Спортски оскари 2008

Статус
Затворена за нови мислења.
А

Ајсшутер

Гостин
Па тука негде се и Кире и Пандев дури мислам дека подобро се снајде Лазаров во странство од нашиве спортисти беше најдобар стрелец во лигата на шампионите и беше во влечењето на новите групи од ЛШ и го доби признанието за најдобар стрелец така да според мене заслужено иако и Пандев не беше лош но кај нас повеќе сметаат дека тој требаше да ја земе оваа награда бидејки фудбалот е далеку по гледан спорт барем кај нас.
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Се беше како што треба само Радулович се заеба не требаше она да биде :nesum:
Ама разочаран звучиш како да Радулович од шешир ја извадија,бог да чува.Кога даваше голови,зицери,мртви агли убаво ти беше,а сега разочарувачка вест добила награда.Стварно не се цени ништо во оваа држава.
 
rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889

Реално премалку покажа годинава Радулович и наградава и е само како утешна награда заради тоа што го напушта националниот тим.
Портјанко 10 пати подобро се покажа а не е номинирана во оваа категотија.

Радулович годинава беше добра но не и најдобра спортистка на Македонија.
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Реално премалку покажа годинава Радулович и наградава и е само како утешна награда заради тоа што го напушта националниот тим.
Портјанко 10 пати подобро се покажа а не е номинирана во оваа категотија.

Радулович годинава беше добра но не и најдобра спортистка на Македонија.
Ама сите знаат дека си оди од репрезентација.Сите за оваа година видовме кој колку направи,јасно е се.Но при факт дека заминува,неминовно е ваков гест,кој треба да се поздрави.Од оние девојки кој беа номинирани,она нема конкуренција.
Портјанко има време да ја номинираат,рано и е за пензија.Наредната година ќе биде Тодоровска која и реално ја заслужува.
Најдобра од најдобрите на крилна позиција на сите времиња во женскиот македонски ракомет,па и во номинација на светско ниво во првите десет е Валентина Радулович,треба да се покаже почит,треба да се согледа цела ситуација.
 
Член од
24 декември 2007
Мислења
12.692
Поени од реакции
4.520
И ја дадоа наградата како респект затоа што веќе нема да игра,сите знаеме дека не беше најдобра ракометарка..
 
Член од
19 јули 2007
Мислења
551
Поени од реакции
2
Ако се сеќавате Радулович многу пати порано има изјавувано дека не и јасно зошто ни еднаш не е прогласена како најдобар спортист во Македонија и покрај тоа што има 2 титули ЛШ,играно за најголемите клубови во Европа,постигнато многу голови за Македонската Репрезентација..... затоа поради предходно наведените причини заслужи и таа да биде избрана за Најдобар Спортист на Македонија,иако оваа година не беше најдобра сепак ја заслужи наградава!!!!
 
А

Ајсшутер

Гостин
Стварно беспотребно беше тоа што и ја додоа наградата подобро нека направат категорија последна награда затоа што се напушта репрезентација така испаѓа наградата требаше да ја добие сосем друг и ако била толку добра како што рече некој погоре и давала голови од мртви агли требало да и дадат наградата тогаш кога била успешна во таа сезона а не оваа сезона во која што се вика не ни покажа нешто добро има многу спортиски кои требаше и го заслужија овој оскар.

Ако се сеќавате Радулович многу пати порано има изјавувано дека не и јасно зошто ни еднаш не е прогласена како најдобар спортист во Македонија и покрај тоа што има 2 титули ЛШ,играно за најголемите клубови во Европа,постигнато многу голови за Македонската Репрезентација..... затоа поради предходно наведените причини заслужи и таа да биде избрана за Најдобар Спортист на Македонија,иако оваа година не беше најдобра сепак ја заслужи наградава.
Разберете веќе еднаш и разграничете ги работите ова беше Спортски оскари 2008 а не Спортски оскари 2000-2008.
 
rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
Разберете веќе еднаш и разграничете ги работите ова беше Спортски оскари 2008 а не Спортски оскари 2000-2008.
Баш така.
Или пак не се оскари за пред пензионирање :)

Ама сите знаат дека си оди од репрезентација.Сите за оваа година видовме кој колку направи,јасно е се.Но при факт дека заминува,неминовно е ваков гест,кој треба да се поздрави.Од оние девојки кој беа номинирани,она нема конкуренција.
Портјанко има време да ја номинираат,рано и е за пензија.Наредната година ќе биде Тодоровска која и реално ја заслужува.
Најдобра од најдобрите на крилна позиција на сите времиња во женскиот македонски ракомет,па и во номинација на светско ниво во првите десет е Валентина Радулович,треба да се покаже почит,треба да се согледа цела ситуација.
Јас ја почитувам Радулович 10 пати кажав али нема ни Н од најдобра спортистка за 2008.
Почитта може да се покаже со специјална награда за достигнувањата во ракометот кога официјално ќе се откаже од националниот дрес.

А Портјанко многу повеќе ја заслужи наградата. Оваа година беше нејзина кога станува збор за женскиот ракомет.
Е сега ти викаш Портјанко има време да ја номинираат? Ова е нејзината година. Може идната нема биде толку добра. Никој не е константно добар. И сега иде догодина пример Портјанко нема добра сезона но ќе ја избереме за најдобра спортистка зашто се покажа одлично лани. Е не иде тоа така:)

Или Тодоровска догодина да ја добие. Не може да збориме во иднина зашто треба да помине годината и да видиме кој најдобро се покажал и да го избереме. Во таа година!
А не да избираме спортист на 2008 кој што не е најдобар али оди во пензија па ај да го израдуваме.
Тоа е не фер за останатите спортисти.

Али ова веќе било и поминало. Само треба да се внимава идните години и да се избираат вистинските спортисти за таа година, а не да се делат награди за респект поради претходните сезони.
 
Се е кажано во постот доколку не е така нека каже некој и како што рече rossonerka од кај да знаеме дека Портјанко ќе се покаже толку добро во ракометот и дека ќе освои еден од овие оскари или пак и нејзе тогаш ќе и даваат награди незаслужени како што ја зема сега Радулович.
 
Член од
19 јули 2007
Мислења
551
Поени од реакции
2
Се е кажано во постот доколку не е така нека каже некој и како што рече rossonerka од кај да знаеме дека Портјанко ќе се покаже толку добро во ракометот и дека ќе освои еден од овие оскари или пак и нејзе тогаш ќе и даваат награди незаслужени како што ја зема сега Радулович.
Портјанко не беше најдобра ракометарка за оваа година,ако веќе си реален и пратиш ракомет ке знаеше дека најдобра за 2008 требаше да се прогласи Тодоровска,која играше повредена на ЕП,беше 5-ти стрелец на ЕП,беше играч кој постигнуваше голови од секоја позиција,играч преку кој одеја сите акции,капитен на тимот и играч кои за своите 34 години покажа дека е 1 класа над сите наши ракометарки во тимот!Значи според статистиката и начинот на кој што играше на оваЕП за најдобра требаше да биде прогласена Наталија Тодоровска!!!!
 
Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646
Го гледав вчера почетокто и можам да кажам кога ја даодоа салата со камера од воздух си помислив дека ова не е макеоднија туку некаде во америка и некоја нба сала. Навистина убаво изгледало од горе нашата нова сала хотелот реката и осветлувањето.
 
Vetrence

...believe in yourself! :)
Член од
2 јули 2007
Мислења
7.469
Поени од реакции
676
Доминираат ракометарите. Честитки за сите.
 
А

Ајсшутер

Гостин
Портјанко не беше најдобра ракометарка за оваа година,ако веќе си реален и пратиш ракомет ке знаеше дека најдобра за 2008 требаше да се прогласи Тодоровска,која играше повредена на ЕП,беше 5-ти стрелец на ЕП,беше играч кој постигнуваше голови од секоја позиција,играч преку кој одеја сите акции,капитен на тимот и играч кои за своите 34 години покажа дека е 1 класа над сите наши ракометарки во тимот!Значи според статистиката и начинот на кој што играше на оваЕП за најдобра требаше да биде прогласена Наталија Тодоровска!!!!
Кажав пример за Портјанко не реков дека она е ракометарката која требаше да се прогласи за 2008 година а сега одговори ми за тоа погоре што рече дека заслужено оскарот припаднал во рацете на Радулович кажи ми зошто што направи оваа сезона за да биде кај нејзе ?
 
Член од
19 јули 2007
Мислења
551
Поени од реакции
2
Кажав пример за Портјанко не реков дека она е ракометарката која требаше да се прогласи за 2008 година а сега одговори ми за тоа погоре што рече дека заслужено оскарот припаднал во рацете на Радулович кажи ми зошто што направи оваа сезона за да биде кај нејзе ?
Не реков дека заслужено ја доби таа наградата за оваа година,требаше да ја добие многу порано,но сега се решија да и се одолжат, па Радуловиќ е спортиска која и тоа како ја заслужуваше оваа награда во изминативе години, има освоено 2 пати ЛШ,еднаш финале ЛШ,има играно за нај јаките клубови во светот: Слагелсе,Хипо и Кометал,тоа што некој се сетија покасно да и ја дадат заслужената награда за минатите години е друга работа! :toe:

Сметам дека е поарно што и ја дадоа наградата сега па макар и незаслужено, одколку никогаш! :smir:
 
VaZzilL

Сантино Џеновезе
Член од
23 април 2007
Мислења
921
Поени од реакции
39
Не реков дека заслужено ја доби таа наградата за оваа година,требаше да ја добие многу порано,но сега се решија да и се одолжат, па Радуловиќ е спортиска која и тоа како ја заслужуваше оваа награда во изминативе години, има освоено 2 пати ЛШ,еднаш финале ЛШ,има играно за нај јаките клубови во светот: Слагелсе,Хипо и Кометал,тоа што некој се сетија покасно да и ја дадат заслужената награда за минатите години е друга работа! :toe:

Сметам дека е поарно што и ја дадоа наградата сега па макар и незаслужено, одколку никогаш! :smir:
Абе види сега не ги спорам успесите на Радуловиќ, ама оваа година ја мачеа повреди и не покажа речиси ништо. Па на крај ова е избор на спортист/ка на годината а не на последните 5 или 10 години.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom