- Член од
- 11 април 2012
- Мислења
- 4.286
- Поени од реакции
- 4.689
Месово го имам пробано, и го давам бар 3 пати во недела (зашто моите се само на готвена храна), и можам да кажам дека сум задоволен.Јас зимам од Идризово, поточно од Ана ком (контакт тука).
Имаат поголем избор на месо, јас зимам мелено пилешко 15 кг. пакет е околу 500 денари.
Можеби според цената ќе помислиш дека е ѓубре али месото одлично се покажа, нит смрди, нит има нозе, коски и остало ѓубре во него.
Им го варам или со ориз или со палента + зеленчук, и го комбинирам со дехидрат (околу 70% месо - 30% дехидрат).
Дознав за местово пред едно 5 месеци, и сите три стоки што ги имам (Булмастиф два комада 7,5 месеци и една 4,5 год) одлично го прифатија месото.
Е сеа јас го купував од продавница на кило, и не очекував дека и на вакво месо може да има толку голема разлика во цена, скоро како дехидрат.
Иначе кило во продавница е 75 денари.
Ќе морам да се снајдам за фрижидер за длабоко за да можам да земам 15 кг. што е стварно исплатливо.
Сепак таа количина кај мене е за некој 15-17 дена. Јас им давам околу 1 кг. дневно, повозрасната ми е 17 кг. тешка (што можеби е малку за самојед, ама ова и е наголема тежина што ја постигнала, многу ми е проблематична со храна), а малото е 13 кг. па мислам дека речиси 1 кг. на ден ги задоволува нивните потреби (нормално има и ориз и зеленчук во исхраната не само месо).