Прилично добро функционираат методите шо ги имаме денес во рехабилитацијата на клептомани.
Aко е навистина така, тогаш зошто превенцијата на ваквите свирепи убиства не функционира?
Зошто инсистираш на примена на денешните методи во пост фестум рехабилитација, а не во превентива.
Нека се применат во превентива, да видиме како ќе покажат, пред да се „рехабилитираат„ некои потоа некако повторни ќе се „разболат„ и ќе го повторат делото.
Тоа што ти го кажувам е дека практичната примена на когнитивната неврологија, сеуште не е на ниво каде некој одговорно може да каже: „Баткава е безбеден колку и едно бебенце, слободен е нека излезе од затвор!„.
Впрочем, дали ти би земал дома како потстанар еден таков „рехабилитиран„ врз база на извештај од стручњак по когнитивна неврологија?
Тоа нема да го намали бројот на убиства, оти некој кој слабо стои со емпатијата, баш и не размислува рационално за заканата по неговиот живот наречена смртна казна.
Единственото нешто кое се задолува со смртната казна е да дркаме додека јавно иде на телевизија бесењето на типот, или неговото горење на клада.
Тука дури и блатантно грешиш, емпатија нема врска со сакање себе си, желба за преживување, или интелегенција.
Во врска со втората реченица, казната не мора да биде јавна. Напротив.
Да им се ускрати шансата на некои луѓе да живеат и нивно убивање, не не прави ништо помалку од убијци како нив. Колективна крв имаме на рацете.
Не се согласувам. Кај смртната казна, никој друг не ги убива нив, освен тие самите.
Замисли ако земеш сега да си ја ставиш главата во машина за мелење ѓубре, и ја вклучиш самиот таа машина?
Ти си крив, или компанијата/индустријата/државата, која ја произвела машината?
Ако застанеш под тег од 10 тони, и активираш механизам кој ќе го отпушти тегот врз тебе... кој ти е крив за тоа?
АКЦИЈА - РЕАКЦИЈА
Тоа е физички природен закон. Сето друго е масирање на сопственото его, и претенциозно глумење на засегнат хуманист.
Дури и за моментот за „убивањето„ и за тоа има лек, како што веќе предложив некоја варијанта од Шродингеровата кутија го решава и тој „морален„ проблем. Кој ќе биде докажано најден за виновен за најсвирепо убиство, самиот се осудил на казната: влегување во кутијата.