Спортовите во Македонија - се тренираат ли правилно?

Se tenira li pravilno nekoj sport vo Makedonija?

  • Вкупно гласачи
    22
Член од
7 јуни 2006
Мислења
92
Поени од реакции
0
Se mi e jasno samo ova ne?Dali voopsto trenirame pravilno pokraj losite uslovi za sportuvanje?
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Не ми е баш најјасно што сакаш да кажеш. Како мислиш дали се тренира правилно? Во кој смисол? Организација, подготвеност на спортистите, професионалност во работата?
Разработи ја малку темава, лесно може да заврши во канта вака со само една реченица.
 
Batistuta

..пак од скриен број...
Член од
16 февруари 2005
Мислења
1.945
Поени од реакции
50
Ватерполо на суво, атлетика на бетон, фудбал во кал.. :nesvest:
Тоа не е правилно, ама е резултат на лоши или никакви услови. :)
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Вака сега, ќе дадам мое мислење на темава како спортист. Ќе почнам прво од страната на спортистите и неправилностите. Ние сме земја со големи спортски талент, имаме извонредни деца, но за жал тие таленти пропаѓаат поради неколку причини. Можеби најважната од нив е несериозноста кога се тренира и фактот што треба да се запне добро и да се даде максимумот за да се постигне напредок, но за жал, доволно е само една вечер да се прошетаме низ улиците и парковите во кој било град во Македонија. Деца кои уште мирисаат на млеко се шетаат со шишињата алкохол во рака и цигарата во уста, мислејќи дека се кул и дека ќе бидат ѕвезде гранда ако бидат видени како прават осмици и дека испушиле цела кутија цигари. Меѓу овие деца се` почесто има спортисти. Ете тука се гледа несериозноста. Си се фатил да тренираш некој спорт, си избрал да бидеш спортист, а тоа бара откажување од многу работи. А на сите ни е јасно што прават алкохолот и цигарите на организамот. Во странство се до 23:00 во кревет, кај нас тогаш се оди на лумпување до утринските часови. И потоа нема да може да се стане на време за утрешниот тренинг, од замор нема да може да се истренира ништо или па тренингот ќе се пропушти. И потоа ќе се чудиме како не` средиле странските екипи.

Друг проблем во македонскиот спорт е неорганизираноста и неспремноста. Се подготвуваме да одиме на светско првенство, а ни на денот пред да тргнеме од федерацијата не ни имаа дадено ни репрезентативна опрема(тренерки, маици, капи). И како се појавивме на првенството? Сите во распар тренерки, многу нормално. Па и распишуваат тендер секоја година за нови репрезентативни тренерки и секоја година поинакви, ама барем да беа убави. Среќа на ватерполистиве им направија добри купаќи и бањарки(тие со лавот) па достојно влегоа во базенот.

Трето, работата на објектите. Олимписки(големиот базен) работи од април до август месец, а потоа се стискаме во малиот базен, во кој се тренира колку само да не се изгуби кондицијата. Ама баш никако не може да се напредне во 25-метарски базен, длабок од 40-120 цм:nesvest: напикан со уште 10 пливачи во патека. Се` уште не си ни тргнал, а првиот што тргнал веќе испливал 50 метри и се вратил.
Туку, ова е интересно. Олимписки за тоа време што работи, поготово во јуни, јули и август на нас пливачите и на пливачките клубови ни поставува смешни и невидени услови. Години наназад, затоа што сме на распуст и поради горештините, имавме задолжителен тренинг наутро, од 8 часот, а потоа попладне имавме тренинг кој не беше задолжителен ама ако сакаш да бидеш прв ќе мораш да го посетиш. Од пред две години, газдите на Олимписки направија да имаме тренинг од 16:30 часот попладне, значи во најголемиот пекол да одиме на тренинг, збутани во една патека, базенот поделен на два дела - еден за рекреативци а друг за пливачи и да пазиме да не удриме некој од рекреативците со лопатките со кои пливаме, кој за да испадне фраер пред друштвото ни влегол во патека и сака да се трка со нас. А ако сакаме да одиме на тренинг и од сабајле, да плаќаме по 50 денари дневно, иако плаќаме по 1300 денари членарина месечно, а клубот плаќа месечно 30,000 денари за 1 патека, значи за 2 патеки, мојот клуб плаќа 60,000 денари + 2 патеки во малиот базен од по 10,000 = 80,000 денари. :lud:. И да, да немаме тренинг во недела затоа што имало многу рекреативци. Рекреативци пред репрезентативци? Само кај нас го има тоа.

Како што напоменав, во оваа држава и покрај тие пијаниците што се горенаведени, има деца кои навистина се оддаваат на спортот и се стремат кон големи успеси и натпреварувања, но покрај вакви услови и ваков однос кон нив, се одлучуваат да заминат во други земји и неретко стануваат нивни репрезентативци. Само Господ знае колку такви талентирани репрезентативци имаме изгубено. И се поради тоа што нема некој нормален на власт за да му текне да го сето тоа убаво организира и финансира. На сите им текнува пред избори на тешкотиите на граѓаните, потоа од ветувачите ниту трага - ниту глас.
Има деца кои тренираат сериозно, има и тренери кои сериозно си ја сфаќаат работата, но сето тоа е попусто кога нема кој да застане позади тебе а наместо тоа си тера негови политики.
 
Batistuta

..пак од скриен број...
Член од
16 февруари 2005
Мислења
1.945
Поени од реакции
50
Рекреативци пред репрезентативци? Само кај нас го има тоа.
Подобро кажи само кај нас има 2-3 базени, а во зима ниеден, или еден полуасален стадион, атлетска патека со никаков тартан и само 6 ленти, неколку мизерни ски патеки, ски-скокалница нема.. итн :)

За ова таленти у право си. Ама во овие 17 изминати години кои се нашите најголеми успеси и кој ги постигна?
Единствениот олимписки медал дело на Ибрагимов роден во Дагестан, ЕП во ватерполо со едвај двајца македонци во целиот тим како резерви, женската ракометна репрезентација и нејзините успеси со Кастратовиќ, Кисељева, Маслова, Абрамова, Бујанова, Малахова, Партенко, Локи итн (ниедна од овие македонка) и што друго.. кошаркарите и ракометарите по еднаш беа на завршница на големи натпреварувања без позначаен успех. Толку.

Најголемиот спортски успех на еден македонец веројатно е златниот медал на Бранимир Јовановски од Барселона 92ра. Ама од Параолимпијада. Јебига. :)

Еве сеа нешо као демек почнаа да градат спортска инфраструктура. Ама ќе треба многу време нешто да се промени, особено психологијата.
 
jkd

one name one country united macedonia
Член од
13 септември 2007
Мислења
1.261
Поени од реакции
27
џену грл во право си за излегувањата на младите денеска нивните пијанчења и сл. но не е баш се во тоа.Ај погледни колку ни се стручни пред се тренерите 95% од нив некогаш тренирале или играле па сега биднале тренери а немаат 2 чисти од тренери,ги префорсируваат децата па пола од нив на спортска добиваат ЗАБРАНА ЗА ТРЕНИРАЊЕ во даден рок,кој ќе ги издржи напорите кои ги даваат во припремен период незнаат да го одработат делот на враќање на организмот во натреварувачка фаза и место они да се спремни за натпреварување они се едноставно „изгорени“ спортисти односно се однесуваат исто како да не се тренирани за напори и јас мислам дека во право е ѕвериште и убаво праша а одговорот е не не се тренира исправно кај нас поради отсуство на квалитетни стручњаци.
 
Xfire

fino alla fine
Член од
9 август 2008
Мислења
7.335
Поени од реакции
2.224
Џену Грл ме измори читајки.
Тотално си во право со тао деца шо пушат пиит се прават фраери седат до 8 сабајле после ке дојде на тренинг сакал спортист да стане како? Никако еве јас тренирам 3 ипол години и толку е се на се од кога почна ракомет кај нас (Струмица), напордно се тренире без да лажам ке кажам не пијам, не пушам. Тренер се убаво имаме тренираме напорно но голем проблем е со условите. Какви само услови има во ова држава посебно во Струмица во спорската сала ''ПАРК'' да се молиш да не заврне ако заврне низ покривот тече вода и шо ке тренираш? имаше случај се лизна едно дете одите ногата и тоа ке кажеш услови, да не можеш да дадеш пари да направат еден глуп покрив, и не го прават вака си стои посебно кошаркарите немат тренинг ако врне а ние се бутаме тама и да врне дека не друго место ке одиш? со корита ке збират водата да не потече вода во пархетот ние ке се бутиме на страната да не се лизнаме ништо нема никакви услови за тренинг кај нас зборам јас за Струмица не знам како е низ другите градови. Знам за во Штип шо е ова салата БЕТОН шо на БЕТОн ке играт ракометарите ? За тоа е спортот на бетон да се игра да паднеш ке се издераш цел ке се сокршаш цел и? Децата во Штип се мачат кои имат супер играчи на никаков терен да тренираат. Такво е, а многу сум против за тоа шо викаш за пиењето и пушењето ке додје сабота ке се начукат (имам пример неколку деца од тренинго кај мене) и ке дојдат во Вторник бреј сабота бев пијан и го видиш сред тренинг на страна страна го заболела, ах бе ФРАЕРИ си викам во себе така е нема ништо во државата.

Тие шо имат талент пропаднуват.
 
Ddime

████████████████████
Член од
18 февруари 2007
Мислења
5.076
Поени од реакции
212
Не е се проблемот во младите. Еве како јас ги делам проблемите

Во сите спортови, треба да се направат подргупи во исти категирии.
На пример: Се отвара нов клуб и се запишуваат деца од 16год(имаат предходно искуство со тренинзи). Се одржува тренинг(физички) и се формираат две подгрупи- на физички поспремни и физички послаби.

Значи пред се јас би гледал физичка подготвеност.
најпроста причина: На тренинг се трчаат 20круга, оние понеспремни неможат да истрчаат 15 и престануваат со трчање. А од нашава пуста мрза и оној поспремниот ке си каже зошто јас да трчам толку кога можам полесно да поминам. И тотално ке се наруши тренирање на групата и начинот на однесување.

Двете категории си имаат посебна правилна програма која им овозможува напредок. Сигурно оние од поспремните живеат правилен живот барем подобар од понеспремните и правилно се/биле тренирани.

Најважно е односот тренер-спортист. Кој треба да биде многу строг...на моменти и пријателски. Тренерот никогаш несмее да ја изгуби угледноста пред спортистите. Треба да биде премногу строг а во исто време не болно строг да употребува насилство.

Исто така важен фактор се и финансиите. Дотолку спортистите бидат наградувани за резултати, сигурно ке има многу поголем мотив за тренирање и успевање во спортот. Значи парите во денешно време можам да кажам се бр.1 причина.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Најважно е односот тренер-спортист. Кој треба да биде многу строг...на моменти и пријателски. Тренерот никогаш несмее да ја изгуби угледноста пред спортистите. Треба да биде премногу строг а во исто време не болно строг да употребува насилство.

Исто така важен фактор се и финансиите. Дотолку спортистите бидат наградувани за резултати, сигурно ке има многу поголем мотив за тренирање и успевање во спортот. Значи парите во денешно време можам да кажам се бр.1 причина.
Toa за врската тренер - спортист е можеби нешто најважно да се успее. Минатиот мој тренер го интересираше само јас да освојувам медали, немаше никакво разбирање кога мене немаше да ми биде добро или па не дај боже да му кажам дека нема да дојдам на натпревар поради нешто важно. Еднаш здиве поради тоа што му реков дека нема да одам на натпревар поради тоа што сум на матура кај братучед и човеков крена притисок 200. И што е најтрагично, типов не ни има дипломирано пливање, туку скијање :uvo:. Сега сум многу среќна што го сменив и овој тренер што го имам сега треба да биде role model на сите тренери во државава. Тој е познат и актуелен македонски спортист, и пливач и тренер и ватерполист. Ја основаше повторно ватерполо репрезентацијата а воедно и организира многу турнири за мали деца и натпревари.
Ми се допаѓа кај него што додека трае тренингот работата е сериозна, нема заебанции, нема смеење. А кога тренингот ќе заврши, е тогаш може да се прави што сака. Исто е и кога одиме на натпревари.

Горе некој спомна дека на државава и недостасуваат спортски објекти и тоа е факт. Можеби тргнавме чекор нанапред со салата "Борис Трајковски", но мене ми пречи што ја издаваат таа сала и за концерти. Нека ја направат само за спортски настани, за концерти и остало си има Сајмиште, Колосеум, Универзална....
 
Објекти ни фалат и тоа многу, али некој имат објекти ама не се доправени ако направат објект ако стане нешто дефек не се поправа еве убава сала имаме во Струмица ''ПАРК'' но ете ако заврне дожт тече и многу проблеми прави и 2 години не ја прават вака си стои ако заврне силен дожд со корита се спасува пархетот и тоа на шо личе ако имаш трнеинг кога врне во сала, треба да пазиш таму на тој дел да не трчаш и шо од тоа цел тренинг ке ти оди да пазеш да не се лизнаш
:jaj:
 
Член од
7 јуни 2006
Мислења
92
Поени од реакции
0
Inace temava sakam da vidam dali go trenirame sportot pravilno vo sekoj pogled.Na pr. dali trenerite davaat dovolno dobri treninzi koi bi ne dovele do rezultati,dali nie seriozno go sfakame sportot ili odt i tamu nekoi kolku da im pomine vremeto,pokraj toa sto gi nemame uslovite da trenirame redovno koi drzavata ne ni gi ovozmozuva za koi smetam deka vo najbrz mozen roki ke se obide da gi sredi i da go stimulira sportot pomegu mladite
 
Xfire

fino alla fine
Член од
9 август 2008
Мислења
7.335
Поени од реакции
2.224
Џену Грл so treniras?
Mислам пливање.

Абе еве да кажам кај мене сега во Струмица врне, и сега во салата само половина од делот ке тренираме бидејки тече/капа, но ке се обидеме да извадиме максимум, за тренерите искрено тренираме со напор секогаш би ни бил добар тренингот напор и озбилност, има некој моменти играме поопуштено ама тоа многу ретко. Еве 3 години капа салата не е напревена на кој ке кажеш.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Inace temava sakam da vidam dali go trenirame sportot pravilno vo sekoj pogled.Na pr. dali trenerite davaat dovolno dobri treninzi koi bi ne dovele do rezultati,dali nie seriozno go sfakame sportot ili odt i tamu nekoi kolku da im pomine vremeto,pokraj toa sto gi nemame uslovite da trenirame redovno koi drzavata ne ni gi ovozmozuva za koi smetam deka vo najbrz mozen roki ke se obide da gi sredi i da go stimulira sportot pomegu mladite
Пливање тренирам.

За квалитетот на тренингот, најмногу зависи од тренерот. Колку тој е желен да го оспособи спортистот за високи резултати, да му наметне спортски стил на живот, да му дава поддршка и да биде негова потпора. Кај нас вакви тренери има малку и што е најтрагично не ги водат официјалните македонски репрезентации. Наместо нив, ги водат тренери од другата група која оди на работа колку само да им помине работното време, а "интересното" во оваа работа е што, некои од нив го немаат ни дипломирано спортот чија репрезентација го претставува.

Младите денес се` почесто се запишуваат на некој спорт и тренираат затоа што имаат набиени комплекси дека се дебели и треба да ослабат, така да ова е најчестата причина поради која се одлучуваат да се занимаваат со спорт. Затоа, ако некој родител сака неговото дете да стане професионален спортист а можеби и репрезентативец на својата држава, мој совет е да го запише на тренинзи по соодветниот спорт уште од најрани години. Уште од мали нозе ќе се привикне на новиот начин на живот и спортот ќе му стане секојдневие, и што е најважно, ќе нема никакви здравствени проблеми. Jaс тренирам пливање од 4-5 години а од 7-8 се натпреварувам и сега засега сум немала никакви посериозни здравствени проблеми. :smir:
 
Така е, треба уште од мал ама и да има желба за тој спорт шо ке го тренинере на пример еве јас имав желба за голман во ракомет и се запишав и сега јас неможе да одам да тренинрам сумо борачи, треба желба мотивација и после иде другото по ред упорност напредување и постигнувања, а за тренерите на денешно време не се којзнае какви али мора барем да си го ограничи начинот на тренирање на целата недела, има некој тренери што децата сакат да тренират имат мотивација но тренерот упорно само да зима пари ке им даде 2-3 вежби и цел тренинг тоа.
И нешто да прашам по колку време вие тренирате на тренинзи јас мислам дека МИНИМАЛНО треба 2 саати еден тренинг да се постигне нешто и се, еве ние тренираме 1 ипол саат и ништо од тоа времето лете, мора да се превземат мерки и за тоа бидејки и тоа е дел од причината за тренирање.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom