Списанија

Член од
3 мај 2014
Мислења
874
Поени од реакции
2.658
Не се стари списанијата, а у трафика си ги продават 200денари.
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.779
Поени од реакции
7.516
Не се стари списанијата, а у трафика си ги продават 200денари.
OK ќе видам во Тинекс ако има во овој Тетово па од таму ќе си продолжам да купувам штом е 50 денари. Јас последен број го имам купено тој од јули 2017. Немам навика да го купувам редовно туку гледам ако најдам во трафика и има нешто интересно за читање го купувам

Ако се 50 денари во Тинекс јас од таму ќе купувам , не дека 150 или 200 е многу напротив но сепак ќе заштедиш некој денар повеќе за месецот да имаш.
 
Член од
3 мај 2014
Мислења
874
Поени од реакции
2.658
И ја се зачудив, си ги купувам редовно секој месец, ги зимав од трафика и тоа 200денари, и случајо гледам у Тинекс нема цена прашав, ми кажа 50денари и си ги зимам од таму, на два месеци си купувам книга, има голема разлика со цената у трафика но најверојатно е грешка у Тинексот у Кумново, поошто нема логика 50денари, поефтино е од Србија.
 
Jaс денес прашав во една трафика во Тетово кај што е поснабдена со списанија и таа продавачката гледаше да најде цена на насловната страна иако нема за Македонија и вика 50 денари. Немав во тој момент со мене пари инаку ќе го купев. Знам дека едно време беше 200 и после 150 го намалија. На некој од броевите што ги имам има залепено етикета на кој пишува МК Дипрес Скопје 150.00

Да знаев дека е 50 денари намалена цената овие некој месеци редовно ќе купував и онака знае често да ми се собере ситно метални денарчиња.
 
Prime

Оптимус
Член од
4 јули 2010
Мислења
6.004
Поени од реакции
7.705
Во сите трафики и во Тинекс одат два месеци постари Српски national geography за 50 денари не е грешка :)
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.779
Поени од реакции
7.516
Подолго време сакам да го купам ова на NG кога ќе го донесат најновото ако не заборавиш напиши овде друже, и кажи ми која цена е списанието ?
Го донесоа кај нас јунскиот број со главната тема пластика. 50 денари е и вреди за тие пари ако ве интересира да научите нешто ново а поготово тема која е за жал и во Македонија актуелно со ѓубрево.

Сеуште не сум почнал да го читам но од она што видов има големи фотографии, покрај темава пластика имаше уште некој теми но битно главнава те мами да го купиш списанието.

Криво ми е не го зедов предходниот број со Пикасо затоа што имав и други работи, ај не денес, ај утре и денес се мислев да го купам го донеле овој од Јуни а стариов го повлекле од продажба.[DOUBLEPOST=1532597749][/DOUBLEPOST]

Неколку фотографии од овој број тука http://www.naucat.com/hr/vijesti/putovanja/planet-ili-plastika-180520/
 
Последно уредено:
Член од
24 мај 2014
Мислења
5.294
Поени од реакции
5.853

Секоја чест, јас денес ќе го купам, само ценава ме збуни... Беа по 150 денари од каде вака намалени ? :eek:
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.779
Поени од реакции
7.516
Секоја чест, јас денес ќе го купам, само ценава ме збуни... Беа по 150 денари од каде вака намалени ? :eek:
Не знам зошто толку намалено а можеби тоа се должи затоа што кај нас касни. Сега треба во Србија од август изданието да се пушти во продажа а кај нас ете го донеле од јуни и тоа пред почеток на август.
 
Последно уредено:
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.779
Поени од реакции
7.516
Денес го зедов јулскиот број National Geographic

A по овој следува августовскиот и е со доста интересна тема.
 
Член од
26 септември 2018
Мислења
33
Поени од реакции
4
Дали има некој што ги има стриповите од К-15 ?
 
Член од
21 април 2019
Мислења
145
Поени од реакции
116
Имам околу седумдесет ентер и емитер списанија, вредно сеќавање од детството...
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.779
Поени од реакции
7.516
Имам околу седумдесет ентер и емитер списанија, вредно сеќавање од детството...
Јас пак ентерите сите ги нафрлав пред некоја година кога средував мојата соба. Имав еден куп. Некој од CD-ата ги имам сеуште од кој повеќето ми се испокршени и изгребани.

Носталгија ме фаќа сега кога ќе се сетам како тинејџер собирај пари секој месец за Ентер. Многу работи се учеа од тоа списание за компјутерите.

Моментално зачувано имам сега

4 броја Свет компјутера (списание српско за компјутери)
20-тина и можеби повеќе броја Е sport (списание македонско за спорт)
6 броја Sport box (списание македонско за спорт)
14 броја ReFoto (списание српско за фотографија)
18 броја National Geographic magazine (српско и два хрватско издание)

Ниедно списание не ми е почнато купувано од прв број и да не е промашено број за жал. Засега сум фокусиран на National Geographic и го купувам само кога има интересна тема за читање.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom