Јас викам дека независноста е реалност. И дека нема назад. Ама дека и на Косово му е неопходно признавањето од Србија, и дека за тоа мора да направи отстапки. И таа позиција, дека Косово мора да направи отстапки во полза на Србија, за да добие признавање за возврат, е став на се повеќе и повеќе држави кои реално можат да направат притисок.
И тоа е темата за која треба да се зборува. За се друго, може сите да имаат секакви чувства и толкувања (јас на пример не чувствувам никаква потреба да ги оправдувам Србите за глупостите што ги правеле), ама тоа нема да смени ништо од реалноста.
Решавањето на спорот им одговара и на двете страни, Косово ќе се оцени како безбедна земја и ќе има поголем развој, ќе се зачленат и во тие неколку меѓународни организации, Србија ќе се ослободи од еден товар што му тежи на врат и можаат и тие да тераат напред, за возврат ќе им се отвори патот за зачленување во ЕУ, а исто така нема да бидат видени како дестабилизатори на Балканот, бидејќи имаат сериозни 3 отворени конфликти, Косово, БиХ, Црна Гора, и сеуште од 1989 се гледани како злосторници и никако да се смират со соседите.
Кругот околу Србија веќе е затворен, Балканот дефинитивно припаѓа на западната алијанса, а за таа алијанса Косово е независна и ќе ја истераат таа работа до крај, тие можат и "со сила", но бидејќи планираат и Србија да ја приклучат кон себе, одат милом.
Косовските политичари сакаа да ја добијат Србија на кондиција, отстапка по отстапка, за на крај само и формално да се објави тоа признавање, меѓутоа еве ги Сад, веројатно најнеповолната администрација за албанците, сакаат брзо решение, пред изборите во Сад, му ветиле нешто на Вучиќ, а најдоа и партнери кај албанците за брзо решение.
Курти остана осамен, тој со неколку држави од Европа кои го подржуваат, тој бара преговори за секој сегмент од односите, не сака готов договор спремен од некој друг.
Уште една причина зошто Косово е независно, србин кој не бил на Косово од 2001, се чуди како се променило Косово за 17 години :