Спортски оскари 2008

Статус
Затворена за нови мислења.

Ddime

████████████████████
Член од
18 февруари 2007
Мислења
5.076
Поени од реакции
212
На 20.12 во салата Борис Трајковски ке се одржат Спортските оскари организирани од АМС.
Влезот ке биде бесплатен, настанот почнува во 20:00ч, како што реков во сабота на 20ти.

Дадете го својот глас.
http://www.sportskioskar.com.mk/


Мојот глас отиде за следниве:
1. Спортист на годината: Вели Мумин
2. Спортистка на годината: Милица Неделковска
3. Млад спортист на годината: Мартин Јовановски
4. Млада спортистка на годината: Наташа Андонова
5. Најуспешен спортист во странство: Горан Пандев
6. Најуспешна машка репрезентација: Ракометна
7. Најуспешна женска репрезентација: Ракометна
8. Најуспешна спортска федерација: Кик-бокс
9. Најуспешен тренер/селектор: Илија Темелковски
10. Најуспешен спортист со телесен инвалитет: Ванчо Каранфилов


Еве и мое образложување зошто гласам за нив:
1. Многу напорни тренинзи држи Мумин. Тренира секој ден по два-три пати...бидејки нековиот клуб се наоѓа во Бигарија, речиси секоја недела иде до таму да избоксира па се враќа во Автокоманда на тренинзи.
2. Секако не би гласал за Вале. Оваа година ништо не покажа, па и не заслужува да се најде ни во номинации. Милица Неделковска ми привлече најголемо внимание.
3. Тука имам најголема двоумица. Иво е многу добро момче, исто напорно тренира и целосно е посветен на карате животот. Со Дино Најдовски заедно игравме фудбал како помали...има одличен талент али треба повеке да се покаже. Сепак мојот глас иде за Мартин Јовановски, кој освои многу златни медали во дисциплината прецизно слетување. Бр.1 е на ранкинг листата. Дефинитивно најдобриот македонски вундер-кид!
4. Најмлада од понудените, фудбалерката Наташа доминира според мене. Елена не е девојче кое повеке ја заслужува наградата овде. Според мој информации не тренира со целосен интензитет за разлика од Наташа.
5. Најмалце дилеми имам овде. Најдобар спортист во странство е дефинитивно Горан Пандев!
6. Исто така многу тешка конкуренција! Се одлучив за ракомет дека сум имал многу прилики да ги гледам нивните тренинзи и дефинитивно гинат за националниот дрес!
7.
Женска ракометна дефинитивно. На ЕП се покажавме како одлични организатори, и девојките освоја одлично 7мо место.
8. Ракометната нема свој претседатен, Трифун си отиде...а оваа година беше катастрофална за нив. Да не беше владата, Македонија ке се обрукаше пред цела Европа неможејки да организира ЕП. ВО РФМ дојдоа некој значителни луѓе, кој целиот живот им е посветен на кошарката...би се радувал наредната година наградата да иде за нив, а оваа иде за Кик-Боксот како најуспешен спорт во Македонија.
9. Илија без дилеми. најдобар македонски тренер годинава.
 
Д

Демијан

Гостин
1. Спортист на годината: Вели Мумин
2. Спортистка на годината: Милица Неделковска
3. Млад спортист на годината: Дино Најдоски
4. Млада спортистка на годината: Елена Георгиевска
5. Најуспешен спортист во странство: Горан Пандев
6. Најуспешна машка репрезентација: Ракометна
7. Најуспешна женска репрезентација: Ракометна
8. Најуспешна спортска федерација: Кик-бокс
9. Најуспешен тренер/селектор: Илија Темелковски
10. Најуспешен спортист со телесен инвалитет: Ванчо Каранфилов


1.Дефинитивно Мумин дечкото е феноменален,а другите на листата неможат ни да му се приближат за тоа кој е најуспешен.Според мене немаше конкуренција

2.Незнам зошто ја ставиле на листа Вале,секоја чест за неа ама истрошен материјал е според мене.Гласав за Милица

3.Дино Најдовски.Имав двоумица меѓу него и Иво.Двајцата се врвни спортисти и двајцата лично ги познавам,ама мислам дека Најдоски е иднината на Вардар и на Македонска репрезентација.Уште од мал фудбалот му беше во крвта.Талент невиден е фудбалска градба за дефанзиивец а има само 16 години.

4.Елена дефинитивно.Се наметнува како иден предводник на ракометната женска репрезентација.Млада е а има и доста настапи за сениорите и до многу големо искуство за нејзина возраст.

5.Горан само затоа што фудбалот е многу поатрактивен од ракометот.Иначе омилен мак спортист ми е Кире,еден од најдобрите ракометари во светот!

6.Се двоумев меѓу ракометната и кошаркарската.Одлучно беше тоа што кошаркарите идат на европско а ракометарите на светско.Башка ракометариве го поразија Исланд една од репрезентациите со медали од големи натпреварувања.

7.Нема потреба од објаснување женска ракометна.

8.
Незнаев кој да го гласам ама мислам дека кик-боксот.

9.Илија беше најдобар!

10.Не го знам онака него го гласав
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
1. Спортист на годината: Борко
2. Спортистка на годината: Валентина Радуловиќ
3. Млад спортист на годината: Дино Најдоски
4. Млада спортистка на годината: Елена Георгиевска
5. Најуспешен спортист во странство: Горан Пандев
6. Најуспешна машка репрезентација: Ракометна
7. Најуспешна женска репрезентација: Ракометна
8. Најуспешна спортска федерација: Ракометна
9. Најуспешен тренер/селектор: Илија Темелковски
10. Најуспешен спортист со телесен инвалитет: Ванчо Каранфилов

1.Нашиот ракометен голман имаше голем удел во пласманот на машката ракометна репрезентација, за прв пат, на светското првенство што ќе се одржи во Хрватска.Дилема со Мумин,но овде добиваме поголем публицитет како држава.
2.Најдобрата македонска ракометарка во историјата заслужува секоја година да го добива признанието се до завршувањето на нејзината ракометна кариера.Дополнителни коментари,историјат на играње и успеси не се потребни да ги коментирам.
3.Младиве спортисти не ги познавам,го избрав фудбалерот поради спортот.
4.Но спортистките ги познавам.Искрено се двоумев помеѓу Елена и Наташа (фудбал),но предност секогаш давам на ракометот.Елена е иднината на женскиот ракомет,левак,скок шут,силен и прецизен удар.Треба да се догради да прерасне во играч од светски калибар.Од друга страна нашата фудбалерка Наташа,од извори блиски на владата:)дознав дека високо котирала на листата на најбарани женски фудбалерки.Податокот кој го добив од нејзиниот претходен трењер,говореше за висока сума (која според мене е неверодостоја за женски фудбал,може вие повеќе знаете) кој ја понудил италијански клуб за неа,што значи дека детето вреди злато.
5.Горан Падев без размислување.
6.Едноставно најдоброто од Македонија,ракомет
7.Совршенство
8.Треба малце да ги натепаме,за да се подобрат.
9.Тренер на машкиот ракометен состав.Требало и Савевски да го стават во листава да и парира на Радуловиќ:)
10.Секоја чест.

п.с.А да си ја земем темава во останати спортови,ваму никој не не дружи во општи:)
 

^Exotic^

Wanderstruck
Член од
25 ноември 2007
Мислења
5.969
Поени од реакции
1.059
1.Спортист на годината: Борко Ристоски
2.Спортистка на годината: Валентина Радуловиќ
3.Млад спортист на годината: Мартин Јованоски
4.Млада спортистка на годината: Елена Ѓеоргиевска
5.Најуспешен спортист во странство: Горан Пандев
6.Најуспешна машка репрезентација: Ракомет
7.Најуспешна женска репрезентација: Ракомет
8.Најуспешна спортска федерација: Ракомет
9.Најуспешен тренер/селектор: Илија Темелковски
10.Најуспешен спортист со телесен инвалидитет: Оливера Наковска Бикова


1.Борко кога ги гледав натпреварите стварно воодушевуваше со одбраните.Еден од најзаслужните што сме на светското.
2.Вале е стандардно најдобра, може годинава не беше како минатите, ама таа е легенда и потполно ја заслужува наградава.
3.Мартин е голем потенцијал за Македонија.Толку млад, а веќе е станат светски шампион.Само едно големо браво:wink:
4.Уште еден млад бисер македонски кој допрва треба да блесне во полн сјај.
5.Горан Пандев до кај пензија може ќе ја зема наградата.Ќе му здосади, ама тоа е, тој ни е најдобриот во странство:)
6.Оваа спортска година во Македонија ја обележа ракометот.Насекаде успеси, и мажи и жени.Браво.
7.И пак ракомет.Овој месец докажаа и зошто.Одличен резултат на европското првенство.
8.И повторно ќе кажам, ракометот владее кај нас, единствен спорт кај што стварно блескаме.
9.Селекторот кој ни донесе толку радости, а се надеваме ќе ни донесе и уште повеќе во Хрватска.Само напред.
10.Во овие не се разбирам многу, ама ја одбрав Оливера според описот кој што беше на сајтот.
 
Член од
24 декември 2007
Мислења
12.692
Поени од реакции
4.520
Мојот глас отиде за следниве:
1. Спортист на годината: Борко Ристовски
2. Спортистка на годината: Валентина Радуловиќ
3. Млад спортист на годината: Мартин Јовановски
4. Млада спортистка на годината: Елена Георгиевска
5. Најуспешен спортист во странство: Горан Пандев
6. Најуспешна машка репрезентација: Ракометна
7. Најуспешна женска репрезентација: Ракометна
8. Најуспешна спортска федерација: Ракометна
9. Најуспешен тренер/селектор: Илија Темелковски
10. Најуспешен спортист со телесен инвалитет: Ванчо Каранфилов
 

rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
1. Спортист на годината: Борко Ристовски
Moжеби без Борко немаше да постигнеме толку голем успех и да се пласираме на светското ракометно првенство. И Веле и Иле се добри но сепак одвај дознаваме за нивните успеси. Играат во спортови кои не се многу популарни кај нас и немаат медиумска подршка за жал.

2. Спортистка на годината:
Милица Неделковска
Покрај толку одлични ракометарки во репрезентација како голманот или Тодоровска они ја ставиле за избор Вале. Е не гласам за неа:) Немаше голема улога годинава а посебно не на првенството. Давам глас за Милица.

3. Млад спортист на годината: Мартин Јовановски
Не ни имав претстава дека имаме шампион во параглајдерство. Браво да има уште повеќе успеси.

4. Млада спортистка на годината: Наташа Андонова
Јас сум горда што Македонија има ваков спортист. Фудбалеркава е феноменална. Игра прекрасно мерак ми е да ја гледам и љубоморам:) Ја имам запознаено лани на одмор и девојкава играше со татко и(поранешен фудбалер) и сестра и(исто одличен фудбалски талент) фудбал на плажа и верувале се собираа секој ден многу луѓе да ги гледаат. Јас не можев да им се изначудам како добро играат:)

5. Најуспешен спортист во странство:
Горан Пандев
Малку се подзамислив Пандев или Кире? Али сепак она по што не препознава Европа и она име што се спомнува многу често во калчо лигата па и во лигата на шампиони е Горан Пандев.

6. Најуспешна машка репрезентација:
Кошаркарска
Е ова ми беше најтешко. Али сите гласале за ракометариве. Е јас ќе гласам за кошаркарите:) Бев и тие и тие да ги бодрам за квалификациите но кошарката повеќе ми лежи во срце. Не дека ракомет не обожавам но израснав со кошарка и со тие кошаркари кои навистина заслужија да одат на едно Европско првенство. Сеа очекувам да се квалификуваат и на светско:) Плус беа први во група :vozbud:

7. Најуспешна женска репрезентација: Ракометна
Е тука нема дилеми се знаат најдобрите. 7мите во европа :pipi:

8. Најуспешна спортска федерација:
Ракометна
Го организираа првото сениорско првенство во Македонија. Заслужуваат награда.

9. Најуспешен тренер/селектор:
Илија Темелковски
Се мислев и ова дека гласав кошаркарска машка репрезентација со тоа сум и за Арсиќ али ај Темелков тука ќе го изберам да не ја носам на совест машката ракометна репрезентација:)

10. Најуспешен спортист со телесен инвалитет:
Оливера Наковска Бикова
Овие спортисти сите заслужуваат медал. Сепак ја одбрав Оливера заради најдобриот пласман на Параолимписките игри во Пекинг.



Ах не било лесно ова:)
 

DimceY

Jimmy
Член од
20 ноември 2007
Мислења
5.704
Поени од реакции
5.334
1. Спортист на годината: Вели Мумин
2. Спортистка на годината: Ардита Исени :vozbud: :drk:
3. Млад спортист на годината: Иво Цветковски
4. Млада спортистка на годината: Јелена Антиќ
5. Најуспешен спортист во странство: Горан Пандев
6. Најуспешна машка репрезентација: ватерполо
7. Најуспешна женска репрезентација: Ракометна
8. Најуспешна спортска федерација: Ракометна
9. Најуспешен тренер/селектор: Илија Темелковски
10. Најуспешен спортист со телесен инвалитет: Ванчо Каранфилов
 

Ddime

████████████████████
Член од
18 февруари 2007
Мислења
5.076
Поени од реакции
212
ОФИЦИЈАЛНИ ПРОГЛАСЕНИ КАКО НАЈУСПЕШНИ!

1. Спортист на годината: Вели Мумин
2. Спортистка на годината: Валентина Радуловиќ
3. Млад спортист на годината: Мартин Јовановски
4. Млада спортистка на годината: Јелена Антиќ
5. Најуспешен спортист во странство: Кире Лазаров
6. Најуспешна машка репрезентација: Ракометна
7. Најуспешна женска репрезентација: Ракометна
8. Најуспешна спортска федерација: Ракометна
9. Најуспешен тренер/селектор: Илија Темелковски
10. Најуспешен спортист со телесен инвалитет: Оливера Наковска Бикова
 

rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
ОФИЦИЈАЛНИ ПОБЕДНИЦИ !


2. Спортистка на годината: Валентина Радуловиќ

5. Најуспешен спортист во странство: Кире Лазаров

Се изненадив многу за Кире Лазаров мислев дека Пандев ќе е победникот. Но сепак заслужена е наградата.

Додека Валентина дефинитивно само поминала покрај спортистка на годината. Покрај толку спортистки не ми се верува дека таа можеше да победи. :nesvest:

А за останатите номинации во ред е се помина како што се очекуваше. :pipi:
 

Ddime

████████████████████
Член од
18 февруари 2007
Мислења
5.076
Поени од реакции
212
И јас мислев така за Вале. Али гледајки ги оскарите вечерва го сменив мислењето.
Вечерва официјално се повлече од репрезентативниот дрес, со многу емоции, заплака на сцената.


Со оскариве се докажа дека ракометот е број 1 спорт во Македонија!
Секоја чест за ракометарите и ракометарките!

Како само ми е мило за Вели Мумин...одличен момак, капа му симнувам.
 
Член од
4 јуни 2007
Мислења
2.885
Поени од реакции
189
Браво за Вели Мумин. Доста претрпе дечкото изминативе неколку години и ова го заслужи. И едно ГОЛЕМО браво за Андон Дончевски! Легенда! Каков патриотски говор, емоции... Ми се наполни душата кога го слушав човекот.
 

maca_kaka'

тiƒosi јаossoηeјаo
Член од
6 октомври 2007
Мислења
3.515
Поени од реакции
640
Браво за Вели Мумин. Доста претрпе дечкото изминативе неколку години и ова го заслужи. И едно ГОЛЕМО браво за Андон Дончевски! Легенда! Каков патриотски говор, емоции... Ми се наполни душата кога го слушав човекот.
да бе ко на партиски избори да сум:)

иначе преубава организација
и заслужени награди
мислам дека Вале не заслужи за минатава година ама дека и е последна година добро е:smir:

и за најдобар во странство мислам требаше Пандев но и Кире заслужи
а и скоро се освои ракометна репрезентација

горда сум што имаме вакви спортисти:pipi:
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
И јас мислев така за Вале. Али гледајки ги оскарите вечерва го сменив мислењето.
Вечерва официјално се повлече од репрезентативниот дрес, со многу емоции, заплака на сцената.


Со оскариве се докажа дека ракометот е број 1 спорт во Македонија!
Секоја чест за ракометарите и ракометарките!

Како само ми е мило за Вели Мумин...одличен момак, капа му симнувам.
Штета што не гледав:(
Секоја чест за спортистите и добиените признанија.А најмногу ми е кеиф за Вале,несакам да си оди,барем уште една сезона нека биде има брзина,ај Вале плс:(
 
Член од
24 декември 2007
Мислења
12.692
Поени од реакции
4.520
Одличен настан го гледав на канал 5.Радуловиќ не заслужуваше да го добие тоа признание но сепак го доби за почит кој нејзе затоа што е на залезот на кариетата.Исто така ме изненади тоа што најдобар играч во странство не беше прогласен Пандев туку Кире Лазаров но секако за мене и заслужено затоа што беше најдобар стрелец во лигата на шампионите и одличен во репрезентацијата.
 
M

marko 1996

Гостин
Се беше како што треба само Радулович се заеба не требаше она да биде :nesum:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom