Србија и Косово ќе разменат територии ?

Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.120
Поени од реакции
4.799
Toa би значело дека Косово ќе биде надвор од ООН, уште долго.
Не ми се гледа тоа како проблем, особено ако се сигурни дека кога тогаш ќе се зачленат и дека цената нема да биде поскапа од тоа што сега се нуди.

Знаеш, тоа ни се случи на нас во Македонија, сите знаевме дека Македонија еден ден ќе го промени името, теравме инает, се изгубија многу години, и на крај се случи, склучивме договор кој не верувам дека беше подобар од тој првичниот кој бил на маса можеби уште во 1991ва.

Албин Курти предвидува дуплирање на буџетот за војската, од 50 милиони евра, на 100 милиони евра, зголемување на бројот на војници и на одбрамбено оружје. Исто така ќе побара и од Албанија да го зголеми буџетот за војска.
Тој вели дека ако Косово е слабо, тогаш другите не гледаат како плен и влечеме непријатели.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.068
Поени од реакции
78.273
Не ми се гледа тоа како проблем, особено ако се сигурни дека кога тогаш ќе се зачленат и дека цената нема да биде поскапа од тоа што сега се нуди.
Ако не ти се гледа незачленувањето на Косово во ООН како проблем, тоа и не би ме чудело,
затоа што веќе подолго време слушаме еден тон такви, благо кажано, наивни ставови, тука на Балканот.
Ги знаеме одамна: - Не ни треба нас НАТО и ЕУ, ако треба корења ќе јадеме, не сакаме ние во ЕУ они се декадентни, а ние сме баш ОК и сл.
Сепак, тие што ја водат политиката и во Косово и тука, скроз им е јасно колку го чини Косово секој ден надвор од ООН, Интерпол и ред други меѓународни организации, или колку ја чини Македонија, на политички, економски, безбедносен и секаков друг план, секое време поминато надвор од ЕУ и НАТО.

Инаку, оваа изјава доволно добро го доловува вистинскиот став на Курти:
„Не можам да кажам дека националното единство се случува во ЕУ. Таму им се придружуваме на Данците, Австријците и Шпанците. Нашиот сојуз мора да се случи тука“, кажа Курти.

Курти или ќе го дисциплинираат или можеби е дојден на власт во контекст на пошироко решавање на проблемите на Балканот. Можеби неговата идеја за обединување ќе заживее, во некои нови услови. А сега има некои нови услови на Балканот.

Јас мислам дека најбитно за Албанците од Косово треба да биде дали и колку ќе се продлжи со државен криминал, корупција и сл. Еден од столбовите поради кои Курти дојде на власт е токму тоа - борбата против тие пракси во власта.
 
Вучиќ денеска во интервју за албански медиум вели дека или ќе постигнеме компромис или ќе се уништиме себеси а и другите.

Но понатака вели дека ако не се постигне договор, за Србија е сеедно, бидејќи Косово е во полоша положба и дека Србија ужива подобар меѓународен углед.

Малку контрадикторно нели.

Инаку ако Србија планира зачленување во ЕУ, со проблемот на Косово не ќе може, така да не е сеедно ни за Србија. Случајот со Македонија и Грција не беше ист.

Курти вели дека Косово може да функсионира и без зачленување во ООН и без договор со Србија, и дека функсионирање на правна држава и економски развој може да има без тоа.
Па затоа тој вели дека не му е топ приоритет договорот со Србија.

Секој што го ветува ова, било каде на Балкан, е или лицемерен или глуп. Трето нема.
Нормално, и Курти рече дека не може целосно да го запре.

Бегаат и од Хрватска илјадници, од Косово секако ќе бегаат, но пред некоја година беше од страшни размери, па и сега не е којзнае како подобро.
 
Последно уредено:

old_School_mk

Програмер, гејмер, psy-trance уживател
Член од
11 август 2009
Мислења
6.093
Поени од реакции
5.737
Албин Курти предвидува дуплирање на буџетот за војската, од 50 милиони евра, на 100 милиони евра, зголемување на бројот на војници и на одбрамбено оружје. Исто така ќе побара и од Албанија да го зголеми буџетот за војска.
Тој вели дека ако Косово е слабо, тогаш другите не гледаат како плен и влечеме непријатели.
Зошто? Се спрема за војна или што?
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.120
Поени од реакции
4.799
Зошто? Се спрема за војна или што?
Шта ти ја знам, дури рече дека треба да има 6 месечен задолжителен воен рок. Во секој случај Косово треба да има војска, се додека спорот со Србија не е решен.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.068
Поени од реакции
78.273
Шта ти ја знам, дури рече дека треба да има 6 месечен задолжителен воен рок. Во секој случај Косово треба да има војска, се додека спорот со Србија не е решен.
Сеедно е колку Косово ќе ги стабилизира безбедносните прашања на внатрешно-политички план, се додека не се реши прашањето на релевантност на Косово како држава, првин во рамките на регионот, а потоа и пошироко. Без членување во ООН, сеедно е дали они некоја вооружена единица си ја нарекле војска или не.
Најголем проблем на Косово во контекст на меѓународното етаблирање е, според мене, намалувањето на признавањата. Значи не се намалува бројот на земји кои го признаваат, туку се намалува бројот на земји кои го признале. Тоа е катастрофално.

Тачи, според мене, тргна во добра насока и едно време, неговите активности донесоа некој плод. Но, Србите исто така имаа успеси на тој план, нешто поради идиотизмот на Харадинај. Сега не знам точно што ќе се дешава со овој новиов, али ќе видиме.
 
Тајван не е членка на ООН, но е една од најразвиените земји во светот, и тоа признаена од 14 членки на ООН, додека Косово беше признаено од 115, сега наводно 15 ги повлкекле признавањата (држави што некогаш Косово ги поткупи, а сега велат дека Србија).

Вистина дека Косово не е како Тајван, но и Србија не е како Кина.

Србија наоѓа слабости кај Косово и затоа се вака упорни, нема врска со такозваните светињи, цркви, манастири и глупости.

Нејасно е што ќе биде понатаму, за мене нејасно е зошто Албин Курти а и другите албански партии се противат да му се даде северно Косово на Србија.
Курти дури вели дека не сака ни размена, не сакаат да го дадат северно Косово а да го добијат Прешево и некои бујаночки села, со можност потоа да се обединат со Албанија.

Хашим Тачи велеше да му се даде на Србија северно Косово, бидејќи според него еден дел од тој регион бил припоен на Косово после втората светска војна и дека не припаѓало на Косово, што кога ќе видиш точно е, Лепосавиќ не припаѓало на Косово, мислам дека 1959-та му е припоено на Косово.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.068
Поени од реакции
78.273
Тајван не е членка на ООН, но е една од најразвиените земји во светот, и тоа признаена од 14 членки на ООН, додека Косово беше признаено од 115, сега наводно 15 ги повлкекле признавањата (држави што некогаш Косово ги поткупи, а сега велат дека Србија).
Да де, скроз потсеќа на истиот навен куртонски муабет, кој катадневно го слушаме тука во нашата земја, од страна на малите наполеони пред кооперација: - Глејте Швајцарска како е неутрална и не им треба ни НАТО ни ЕУ и Македонија може така....
- а кој муабет нема врска со суровата реалност, а тоа е - земји на Балканот, како Македонија или Косово, стварно се до гуша во гомна (на безбедносен прво, а потоа и на сите други планови) без интеграција во пошироките системи (политичко-безбедносни и секакви други). Тој Тајван-филм во балканскава реалност на трули системи и пропаднати народи, без интеграција, не можете да го гледате.
Вистина дека Косово не е како Тајван, но и Србија не е како Кина.

Србија наоѓа слабости кај Косово и затоа се вака упорни, нема врска со такозваните светињи, цркви, манастири и глупости.
Апсолутно има врска со се српско на Косово. Националната митологија на Балканот има особено голема врска, но тоа е подолга тема.
Сепак, вистина е дека Србија не е будала па да не ја искористи предноста што ја има, позицијата на моќ во однос на Косово, како признаена, етаблирана држава (пак ќе кажам - во однос на Косово) и од тука би требало да ви е јасно на вас, колку е битно интегрирањето и дефинирањето на статусот на Косово, за негов напредок.
Наивно е тука да се очекува рамноправност.

Нејасно е што ќе биде понатаму, за мене нејасно е зошто Албин Курти а и другите албански партии се противат да му се даде северно Косово на Србија.
Курти дури вели дека не сака ни размена, не сакаат да го дадат северно Косово а да го добијат Прешево и некои бујаночки села, со можност потоа да се обединат со Албанија.

Хашим Тачи велеше да му се даде на Србија северно Косово, бидејќи според него еден дел од тој регион бил припоен на Косово после втората светска војна и дека не припаѓало на Косово, што кога ќе видиш точно е, Лепосавиќ не припаѓало на Косово, мислам дека 1959-та му е припоено на Косово.
Не сум сигурен што ќе биде сега. На некој би му личело дека подемот на Курти е помаган цело време, од надвор, како во случајот на Заев, па сега имаме нова реалност на Балканот, со решено едно прашање (македонско-грчкото) и нова состојба на Косово, после деценија и повеќе афричко ворлордски поделена убер корумпирана власт. Ова последново и не е баш страно на овие простори, па не делува чудно.
Во последниве пет години очигледна беше намерата на Западот да ги расчисти безбедносните ризици по Јужното Крило и да го стабилизира. Тоа во контекст на новонастаните состојби со Русија, во Украина и Сирија, како и вртењето на кормилото на турската надворешна политика.
Сето тоа преку решавање на проблемите, еден по еден.
Е сега, дали Курти е некаков инструмент во затворањето на косовското прашање, не знам. Само знам дека е дел од новата постпеспанска реалност и сметам дека при вакви судбоносни договори и одлуки, косовската страна подобро е да биде ослободена од багажот на војната. Доколу некој би сакал да стори се што е можно за Косово да има што подобра позиција во претпоставените судбоносни решенија, сигурно не би дозволил ослабени почетни позиции во преговорите, со некој воен злосторник или учесник во војната. Србите одамна расчистија со тоа, а ова е само една ситница која е дел од комплексот предности на Србија. Курти, би требало тоа да го нивелира. Барем на тој план. Не пратам нешто многу опстојно, во последниве денови, ама претпоставувам дека ќе ги тргне царините.
Не верувам дека ова вака ќе си тера уште долго. Нешто ќе се смени сега. Не е дојден он за да тера исто. Ако пртпоставката дека Заев е ставен да го реши името, е точна, има некоја логика и Курти да е дојден за да се смени нешто во врска со косовското прашање.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.068
Поени од реакции
78.273
Рама: Дијалогот на Белград и Приштина ќе заврши со признавање

" Според него, Курти е спремен да ја преземе одговорноста, и додаде дека косовските политичари имаат обврска „да го туркаат напред дијалогот кој несомнено мора повторно да се придвижи, реструктуира и јасно да се фокусира на неговото завршување – со признавање на Косово“. "

но, до тогаш:

Коха диторе: Приштина пред „спектакуларен неуспех“ во Интерпол
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.068
Поени од реакции
78.273
Дека можеби работата се помрднува од статус кво во регионот (околу решавање на Косово), сведочи и фактот што некој ги седнал, малку повеќе да се зближат: Рама, Вучиќ и Заев.
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.120
Поени од реакции
4.799
Дека можеби работата се помрднува од статус кво во регионот (околу решавање на Косово), сведочи и фактот што некој ги седнал, малку повеќе да се зближат: Рама, Вучиќ и Заев.
Добро е да има договор, тоа е добро за цел Балкан, но не договор како тој во БиХ, кој што не решава конфликти туку ги пролонгира.

Курти со Рама не е во добри односи, едно време беа блиски, но кога Рама се зближи со Хашим Тачи, тогаш Курти му се налути, особено дека и Рама подржуваше промена на границите.
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.846
Како тргнало работава, косово пак ќе си стане регион во Србија. Почнуваат да им вртат грб сите.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.068
Поени од реакции
78.273
Како тргнало работава, косово пак ќе си стане регион во Србија. Почнуваат да им вртат грб сите.
Според ООН Косово Е регион во Србија.
Но, де факто не е и никогаш повеќе нема да биде.
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.120
Поени од реакции
4.799
Според ООН Косово Е регион во Србија.
Но, де факто не е и никогаш повеќе нема да биде.
Никогаш не вели никогаш :)
Автоматски споено мислење:

Како тргнало работава, косово пак ќе си стане регион во Србија. Почнуваат да им вртат грб сите.
Премногу далеку е отидена работата, треба тотална промена на силите во светот и тие да бидат наклонети кон Србија.

А таква промена веројатно нема да се случи пред Србија да го признае Косово.

А до следна промена на силите, со темпото на иселување на балканците, ќе бидеме никој и ништо, ќе не изедат големите држави.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom