Србија во шок: Младата Тијана пронајдена мртва, убиецот фатен

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.268
Не е исто да украдеш новчаник и да убиеш човек.Дури и едно убиство се разликува од другото,тоа што ќе го обележиш секој што е осуден е само непотребно проширување на кругот.
За потешки осуди да се сечи нос, за казни до година дена затвор (ситна кражби) ете не мора да се бележи, за се над 1 година, да му се втисни жиг на чело или образ со знак кој ќе покажува дека се работи за бивш осуденик. Многу луѓе настрадаа впуштувајќи се во приателски или интимни врски со поранешни осуденици.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.289
Поени од реакции
29.765
За крадците сечење раката со која украл, за силувачите сечење онаквото со кое онадел...
Ем добра порака испраќа, оваквата пракса, ем повеќе нема со што да крадат (или да онадат).
Win-win ситуација!

Што? Велите дека тоа не е хумано и морално?
- Секој што е толку загрижен филантроп, нека се пријави за доброволен психолошки експеримент каде ќе биде жртва на насилство, силување... потоа да го прашаме дали сеуште ќе го има истото мислење за шлајмот на општеството.
 
Член од
27 август 2012
Мислења
1.024
Поени од реакции
2.539
Мене само ова ме заинтригира. Ако некој треба да си ја работи работата во една држава, тоа е полицијата. Кога веќе бил познат по разбојништва, зошто не се превземале мерки да му се направи психолошка анализа и навреме да се открие дали е способен за убиство или не.
Тешко е да се предвиди дали обичен деликвент осомничен за кражби на коли би убил, во голем процент од нив и убиваат, но има многу психопати неоткриени кои имаат чисто досие без направени злодела и криминал, и одеднаш цела фамилија ја убил на пример...Сложено е тоа но се слагам да треба полицијата да ги следи тие деликвенти, но еве случајов на убивството во Аердром е од лик кој обезбедувал министер во влада.Така да шта речи...

Што се однесува до овој психово не ми е јасен само мотивот за убиствово? Ај силување под дејство на алкохол, но гадуриите што ги правел врз неа и ја убил? Болен ум дефинитвно! Дали сакал да не го пријави за силување па гледал да се сокрие сето тоа со убиство, не ми е јасно, али и вака ќе лежи затвор незнам што му бил мотивот ваљда ќе објаваат после по неговите искази, судење....
 
Kaiser

Hidden Fortress
Член од
6 мај 2011
Мислења
3.202
Поени од реакции
2.443
Нема ресурси за превентива, мора да се чуваат и негуваат
Има, само треба да се има воља и знаење да се направи национална програма што би почнала со децата во основните учичишта па се до корекција на судскиот и образовен систем.

Зашто не се прави е веќе тема за муабет а не дека нема ресурси, впрочем превентивата е најефикасен систем на заштита :).
 
курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.283
Поени од реакции
45.745
Нема борба против овие ваквиве. ако некој мисли дека некој што е спремен на вакви работи се плаши од смрт и знае за срам некаков, нека размисли пак. Пораката што се испраќа со смртната казна е страшна за нормалниот свет, за вакви психопатите не е ич.
Ја би идел на некоја си модифицирана доживотна, да лежи додека е жив и случајно да испаѓаат во јавноста детали од тоа како го мачат, тепаат, изживуваат и како живее како пес/
Ќе се буни по некое здружение за третман на затвореници, ама па кој кур ако се испраќа порака до болниве дека има и полошо од смрт. Умирачката треба да им е пожелна варијанта и да ја дочекаат што е можно покасно.
 
Член од
4 февруари 2009
Мислења
7.733
Поени од реакции
7.549
:facepalm::facepalm::facepalm:

На мене моментално никој неможе да ме спречи да одам во дневната , и да ја искасапам баба ми на фотелјата кај што си гледа индиски серии. Да постои смртна казна , ќе немам шанси после 20 и кусур години да и го направам истото на некоја друга баба , со тоа што автоматски и се зголемуват шансите да го изгледа крајот на малата невеста.

Смртната казна е баш за вакви како овој Џурич , кои не покажуваат ни трошка каење за тоа што го сториле , и шансите да го повторат делото ако излезат од затвор се големи. Баш од архивата на Србија излегоа повеќе случаи кои ја разбрануваа јавноста , личности кои пред 20-25 години искасапиле некој , па биле пуштени и за неполна година дена го повториле делото. Да имаше смртна казна , повторените дела немаше да се случат. Баш тоа е улогата на смртната казна , превентива од повторување на делото.
Убивање како превентива е најдебилен аргумент за смртната казна. Вршиш убиство за можеби да спречиш човек да убие пак после 25-35 години. Генијално.
Секој човек има шанса да убие некој, ај како превентива да се испоубиеме меѓу себе.
Се знае зошто се става смртната казна, за страв, но не успева во тоа.
По иста логика и затворски и парични казни треба да се укинат. Голем број на затвореници - пак завршиле во затвор, исто како што и повеќе пати луѓе плаќаат парични казни.
А кога сме кај невиност, сигурно многу повеќе невини се убиени од страна на злосторници од колку невини што завршија во затвор
Поранешни затвореници добиваат поголеми и поригорозни казни за повторени дела.
И не можеш да оправдаш државата да убива невини луѓе со статистика. Посебно не затоа што смртната казна не спречува невини да бидат убивани од злосторници.

Дај ми перфектен правен систем во кој нема шанси од ‘статистички грешки‘ па тогаш ќе зборуваме за смртна казна во екстремни случаи на непоправливост.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.268
Поранешни затвореници добиваат поголеми и поригорозни казни за повторени дела.
И не можеш да оправдаш државата да убива невини луѓе со статистика. Посебно не затоа што смртната казна не спречува невини да бидат убивани од злосторници.

Дај ми перфектен правен систем во кој нема шанси од ‘статистички грешки‘ па тогаш ќе зборуваме за смртна казна во екстремни случаи на непоправливост.
И пак се враќаат на криминал. Неперфектен правен систем веќе имаме, во овој систем имаме луѓе кои по одлужена казна пак прават криминал, а си се запнал само за смртна казна??
Па ако земеш така и 20 години максимум се многу... па и 10. Нема смисла да држиме чоек пола живот за решетки, ако сфати дека згрешил и ако се покае - па доста му се и 2 години. Има време да размисли и ја увиди грешката, ако за 2 години не се смени - нема ни за 20.
Велиш имало случаеви кога некој бил невино осуден па и на смртна казна, јас велам дека има уште многу повеќе случаеви кога затвореници кои одлежале и казна за убиство - пак убиле кога биле пуштени на слобода.
Дур чекаме подобар поравен систем кој 100% ќе рехабилитира затвореници - можиме и вакви тешки злосторници да ги ликвидираме. Не со мачење не со давење , ете куршум во чело или инекција - нека биди хумано.
 
И што тогаш е поентата на смртната казна? Нит рехабилитира, нит сее страв во криминалци да не извршуваат убиства, што е поентата? За ти поубаво да се осеќаш кога во весник ќе прочиташ дека убиец или силувач бил застрелан ко куче?
И не е работата ние сега да пробаме со смртна казна како ќе оди. Смртната казна била пробувана со илјадници години од скоро сите цивилизации историски. И еден заклучок се донесе - не функционира.
 
Не функционира ни затворот, за смртна казна ќе добие 40 - ќе излезе на 74 и рехабилитиран ќе почне нов живот? ќе стане користен член на општеството?
Се гледа дека се немаш дружено со тешки криминалци. Скоро сите од нив - се изолирани од општеството, се дружат меѓу себе, пак прават криминални дела, тешко доаѓаат до работа - тоа ги прави поогорчени, секој кој знае за нив и нивно минато - ги избегава, а камоли да заснува фамилија... алкохолот им е излез од секојдневието. Лично и многу добро се знам со 4 (плус еден кој се обеси во затвор) кои одслужија казни за убиства, еден родителите си гуи уби, еден со нож закла чоек кој се жалел дека пијани многу му галамат пред куќа, друг заедно со уште еден убија маж и жена при кражба, еден убил човек во тепачка... и уште можеби 6-7 души со останати прекршоци (фалсификат, кражба, поседување на дрога, тепачки со повреди и обид за убиство) од сите нив можеби , можеби само еден можам да речам дека се сменел, сите останати повторно дојдоа во сукоб со закон или се насилни. Не му верувај многу на книги и статистики.
 
Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
За крадците сечење раката со која украл, за силувачите сечење онаквото со кое онадел...
Ем добра порака испраќа, оваквата пракса, ем повеќе нема со што да крадат (или да онадат).
Win-win ситуација!.
А што ако украл леб затоа што бил гладен? Не дека оправдувам крадење, ама има различни причини и секакви судбини и не можеш некому да исечеш рака само затоа што украл нешто. Политичарите ширум светот крадат цели нации, па така тие имаат најмалку право да судат некому и вметнат такво нешто во законикот. Лицемерно е. А за силувачите не мора да им се сече пенисот, може и хемиска кастрација да им се направи. Ништо не се сече, нема такви работи, едноставно со хемиската кастрација се губи секаква желба за секс и после тоа ќе бидат како бајчиња. Тоа што тие се монструми, не значи дека треба да бидеме исти како нив.
 
Член од
12 февруари 2014
Мислења
7.733
Поени од реакции
24.373
А што ако украл леб затоа што бил гладен? Не дека оправдувам крадење, ама има различни причини и секакви судбини и не можеш некому да исечеш рака само затоа што украл нешто. Политичарите ширум светот крадат цели нации, па така тие имаат најмалку право да судат некому и вметнат такво нешто во законикот. Лицемерно е.
Истото сакав да го искоментирам.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.268
. А за силувачите не мора да им се сече пенисот, може и хемиска кастрација да му се направи. Ништо не се сече, нема такви работи, едноставно со хемиската кастрација се губи секаква желба за секс и после тоа ќе бидат како бајчиња. Тоа што тие се монструми, не значи дека треба да бидеме исти како нив.
супер! уше на силуваната хемија да и се дава да заборави траумата, и на народо да му се дава хемија да заборави дека има меѓу нас силуватели и сите среќни!
Ете една хумана смртна казна, каде нема иживљабање, може гилотина, смртта е брза и моментална, може со куршум зад уво одма смрт нема ни да сети, може инекции прво да се успие па да се застане срцето.... дури и за разлика од жртвата ќе има и избор како сака да умре.
 
Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
супер! уше на силуваната хемија да и се дава да заборави траумата, и на народо да му се дава хемија да заборави дека има меѓу нас силуватели и сите среќни!
.
А ако директно со сатар му го пресечеш пенисот, силуваната магично ќе ја заборави траумата? Народот ќе заборави дека има силувачи? Силувањето е огромен проблем, траумите од силувањето се лечат со психотерапии и апчиња, а и тоа не е гаранција дека ќе се излечат комплетно. Но, сечењето со сатар, нема да ја намали траумата. Хемиската кастрација, мислам дека во Полска, веќе е во употреба за педофили, може да се прошири и на осудувани силувачи. Се губи секаква желба за секс, либидото е на минимум, па така и тие немаат потреба да напаѓаат повеќе. Плус нели и задолжителната затворска казна која си следува за делото.
Со казните не може да се поправи тоа што е направено, може само да се влијае на тоа истиот човек да не повреди некој друг.
 
Се запна околу тоа да му се помогне и најде начин да му се олесне на силувачот, на убиецот, на насилникот.... Да му се овозможи пак да се вмеша меѓу луѓе. И за то треба да го пазиме и мазиме и даваме бесплатно хемии и ангажираме доктори... па здрав прав чоек не добива толку грижа и внимание ко некој кој силувал?!
А зошто на пример силувателот не се стави 50 години во затвор? Да не се труе со хемија да не се арчат сати докторски. Едноставно затвор каде ќе работи пола плата ќе му биде за негови трошоци во затвор, друга половина оди кај жртвата. Шо е тука нехумано. Јас не се залагам за сечење на паључки, јас сум да се елиминираат типови како таа крастата кој 1) го удрил чуперто со кола, 2) ја киднапирал) 3) сексуално се иживувал, 4) ја задавил, 5) го скрил трупот. Ни една хемија нема да помогне на таков ум. Само црвите во земјата да го разложат во необележан гроб надвор во пустелија закопан и заборавен. Ете силувателите пример да не се пуштаат од затвор се додека престанат физички да бидат опасност за заедницата, пример на 80 и кусур години. Вакви убици да се егзекутираат (кратко без мачење). Ете пробано е без смртна казна - пак има убиства, вака со смртна барем казната ќе соодествува со неделото.
 
Тоа со силувачот го спомнав, бидејќи го цитирав Vanlok кој се залагаше да му се исече пенисот. Инаку, што се однесува до мене, треба да си лежат долги затворски казни, но ако е веќе решено дека не треба да го користи пенисот, тогаш хемиската кастрација е подобро решение. Тоа беше муабетот, јас не ја почнав таа дебата.
Што се однесува до смртната казна, таквите луѓе како овој што ја уби Тијана се претежно социопати, тие нема да се рехабилитираат никогаш, тоа е факт. Но, за последната реченица, морам да не се согласам. Во Америка има смртна казна, па повторно има грозоморни убиства, што нормален мозок не може ни да ги перцепира дека се возможни. Социопатот нема грижа на совест, нема страв, нема емоции (се претпоставува дека делот од мозокот задолжен за емоции и грижа на совест им е оштетен), тој е убеден дека е попаметен од сите и тој ако сака да убие, ќе убие, не му е гајле него за казна и полиција. Смртната казна нема да го одврати во намерата да убие. Тоа ми е муабетот.
А и Igor Chete или некој спомна дека 4% од осудените на смртна казна излегло дека се невини. Смртна казна е лизгаво поле, мора да се биде многу внимателен... една грешка може да чини невин човек смрт, а виновникот да се шета на слобода.
Нормално, во случајот со Тијана тоа не е случај, но генерално, може да доведе и до многу злоупотреба.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom