"Спонзоруша"

Член од
15 јуни 2013
Мислења
1.683
Поени од реакции
2.511
Разбирам зошто се чувствуваш така. Мислам дека е измелезен терминот сила... сила не значи да се криеш, да бегаш од себе, да не плачеш. Всушност, плачењето е нешто кое изобилува со убавина, поради начинот на кој емоциите буквално се излеваат во физичка форма. Vulnerability (не знам на македонски како да го преведам) е она што е показател на сила. Сила е да се биде тој што си, да се носиш со она што си, со самодоверба. Сила е да се соочиш со своите емоции и да ги разбереш, сила е да се соочиш со емоциите на партнерката и да бидеш тука за неа. Сила е да се биде емоционално писмен во емоционално неписмен свет.

Дека има жени кои ги отфрлаат мажите кои покажуваат емоции - има. Повторно ќе кажам, тие жени самите си имаат емоционални проблеми. И има причина зошто сме налетале на токсични партнери, кои ги инвалидирале нашите емоции - тоа лежи во нас, во начинот на кој се поставуваме, во нашите потсвесни верувања и очекувања, во нашите интернализирани шеми од односите кои сме ги имале со родителите и другите возрасни фигури во детството.

Токму тоа. И двете екстреми се нездрави и кај двата пола, било мажи или жени кои воопшто не изразуваат чувства или постојано плачат, се жалат. Иронично е што честопати, се привлекуваат, на пример студени мажи и преплачливи жени и обратно. Всушност, тие не се спротивности, туку се совршен одраз еден на друг - на нивната потсвест.

Немам цел да убедам никој, воедно имам желба да го кажам и изнесам она што го знам од теорија и пракса, бидејќи читајќи по форумов гледам дека постои широк спектар на нездрави верувања во однос на меѓуполовите односи. Тоа ме прави да се чувствувам тажно, бидејќи колку повеќе се држиме до тие верувања и начини на функционирање, толку повеќе колективно ќе пропаѓаме во надолна спирала. И двата пола тонат во голема емоционална дисфункција во оваа модерна доба - тоа е неоспорливо. Воедно, неоспорливо е дека ако ние лично пред се немаме изградено емоционална зрелост, шансите дека ќе имаме врска со емоционално зрела личност е близу до 0. Сепак, имаме избор - или да ја играме деструктивната игра, или да научиме и свесно да се отстраниме себе од тие динамики.
Ниту во овој живот, ниту во некој нареден некој ќе ме убеди дека жените сакаат емоционален и осетлив маж. Единствено сакаат кога емоциите се насочени кон нив или околу нив, но никако кога се емоциите за самиот маж.

Не ми одговори за сликата што ја постирав ама ај нема врска.

Биди ми поздравена
 
Член од
15 април 2019
Мислења
234
Поени од реакции
810
Значи сепак има светло на крајот на тунелот. :cool: Кои се тие верувања кои те прават тажна?
Општиот токсичен однос што го имам приметено, од жени кон мажи и обратно, не само на форумов туку и во живо. Збунетост во однос на своите родови улоги, несвесност за динамиките кои се одигруваат во врските, вкоренети верувања дека љубовта значи болка, дека врските се ужасни, погрден начин на кој жените зборуваат за мажите и мажите за жените, меѓусебен однос заснован на недоверба и непочитување итн...
 
M

Macedon1um

Гостин
Залудно потрошено време е да се обидуваш да му објаснуваш на мажите што сакаат жените.....на крајот од денот, заради едно неубаво искуство сите се спонзоруши, вакви, такви. Секоја чест на исклучоци.
Залудно е да жените објаснуваат што сакаат, кога и самите не знаат
 
Член од
15 јуни 2013
Мислења
1.683
Поени од реакции
2.511
Залудно е да жените објаснуваат што сакаат, кога и самите не знаат
Знаат што сакаат и тоа многу добро. Само што продаваат мадиња за бубрези на форумов...
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.988
Општиот токсичен однос што го имам приметено, од жени кон мажи и обратно, не само на форумов туку и во живо. Збунетост во однос на своите родови улоги, несвесност за динамиките кои се одигруваат во врските, вкоренети верувања дека љубовта значи болка, дека врските се ужасни, погрден начин на кој жените зборуваат за мажите и мажите за жените, меѓусебен однос заснован на недоверба и непочитување итн...
Да, и ние заглавивме кај емпатијата. Во ред е, за тебе тоа е дел од твојата професија, за мене не е апсолутно никаков предмет на интерес. И да, јас зборувам погрдно за одредени жени (Килари и Маделин Олбрајт на пример), но не затоа што се жени, туку затоа што направиле одбратни дела. И тие емоции се секојдневие. Но ако зборуваме за врските, двете страни треба да се спремни и посветени да влезат во одредена врска. Од самите нив зависи како ќе се постават во истата. Улогите полека се менуваат, како што се менува општество, на подобро или на полошо. :)
 
Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
8.978
Поени од реакции
55.050
E nisto ne te razbrav:confused:
Zosto togas @CoolIris se pali :brlav:na @Beric Dondarrion......
Зошто Берик го има сето тоа што го содржи листата на членот што не си го разбрала. :smirce: :kafence:

И на мене ќе се палеше ама јас иам лажна самодоверба, не сум мажествен, неам автентично изразување, ниту пак сум храбар и силен. :toe:
 
Член од
15 април 2019
Мислења
234
Поени од реакции
810
Ниту во овој живот, ниту во некој нареден некој ќе ме убеди жените сакаат емоционален и осетлив маж. Единствено сакаат кога емоциите се насочени кон нив или околу нив, но никако кога се емоциите за самиот маж.

Не ми одговори за сликата што ја постирав ама ај нема врска.

Биди ми поздравена
Сега видов дека си постирал слика.
Види, се чувствувам неудобно кога некој бара од мене одговор, а воедно директно ми ги инвалидира и отфрла ставовите, без да ја има соодветната, да речам, професионална рамка за да го направи тоа - затоа, нема да се трудам дополнително да објаснувам, не чувствувам дека си во простор во кој можеш да ме слушнеш. Одговорот за самоубиство е имплицитно даден во тоа што го напишав. Ако некогаш сакаш повеќе да разбереш за овие тематики и психологијата општо, оди во мислења кај мене, имам пишувано на други теми, воедно интернетот и библиотеките се прекрасен ресурс.

Се надевам дека од дискурсов увиде нова перспектива! Имај убав ден :)
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
17.709
Поени од реакции
9.541
Зошто Берик го има сето тоа што го содржи листата на членот што не си го разбрала. :smirce: :kafence:

И на мене ќе се палеше ама јас иам лажна самодоверба, не сум мажествен, неам автентично изразување, ниту пак сум храбар и силен. :toe:
Znaci deka @CoolIris ne e zrela zena:eek:
 
Ох, незнаев дека треба да имаш диплома за психологија да имаш став/мислење на темава. Извини.

Имај и ти убав ден од ова што преостанува.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.988
Зошто Берик го има сето тоа што го содржи листата на членот што не си го разбрала. :smirce: :kafence:

И на мене ќе се палеше ама јас иам лажна самодоверба, не сум мажествен, неам автентично изразување, ниту пак сум храбар и силен. :toe:
Како немаш автентично изразување!? Не сум прочитал некој вака умешно да пцуе. Дури си добил и своја тема. :D
Автоматски споено мислење:

Ох, незнаев дека треба да имаш диплома за психологија да имаш став/мислење на темава. Извини.

Имај и ти убав ден од ова што преостанува.
И јас не видов дека си ставил слика од мапата на Европа. Статистиките за самоубиствата на мажите во однос на жените се поразителни, а за тоа зборувавме и на темата за феминизмот. Сега дел од причините се тие, ама соодносот е огромен (8/9-1 мислам дека беше).
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.540
Поени од реакции
34.706
E nisto ne te razbrav :confused: Zosto togas @CoolIris se pali :brlav:na @Beric Dondarrion......
... нема врска, таа дури ниту го примети низ форумов, додека не спомнав во еден коментар дека е „џек“ и од тогаш само преовладува тој женски нагон на инат и „превземање“ на нештото, мислејќи дека ќе го одземе тоа што можеби му припаѓа на друга, за да се докаже длабоко во себе дека ете победи во таа конкуренција на одбирање на женка од машка страна, не е чудно да истото си го доживува не само виртуелно, ама со спротивна улога,
...инаку не сакам да пишувам кога некој не е присутен, ама се јавив само да го негирам тоа што го пишуваш и дека имаш погрешна перцепција,
инаку види го Думбле каков аватар сменил, јас би искоментирала нешто друго што е на повидок, ама ај да не се мешам во шармирање :D
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.988
... нема врска, таа дури ниту го примети низ форумов, додека не спомнав во еден коментар дека е „џек“ и од тогаш само преовладува тој женски нагон на инат и „превземање“ на нештото, мислејќи дека ќе го одземе тоа што можеби му припаѓа на друга, за да се докаже длабоко во себе дека ете победи во таа конкуренција на одбирање на женка од машка страна, не е чудно да истото си го доживеа реално, ама од другата страна,
...инаку не сакам да пишувам кога некој не е присутен, ама се јавив само да го негирам тоа што го пишуваш и дека имаш погрешна перцепција,
инаку види го Думбле каков аватар сменил, јас би искоментирала нешто друго што е на повидок, ама ај да не се мешам во шармирање :D
Шо со мојот аватар сеа!? :D
 
Kajgana Shop

На врв Bottom