Специзам

Член од
11 октомври 2010
Мислења
1.942
Поени од реакции
1.749
А што толку згрешиле зелките, брокулите, јаболките итн итн.? Па и тие имаат право на нормален живот :notworthy::notworthy::notworthy::notworthy:
 
D

Daedalus

Гостин
Правата се човечки конвенции кои важат во општеството. Право на живот не постои per se во природата. Или си жив или не си. Точно е дека ние луѓето имаме мекакви романтични мисли за тоа како треба да стојат работите, ама оди објасни му го правото на живот на гладен лав. Или мечка.Ајкула? Сигурен сум дека радо би те сослушале, башка тоа што ги прибележуваат твоите зборови во тефтерче.

Успут, оти само свесните и живите суштества кои чувствуваат болка да имаат право на живот. Оти да не биде тоа универзално право на сите живи организми? Оти да не се опфатат и оние кои ќе бидат живи организми? И оние што биле?

Nonsense
Па ја не реков дека правото на живот е пишано на камен. Донесено е консензуално и е општествен феномен. И оти едните имаат право на живот, а другите не, е нешто што е исто така донесено со консензус при што „способноста за чувствување болка“, дали е ендемичен вид и слични критериуми се зимаат предвид, критериуми кои исто не се пишани на камен и можат да се сменат со времето и културата.
Ја му ја појаснуев поентата што сакал да ја покаже авторот со текстот, не реков дека се сложуем со тоа.
 
Член од
22 декември 2011
Мислења
1.291
Поени од реакции
1.283
Чуму вакви негативни коментари?
Па дури и користење на терминологија како радикализам и екстремизам?
Никој не дојде од дома да ви ја тргне чинијата со леш во неа, нели?
Или можеби реагирате затоа што вашите чувства се повредени?

Некако фенси е да се нарекуваме љубители на животни, кога станува збор за кученца и мачиња, но кога некој ќе ви ја пласира вистината за месната индустрија, веднаш се завзема дефанзивен став? Можеби тоа би го протолкувала како будење на совест, можеби е позитивно што реагирате на овој начин, можеби сочувствуате, па нема да ве напаѓам.
Нејсе, овие кампањи не постојат поради тоа како вие се чувствувате, постојат затоа како животните се чувствуваат. А замислете, чувствуваат.
И замислете, делуваат.

Благодарение на намалената консумација на месо и млечни производи според последните статистики во 2014 г. во Америка биле убиени 400 милиони копнени животни помалку во споредба со 2013 г. и на фармите биле произведени 60.000 млечни крави помалку во споредба со 2008 г.
http://vegnews.com/articles/page.do?pageId=6797&catId=1
 
D

Daedalus

Гостин
Никој не дојде од дома да ви ја тргне чинијата со леш во неа, нели?
Или можеби реагирате затоа што вашите чувства се повредени?
Леш е свеж труп и најчесто овој термин се користи за мртви луѓе, а не за животни. Ти за зготвено месо, го употребуваш зборот „леш“ како некој дисфемизам за да иницираш емоција на гадење. Луѓето имаат инстинктивно гадење од лешеви поради дефанзивниот механизам на организмот кој не заштитува од труење и јадење скапано месо. Јасно ми е зошто го користиш во што има доза на наметнување на лично гледиште и перцепција али небитно, да не се задржуваме на терминологија.

Нешто ме интересира конкретно. Ти тргаш од премисата дека убивањето на животните за јадење месо е погрешно поради тоа што чувствуваат болка при цел тој процес, сметаш дека воопшто одземањето на живот е погрешно или и двете?

Ако твојот проблем е со одземањето на живот, каде ја ставаш границата? Пошто и корнење на растенија од земја за да ги јадеш е де факто одземање на живот.

Ако ти е конкретно за болката, дали оправдуваш убивање на животни за јадење на нивното месо ако при тоа се користи анестетик или нешто друго за да се елиминира болката?
 
Ќе ти одговорам откако ќе знам дека сме на исти левел. Изгледај го документарецов и потоа ќе разговараме, може така?
 
D

Daedalus

Гостин
Ќе ти одговорам откако ќе знам дека сме на исти левел. Изгледај го документарецов и потоа ќе разговараме, може така?
Аман документарецов, не пак! :X3:
Секој пут кога дебатирам со другари/ки вегани, обавезно ми го пуштаат документарецов и ритуално морам да го изгледам со нив заедно. Пуно срцекршачки и репетитивни сугестивни искази пропратени со потресни сцени и драматична музика, пуно логички грешки, изоставени аргументи и рипање битни поенти, романтизирање на лавови, мачиња и различни други предатори кои си играат со својот плен поради забава, онака, пошто им се може. Не дека и нема валидни поенти, далеку од тоа. Има многу ствари со кои ја лично се сложувам. Али ги има и тие други ствари, у принцип ствари што се Цар Бомба за емотивниот ум, празна слама за тој другиот, логичниот.
Заеби ти тоа.
Немај гајле, на исти лвл сме пошто го имам гледано бесконечно број пати, можеш слободно да ми ги одговориш прашањата.
Само иам осет дека ќе завршиме со некои кавизнаучни твои верувања, гарант ќе ме убедуваш за штетноста на месото, ГМОТО, вакцините и како Големиот Брат не држи сите на конци со индустријализацијата, не дозволува да се вратиме на нашите природни корени, потоа ќе заклучам дека неминовно Раскин ти е рол модел, а ти ќе избегаш од клучните поенти на целата дебата.
Али ае, можда пристапувам со предрасуди, а тоа не е во ред, се инхибираме од потенцијално квалитетна дебата со квалитетни аргументи, посебно поради моја грешка, пристапувам со дискриминација од што сум изгорен, па сеа дувам и на ладно.
Одговори ми ги прашањава за почеток.
 
Член од
3 септември 2010
Мислења
2.909
Поени од реакции
2.315
Чуму вакви негативни коментари?
Па дури и користење на терминологија како радикализам и екстремизам?
Никој не дојде од дома да ви ја тргне чинијата со леш во неа, нели?
Или можеби реагирате затоа што вашите чувства се повредени?

Некако фенси е да се нарекуваме љубители на животни, кога станува збор за кученца и мачиња, но кога некој ќе ви ја пласира вистината за месната индустрија, веднаш се завзема дефанзивен став? Можеби тоа би го протолкувала како будење на совест, можеби е позитивно што реагирате на овој начин, можеби сочувствуате, па нема да ве напаѓам.
Нејсе, овие кампањи не постојат поради тоа како вие се чувствувате, постојат затоа како животните се чувствуваат. А замислете, чувствуваат.
И замислете, делуваат.

Благодарение на намалената консумација на месо и млечни производи според последните статистики во 2014 г. во Америка биле убиени 400 милиони копнени животни помалку во споредба со 2013 г. и на фармите биле произведени 60.000 млечни крави помалку во споредба со 2008 г.
http://vegnews.com/articles/page.do?pageId=6797&catId=1
Tи твоите кучиња и мачиња ги храниш со шампињони и марула, зарем не?
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
9.258
Поени од реакции
8.283
@Irreversible a кое е решението?
Ете ја гледаме сите состојбата, лоша е. Ем има нехумани постапки, ем истите не носат решение... Значи што всушност предлагаш, кое е решението според тебе?

Се надевам не очекуваш дека е реално проблемот со кучињата скитници, да се реши преку „вдомување“ на истите?

Зарем (и ти, и другите од здруженијата), наместо сите средства да се насочуваат кон илузиите како „вдомување“ и „подобрување на условите во стационарите“... не ли разбирате дека проблемот треба да се реши од корен, со запирање на константиот прилив на нови кучиња скитници??
 
Тие од здуженијата континуирано зборат, едуцираат и спроведуваат стерилизации и кастрации. Проблемот делумно и минимално се решава со подигање на свеста за вдомување, како прв чекор. Вториот се знае- СТЕРИЛИЗАЦИЈА!
Ама оди кажи му го тоа на Коце, кој им се заканува на здруженијата доколку вршат стерилизации и кастрации, затоа што кучињата биле под негова надлежност... замисли...
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
74
Поени од реакции
83

Кој нормален би ви верувал дека навистина кастрирате, ако кастрирате дали евидентирате.

Едит.
 
Последно уредено од модератор:
Член од
22 декември 2011
Мислења
1.291
Поени од реакции
1.283
Кој нормален би ви верувал дека навистина кастрирате, ако кастрирате дали евидентирате.

Едит.
Да, евидентираме и едвиденцијата им се испраќа на Италијаните, за да пратат средтва кај ветеринарот кој што ги стерилизирал. Уште нешто?
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Lu
На врв Bottom