорот во 2017 почнал сексуални односи со девојката и ѝ ветувал брак. Кога открила дека е оженет и дека има деца, го пријавила во полиција.

Полицаецот на кој му го раскажала проблемот ѝ се заканил дека на нејзините родители ќе им каже за нејзината врска со професорот, ако не оди со него четири пати неделно во хотел, што се случувало во 2018 година.

Кога забременила, полицаецот во јанури 2019 ја однел во Приштина на абортус.

Адвокатот кој ѝ бил доделен на девојката исто така ја силувал, како и гинекологот, според истиот извор."
 
Член од
19 септември 2009
Мислења
5.081
Поени од реакции
4.932
После ова со македонија и еу, уште некој верува дека со признавање на косово или како што е актуелно да се зборува си компромис србија ке има напредок...
инаку гледам дигаат галаму околу вежбата со русија и инсталирање на с-400 и тоа сите од соседи до американците, па ме интересира едно прашање ако тој систем е наменски одбранбен зошто толку галама освен ако некад не им текне пак да напаѓаат?
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.846

Одговорот го имаш на крајот на твоето прашање.
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.120
Поени од реакции
4.800
После ова со македонија и еу, уште некој верува дека со признавање на косово или како што е актуелно да се зборува си компромис србија ке има напредок...
инаку гледам дигаат галаму околу вежбата со русија и инсталирање на с-400 и тоа сите од соседи до американците, па ме интересира едно прашање ако тој систем е наменски одбранбен зошто толку галама освен ако некад не им текне пак да напаѓаат?
Никому не текнало да ја нападне Србија, него Србија има претензии према соседите.

Србија купува и напаѓачко оружје, не само одбранбено. Сакаат да нападнат, а да не бидат нападнати.

Плус што сакаат да ни ја донесат Русија, тука сред Европа.
 
Член од
3 септември 2010
Мислења
5.625
Поени од реакции
7.661
Никому не текнало да ја нападне Србија, него Србија има претензии према соседите.

Србија купува и напаѓачко оружје, не само одбранбено. Сакаат да нападнат, а да не бидат нападнати.

Плус што сакаат да ни ја донесат Русија, тука сред Европа.
Да, да, ќе ви ја донеле.

Гледај мапа на извоз на Русија по држави, погледни кај се наоѓаат Германија, Холандија и Италија, а гледај каде е Србија.

Russia Exports By Country - Trading Economics

Koлку гас увезува Србија од Русија, а колку Германија?

Еве ти, читај:

Trump: How much of Germany's gas comes from Russia ...

Србија или Црна Гора или Бугарија ќе ви ја донеле Русија.
Во такви американски бајки може да верувате само вие и некои од Папуа Нова Гвинеја.
За тоа време, Западна Европа ќе си ги користи руските енергенси, а тебе ќе те убедат дека со пребарување преку Јандекс ја доведуваш Русија во Европа.
 
Член од
19 септември 2009
Мислења
5.081
Поени од реакции
4.932
Никому не текнало да ја нападне Србија, него Србија има претензии према соседите.

Србија купува и напаѓачко оружје, не само одбранбено. Сакаат да нападнат, а да не бидат нападнати.

Плус што сакаат да ни ја донесат Русија, тука сред Европа.
Исто како и 99 година, а истата агресија беше одложена на неколку месеци се додека нато не утврди дека Србија не поседува С-300, е замисли сега со С-400 дали би се случил таков напад на Србија кој пак повторувам чисто одбранбено оружје, а тоа демек Русија ке ја донеле во европа некој вас ке ве праша, исто како никој нас не не праша што гадните американци се донесоа во срцето на европа.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom